Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и ...

Откако двата денешни реванш полуфинални натпревари завршија без победник, пресудија победите на првите дуели. Вардар отпатува во Струмица на гостувањето кај Брера со водство од 3:0 и немаше потешкотии да ја задржи високата предност. Струмичани во првото полувреме успеаја да вратат еден гол, но по паузата Вардар израмни. Со резултатот 1:1 зџаврши овој дуел, што значи дека со вкупно 4:1 Вардар оди во големото финале. Понеизвесно беше на вториот ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од 3 и пол години. Обвини дека се работи за политички мотивирана пресуда и најави жалба до Апелацискиот суд. „Навистина сум изненаден од пресудата. Без никакви докази, на 100% докази на наша страна дека немаме сторено кривично дело, носат пресуда со која ме осудуваат на 4 години со единствена казна затвор на 3 години и 6 месеци“, ...

Google е под лупа по судската одлука минатата година според која има монопол на онлајн пребарувањето, а иднината на дигиталните услуги на компанијата останува неизвесна. Минатиот месец, Министерството за правда сугерираше дека Google би можел да биде принуден да го продаде својот прелистувач Chrome, а доколку го направи тоа, OpenAI е подготвен да го купи. Bloomberg објави дека Ник Турли, шефот на ChatGPT, зборувал на сослушување за монополската ...

Дали знаевте дека обичниот бел леб, каков што секојдневно го користиме за појадок или сендвичи, може да стане ваш таен сојузник во чистењето на вашиот дом? Оваа конкретна храна е неверојатно ефикасна во борбата против секојдневната нечистотија. Ако купивте премногу леб и немате место во замрзнувачот, не фрлајте го. Наместо тоа, искористете го на паметен начин - како средство за чистење. Поради својата мека и порозна текстура, белиот леб е ...

Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање, изјави денес украинската вицепремиерка Јулија Свириденко, откако медиумските извештаи открија детали за американскиот предлог за договор според кој Украина би се откажала од речиси целата територија окупирана од Русија. „Нема да има договор што ќе ѝ даде на Русија посилна основа за прегрупирање и враќање со поголемо насилство. Нашиот народ нема да прифати замрзнат конфликт преправен како ...

Иако порнографијата е пријатна, многу луѓе забораваат дека може да има негативни ефекти, особено врз здравјето на мозокот. Студија од 2015 година покажа дека мажите кои често гледаат порнографија имаат помалку сива материја во областа на мозокот одговорна за мотивација и донесување одлуки. Тие исто така помалку реагираат на сексуална стимулација воопшто. Терапевтката Даниеле Сукеник изјави за The Conversation дека ова води до зголемена желба и ...

Официјално е одлучено фудбалерите на Интер и Рома во недела од 15 часот да го одиграат својот натпревар од 34. коло на Серија А. Тој натпревар требаше да се одигра в сабота во 18 часот, но сите фудбалски натпревари тој ден беа одложени поради погребот на папата Франциск што ќе се одржи во сабота. Покрај натпреварот Интер-Рома, таа сабота требаше да играат и Комо-Џенова и Лацио-Парма. Првата двојка ќе игра в недела, а втората в понеделник. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во Париз преку својот пратеник Стив Виткоф, претстави план за ставање крај на војната во Украина, што украинските власти го отфрлија. Според претставници на администрацијата на Трамп, како што пишува Axios, овој план би ги исполнил речиси сите барања што Русија ги постави од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година. Така, Крим и формално би станал дел од Русија, што според американските ...

Пролетта пристигна со свежа енергија, а модните трендови оваа сезона се поразиграни, посмели и поелегантни од кога било досега. Моден викенд Скопје, најголемиот моден настан во земјата, е совршена сцена за сите што сакаат да експериментираат, да се изразат преку стилот и да бидат инспирација за околината. Оваа пролет, модата не познава ограничувања: од класични силуети со современ пресврт, преку ретро детали, до неочекувани комбинации на бои и ...

Надуеноста е непријатно чувство на притисок и тежина во стомакот што може да биде резултат на лошо варење, премногу внес на сол, премалку влакна или стрес. Иако епизодите на надуеност се чести, правилната исхрана може да игра клучна улога во нејзиното намалување. Некои видови храна особено помагаат да се олесни варењето, да се намали задржувањето на вода и да се промовира здравјето на цревата. Овие четири намирници може да помогнат во ...

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, ЏејДи Венс, изјави дека САД понудиле многу експлицитен предлог до Русија и Украина на патот кон мировен договор и истакна дека е време тие или да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот, објави денеска Bloomberg. „Мислам дека ќе се повлечат нови линии на конфликт онаму каде што се моментно постојните или во непосредна близина“, рече Венс за време на обраќањето пред новинарите во Индија ...

Конорт Мекгрегор (36) последен пат се бореше во јули 2021 година кога загуби од Дастин Поарје откако ја скрши ногата, а исто така загуби од истиот борач шест месеци претходно. Изминатите четири години ги помина во приватен бизнис, но и на суд, каде беше прогласен за виновен за силување во ноември 2024 година. Во вторникот, тој сподели видео на X за настанот WrestleMania и го наведе условот под кој ќе се врати на боречките спортови. „Ќе се вратам ...

Симоне Инѕаги и Сержиу Консејсаун порано беа пријатели и соиграчи во Лацио, но сега се игнорираат и, според La Gazzetta dello Sport, сето тоа започнало на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Интер и Порто пред две години. Интер и Милан вечерва се среќаваат во петтото и последно Дерби дела Мадонина сезонава. Ова е реванш од полуфиналето на Копа Италија по ремито 1:1 во првиот натпревар претходно месецов. Gazzetta ги опишува тренерите на ...

Мај пристигнува со свежа енергија, ветувајќи возбудливи пресврти и длабоки емоционални доживувања на љубовниот план за сите хороскопски знаци. Овој месец е под влијание на неколку значајни астролошки настани: Венера, планетата на љубовта, ќе се движи ретроградно од 13 мај, а Меркур исто така ќе се движи ретроградно до 15 мај, носејќи период на рефлексија, повторно проценување и можни враќања на стари љубови или нерешени емоции. Полната Месечина ...

Осаменоста сѐ повеќе се препознава како сериозен јавно здравствен проблем, поврзан со зголемен ризик од депресија, дијабетес тип 2, деменција и мозочен удар. Новото истражување покажа дека земјите значително се разликуваат по тоа колку се осамени постарите луѓе во споредба со оние во средна возраст. Европејците, се вели во студијата, може да очекуваат да се чувствуваат сè поосамено како што стареат - додека Американците би можеле да го искусат ...

Тренерот на Милан, Сержиу Консејсаун, изјави дека на „Росонерите“ не им е потребна дополнителна мотивација за дуелот со Интер и додаде дека верува во пласманот на неговиот тим во финалето на Копа Италија. Милан и Интер ќе се сретнат вечерва во реваншот од полуфиналето на Копа Италија, откако на првиот дуел одигран на 2 април на истиот стадион „Џузепе Меаца“ беше 1:1. „Мотивацијата не доаѓа од противникот, туку од нашата секојдневна работа. За ...

Лигата на шампионите на УЕФА-ИНА е најсилното светско клупско фудбалско натпреварување. Европската фудбалска организација воведе драстични промени во системот на натпреварување почнувајќи од оваа сезона, воведувајќи формат со 36 екипи кои ќе се натпреваруваат на едно рангирање. Сепак, како што е најавено, на повидок се нови промени кои би можело да бидат воведени веќе од следната сезона. Ова ќе се одлучува по седницата на 30 мај. Со цел да се ...

Д-р Ерик Берг, популарен здравствен експерт со над 12 милиони следбеници на YouTube, истакнува дека редовното пиење сок од целер може да донесе бројни здравствени придобивки - особено во борбата против воспалението. Според него, овој пијалок би можел да биде „најмоќниот лек на нашето време“. Д-р Берг наведува дека само седум дена консумирање на овој нискокалоричен пијалок може да донесе значителни здравствени придобивки. Што го прави целерот ...

Свинските шницли со јаболка е убаво зачинет ручек кој брзо се подготвува. Свинското месо има особено висока содржина на тиамин - витамин кој припаѓа на Б комплексот и игра важна улога во многу функции на нашето тело. Богато е и со селен, цинк и витамин Б12, како и со ниацин, фосфор, железо и слични минерали присутни во месото. Потребни состојки: Подготовка: Прво растопете 2 лажици путер во голема тава на средна топлина. Обилно зачинете го ...

Instagram ја лансираше Edits, апликација за уредување видеа што го прави истото како и CapCut на TikTok. Првпат најавена во јануари, Edits сега е бесплатно достапна на iOS и Android. Meta ја опишува Edits како „апликација за создавање видеа дизајнирана за креатори на содржини“ и вклучува алатки за управување со проекти, следење белешки и идеи и податоци за перформансите на видеото. Исто така, има напредни алатки за уредување што не се наоѓаат во ...

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија по што, во согласност со протоколот, тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиниката за пластична хирургија и во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под ...

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција AFAD. Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12:49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област која се наоѓа на околу 80 километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 ...

Ракот на тестисите, иако не е најчест тип на рак, може да се јави на која било возраст, но најчесто се појавува на возраст од 15 до 45 години. Првиот знак за рак на тестисите е обично грутка или израсток на тестисот. Клетките на ракот можат брзо да растат и често да се шират надвор од тестисите во други делови од телото. Ракот на тестисите може да се излечи, дури и кога се шири на други делови од телото, велат експертите од клиниката Мајо. ...

Годинешната титула за најубава личност во светот според магазинот People ја понесе познатата актерка Деми Мур (62). Од 1990 година, магазинот People ги избира најубавите луѓе во светот со цел да ги приближи своите читатели до познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со личен пример. Во овој престижен избор низ годините се појавија бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои првата ѕвезда на насловната страница - Мишел ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано ѝ се јавувал на телефон, ѝ праќал пораки, се движел околу зградата ...

Магнезиумот е еден од најважните минерали за човековото здравје и е важен за бројни функции на телото. Тој е одговорен за нормална мускулна функција, регулација на крвниот притисок, поддршка на имунолошкиот систем и синтеза на протеини. Покрај тоа, магнезиумот е важен за менталното здравје бидејќи помага во намалување на стресот и го поддржува квалитетот на сонот. Многу луѓе не добиваат доволно магнезиум, што може да доведе до грчеви, умор, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од ...

Прашањата како војните во Газа и Украина, климатските промени и имиграцијата го ставаа покојниот папа Франциск во судир со неколку светски лидери. Погребот на папата е во сабота на плоштадот Свети Петар, а многу светски лидери - вклучително и оние со кои се судри за време на неговото папство - рекоа дека ќе присуствуваат. Значи, со кои светски лидери не се согласуваше папата и кои прашања доведоа до овие разлики? Доналд Трамп Франциск речиси ...

Не случајно народот вели „Парите дупчат каде ниту бургијата не може!“. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија, велат од ВЛЕН. „За него не е важно што ...

weather icon

Скопје

40ᴼ / 40ᴼ
1.54
24%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
54%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
61%
1021
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.13
23%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
56%
1021
weather icon

Атина

39ᴼ / 37ᴼ
4.92
25%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
34%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
3.13
35%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
60%
1018
weather icon

Истанбул

34ᴼ / 33ᴼ
6.69
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5676

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69