Како што се приближува септември полека заживуваат и хардвер вестите. Засега нема премногу, но има многу повеќе од последните неколку недели. И оваа недела во фокусот се повеќе шпекулации и вести кои не се потврдени, но сепак изворите во минатото честопати биле во право. Протекоа бенчмарк тестовите на Intel Core i7-14700K Протекоа најновите бенчмарк тестови на Intel Core i7-14700K процесорот од Raptor Lake серијата. Според нив чипот е 20 ...

По Microsoft и Google, вештачка интелигенција која ќе биде помошник при кодирање наскоро ќе издаде и Meta. Асистентот на Meta ќе биде наречен „Code Llama“ и е базиран на Llama 2 моделот. Вештачката интелигенција која ќе им помага на програмерите во пишувањето на код, би можеле да ја видиме веќе следната недела. Code Llama ќе биде опен сорс. Веста за новата вештачка интелигенција од Facebook, ја објави Information, повикувајќи се на ...

Летото отсекогаш е било време на инерција во гејмерската индустрија. Многу издавачи го користат годишното време или да ги наполнат батериите или подобро да се подготват за есента – периодот резервиран за најголемите хитови. Но, тоа не значи дека немате ништо интересно за играње сега! Копавме длабоко и широко и откривме три нови игри кои би можеле да ве заинтригираат и да ви понудат исполнителни гејминг сесии, независно од тоа дали сте по RPG, ...

Онлајн безбедноста е исклучително важна работа. Почнувајќи од најмалите, па сè до најстарите, загрозување на онлајн безбедноста знае да вроди многу лоши последици и секогаш е добро да сме правилно информирани со алатките кои ни се потребни за безбедна навигација низ онлајн светот. Ризница од корисни совети FOSI или Family Online Safety Institute (Институт за онлајн безбедност на семејството) e веб сајт за непрофитабилно меѓународно здружение ...

Веројатно сте забележале дека веќе неколку месеци ако симнете некоја слика преку прелистувач, иако е JPG или PNG, се симнува како WebP формат. Потрагата по едноставен начин за преземање на овие слики во формат во кој веднаш ќе бидат подготвени за уредување нѐ донесе до Save image as Type екстензијата, и не потсети дека одамна не сме виделе некои интересни екстензии. Да бидам комплетно искрен веќе од поодамна и немам случајно налетано на ...

Како гром од ведро небо, Moving Out успеа целосно да доминира на инди сцената во 2020 година. Оваа шармантна и шаренолика игра понуди откачена ко-оп забава каде товарите работи на камиони. Три години подоцна, доаѓа продолжеток кој целосно се надградува на забавните механики од првата игра. Преку хумористична приказна и откачени начини за заедничко носење работи, ќе ги засукате ракавите и одново ќе се заземете за (не)професионално селење! ...

Доколку играте игри или читате книги, тогаш шансите се дека сте слушнале за Дејвин Гејден – реномиран писател кој е директно заслужен за клучната приказна зад Dragon Age игрите и книгите. Со години, Дејвид внимателно го гради богатиот лор на чедото на Bioware, но овојпат се има нафатено да реализира целосно нова идеја – RPG мјузикл каде донесувате одлуки, градите пријателства, развивате љубов и се пронаоѓате себеси преку песна! Песната на ...

Слушање подкасти знае да биде совршена активност кога сте во движење, или пак кога едноставно сакате да се релаксирате. Независно од тоа какви подкасти сакате да слушате, потребна ви е апликација која ќе ви излезе во пресрет на вашите потреби. Во оваа прилика, одбравме 3 апликации кои би можеле да ве импресионираат со интуитивните интерфејси, но и богатите можности за репродукција. Во морето од бројни апликации за слушање подкасти, како ...

Првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), неодамна ја претстави својата најнова образовна иницијатива – бесплатен онлајн курс насловен Математика во „Пајтон“, чија цел е да ги поттикне учениците да ја искористат моќта на програмирањето при справувањето со математичките предизвици, но и да им помогне да ги подобрат математичките вештини и способностите за решавање проблеми. Овој курс, ...

Нов ден, нов безбедносен пропуст. Откако пред десетина дена дознавме за пропуст во Zen 2 процесорите на AMD, сега редот е на Intel. Милијарди процесори на Intel имаат безбедносен пропуст кој им овозможува на напаѓачите кои имаат пристап до компјутерот да украдат чувствителни податоци како лозинки, електронска пошта, пораки, податоци од платежни картички, и клучеви за криптирање. Пропустот е наречен „Downfall“, а го откри безбедносниот експерт ...

Arcadegeddon e игра која првенствено излезе за PlayStation, Xbox и Epic Store. За брзо време, чедото на IllFonic импресионира илјадници TPS фанови кои, сами или со пријатели, започнуваа рандомно создадени авантури во свет со шаренолика графика, одличен систем со оружја, уникатни непријатели/ босови и забавни аркадни предизвици. Од неодамна, играта се појави и на Steam, а она што следи се 3 причини зошто конечно треба да ја проверите играта! ...

По неколкумесечни тестови Google започна со активирање на RCS за сите корисници. Функционалноста веќе беше достапна, но сега основното нагодување е да биде „активна“ за сите корисници. Заедно со ова е додадено E2E криптирање на групните пораки за Google Messages. Функционалноста треба да е автоматски активирана за сите нови и веќе постоечки корисници на Google Messages. Опцијата е исклучена единствено за корисниците кои претходно го исклучиле ...

Како resource management игра, Let’s School ви дозволува да направите училиште, да го пополните со ученици и наставници, да го надгледувате образовниот процес, правилно да ги мотивирате сите што се вклучени во образовниот процес и да се гордеете со постигнатиот успех. Или да потикнете целосна анархија и хаос од епски пропорции! Учи учи, глава бучи! Да се управува со училиште воопшто не е лесно, нити во вистинскиот живот, а нити во играта на ...

Една од компаниите кои успеаја да профитираат од Covid пандемијата – Zoom, ги повика своите вработени да се вратат назад во канцелариите. Во 2019 кога започна пандемијата видео-разговорите на Zoom овозможуваа комуникација, кога разговорите лице в лице беа речиси невозможни. Сега и тие се подготвени за ново-стар начин на работа. Сите вработени на Zoom кои живеат на 80 километри (50 милји) од канцелариите ќе треба да почнат да доаѓаат во ...

Група истражувачи од повеќе британски универзитети успеа да пронајде начин на кој може да се крадат лозинки со анализа на звук. Истражувачите со помош на паметен телефон го слушале звукот кој го прават копчињата на тастатурата. Потоа на овие звуци тренирале вештачка интелигенција која го анализира звукот и препознава кое копче е притиснато. Луѓето редовно го кријат својот екран кога пишуваат лозинки, но не прават ништо за да го скријат звукот ...

На темата за лозинки зборуваме често. Низ времето, пробавме да ве советуваме безбедно да споделувате лозинки со Bitwarden, да чувате лозинки со KeePass, или со AuthPass, или пак NordPass! Тука некаде, ги споменавме и бројните потенцијали на Buttercup, а и не штедевме совети за автоматско создавање силни лозинки со SPNE, како и Dalenryder Password Generator! Во еден момент, ве запознавме и со алатка која ќе ви помогне да ги откриете сите ...

Walking Simulator е жанр на игри кој од секогаш сме го сакале. Има нешто посебно интересно во шетањето, впивањето на околините, благата интеракција со предметите и целосното потопување во приказната. The Stanley Parable нè насмеја до бесвест, Killer Frequency ни го качи притисокот, а Bright Lights of Svetlov ни покажа како изгледа да се биде дел од Советскиот Сојуз во средината на осумдесетите години на минатиот век! Кратка прошетка Bright ...

Иако беше планиранa да излезе во март 2023, Blood West и понатаму срамежливо кокетира со раниот пристап на Steam. Развивање игри е трнлив и проблематичен процес, но одложување игра често знае да биде добра работа; им дава на девелоперите дополнително време да осмислат и финализираат продукт со кој можат да се гордеат. Дали ова важи и за чедото на Hyperstrange или пак Blood West се губи во сопствено создадена олуја од погрешни одлуки? Вие сте ...

За жал ниту минатата недела немаше премногу вести поврзани со хардвер. Понекоја гласина за производи кои ќе бидат достапни во иднина; откривање на идни планови, и Samsung кој ги претстави телефоните со флексибилен екран Galaxy Z Flip 5 и Galaxy Z Fold 5, но и часовник и нови таблет компјутери. Nintendo ќе планира нова конзола за следната година Неофицијално во втората половина на 2024 година Nintendo ќе претстави нова гејминг конзола. Засега ...

Во Македонија често ја слушаме изреката „секое чудо за три дена“, и за жал истата има многу реални примери во нашето општество, дури и за крупните проблеми со кои се соочуваме. А еден од крупните проблеми на кој постојано се навраќа ИТ.мк е крајно загрижувачката состојба во областа на безбедноста на националните ИТ системи. Симптомите ги гледаме сѐ почесто, а за жал, ќе ги гледаме и повеќе – освен ако нема некоја драматична промена во ...

Во самиот телефон постојат опции за добивање увид за тоа колку интернет сте потрошиле преку мобилната, односно wi-fi мрежата.Но, доколку сакате побрзо да доаѓате до севкупниот увид од една појдовна точка, би можеле да ги проверите потенцијалите на Data Monitor. Преку оваа аппликација дознавате колку податоци сте пренеле користејќи некоја од достапните мрежи. Преку минимален, но визуелно привлечен интерфејс, инстантно добивате увид за: Можете ...

Покемот се одликува со ултра популарен и забавен концепт со собирање суштества. Воошто не изненадува тоа што многу игри се трудат да си ја присвојат оваа формула и да ја имплементираат во уникатни гејмплеј механики. Adore е игра која користи трик-два од покемон концептот со животни, но дали успева да понуди интересен наслови или се работи за продукт со интересни, но слабо реализирани идеи? Мајсторско скротување Играјќи со посебен вид шамани ...

Празници се слават и одбележуваат на најразлични начини и доколку денеска најдете барем малку време за гејминг, ова се три нови, но интересни инди игри кои би можеле да ви го привлечат вниманието! Платформерот Nocturnal го доби првото надополнување за PC верзијата! Nocturnal успеја да ги освои гејмерите со одличен дизајн на мапите, интригантна приказна и впечатлив борбен систем. Танцот на маглата Играјќи со Ардершир ќе биде потребно да го ...

Во 2021 властите во Кина го ограничија времето за онлајн играње на децата. Сега, имаат нов предлог со кој ќе го ограничат и времето кое децата можат да го поминат на интернет. Нацрт-законот е објавен оваа недела и предвидува дневен лимит на времето кое децата го поминуваат на интернет. Заедно со ова е предвиден „мод за деца“ кој ќе ги ограничи и содржините кои им се достапни. Предвидени се различни содржини за различни возрасти. Законот ...

Џејмс Кори е име кое првично беше познато по неговиот серијал од книги – The Expanse, а потоа и по истоимената серија. И книгите и серијата беа одлично прифатени од sci-fi фановите, така да доколку бевте фан на пишаната или филмската форма, имаме одлични вести за вас! Стара формула во ново руво The Expanse – A Telltale Series e наративна видео игра во епизоди, целосно заснована на универзумот кој се обработуваше и во книгите и во серијата. ...

Дали често наидувате на текстови кои би сакале да ви бидат преточени во аудио форма? Ова знае да има огромни предности. Од една страна, особено помага за лица со нарушен вид. Од друга, може да е корисна алатка за јутубери мои сакаат да вметнат професионални изговори во видеата. На пазарот можат да се најдат бројни вакви AI читачи. Во оваа прилика, ви претставуваме еден кој се интегрира со вашиот прелистувач! Readme TTS е всушност екстензија ...

02/08/2023 12:03 - IT
-

Во 2007-ма година неколку ИТ ентузијасти одлучија да создадат онлајн дестинација која ќе биде место за дружба и вмрежување помеѓу локални ИТ професионалци, хардвераши, разни ИКТ експерти, студенти, инженери, програмери, девелопери, маркетери, дизајнери и по некој систем администратор…. 16 години подоцна, истата таа онлајн дестинација е цела една платформа која има опслужено 80 милиони прегледи на страни и над 20 милиони посети и активно ја ...

Во случај да го користите најпопуларниот стриминг сервис за филмови и серии тогаш многу добро ја знаете маката поврзана со Netflix. За жал, филмовите имаат „оцени“, но таквата оценка се заснова на систем од лајкови, односно дислајкови. Како резултат, се губите во морето од предлози и не можете да донесете правилна одлука за тоа што да гледате. Точно е дека за вкусови не се расправа и она што им се допаѓа на поголемиот дел филмомани не значи ...

Љубителите на Titan Quest и Diablo кои бараат Souls-like алтернатива, би можеле да го насочат вниманието на Achilles: Legends Untold. Играта е дел од раниот пристап на Steam нешто повеќе од година дена. Развојниот тим, Dark Point Games го имаат искористено времето значително да ја надградат играта и да воведат бројни новитети. Старо-грчка инспирација Играјќи со грчкиот херој, ќе истражувате бројни места и ќе се соочувате со најразлични ...

Lunacy: Saint Rhodes имаше проблематичен и долг развоен период. Првото демо кое го прикажаа беше под знаменце на еден издавач, а за финалната верзија уздите ги презема Stormling Studios. Како резултат, Lunacy: Saint Rhodes сега влече длабока инспирација од игри како Vanishing of Ethan Carter, RE: Village, Layers of Fear и Outlast, но во напорите да импресионира што поголема таргет публика дали продуктот страда од криза на идентитет или пак ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.57
64%
1024
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
73%
1023
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.94
86%
1023
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.04
75%
1024
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.69
72%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.72
95%
1024
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
3.58
52%
1020
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
52%
1022
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.87
56%
1023
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.24
91%
1022
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
70%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.31
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Калај

53.45

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

12.73

Злато

133769.08

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93

Алуминиум

3.40

Сребро

2087.39