Друштвените мрежи, во комбинација со напредокот во вештачката интелигенција, имаат потенцијал за големо влијание врз јавниот дискурс и демократските процеси ширум светот. Како што се приближуваат европските избори, во прв план доаѓа загриженоста за интегритетот на демократските процеси. Оваа година се одржуваат избори за Европскиот парламент и претседателски избори во САД. Европската комисија се сомнева дека Facebook прави доволно за да го ...

Евтино и мало не значи и неквалитетно. За оваа прилика, одбравме три евтини, ситни, но динамитни наслови кои ќе пробаат да ве забават со крадење животни, елиминирање непријатели преку фрлање коцки, или пак доброто, старо уништување зомби и вонземјани! Zombies, Aliens and Guns – 300 денари Нашата „најскапа“ игра за денеска доаѓа од 9Ratones и SergioPoverony. Под верното око на издавачите, Ratalaika Games, овојпат се провлекува едноставна акциона ...

Како релативно „тазе“ развојно студио, Phew Phew Games успева од прва рака да понуди забавен, ретро-испириран платформер. Со одлична приказна, комплексни механики и разиграна музичка подлога, Anomaly Agent целосно ги оправдува 96% позитивните рецензии на Steam и се поставува како впечатлива авантура која имплементира одлични битки во незаборавна киберпанк приказна со временски аномалии. Безуспешна битка со времето Во Anomaly Agent играта со ...

Минатата и почетокот на оваа недела немаат баш премногу нов хардвер. Најголем дел од вестите се поврзани со Apple и презентацијата на нови уреди најавени за 7 мај. Ова секако е одлична вест за сите љубители на хардвер, па следната недела ќе може да видиме повеќе интересни уреди. За да не бидат сите вести поврзани со Apple се погрижи Engaged кој минатата недела го објави својот преглед на Dell XPS 13 и 14 лаптопите. Apple најави презентација за 7 ...

Во 2022 година, развојното студио Akabaka, во соработка со издавачот DreadXP, успеа да ги заинтригира гејмерите со Sucker for Love: First Date – уникатен визуелен роман кој обработува ловкрафтски хорор, впечатливи можности за романса и бројни завршетоци. Симпатичниот дизајн на ликовите и невообичаената, но квалитетна приказна, допринесоа играта и до ден денес да “стои“ со 98% позитивни рецензии. Две години подоцна, на ред е да се провери ...

На 6-ти март го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа одговорија над 1.000 учесници. Во моментов, истражувањето за 2024-та е само неколку учесници пократко од исполнување на таргетираната бројка од 2.000 учесници. Истражувањето ќе трае до 23.59 часот на 10-ти мај, 2024-та, па согласно на тоа упатувале последен повик за приклучување во ...

Овој викенд од 26ти до 28ми април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, кое започна петок попладне и ќе трае до недела вечер. Стартап Македонија е организатор, додека пак универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” е домаќин на овој настан, најголем од ваков тип во државата. По отварањето на настанот во петок попладне, првата активност која што ја имаа учесниците беше презентирање на своите стартап идеи. Околу 20 идеи беше ...

ByteDance размислува да го повлече TikTok од американскиот пазар. Иако оваа недела дел од медиумите објавија дека ByteDance разгледува неколку понуди компанијата попрво ќе се повлече од САД отколку да ја продаде апликацијата со алгоритамот. Причина за ова е што алгоритамот на TikTok е клучен во повеќе операции на ByteDance, па компанијата нема да сака да го сподели со потенцијалниот купувач. Ова не значи дека се откажуваат од американскиот ...

Престојниов викенд (26-28 април) ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид во режија на Стартап Македонија и охридскиот универзитет “Св. Апостол Павле”. Настанот е наменет за сите млади ентузијаси кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот. Покрај ентузијастите со идеја, настанот е отворен и за сите оние без конкретна идеја и тим. Тие би формирале свои тимови меѓу ...

Некои игри едноставно не можат да се опишат со еден збор. Таква е играта на развојното студио orangutan matter. Од една страна, Unleaving е мрачен, атмосферски, рачно-нацртан платформер со загатки во кои се запазуваат физичките закони. Од друга страна, илјадниците рачно нацртани цртежи и внимателно избрани зборови пуштаат корени во двосмислени метафорични значења и охрабруваат длабоки филозофки размислувања. Како резултат, добиваме ...

.мк стартап на месецот [април, 2024]: Штo e Hoyo Tech? Љубовта кон пурите како причина за иницијалното дружење, а љубовта кон IoT (Интернет на нештата) како причина за создавањето на успешниот бизнис – вака Дашмир Истрефи и Димитар Стојкоски, ко-основачи на Hoyo Tech, ги опишуваат почетоците на оваа македонска компанија. Она што дополнително ги поврзува Дашмир и Димитар е и нивниот роден град Струга, каде што денес се наоѓа и седиштето на Hoyo ...

Како огромни фанови и на акциони RPG игри и roguelite авантури, особено мило ни беше да го откриеме најновото чедо на развојното студио ChillyRoom. Shadow of the Depth успешно ја комбинира top-down акцијата и собирање корисен плен заедно со rogulite RPG елементи од привремен и траен карактер. Како резултат, добивате вузуелно импресивно и уникатно остварување кое не е ниту Diablo ниту Hades, туку нешто сосема трето! Незаборавно патување Како инди ...

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) последниве недели сѐ почесто се сретнува како главна тема на социјалните мрежи и медиумите… При крај на март ФИНКИ организираше протести за решавање на проблемот со просторот кој го имаат 13 години, а изминативе неколку дена е дел од интересна онлајн дебата откако факултетот одлучи официјалната пракса на студентите да може да се изведува само во компании што ќе се претплатат на ...

Ја претставуваме најновата функционалност на нашата платформа – премиум профили за компании. Услугата е создадена да им помогне на ИТ компаниите да ја зголемат својата видливост и углед, а секако и да понуди добар SEO boost со оглед на домен рејтингот на IT.mk (53). Премиум профилите се составен дел од сервисот ИТ Индекс на IT.mk, кој всушност е директориум на компании и организации во локалната ИТ индустрија. Зошто премиум профил? Пример за ...

Вештачката интелигенција е дел од најголемите иновации последните неколку години. Новата технологија, пред сѐ потребата од безбедна обработка на податоците, во голема мерка придонесе за развој на нови специјализирани чипови за вештачка интелигенција. Дел од производителите на чипови како Qualcomm и AMD претставија чипови кои можат пресметките за вештачка интелигенција да ги завршат локално на компјутерите. За овие пресметки се користат и сервиси ...

Различните генерации имаат различни навики за информирање, учење и работа, па така генерацијата Z практикува информирање преку визуелна содржина, наместо долги пишани текстови или видеа. Покрај различната форма, содржината се разликува и по времетраењето, односно кратките видеа или сликите преку кои се пренесува само една информација преовладуваат. Google, широко познат како најпопуларниот пребарувач во светот, целосно го промени начинот на кој ...

Уште една недела пред нас и уште три игри кои решивме да препорачаме да ги проверите неделава. Независно од тоа дали сте по 4Х стратегии, акциони RPG игри, или пак детективски симулации од осумдесетите години на минатиот век, одбравме нешто што (не) би требало да проверите деновиве! Revival: Recolonization е одлична Turn-based стратегија која неодамна излезе од раниот пристап на Steam Од развојното студио HeroCraft PC, доаѓа феноменална grand ...

Куп интересен хардвер оваа недела. Дознавме дека новата верзија на Google Pixel ќе доаѓа со функционалност која овозможува испраќање на пораки преку сателит, Boston Dynamics ја претстави надградбата на Atlas, а Ryzen најави нови процесори за вештачка интелигенција. За сите кои сакале да ѕирнат во виртуелната реалност, но ова им изгледало прескапо Meta Quest 2, сега се поевтини. Google Pixel 9 доби сателитска врска за итни случаи Google ќе ...

Веројатно веќе и нема некој во Македонија кој не слушнал за иницијативата Донирај Компјутер и Борче Стаменов. Кај да е ќе стигнат до бројката од донирани 3000 компјутери, а од неодамна во Base42 имаат нова работилница во Скопје. Ова беа дел од причините да поразговараме со Борче Стаменов. Кај да е ќе Донирај Компјутер ќе стигне до 3000 донирани компјутери. Кога започнуваше имаше ли некаква идеја колку ќе порасне иницијативата? Да, 3000-ката ни е ...

Од една страна, Botany Manor е образовен Walking Simulator со богати можности за истражување.Од друга страна, развојното студио Balloon Studious се има погрижено да го прошири самиот жанр и да понуди и предизвикувачки загатки кои одлично ја надополнуваат приказната и уникатната околина. Преубава игра која се одликува и со содржително демо! Првите моменти во Botany Manor значително потсетуваат на Gone Home. Осаменото истражување во ...

Во голема координирана акција затворена е една од најголемите фишин-како-услуга (PhaaS) платформи – LabHost. Акцијата ја координираше Europol, а во неа учествуваа полициски сили од 19 држави и компании од приватниот сектор. „Истрагата откри 40000 домени поврзани со LabHost кои имаа околу 10000 корисници од целиот свет“, вели Europol во соопштението. За тоа за колкава мрежа станува збор, најдобро зборува податокот дека од 14 април до 17 април, е ...

Вчера, нашиот поглед беше фокусиран на две игри кои би можеле да ги игрaме во иднината. Денеска, би сакале да ви препорачаме две игри кои не би можеле да бидат поразлични една од друга, а се спремни за играње веднаш! Destroyer: The U-Boat Hunter Destroyer: The U-Boat Hunter е замислена како автентична и историски точна симулација која обработува воени сценарија поврзани со подморници. Развојното студио Iron Wolf Studio S.A. се има погрижено ...

Ario е игра која влече силна инспирација од Prince of Persia игрите. Таквото нешто е јасно и од приказна и од локациите и од механиките кои се имплементирани. Но, уште на самиот почеток лесно можете да се здобиете со впечаток дека ова е сиромашна верзија на Prince of Persia серијалот. Приказната е неверодостојна, дизајнот на мапите остава многу работи да се посакуваат, анимациите се крути, а механиките недоволно добро разработени. Песочни маки ...

The Planet Crafter е една од омилените survival craft игри во отворен свет. Чедото на Miju Games беше долго време во раниот пристап на Steam. За време на двогодишниот EA периодот, студиото неуморно работеше на константно и стабилно исфрлување значајни надградби, водени од повратните информации на самите гејмери. Од таа причина, играта може да се пофали со 96% позитивни рецензии, засновани на мислењето на скоро 26 000 играчи. Темелна ...

Доколку имате здодевно и неинспиративно лого, би можеле да пробате да ги размрдате работите така што ќе му вдахнете на логото посебна свежина. Со посетување на веб сајтот https://krea.ai/fun/logos ќе можете или да изберете некое од понудените логоа преку Change logo паѓачкото мени, или пак да вметнете ваше лого со избирање на истото паѓачко мени, па избирање Upload my own. По избирање на соодветното лого, можете да напишете детално каква ...

Порано или подоцна, доаѓа време кога нема да бидеме задоволни од начинот на кој е организирано нашето биро. Пред да почнете да поместувате работи само за да видите дека не функционираат онака како што сте првично мислеле, проверете ги можностите на веб сајтот DeskSpacing. Се работи за веб сајт преку кој можете да го осмислите вашиот работен простор преку виртуелно експериментирање со најразлични дизајни и стилови. 3D апликацијата ви дозволува да ...

Често се случува да наидеме на некои игри кои сеуште не се излезени, но зрачат со огромен потенцијал. Pine Hearts и Pyrene се две такви игри. Како инди игри, и едната и другата покажуваат храброст во пробување нешто ново и експериментирање со невообичаени механики. Од една страна, Pine Hearts се прикажува како симпатична наративна авантура која ви дозволува да истражувате огромен шаренолик свет, да создавате значајни пријателства, како и да ...

На 10 април, Apple испрати известување до корисници на iPhone во 92 држави дека се потенцијална цел на таргетирани напади. Листата на држави не е објавена, но Индија е една од државите во кои се нападнати дел од сопствениците на iPhone. Во предупредувањето кое го испраќа до корисниците компанијата објаснува дека не станува збор за случаен избор, туку „цел на напад сте поради тоа што сте или тоа што го правите“, додавајќи дека се прилично сигурни ...

Со новата недела, доаѓа и нов потенцијал за исполнителни гејминг сесии. Во случај да сакате невообичаени стратегии каде акцентот е на невообичаени механики за собирање ресурси, невообичаено, но визуелно-импресивно градење, како и невообичаени војни експанзии тогаш играта на Томас е само за вас! Bulwark: Falconeer Chronicles е една од најуникатните стратегии кои имаме заиграно. Позајмувајќи елементи и од City Builder жанрот, соло девелоперот ...

По се изгледа ќе имаме вистинска трка во развојот на чипови за вештачка интелигенција. По Nvidia со Blackwell, Google го најави Axion – специјализиран Arm-чип за центри за податоци. Чипот е базиран на Arm Neoverse V2 дизајнот. Според Google чипот има 30 отсто подобри перформанси од Arm-чиповите на конкуренцијата и 50 отсто подобри перформанси од x86 решенијата. Засега нема дополнителни детали или бенчмарк тестови. Нема податоци ниту за ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
60%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
63%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 19ᴼ
1.03
62%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
59%
1023
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.29
37%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
92%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.63
26%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1018
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.0
36%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
48%
1021
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
64%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
83%
1019
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326