Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 50-годишниот С.Д. од Велес. Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно ...
„Безбедноста во државата е целосно нарушена. Имаме убиства речиси секоја недела, и тоа пред очите на граѓаните, во најцентралните делови на градовите и маалата. Убиството во Штип е само последно во низата убиства што се случуваат јавно, пред сведоци. Луѓето стравуваат за својата безбедност кога ќе излезат во кафе-бар или ресторан“, велат од СДСМ. „За само 10 месеци, во Скопје имаше неколку убиства – во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. ...
На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал. По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од ...
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во честитката Филипче порача дека денешниот ден е потсетник колку значи слободата, и зошто не смееме да ја заборавиме цената што е платена за неа. “9 Мај е ден кога се потсетуваме колку значи слободата, и зошто не смееме да ја заборавиме цената што е платена за неа. Денеска се навраќаме на ...
Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20) ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина- Мис на светот во Телангана, Индија. Изборот ќе трае до 31 мај. „Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија ...
Познатата македонска пејачка Каролина Гочева го промовираше видеоспотот за новата песна, со што пријатно ги изненади нејзините верни обожаватели од целиот регион. На својот официјален јутјуб-канал Гочева го објави видеоспотот за својата нова песна со наслов „Мог живота дио“, а позитивните реакциите од обожавателите се нижеа една по друга. „’Мог живота дио’ беше љубов на прво слушање. Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после ...
Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во ...
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедност и здравје ...
Предлог-законот за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска ќе го поднесеме во Собрание, вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), венко Филипче. Законот, како што вели Филипче, предвидува финансиски надоместок за семејствата кои изгубиле членови, покривање на трошоците за лекување, како и поволности за децата кои губат настава. „Изготвивме предлог-закон што мислам дека е добар, има ...
Лидерот на опозициониот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со Арбен Таравари од Алијанса за Алабанците на претстојните локални избори. Одговарајќи на новинарски прашања денес на отворањето на новата градинка во населбата Пролет тој кажа дека коалицијата од 14 партии е веќе потврдена и се прават заеднички советнички листи според неа, но процесот за разговори со други ...
Фатон Латифи, 24-годишен на Куманово, е пријавен за исчезнат откако вчера не се појавил на своето работно место и заминал во непознат правец. Според информациите, тој им оставил порака на своите родители пред да исчезне, но засега не е познато што точно содржи пораката ниту дали упатува на можна дестинација или причина за неговото заминување. Секој што го видел се замолува веднаш да не контактира на: 071-291-123 071-291-125 071-291-124“, стои ...
Постапувајќи по поднесен Обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото кое му се става на товар го ...
Само две минути пешачење после оброк може да помогне во регулирањето и намалувањето на нивото на шеќер во крвта, а следствено – и за помала можност за развој на дијабетес тип 2. Според лекарите, најдобро време за прошетка е рокот од 60 до 90 минути по јадењето, бидејќи тогаш нивото на шеќер во крвта го достигнува својот врв. Лесните прошетки се полезни и за луѓето кои веќе имаат дијабетес или висок крвен притисок. Одењето, но и стоењето може ...
Арената „Тоше Проески“ во Скопје се најде на листата на топ 10 најдобри стадиони на Балканот, благодарение на својата модерна архитектура, капацитет и амбиентот кој го создаваат навивачите на домашните и меѓународните натпревари. Во оваа ексклузивна листа се најдоа и стадиони од Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и други земји од регионот, но македонската национална арена успеа да се издвои поради својата функционалност, меѓународна ...
На 06.05.2025 во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација. ...
По средбата на премиерот Христијан Мицкоски со ВЛЕН, извори од Алсат посочуваат дека Арбен Таравари ќе ја напушти Владата. Ова се очекува да се случи по продолжението на разговорите што беа најавени вчера по средбата Мицкоски-Таравари, како и по вечерашната средба меѓу Мицкоски и ВЛЕН. Од кабинетот на премиерот беше соопштено дека средбата била конструктивна, во пријателски и партнерски дух. „Конструктивна средба во пријателски и партнерски ...
Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 %, Облека и обувки за 1.5 %, Рекреација и култура за 1.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Здравје за 0.4 % и Храна и безалкохолни ...
Норвешкиот претставник на Евровизија, Кајл Алесандро, доживеа силни болки по првата проба во Базел, што предизвика итна интервенција. За време на првата проба, Алесандро имаше силни болки поради инфекција на забот. И покрај непријатноста, тој успеа да изведе три проби, но веднаш потоа беше префрлен во стоматолошка ординација, каде што му беше изваден умникот. Поради овој здравствен проблем, сите негови проби и интервјуа за понеделник и ...
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала и долгогодишен член на Либерално-демократската партија, а веста за неговата смрт ја објавија од партијата. -Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец. Либерално демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и ...
По скандалот на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, СДСМ јавно го прашува премиерот Христијан Мицкоски: Зошто кога станува збор за интересите на Максим Димитриевски, соработката со ДУИ е дозволена, но кога Арбен Таравари ќе го направи истото, тоа е забрането и осудено? Станува збор за фамилијарна заработка на 350 000 евра само преку купиј-продај, кој го овозможува ДУИ како опозиција во општинскиот совет преку пренамена на ДУП. ...
Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави. Што би се случило доколку конфликтот ескалира до употреба на нуклеарно оружје? Научници од Универзитетот Рутгерс во САД пред неколку години спроведоа анализа на можните последици од нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан, предупредувајќи дека таков конфликт би можел да има катастрофални последици не само за двете земји, туку и за целиот ...
На 9, 10 и 11 мај, по петти пат ќе се случи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните), создадена од Мен енд Маунтен, заедно со главниот стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна ...
Освен што се следела строг режим на исхрана, Адел и тренирала, но сепак, нејзините тренери се согласуваат дека 90 проценти од постигнатиот резултат се должи на диетата. На почетокот на својата кариера, британската музичка ѕвезда Адел ја плени публиката со својот специфичен глас и оригинални песни кои погодуваа право во целта. Таа еднаш рече дека својот успех го должи на скршеното срце кое ја натерало да напише некои од нејзините најубави ...
Во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) денеска ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7-ми Мај. Како што информираат од МВР, на настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ...
Со земјоделска механизација оризопроизводителите од општина Чешиново-Облешево во текот на вчерашниот ден излегоа на протест и ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадолството од актуелните политики на почетокот на сеидбената сезона. ОСТАВКА Цветан Трипуновски неостварените ветувања ваков министер никогаш не сме имале 39 денари 26 денари 13 000 евра сум во загуба намалени за 50 до 70% ...
Оризопроизводителите од Чешиново-Облешево ги извадија тракторите на улица. Во знак на предупредувачки протест денеска блокираа еден правец од патот помеѓу Кочани и Штип. Револитрани се што доцни сеидбата и нема вода по нивите, за разлика од минатите години, кога до први мај веќе се било засеано. Побараа рестрикциите на вода соодветно да се распределат рамномерно по региони за да не останат многу производители без производство, а дополнително ...
Ако сонувате за совршен одмор на плажа, можеби ќе бидете инспирирани од најновата листа на 50 најдобри плажи во светот, која ги истакнува најубавите плажи во светот. Првата е Кала Голорице, плажа од бајките на италијанскиот остров Сардинија, а грчката плажа Фтери на островот Кефалонија е во првите пет – дестинација што српските туристи веќе добро ја знаат и ја сакаат. „Кала Голорице не е само плажа, туку емоција – глетка која го одзема здивот ...
Ден на македонскиот јазик: зборуваме на ист јазик, ама се’ помалку се разбираме. ТИЕ не сфаќаат што има лошо во бесрамното трошење на парите од граѓаните за туристички прошетки со сопругите и швалерките по белиот свет, во ждерењето аспарагус, манго и папаја на државна сметка, во епската неспособност на нивните функционери, во невидениот арамилак на кој и унгарскиот бегалец може да им завиди, во отсуството на чувство на лична одговорност во ...
На 05.05.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки ...
Анкета по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа покажува дека многу Американци и Западноевропејци веруваат дека Трета светска војна е веројатна во следните пет до десет години, а тензиите со Русија се сметаат за најверојатна причина. Според резултатите од анкетата на ЈуГов (YouGov) спроведена во пет европски земји: Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, помеѓу 41 и 55 проценти од испитаниците веруваат дека ...