Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Вчера во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни ...
Доколку планирате да патувате во Грција ова лето, имајте предвид дека стапија на сила нови правила, кои го менуваат сегашниот данок на престој. Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да го управуваат бројот на туристи, а од оваа година им се придружи и Грција. Колку ќе изнесуваат новите даноци во Грција? Износот на данокот зависи од видот ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 % во однос на одлуката од 05.05.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,847%, кај дизелот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде ...
Владата предводена од Христијан Мицкоски целосно промаши во одржувањето на функционалноста на меѓуетничката демократија – клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата. Ова го велат ДУИ преку соопштение до јавноста. – Со заминувањето на уште еден албански партнер, ова политичко мнозинство целосно без легитимитет кај Албанците, целосно се претвори во моноетничка Влада. На ова предупредувавме уште од самиот почеток на создавањето на ова ...
Независниот синдикат на полицијата најави протест за денеска во знак на незадоволство од ниските плати и, како што велат, неправедната судска пракса. Според најавата, протестот ќе започне во 12 часот кај раскрсницата кај Мавровка, а ќе заврши пред Судскиот совет во Скопје околу 13 часот. Претседателот на синдикатот, Мартин Ефремов изјави дека основната плата на полицајците е само 1.000 денари над законскиот минимум, што е спротивно на Законот ...
Актерката Амбер Херд (39) откри во нова објава на својот инстаграм-профил дека станала мајка на близнаци – девојче по име Агнес и момче по име Оушн. Со оглед на тоа што среќната вест ја објави на Денот на мајките, Херд напиша дека овогодинашниот никогаш нема да биде заборавен. „Оваа година сум пресреќна што го прославувам комплетирањето на семејството што се обидував да го изградам со години“, напиша таа покрај фотографиите од нозете на ...
Протеините често се нарекуваат градежен блок на животот, а исто така играат голема улога во губењето на тежината. Ако се обидувате да ослабете, можете да го олесните процесот со јадење многу протеини за да го регулирате метаболизмот и да го зголемите чувството на ситост. Зголемувањето и губењето на тежината се одредуваат според рамнотежата помеѓу калориите што ги внесувате и калориите што ги согорувате. Иако броењето калории е еден од ...
Левица денеска објави шема на тендер каде директно се инволвирани фирми на обвинети во случајот „Делчевски ниви“. Според партијата, фирма на едно од обвинетите лица добила тендер од МРТВ, каде што, како што велат, на висока позиција се наоѓа негов бизнис партнер кој е исто така обвинет во истиот предмет. -Во случајот „Делчевски ниви”, две лица (покрај останатите) се јавуваат како обвинети: Дарко Ќурчиски и Орце Тодоровски. Токму лицето Дарко ...
Магазинот „Esquire“ неодамна објави листа на 10-те најбогати актери во светот. Актерите на оваа листа не го заработија своето богатство само од нивните филмски улоги. Многумина од нив стекнаа огромно богатство благодарение на филмот, но и преку разни деловни потфати. Еве ја листата на најбогатите актери во светот: 10. Џеки Чен – 557,09 милиони долари 9. Том Хенкс – 571,94 милиони долари 8. Џек Николсон – 590 милиони долари 7. Бред Пит – ...
Српската манекенка со макеоднско потекло Данијела Димитровска не можеше да го скрие возбудувањето околу свршувачката, па затоа проговори за домашните медиуми… View this post on Instagram A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska) „Деталите од чинот би ги чувала само меѓу нас двајцата. Тој романтичен чин ќе ми остане врежан во сеќавањето засекогаш. Можам да кажам дека сум најсреќната жена на светот и дека сè уште не можам да ...
Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против 47-годишен маж од селото Србјани, осомничен за убиство и обид за убиство на своите родители. Според обвинителството, вчера наутро во дворот од семејната куќа, при семејна расправија, осомничениот најпрво го прободел својот татко со нож, а потоа го удирал со секира по главата. Потоа, ја нападнал и мајка му, нанесувајќи ѝ убоди во вратот. Таткото починал додека му била ...
ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23:30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча. Веднаш по добиената пријава, ...
На 09.05.2025 во 09:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на ...
Кирил „Кире“ Лазаров е роден на 10 мај 1980 година во Свети Николе. Тој е македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар кој последно настапуваше за француската екипа РК Нант, како и за Ракометната репрезентација на Македонија. Лазаров се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, правејќи го еден од најдобрите ...
Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож. И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден ...
Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. „Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и ...
Девојче било удрено и повредено од автомобил синоќа околу 19 часот на скопскиот булевар „Партизански одреди“ во близина на Сити мол. Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје патничко возило ‘мини морис’ со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа за ...
Нискиот крвен притисок, иако често се занемарува во споредба со високиот крвен притисок, може значително да влијае на секојдневното функционирање. Луѓето кои страдаат од хипотензија често се соочуваат со непријатни симптоми како што се вртоглавица, замор, слабост и несвестица. Поради слабиот проток на крв, органите не добиваат доволно кислород и хранливи материи, што може да влијае на нивната функција. Затоа е важно да обрнете внимание на ...
Општина Крива Паланка објави јавен повик за бесплатен летен одмор за сите деца од 7 до 14 години, ученици во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, кои потекнуваат од социјално ранливи семејства. Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од: 1.Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош); 2.Семејства на самохран родители; 3.Деца без родители и родителска грижа; 4.Деца на разведени родители ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член ...
Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави. „На мое огромно задоволство го ...
По завршување на владините мерки трговците првите неколку дена беа воздржани, но во изминативе два дена може да се забележи дека има драстично поскапување на одрени прозиводи. Во делот на основните прехрамбени производи, како сирењето, кашакавалот, кои со мерките имаа цени околу 500 денари за килограм сега се продаваат и за над 650 денари. Дел од детската козметика која до пред неколку дена се продаваше по цени од 100 до 150 денари, сега е со ...
Дури и пред да се појави официјалната информација дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, долго време се шпекулираше дека не е сè како што треба меѓу нив. Тие разочараа многу фанови со нивниот развод, а потоа започнаа многу други натписи. Афлек наводно поминува сè повеќе време со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, но Џеј Ло откри и дека е подготвена за нова љубов. Сепак, темата за нивниот развод е сè уште актуелна, а како ...
Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот. Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за ...
Се зборува многу за органска храна, прскано или непрскано овошје и зеленчук… И дали воопшто знаете како да проверите дали доматот е полн со „хемија“ или не? Добивајте вести на Viber За да утврдите дали вашите домати имаат висока содржина на пестициди, користете го овој трик. Доматите спаѓаат во групата овошја и невозможно е да се чуваат во текот на целата зима, но тие се продаваат веќе напролет. Како да знаете дали доматот е прскан? За да ...
Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ, денеска во „DailyClick“ на ТВ21 обвини дека во општина Куманово се вршат криминални дејствија пред камери. „Седниците на општина Куманово одат во живо, ние затоа преку Советничката група реагиравме да не се гласа од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, на партијата ЗНАМ, со поддршка од неколкуте советници од ДУИ. Станува збор за еклатантно кривично дело Тргување со влијание односно ...
Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина. Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот. Да, судија виновен сум! – призна вина Јованов. Според обвинението, на 29 јануари годинава, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата ...
Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ наскоро ќе добие нова животна улога – ќе стане баба! Марко Бијелиќ, синот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ и неговата избраничка Мелани Димитријевиќ ќе станат родители. Марко и убавата Мелани имаат прекрасен однос и стабилна врска, а нивните објави на социјалните мрежи привлекуваат големо внимание. По тој повод се огласи и Драгана Мирковиќ. „Денес сигурно сум најсреќната жена на светот бидејќи и официјално ...