Коментаријаќи го воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина. „Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „24 Анализа“ изјави дека на денешната комеморација за загинатите во Кочани недостасувале фотографии од жртвите, оценувајќи дека тоа било сериозен пропуст, но не и намерен чин за навреда кон семејствата. „Јас во животот сум присуствувала на многу комеморации и првото што недостигаше денеска во собраниската сала беа фотографиите на загинатите. Не сакам да навлегувам во детали, не сум била ...

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес беа во центарот на вниманието овие денови, а НБА ѕвездата официјално го потврди раскинувањето на нивната свршувачка. НБА ѕвездата Лука Дончиќ го потврди раскинувањето на неговата свршувачка со Анамарија Голтес, со која доби две ќерки за време на нивната десетгодишна врска. Во својата последна изјава за ESPN, тој откри и дека се бори за старателство над своите ќерки Габриела и Оливија. „Ги сакам моите ќерки ...

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува дека енергетиката мора да се третира како критична инфраструктура и прашање на државна безбедност, особено во услови на глобални конфликти и политичка нестабилност. Во анализа објавена на социјалните мрежи, Миноски посочува дека во време на кризи, како што се војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, стабилноста на секоја економија зависи од три клучни столба – енергетската ...

На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило ...

На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид ...

Тригодишно дете од Штип синоќа итно било хоспитализирано на Педијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако испитувањата покажале присуство на „бензодијазепам“ (седативи) во неговиот организам. Според информациите од СВР-Штип, мајката (24) го донела детето во болницата претпладнето, по што лекарите веднаш реагирале поради симптоми на труење. Детето е задржано на опсервација под лекарски надзор. Полицијата и Центарот за ...

На денешното продолжение од судскиот процес за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, каде пред една година загинаа 63 лица, сведокот Дарко Стојков, инспектор во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Виница, ги опиша сериозните пропусти во безбедносните стандарди на објектот. Стојков, кој бил дел од екипата за увид во објектот заедно со тројца други инспектори, посочи дека во моментот на проверката во „Пулс“ имало ...

Македонија се соочува со продолжено намалување на наталитетот, а најновите податоци покажуваат дека бројот на новородени деца и стапката на фертилитет продолжуваат да опаѓаат. Според последните статистики, во 2024 година во земјава се родени 16.061 деца, што претставува најниско ниво досега. Паралелно со падот на бројот на новородени, се намалува и стапката на фертилитет, објави 4news.mk Во 2024 година таа изнесува 1,44 живородени деца по ...

Првата недела од војната против Иран ги чинеше САД повеќе од 11,3 милијарди долари, според брифингот на Пентагон пред членовите на Конгресот, објави денес „Њујорк тајмс“. Повикувајќи се на анонимни извори кои биле присутни на брифингот во вторник, весникот наведува дека бројката не ги вклучува многу од трошоците поврзани со подготовката на нападот, што укажува дека конечната бројка би можела да биде значително поголема. Претставници на ...

Грчките власти најавија целосно затворање на источната внатрешна обиколница во Солун во двата правци. Причината е рушењето на мостот „Агиос Павлос“, клучен дел од големиот инфраструктурен проект Flyover кој го менува градскиот сообраќај. Затворањето ќе започне во петок, 13 март во 23 часот и ќе трае цели 48 часа, до недела, 15 март во 23 часот. Сообраќајот ќе биде стопиран на делницата помеѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија), што ...

Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија” што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...

Професорот кој сексуално вознемирувал ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ доби само мерки на претпазливост. Тој се сомничи дека ѝ барал да имаат полови односи. Судот одлучи да му го одземе пасошот, да му забрани да се доближува до девојчето, а професорот не смее ниту да оди на работа. „На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за ...

На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад. ...

Метео анализа на Славчо Попоски: На ден петок 13-ти март 2026 и за време на викендот (14/15 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински или плиток циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европскиот Континент. Токму поради ова атмосферата нема да биде во целост стабилна па така по претежно сончевото и стабилно утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност кога ќе се создаваат ...

Пролетните земјоделски активности во Крива Паланка повторно ги активираа пожарникарите. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) алармира дека само од почетокот на март имале десетина интервенции, најчесто на отворен простор каде се опожарени големи површини мешовита шума и пасишта. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, предупредува дека несовесното палење стрништа и фрлањето догорчиња веќе предизвикале сериозни материјални ...

Дарко Лазиќ го загуби својот брат Драган , кој загина во сообраќајна несреќа кога неговиот мотоцикл се судри со патничко возило. Пејачот скршен од болка, придружуван од пријатели, колеги и членови на семејството е во родната куќа. Дарко со солзи во очите и скршен од болка, сепак најде сила да им се обрати на новинарите кои вечерва се пред неговиот дом. – Ќе бидам многу краток, нема да зборувам многу. Не знам што да ви кажам. Изгубив голем дел ...

Актерот Кирил Поп Христов, познат како Кили, почина на 58-годишна возраст. Кили, кој се пресели да живее во Еквадор во 2014 година со сопругата и ќерката, починал таму од инфаркт, во сон. Кирил Поп Христов-Кили беше македонски актер кој остави значаен белег во театарот, филмот и телевизијата. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, каде што го поминал и поголемиот дел од својот живот и професионална кариера. Љубовта кон актерството ја ...

Тело на женско лице денеска претпладне било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек. Се очекуваат повеќе дедали за случајот од надлежните институции подоцна во денот. ...

Два случаи на семејно насилство пријавени во кривопаланечката полиција. На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко. На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга. Се преземаат мерки за ...

На 11.03.2026 во 01:45 часот на магистралниот пат Крив Паланка – Куманово, кај место викано „Мотел“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода И.Ц.(60) од Скопје и М.Ј.(39) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. Имено, при вршење на редовна контрола во сообраќајот полициските службеници запреле патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, при што во ...

На 10.03.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по целосно ...

Лажни пораки наводно испратени од МВР за сообраќајни прекршоци стигнуваат до граѓаните. Од СВР Охрид алармираат граѓаните да не наседнуваат на овие измами и да не ги отвораат линковите за наплата. Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за ...

За шест месеци е намалена казната затвор за Гордана Филиповиќ, која на 26 јануари 2022 година го прегази Слободан Ангеловски на пешачки премин во Скопје, во повтореното судење за случајот. Предметот се судеше повторно откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Со првата пресуда, Филиповиќ беше осудена на три години затвор, а со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци. Синот на загинатиот пешак, Столе ...

По претходни контроли во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди тешка кражба на електрична енергија. Објектот работи како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, извести Елекртодистрибуција. Како што објавија, констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта и директно ...

На денешната прес-конференција на претставниците на Синдикатот на културата, пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава до министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос. „Секако оваа кривична пријава ја поднесуваме со жалење, не затоа што се сомневаме во нејзината оправданост, туку затоа што станува збор за човек кој до неодамна беше и ...

Нашата млада музичка сензација Тина Русева продолжува да го освојува музичкиот простор со нови успеси. По настапите што ја истакнаа на европската сцена и бројните позитивни реакции од публиката, таа конечно ја претстави својата прва македонска авторска песна „Своја“, со која испраќа силна порака за самодоверба, искреност и храброст да се биде тоа што си. Песната „Своја“ е модерна, динамична поп-композиција со силна емоционална порака. Во неа ...

Министерство за внатрешни работи утрово соопшти дека е изречена итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство. Како што информираат од Единица за насилен криминал при Сектор за внатрешни работи – Скопје, вчера е поднесено барање до Основен граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом на Љ.Б.. Инцидентот се случил на 9 март околу 22:30 часот во Кисела Вода, Скопје, кога полициски ...

Во случај Македонија да биде нападната со ракети од Иран или која било друга агресорска држава, какви засолништа имаме? Многу од нив се неупотребливи, нехигиенски, со заклучени и ‘рѓосани врати. Полни со тегли туршии и гајби со кромид, компири и свежи глувци. Колку од нас знаат каде да трчаат ако ги чујат сирените за аларм? Во случај сите тие да работат. Шо да земеме со нас кога треба да ја напуштиме куќата за пола минута? Врска немаме. ...

Вчера во Собранието беше одбиен предлогот на пратеничката група на Левица за измени на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица, со кој се предвидуваше значително зголемување на износот што граѓаните можат да го добијат назад преку системот „Мој ДДВ“, велат од „Левица“. „Нашиот предлог и интервенција во овој закон е заснован на истите цели и начела со коишто законот веќе постои. Разлика е во тоа што максималниот износ за поврат на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Родиум

353658.21

Калај

43.91

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51