Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера во 18:10 часот го лишиле од слобода Д.Ј. (31) од Крива Паланка, откако агресивно се однесувал и им упатувал закани на своите родители. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера во 18:10 часот го лишиле од слобода Д.Ј. (31) од Крива Паланка, откако ...
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека, по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи, е расчистено убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Според обвинителството, 65-годишен маж е осомничен за кривичното дело „Убиство“, додека неговата 59-годишна сопруга се сомничи за помагање при извршување на кривичното дело. Истрагата покажала дека ...
„Мене малку сѐ ова ми наликува на политичка шизофренија. Лош збор е и можеби не треба да се соопшти, но да го појаснам: тоа е кога вие кажувате две контрадикторни работи, а тврдите дека сте конзистентни во политиките”, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во денешното гостување во Радио Лидер. „Ајде да се вратиме неколку месеци наназад. Дали владејачкото мнозинство поднесе ...
Легендарниот Игор Џамбазов, нашиот најголем шоумен денеска слави роденден. Незаменливиот Игор во свој стил уште ноќеска објави на Инстаграм дека го започнува 63. круг окoлу Сонцето и напиша дека „63 се новите 36“. „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63. Ама еве ме. Жив, и по малку здрав. Но во форма. И полн со енергија. Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години… И да знаете: 63 се новите 36. ...
Професорката Мирјана Најчевска со реакција за ослободителната пресуда на екс премиерот Никола Груевски. „Сите криминалци во Македонија се на слобода. Освен оние најголемите кои закасниле со плаќање на струја еден месец, кои украле 30 ќебапчиња и оние најстрашните кои продаваат китки магдоносс и лозов лист пред пазарите. За нив нема милост. Законот е еднаков за сите. Посебно кога криминалците го кројат и донесуваат законот, а нивните пулени го ...
СДСМ побара од премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто Иван Стоилковиќ останува дел од Владата, откако по реконструкцијата беше преместен од функцијата вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците на позицијата министер за локална самоуправа. Од опозициската партија прашуваат што, според нив, Стоилковиќ придонесува за Владата, освен, како што наведуваат, „личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ“. „Стоилковиќ ...
54-годишен државјанин на Македонија е уапсен во Хрватска под сомнение за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Според полицијата во Пула, нападот се случил на 13 јули околу 2:30 часот наутро на брод во Медулин. Осомничениот, како што се наведува, со нож замавнал кон главата и стомакот на другото лице. Нападнатиот успеал да се одбрани со кревање на раката, при што се здобил со полесна повреда. По завршената истрага, осомничениот ...
Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“. Несреќата предизвика голем застој и долги ...
Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Македонија денеска ја очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен ветер, повремено засилен, претежно од северен правец. Во попладневните часови, поради локална нестабилност, на места е можна појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе останат високи, а во следниот период се очекува дополнително ...
Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место беше испратен вицепремиерот Беким Сали, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната ...
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска доби ослободителна пресуда во повторната судска постапка за случајот „Талир 2“, кој се водеше за начинот на кој беше изградено централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Со ваквата одлука на Основниот кривичен суд Скопје, најголемата владејачка партија по цели осум години повторно ќе има целосна слобода да располага со својот имот вреден милиони евра, кој досега беше блокиран и под закана од државна ...
На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата. На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал ...
Со официјалното примопредавање на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го заврши својот ангажман во ресорот и му ја предаде функцијата на новиот министер Борчо Серафимовски. Трипуновски порача дека зад него останува период исполнет со работа за развој на земјоделскиот сектор, а на својот наследник му посака успех во продолжување на започнатите проекти во интерес на земјоделците. „Заеднички ...
Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети. Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето ...
Џорџина Родригез не престанува да се рекламира на социјалните мрежи откако репрезентацијата на Португалија го заврши учеството на Светското првенство, а Роналдо остана во солзи. Вереничката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, цело време за време на Светското првенство го бодреше својот сакан, а самата беше мета на негативни коментари, но ова не е неочекувано кога е во прашање таа. Таа дури и се огласи по поразот на ...
Убиство го потресе Скопје кога син го закла својот татко со нож во семејниот дом, откако тој во алкохолизирана состојба ја нападнал мајка му. Најновите податоци до кои дојде Алсат говорат дека трагедијата се случила откако 52-годишниот Едем Лукмани, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга Хикмете Џемаили, а синот Бесарт Џемаили во обид да ја заштити мајка си, му нанел повеќе убодни рани со нож на татка си. Според ...
Кумановската полиција го расчисти случајот со пријавеното насилство врз 14-годишна девојка, при што се поднесени кривични пријави против 18-годишна девојка и две малолетнички од Куманово. Од СВР Куманово информираат дека е поднесена пријава против П, објави 4news.mk А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетни лица на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ согласно ...
Основниот граѓански суд Скопје, по четиригодишна судска постапка, донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на Орце Тодоровски, поранешен директор на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен заменик генерален секретар на партијата и актуелен помошник генерален директор на Македонската радио-телевизија (МРТВ), против поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска и Град Скопје, поради клевета и навреда. Според судската ...
Туристичкиот сектор во Македонија и натаму бележи позитивни резултати благодарение на зголемениот број странски посетители. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај годинава во земјава престојувале над 131 илјада туристи, при што најголемиот дел биле странски државјани. Според статистиката, во текот на мај се регистрирани вкупно 131, објави 4news.mk 723 туристи, од кои 106.756 биле странски, а 24.967 домашни ...
На својата 112. седница, Собранието со 69 гласа „за“ ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет предводен од премиерот Христијан Мицкоски. Новиот состав носи комбинација од искусни кадри од коалиционите партнери, академски професори и докажани професионалци од јавниот сектор. Во продолжение ви ги претставуваме биографските детали и професионалниот пат на новите членови на Владата. Борче Серафимовски – Министерство за земјоделство, ...
Политичките тензии во Собранието кулминираа за време на расправата за реконструкцијата на Владата, која наместо вообичаена парламентарна дебата се претвори во еден од најбурните денови во законодавниот дом. Седницата беше проследена со жестоки меѓусебни обвинувања, навреди, барања за извинување, паузи и конечно со демонстративно напуштање на пленарната сала од страна на пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците. Опозициските партии ...
Педесет и шестгодишен жител на Гостивар бил приведен двапати во текот на истиот ден поради нарушување на јавниот ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи. Првото приведување се случило вчера во 10:45 часот во Галичник, каде полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода Ѓ.Р., откако агресивно се однесувал за време на традиционалната манифестација „Галичка свадба“. Само десетина часа подоцна, во 20:40 ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – Цуна (41) од Кочани, откако тој минатата недела избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит. Од МВР информираат дека Лазаров е баран по централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Лазаров ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...
На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од ...
Собранието денеска на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски во рамки на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор. ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ...
Заморот зад волан е една од најчестите причини за губење концентрација. Ова денеска го напишаа од АМСМ на Фејсбук и ги информираа возачите на колку време при подолго возење, треба да направат пауза. -Се препорачува пауза на секои 2 часа или на секои ~200 km. Краток одмор може да направи голема разлика за вашата безбедност – и безбедноста на сите во возилото, стои во соопштението на АМСМ. Заморот зад волан е една од најчестите причини за ...
На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги претвора државните институции во, како што велат, „партиски фирми“ за вработување и унапредување на роднини, блиски лица и партиски кадри. Кузеска како пример го посочи случајот со братот на Трајко Славески, Сашо Славески, кој, според партијата, бил незаконски унапреден во М-НАВ. Според Кузеска, унапредувањето било извршено во ...