Поради високите температури зголемен е бројот на повици до Итната медицинска помош (ИМП). Дневно има повеќе од 200 повици, најчесто поради интервенции на јавни места каде граѓани колабираат или поради влошена здравствена состојба кај лица во домашни услови. Ова за МИА го изјави Даниел Георгиевски од Итната медицинска помош, кој посочи дека бројот на интервенции поврзани со топлото време е зголемен во споредба со другите периоди од годината. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...

Емили Ратајковски се појави на интернет од една причина – да се збогува со јули и да го пречека август. Тоа го направи на свој уникатен начин – во атрактивно бикини кое го открива речиси секој дел од нејзиното тело. Емили Ратајковски се смета за една од најубавите модели на денешницата. Таа има неверојатна фигура која обожава да ја покажува пред светот. Често е активна на интернет, особено на Инстаграм, каде што објавува фотографии од ...

На 2 август 2026 година, во 18:30 часот, во ОВР Ресен било пријавено дека на местото викано „Планинче“, во атарот на село Јанковец, се случила сообраќајна незгода со четирицикл. Според пријавеното, четирицикл марка „Линхаи“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Т. (46) од село Јанковец, при што како сопатници биле Д.К. (28) од истото село и 9-годишен малолетник од село Базерник, Демир Хисар, изгубил контрола и се превртел. По ...

Квалитетот на туристите во Охрид се повеќе опаѓа. Имаме гости кои само поминуваат на неколку часа, на пат кон Албанија или Грција. Ништо не купуваат. Само вода и користат веце. Ретко преспиваат и по една ноќ. Каде виде Мицкоски зголемен број на туристи – не знам. Освен во тоа дека ја преминуваат Македонија за веце и вода пауза. Порано имаше гости кои престојуваа по 7-14 дена во Охрид. ФБ став на Катерина Василеска Квалитетот на туристите во ...

Европол предупредува на нов и сè поопасен модел на организиран криминал кој забрзано се шири низ Европа. Криминалните мрежи сè почесто ги користат социјалните мрежи и шифрираните апликации за да регрутираат тинејџери и ранливи млади луѓе за извршување тешки кривични дела, вклучително и убиства, претставувајќи им ги задачите како да се дел од видеоигра. Во фокусот на истрагата е шведската криминална мрежа „Фокстрот“, која, според проценките, ...

Нискиот крвен притисок, познат и како хипотензија, не секогаш предизвикува јасни симптоми, а кај некои луѓе може да помине целосно незабележано. Сепак, лекарите предупредуваат дека во одредени случаи може да биде знак за посериозен здравствен проблем и не треба да се игнорира. Според експертите од Клиниката „Мајо“, причините за низок крвен притисок се различни – од дехидрација и недостаток на хранливи материи до срцеви, хормонални или други ...

На 02.08.2026 во 07:54 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот помеѓу 01/02.08.2026 до 08:00 часот во црква во село Трново, кривопаланечко, било влезено со употреба на сила и при тоа биле одземени пари и бакарен котел, инфомрираа од полицијата. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.08.2026 во 07:54 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот помеѓу ...

На 02.08.2026 година во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од с. Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесена Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во ...

Автомобил оставен на директно сонце може за само половина час да достигне температура повисока од 50 степени, но правилната заштита може да ја намали топлината во кабината за десет степени, покажува тестот на германскиот автомобилски клуб АДАК. Во испитувањето биле користени седум исти автомобили „Дачија дастер“, оставени околу четири часа на пладневно сонце. Возилото без никаква заштита се загреало до 53 степени, додека автомобилот покриен ...

Летувањето во Грција се претворило во вистинска драма за едно српско семејство, кое тврди дека сопственик на вила ги исфрлил од сместувањето и им задржал 290 евра за преостанатите денови од престојот. Случајот анонимно беше објавен во Фејсбук-групата „Grčka Info“, каде авторката детално опиша што се случило, пишува „Телеграф.рс“. Според неа, сè започнало кога бебето на нивни пријатели, сместени во соседна вила во истиот двор, ненадејно се ...

Дваесет и седумгодишната руска државјанка Људмила Туркова Константиновна, која на 23 јули допатувала во Белград од Истанбул, престојувала во изнајмен апартман на Савски Венац, но неколку дена подоцна трагично го загубила животот. Последен пат контактирала со своето семејство ноќта меѓу 25 и 26 јули, кога им кажала дека е излезена со пријателки. По таа порака нејзиниот телефон бил исклучен, а од тогаш ѝ се губи секаква трага. Според српските ...

Според најновите метеоролошки прогнози, од 5 август Балканот ќе биде зафатен од уште посилен африкански топлотен бран, кој ќе донесе екстремно високи температури во повеќе земји од регионот. Најжешко се очекува да биде во делови од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, каде што локално температурите би можеле да достигнат и до 45 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат стабилно, суво и претежно сончево време, без значителни врнежи, ...

Врвот на топлотниот бран бара внесување на доволно количество течност, а покрај многу вода, секогаш е добро да направите и некои брзи и вкусни освежителни пијалоци кои исто така добро ќе не хидратираат и освежат. Лимонадата е омилен летен напиток на многу луѓе, полна е со витамини и освежува со кисел вкус. Одличен е сам по себе, со малку мед или засладувач по желба и е добра основа за надградба и создавање на многу фини пијалоци кои покрај ...

Новиот топлотен бран веќе пристигна, а во одделни делови од земјата температурите деновиве ќе достигнат околу 40 степени. Поради екстремно високите температури, надлежните издадоа предупредувања за повеќе региони, а многумина кои немаат клима-уред спасот од жештините го бараат со вентилатор. За голем број луѓе токму вентилаторот е единствениот начин полесно да заспијат во топлите летни ноќи. Но, иако може да ја направи спалната соба ...

На 01.08.2026 во 23:49 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.П.(58) од Ранковце. При сообраќајна контрола запрено е патничко моторно возило „хонда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал Г.П. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против ...

Вчера во полициската станица Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица. При извршено ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија” во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско. Тогаш не може да се заканува на неистомислениците. Не може да се ослободуваат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Од 1 јули 2026 година, Bürgergeld во Германија е заменет со нов систем наречен Grundsicherung (основна социјална помош за баратели на работа). Заедно со промената на името, беа воведени нови правила; меѓутоа, при одобрување на помош, имотот на подносителот на барањето сè уште се проценува, покрај приходите. Лицата над 15 години кои живеат во Германија, сè уште не ја достигнале возраста за пензионирање и се способни да работат најмалку три ...

Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена и ќе започне да важи од 1 август 2026 година. Со одлуката веднаш ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе работи континуирано и ќе ја координира работата на сите надлежни институции. Целта е да се обезбеди навремена и ...

Северина денес објави нова песна, „Nisam kriva ja“, која има и поднаслов „Bezosjećajna“. Песната е првиот дел од најавената музичка трилогија во која пејачката истражува три различни емоционални состојби. „Nisam kriva ja“ е опишана како една од најинтимните песни на Северина во последните години. Текстовите зборуваат за емоционални лузни и неможноста да се откаже од љубовта. Приказна за жена која ја изгубила способноста да сака, не по своја ...

МВР информира дека рано утринава во 01:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител за ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Евростат објави поразителни податоци: Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно. Тоа граѓаните го знаат многу добро. Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: 1. Неговите економски политики се целосен дебакл. 2. Лаже. 3. Бајките за „трета економија во Европа” се чиста измислица по рецепт ...

Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот ...

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Уште ...

Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење. Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, за да се ...

Летото и високите температури значат зголемена потреба од течности. Редовната хидратација е особено важна во топлите денови, кога организмот губи повеќе вода и електролити преку потењето. Потењето е природен механизам со кој телото се обидува да ја регулира температурата. Но, доколку изгубените течности не се надоместат навреме, може да дојде до дехидрација, пад на енергијата, намалена концентрација и општа слабост. Првите знаци на ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања, ...

Македонската делегација составена од пратеници од четирите парламентарни партии го продолжува учеството во програмата Open World на Конгресот на Соединетите Американски Држави. Congresswoman Norma Torres Joe Wilson Robert Aderholt Тој потенцира дека особено значајна била средбата со конгресменката Норма Торес, поддржувач на демократијата, владеењето на правото и човековите права. – Таа има силна улога во креирањето на програмите преку кои ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.32
28%
1013
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
1.62
47%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
45%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.94
42%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.15
45%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
0.63
72%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.02
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.37
24%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.07
32%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
52%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
2.24
51%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
2.08
66%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00