
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Построги мерки за невакцинираните и забрана за влез во затворените простори како што се кината, театрите, музеите или фитнес центрите, од утрово стапија во сила во Грција. Новите рестрикции ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во обраќањето до граѓаните во четвртокот, а се однесуваат и на дел од просторите каде што досега постоеше опцијата за влез со негативен тест. Согласно министерската одлука што утрово стапи во сила, сите ...
Директорот на германската агенција за контрола на болести, Лотар Вилер, предупреди дека на земјата и се заканува навистина страшен Божик, доколку не се преземат чекори за сузбивање на наглиот раст на заразата со коронавирусот. Германските парламентарци расправаат за мерките кои ќе ги заменат постојните епидемиолошки прописи ширум земјата кои се со важност до крајот на овој месец. Германската агенција за контрола на болести Институт Роберт Кох ...
Кина ги надмина САД на листата на најбогати држави во светот, објави консултантската компанија McKinsey & Co. Богатството на Кина порасна од седум на 120 трилиони долари за две децении. Американците бараат од McKinsey & Co. да ги открие врските со Кина, бидејќи многу пари се во рацете на десет отсто од населението. Американската консултантска куќа, која неодамна беше критикувана дека истовремено дава услуги на моќни кинески ...
Грчката влада следната недела ќе воведе нови ограничувања за оние кои не се вакцинирани против Ковид 19, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во последните недели. Невакцинираните граѓани од понеделник, 22 ноември нема да можат да влезат во сите затворени простории, вклучително и кина, музеи и спортски сали, рече Мицотакис во телевизиско обраќање до нацијата, објави грчкиот ...
Австриската влада во разговори со покраините одлучи од понеделник, 22 ноември, сите граѓани, а не само невакцинираните да бидат под клуч. Состојбата со коронавирусот во Австрија е на работ на катастрофа, без оглед на строгата мерка за затворање на невакцинираните лица, пишуваат тамошните медиуми. Бројот на новозаразени постојано расте и ги руши сите рекорди, а исто е и со болниците кои се пред колапс. Според медиумите, одлуката за десетдневното ...
Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, искажаа слични позиции за темата Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од страна на Бугарија, туку од страна на Македонија. Бугарија, вели Герџиков, сака да се почитува ...
Американскиот претседател, Џо Бајден ја посети фабриката на General Motors во Детроит и возеше електричен Хамер, а видеото постана вистински хит на интернет за кратко време. Сака некој да влезе назад или да се качи на коровот? Ова е нешто сосема посебно, кажа Бајден и се пошегува со присутните новинари за време на настанот. За потсетување, на почетокот на оваа недела, претседателот на САД, Бајден потпиша нацрт-закон за инфраструктура вреден 1 ...
Компанијата Google, често додава нови функции во својата позната апликација Google Maps, а од една од новите функции ќе биде особено корисна за време на празничната сезона. Станува збор за функцијата наречена Area Busyness, која нуди информации за тоа колку има гужва во моментот во одредени населби, додека функцијата Directory Tab акцентот го става повеќе на информации за продавниците и објектите на одредени локации како што се трговски центри и ...
Професорот по историја, Хенрик Јенсон во колумната за данскиот весник “Jyllands-Posten” изразил мислење дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да не го спречува пуштањето во работа на рускиот гасовод “Северен тек 2” кардинално ја променила рамнотежата во Европа во корист на Москва. Историчарот ја обвинил Русија за организирањето на мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија и нагласил дека ...
Американскиот милијардер Ворен Бафет, во неговото неодамнешното интервју за CNBC изјави дека доаѓа уште една пандемија, која може да биде полоша од сегашната. Вакви лоши вести нема ниту така наречениот доктор пропаст, или Нуриел Рубини, кој ја предвидуваше економската криза од 2008 година, а сега тврди дека се можни четири сценарија. Бафет е убеден дека и покрај тоа што пандемијата е речиси надмината, светот не е подготвен да се справи со ...
Планинари од Скопје пред неколку дена останале шокирани откако во шума на Скопска Црна Гора ги пречекала вистинска еколошка катастрофа, пишува „Фокус“. Низ шумата биле расфрлани пластични канистри со катран или мазут, кои некој најпрвин ги испразнил на падините на планината, а потоа и ги оставил во шумата. Талог од катран навлегол длабоко во почвата. Зоран Тодоровски е еден од планинарите кои биле сведоци на оваа глетка. Тој за ...
Вчера, за време на престојот во Ватикан, хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ изјави дека е фашизам да се спречат луѓето да излезат на улица. Австриското Министерство за надворешни работи најостро ја осуди изјавата на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој одлуката на Владата на Австрија да го забрани движењето на невакцинираните граѓани ја нарече фашизам. По тој повод, австриското Министерство за надворешни работи го поканило на ...
Цела планета со нетрпение го очекува Светското првенство фудбал следната година во Катар. Меѓутоа, условите во кои работат луѓето за се да биде подготвено на време за овој настан се, во најмала рака, катастрофални, пренесува Дејли Мејл. Работниците имигранти во Катар добиваат скудни 12 фунти за нивната 11-часовна дневна работа за изградба на величествени фудбалски објекти во оваа арапска земја! Тие патуваат еден час до работа со автобус, ...
Властите во индиската престолнина, Делхи ги затворија сите училишта и колеџи на неодредено време поради влошувањето на нивото на загаденоста на воздухот. Забранети се и градежните активности до 21 ноември, со исклучок на проектите поврзани со сообраќајот односно инфраструктурата. Затворени се и неколку електрани на јаглен, па моментално лицеенци за работа имаат само пет од вкупно 11. Токсичен чад го задушува Делхи. Нивоата на ПМ2,5, ситните ...
Поттикнати од наглиот скок на бројот на новозаразени лица предизвикани од делта сојот на коронавирусот и застој во процесот на вакцинација, владите на многу од земјите воведуваат задолжителна вакцинација на работниците во здравствените и други установи. Покрај тоа, расте и бројот на земјите кои воведуваат задолжителна вакцинација на државните службеници и други категории на работници. Ова е попис на земјите кои вовеле задолжителна вакцинација, ...
Стратегијата на Шведска за борба против коронавирусот помогна да се шири инфекцијата во други земји, покажуваат резултатите од неодамна објавеното истражување. Студијата, објавена во списанието Eurosurveillance, беше спроведена од истражувачи од Универзитетот Упсала во Шведска, Норвешкиот институт за јавно здравје и Универзитетот во Сиднеј во Австралија. „Шведска беше нето извозник на вирусот Сарс Ков-2 во соседните нордиски земји во ...
Венко Филипче вчера изјави дека конкретни предлози од состанокот ќе бидат доставени до Владата. – Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето ...
Српскиот претседател рече дека целта на аферата Јовањица била фабрикувана за тој да се отстрани од власт и да се уапсат членовите на неговото семејство. За случајот и за аферата Јовањица тој зборуваше во интервјуто за ТВ Хепи. Тој повторно беше прашан за оваа афера откако се појави веста во германското издание на онлајн магагинот VICE, која укажува дека на таа фарма се одгледувал коноп далеку од стоката што ја бараат љубителите на марихуана. ...
Ражнатовиќ имала финансиски проблеми, Легија и предложил да побара пари од Спасојевиќ, а земунците и дале неколку стотици илјади марки. Воспоставиле и пријателски врски. И таа неколку пати одела кај нив во Шилерова улица каде беше нивното седиште. Државата предходно реши да се ослободи од поранешниот командант на српската добровољачка гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој беше убиен. Тоа во интервјуто за белградски Курир го изјави поранешниот ...
Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и голем филантроп, преку својата фондација инвестираше многу во борбата против разни болести ширум светот. За овие една година милиони се вложени во истражување и развој на вакцини против болеста ковид-19, но не е задоволен како сето тоа испаднало. Во интервју за Policy Exchange , за време на посетата на конференцијата COP26, Гејтс откри дека не е задоволен од вакцините што се моментално достапни. ...
Сметам дека наскоро ќе добиеме нова влада, повторно предводена од Зоран Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри, рече денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи. Тој вели дека реконструкцијата на владата е добра и треба да има одредена промена на кадрите. За реконструкцијата на владата ќе се преговара со коалициските партнери, а тоа може да биде комплицирано за распределба на нови ресори. „Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам ...
Британската компанија „Emergex“ со седиште во Оксфордшајр, наскоро ќе започне клинички испитувања на втора генерација вакцина против коронавирус која лесно би се применувала во вид на фластер на кожата и која ќе користи Т-клетки за убивање на заразените клетки. Таквата вакцина, како што пренесува „The Guardian“, би можела да понуди подолготраен имунитет од сегашните вакцини. Како што се наведува, вакцината би содржела ...
Репрезентацијата на Македонија за прв пат се квалификуваше во доигрувањата за пласман на едно светско првенство. Станува збор за СП во Катар во 2022-ра, кое ќе се игра на осум стадиони. Клучната одлика на локацијата на Мундијалот во 2022-ра е тоа што, за разлика до претходните домаќини, Русија и Бразил, стадионите се максимално оддалечени само 75 километри. Од тоа, четири стадиони се наоѓаат на поширокото подрачје на престолнината Доха и се ...
Околу 5,7 милиони жители на Австрија се целосно имунизирани, а тоа значи дека примиле до три дози вакцини против коронавирусот, или по прележаниот вирус, примиле најмалку една доза вакцина. Заклучувањето на невакцинираните во Австрија погодува околу 2 милиони жители и лица постари од 12 години, кои не се вакцинирани или во минатите 180 дена не го прележале вирусот. Тие ќе бидат соочени со ограничување на слободата на движење. Бројот на погодени ...
Нов вид на коронавирус со изразени промени во протеинот на шилците е откриен во северозападниот француски регион Бретања, јавуваат локалните медиуми. Новиот сој наводно бил откриен кај луѓе кои се заразиле со вирусот во средината на октомври. Во Франција се заразени вкупно 24 лица, од кои осумнаесет деца одат во исто училиште и шест возрасни кои имале контакт со нив, јавуваат француските медиуми. Сепак, новиот вид е различен од сите досега ...
Руската армија може да добие нов, помодерен и поефикасен противракетен одбранбен систем Ѕ-550, изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Експертите веруваат дека новиот систем ќе биде опремен со повеќе ракети од Ѕ-500 и дека ќе има за цел да се обиде да одбие масовни воени напади. На средбата со раководството на руските вооружени сили во Националниот центар на руската одбранбена управа, министерот за одбрана на Русија потсети на ...
Задоволство ни е да Ви ја претставиме Анета Спасојева од Радовиш – првата учесничка во бонус играта „Заврти Еко скутер тркало“ која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина дома со 150.000 денари бонус на нејзината трансакциска сметка. Со Анета се дружевме во ТВ студиото на Лото 7 откако беше извлечена по електронски пат со помош на генератор во 88 коло. Пред камерите, ни раскажа дека редовно се ...
Човекот ќе успее да пресели поголем дел од индустријата во вселената, а само неколку избрани бизниси ќе останат на Земјата, и таа ќе биде претворена во природен резерват – изјави милијардерот Џеф Безос, основач на компанијата Амазон и вселенската компанија Blue Origin. Тој објасни дека милиони луѓе во иднина ќе се родат во вселенски колонии и ќе ја посетуваат Земјата како туристи. Земјата може да издржи најмногу 10 милијарди жители, а ...
Крипто-треска ја тресе БиХ, а тоа го потврдува и податокот дека бројот на регистрирани корисници во единствената менувачница за дигитални пари постојано расте, а прометот во ноември годинава во однос на крајот на минатата година е зголемен за 693,88 отсто. Глобалниот тренд на тргување со дигитални пари станува дел од нашето секојдневие, особено во време на пораст на цените на пазарот на криптовалути, кога рапидно расте бројот на оние кои ...
Водечките компании за облека и обувки го преместуваат производството во земји поблиску до нивните продавници во САД и Европа, откако новите случаи на Ковид-19 во Виетнам и Кина го забавија или затворија производството неколку недели порано во оваа година, пишува „Reuters“. Информациите стануваат јасни во услови на огромни доцнења во снабдувањето кои ги зголемуваат трошоците и ги принудуваат компаниите да ги преиспитаат своите ...