
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Вкупно 75 учесници – професионалци, студенти и ентузијасти, биле дел од годинешното издание на „Глобал гејм џем Скопје“ (Global Game Jam Skopje), што во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за игри (Macedonian Games Industry Association – MGI) се одржа изминатиов викенд во просторијата „Base42“. На настанот биле формирани 17 тимови, кои создале 19 игри, од нив 18 видеоигри и една друштвена игра (board game). Темата на ...
Кога во сето ова ќе ги вклучиме децата, бракот станува уште поголем предизвик. Затоа, партнерите мора да се грижат за негување на нивниот личен однос, како и за односот со своите деца. Понекогаш тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Но, терапевтката Ванеса Морган сподели неколку совети кои може да помогнат. Во објавата таа детално објасни пет принципи кои таа и нејзиниот сопруг ги применуваат за да го негуваат својот брак. „Кога ...
Граѓаните кои живеат во Буњаковец близу автобуската постојка КИМ добиваат нов и уреден резидентен паркинг со капацитет до 40 возила. За формирање на паркингот се постави нова постелка од бекатон плочки со нови ивичници со што се регулира паркирањето во овој дел од населбата, информираат од Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека паркингот има стратешко место баш за жителите на овој дел од населбата. -Мило ...
Полициски екипи утрово влегле на Клиниката за онкологија во Скопје а биле извршени и претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“. Неофицијално се дознава дека во кругот на клиниката „Мајка Тереза“ е приведен и поранешниот директор на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев. Од Основното јавно обвинителство велат дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, но повеќе ...
ЈСП „Скопје“ и во 2024 година планира големи инвестиции во возниот парк како и лани, кога ништо од тоа не се оствари, а Градот не може да се реши што сака да направи со јавниот превоз, па бара од советниците да гласаат и за набавка на еко-автобуси и за воведување БРТ. Амбициозен, но малку „поскромен“ инвестициски план отколку минатата година предвидува да реализира ЈСП „Скопје“ во 2024 година тежок 3.583.750.000 денари или приближно 58 милиони ...
Во сообраќајна контрола што Министерството за внатрешни работи ја спровело вчера на територијата на државава биле казнети 139 возачи поради управување на возилата со брзина поголема од дозволената. -Осум од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено ...
На повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети во главниот Град. На ваков начин се прави обид да се актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за кој Градот досега не понудил решение. -Денеска во утринските часови на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа ...
Судејќи според долгорочните анализи, февруари месец оваа година во Македонија ќе биде со натпросечно количество на врнежи, но малку потопол, за еден до два степени од просекот што не е премногу, а тоа значи дека ќе има и почести продори на студени возушни маси од Арктикот кон нашите краишта, вели метеорологот Славчо Попоски во метеоанализата. Тој додава дека снегот во месец февруари и тоа како ќе го има, според сегашните следења и анализи ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, информираше дека е ставен крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија што со децении ги труе скопјани, а се наоѓа во населбата Визбегово. – На самото место, нашите инспектори затекоа камиони и тешка механизација, како истураат токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира. Она што било дозволувано со години и поминувало неказнето, денес ...
Скопје е метропола и не смееме да си го доведеме тоа до прашање, од можеби лошо менаџирање во изминатиот период. Тоа е мој впечаток, дека Скопје имало многу убави денови, Скопје имало и прекрасни настани, концерти, евенти и слично вели директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност Марко Ѓоргиевски во гостувањето на „Слободен печат“. -Скопје 2028 година ќе биде град – Европска престолнина на културата. Меѓутоа, не само таа ...
Според одлуката на РКЕ, цените на бензините и дизелот од ноќеска се зголемуваат за еден и пол денар за литар Од ноќеска на полноќ цените на горивата се зголемуваат за еден и пол денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 79,50 денари за литар, литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,50 денари, а цената на дизелот ќе изнесува ...
Поради дефект, неколку недели работниците низ улици во општина Чаир го собираат ѓубрето од домаќинствата го собираат и товарат рачно во камионети кои немаат механизација за растоварање на канти на ѓубре. Дежурната екипа на која наиде Градска редакција раскажа дека ова едноставно е поигрување со нивното здравје. Фото/Градска редакција „Веќе три недели вака се мачиме ова не го заслужуваме, тешко е да се качат кантите за ѓубре во камионот, порано ...
Министерството за образование и наука (МОН) реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање ...
Дубаи воведува револуционерна иницијатива за патување, дозволувајќи им на патниците да патуваат без пасоши и визи користејќи напредна биометриска технологија за подобрување на ефикасноста и безбедноста во секторот за патување и угостителство. Во револуционерен развој што треба да го редефинира меѓународното патување, Дубаи објави иновативна иницијатива која им овозможува на патниците да патуваат без потреба од пасош или виза. Потегот, кој треба ...
Крушево зад себе може да се пофали со уште една успешна сезона. Капацитетите биле исполнети над 90 отсто. Снегот ја продолжи зимската сезона во Крушево. Годината почна без снег, но тоа не влијаеше на посетеноста. Снегот ги отвори можностите за продолжена зимска сезона. Крушево одлично помина за празниците. Со преку 1.000 легла во хотелското и приватното сместување, туристичко и историско Крушево се соочи со недостиг од капацитети да одговори на ...
Според податоците на Евростат за 2022 година, просечната цена на хектар земјоделско земјиште во Словенија изнесувала 23.282 евра, што е значително над просекот на ЕУ. Во исто време, земјиштето во западниот дел на земјата беше двојно поскапо во просек отколку на истокот. Европската статистичка служба Еуростат ги анализираше минатогодишните податоци за цените на земјоделското земјиште за 21 од 27-те земји-членки на ЕУ, објави СЕЕ.биз.еу. Како што ...
Какви мерки за заштита на животната средина ќе се применат во Скопје во претстојнава година, кои конкретни активности ќе се преземат за заштита на воздухот и водата, но и за справување со отпадот, бучавата и слично, предвидува Програма на активности од областа на заштитата на животната средина на подрачјето на град Скопје за 2024 година. Со предложената Програма, за која градските советници ќе расправаат на седницата в среда, на 31 јануари, ...
Северна Македонија зазема 0,5% од територијата на Европа, но е дом на 70-90% од природниот биодиверзитет во Европа токму затоа Швајцарија преку посебна програма која траеше 12 години ја поддржа Владата, локалните самоуправи, како и сите засегнати чинители да може одржливо да ја зачуваат и да управуваат со природата во овој регион. Програмата беше клучна за прогласување на Малешево и Осогово за заштитени подрајча, изработка на план за управување ...
Со 65 гласа „ЗА“ и 3 „против“ денес во 14 часот во Собранието беше избрана новата техничка Влада чиј мандатар е Талат Џафери. Пратениците од опозицијата, очекувано и како што беше најавено не гласаа за изборот на нов мандатар и Влада. Членови на кабинетот на третата техничка Влада се: Бојан Маричиќ, прв вицепремиер и вицепремиер за европски прашања, Славјанка Петровска – Министерство за одбрана, Панче Тошковски – Министерство за внатрешни ...
Ниту вие кираџии, ниту моите колеги не се кираџии. Една работа е вистина – Охридскиот мировен договор му ја даде тапијата да биде господин во неговата куќа, мировниот договор не го измени само карактерот на државата, не го измени само статусот на Албанците во државата, добивка имаа Ромите, Србите, Власите, сите победија. Овој договор нас не направи господари во нашата куќа. За овие 22 години работевме заедно. Јас и мојата партија се обидовме да ...
Германски компании учествуваат во експеримент во кој поради хроничен недостиг на работна сила ќе се воведе четиридневна работна недела и ќе се мери продуктивноста на работниците, пишува Блумберг. Експериментот, во кој учествуваат 45 компании, ќе започне на 1 февруари и ќе трае шест месеци, а вработените ќе можат да ги задржат досегашните плати и покрај намалените саатни, пишува весникот, пренесува Јутарњи лист. Целта на студијата е да се потврди ...
Кои се најдобрите градови во светот? „Тајм аут“ го објави својот најнов извештај за 20. најдобри градови во светот, кој се базира анкета на над 20.000 жители на градови низ светот. Критериумите вклучуваат храна (квалитет и достапност), култура, ноќен живот, како градот влијае врз чувствата на луѓето и многу повеќе. Списокот ги одразува градовите кои се одлични места за посета и живеење. – Како што покажува нашето глобално рангирање, градовите не ...
Социјалните мрежи се прогласени за опасни по здравјето. „Њујорк стана првиот голем град во САД кој ги прогласи социјалните мрежи за „опасност за јавното здравје“, објави градоначалникот Ерик Адамс. Велат дека тоа е исто како со тутунот и огненото оружје. Има повик до компаниите кои поседуваат социјални мрежи „да не поттикнуваат криза на менталното здравје“, особено кај младите. Се наведува дека социјалните мрежи како TikTok, YouTube и Facebook ...
Пред три дена Градска.мк објави фотографии од ужасната состојба во општина Аеродром како се дави во ѓубре, а градоначалникот Тимчи Муцунски за тоа ги обвини службите од јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Сепак тие испратија реакција до нашата редакција во која велат дека нивните камиони редовно ги празнат контејнерите на територијата на Општина Аеродром. – Во врска со неодамнешното соопштение на градоначалникот на општината Аеродром ...
Саудиска Арабија ја отвори својата прва продавница за алкохол во дипломатскиот кварт на нејзиниот главен град Ријад. Веста, која не е официјално потврдена од саудиската влада, претставува голем развој на настаните за крајно конзервативната муслиманска теократија, која го забранува алкохолот од 1952 година. Според списокот на трговски правила што го виде CNBC, алкохолот е достапен само за немуслимански дипломати. А овластувањето мора да биде ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 m/h), информираше УХМР. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Прогноза за понеделник Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа ...
Србите немаат поблизок народ од Македонците. Еединственото нешто што Србија би сакала е да изгради уште подобри односи со Северна Македонија, порача српскиот претседател, Александар Вучиќ вечерва во во Македонскиот народен театар вечерва на свечената академија по повод одбележувањето на националниот празник на Србите во Македонија, празникот Свети Сава, на која за прв пат присуствуваше Вучиќ. – Јас сум претседател на Србија, но не се плашам да ...
Ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија се согласуваме со европските и со балканските метеоролози дека следната седмица во цела Европа пристигнува силниот антициклон “Зеус“. Тој и тоа како на некое време ќе ја убие зимата и ќе донесе невообичаено високи температури насекаде низ континентот, дури и над 15 степени, пишува метеорологот Славчо Поповски во новата анализа. Во центарот на овој антициклон воздушниот притисок ќе биде многу ...
Град Скопје денеска соопшти дека за првпат по 60 години очнуваат со целосно чистење и санација на старата градска депонија Вардариште. Во студијата изготвена за градот Скопје во 2014 година, било констатирано со примероци од подземна вода, отпад од телото на депонијата и присутните гасови и дека депонијата е во метанска стабилна фаза, а согласно гантограмот од динамиката на работите, времето за реализација на еден ваков комплексен проект ...
Продажбата на возила во С.Македонија лани достигнала рекордни бројки во делот на новопроизведените автомобили, камиони и автобуси, а голем раст е забележан и кај увозот на половни возила, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ. Во 2023 година во земјава биле увезени вкупно 47.050 возила, при што 35.832 биле увезени на старо, додека 11.218 биле импортирани како нови возила, пишува Мета.мк. Споредено со податоците од минатите години, ...