Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени. Според УХМР, продолжува ...

Со промоција на муралот посветен на маестро Александар Џамбазов во Дебар Маало и со изведба на неговите познати хитови, Општина Центар го одбележа роденденот на великанот на македонската популарна музика. Настанот насловен „За Маестрото“ привлече голем број посетители кои уживаа во забавната програма, подготвена во соработка со актерот Игор Џамбазов, синот на големиот диригент и композитор. Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов ...

Нема присуство на бактеријата салмонела во мострите што ги зел Центарот за јавно здравје од Кочани кај лица и површини во детската градинка во Берово. Испитувањата од примероците покажале негативни резултати, но ќе биде потребно уште едно деноноќие за да се добијат анализите од мострите од храната. -Согласно прелиминарните извештаи, кај лицата и на површините од кои беа земени мострите не е утврдено присуство на салмонела. Претстои уште ...

Најмалку 34 лица, вклучувајќи и борци на проиранските милиции, загинаа во синоќешните американски воздушни напади во Ирак и Сирија, соопштија денеска властите во Багдад и во Дамаск, пренесува ДПА. Ирачката влада ги оцени нападите како „еклатантната агресија“ во која загинале 16 лица, меѓу нив и цивили, а 25 се повредени. Багдад, исто така, негираше дека се координирал со САД за нападите и предупреди дека ваквите активности ќе ја доведат ...

Долги колони возила денеска чекаат за влез во Србија на граничниот премин „Табановце“. Граѓаните кои се принудени да чекаат повеќе од еден час да ја минат границата велат дека вакви гужви не виделе уште од летото кога се патуваше на одмор во Грција. Ова е еден од последните викенди кои граѓаните кои не ги промениле патните и личните исправи со „северна“ сакаат да го искористат да отпатуваат во Србија, бидејќи по 12 февруари нема да можат да ...

Граѓаните од Карпош денеска преку проитест бараат да запре изградбата на 17-катницата кај Воена болница, а институциите да реагираат на волјата на народот. Порачаа дека не смее да се гради во близина на комплекс болници затоа што така ќе се загрози безбедноста на оние што ќе треба да стигнат до болница. Ова беше главна порака на протестот “Против бетонизација на Карпош“ кој се одржа помеѓу бензинската пумпа на Макпетрол и болницата Жан Митрев ...

Метео прогнозерот Славчо Поповски најавува, следната недела вистински пролетни температури, невообичаени за овој период од годината. Овој топол пролетен бран во зима ќе го достигне својот максимум следната седмица, па така во Македонија, односно во југоисточните предели температурите локално ќе се искачат и до 20 степени, во регионот, односно во делови од Босна и Србија температурата ќе надмине дури и 20 степени, а такво нешто не се исклучува ...

Без правилник за квалитет на цврсти горива, без листа со приоритетни објекти за замена на греењето, без ограничување на користењето влажни дрва, но со субвенции и кампања на социјалните мрежи македонските власти на различни нивоа се борат против аерозагадувањето. Владата во својата програма ветуваше дека до 2024 година ниту една државна институција нема да се грее на стари и нееколошки системи за греење. Македонските власти немаат донесено ...

Советот на Народната банка на вчерашната редовна седница го усвои Кварталниот извештај за последното тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се наведува дека во последниот квартал лани, Народната банка нема направено дополнителна промена во поставеноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Тековното ниво на основната каматна стапка, заедно со промените кај задолжителната резерва, како и со преземените макропрудентни ...

Во сообраќајна контрола вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 33 санкции за непочитување на брзината на движење. Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, осум мерки се изречени за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, 26 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците… МВР укажува ...

Во далечната 1926 година, Скопска зоолошка градина започна својата приказна, ткана во влакната на времето и спомени. Секој кој ја поминувал оградата ќе ги подигне рацете во воздух, осеќајќи влез во свет на чудесата и прикажните животни. Со секој чекор низ тесните патеки се избликаваат спомени за детството, кога бравата на зоолошката беше портал кон чуден свет на животни и адвентури. Ги паметиме првите среќни мигови пред кафезите на лавовите и ...

Според извештаите на регионалните центри за управување со кризи во државава се уште има пожари на шуми и на вегетација на отворено. Во последното деноноќие имало дваесетина пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалниот ЦУК Скопје, известува од БППЗ на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе ...

Министерството за здравство информира дека од ноември лани до сега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за ...

Во континуитет го подобруваме животот на граѓаните, а урбаниот развој и подобрување на локалната инфраструктура во општините се нашите приоритети и ние активно работиме на нив. Централната власт останува најголем поддржувач и инвеститор во општините, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Општина Валандово. Министерот Бочварски со градоначалникот Перо Костадинов денеска потпишаа и Договори за ...

Јадењата со компири станаа незаменливи во секојдневната исхрана поради неколку причини: компирот лесно се одгледува, приносот е голем, присутни во исхраната во текот на целата година, заситуваат, може да се приготвуваат едноставно и на најразлични начини и тие се многу евтини. Сепак, оваа последна ставка се однесува на компири кои доаѓаат од малиот француски остров Ноармутие, западно од Нант. Малите жолти компири од овој остров се најскапи во ...

На забавниот интернет-простор се појави уште една мапа со „сомнителна“ политичка коректност. Овојпат темата е: Како да ги навредите Европејците со една реченица? Така, Германците важат за „груби и расисти“, Австријците – „почудни Германци“, Шпанците – „гласни и досадни“, а за Французите е ставено само бело знаменце што алудира на нивното наводно премногу лесно предавање по германската нацистичка окупација во Втората светска војна. За Русија е ...

Во Италија е отворена првата фабрика за преработка на инсекти за производство на брашно, што го наметнува прашањето колку е здраво ова брашно и дали е тренд или трајна замена за пченичното брашно. Првата италијанска фабрика за брашно од инсекти е отворена во регионот Марке во централна Италија, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида. Хозе Франческо Циани, извршен директор на Nutrinsect, изјави за ...

Одобренија за царинско складирање, увоз за облагородување, стекнување на статус за одобрен извозник и статус за овластен економски оператор, се само дел од мерките што се спроведуваат со цел зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и зголемување на вработеноста, потенцираше директорот на Царинска управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на сувомеснати производи „Пекабеско“, се наведува во ...

Земјоделците блокираа неколку гранични премини меѓу Белгија и Холандија, соопштија во петок (2 февруари) белгискиот и холандскиот транспортен центар, додека продолжуваат протестите поради даноците, зголемените трошоци, евтиниот увоз и бирократијата. Граничниот премин во правец на Антверпен, вториот по големина град во Белгија и дом на второто по големина пристаниште во Европа, е еден од блокираните премини, објави мрежата Х. Локалните медиуми ...

Секоја година, еден европски град има можност да ги презентира и покаже иновативните идеи и проекти направени од и за младите, подобрувајќи ја вклученоста на младите во светски рамки. На иницијатива на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и бројни младински организации, Град Скопје отпочна со подготовки за престижната титула за град на млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат ...

Во обид да се спречи изградбата утре во 5 за 12 ќе се одржи протест на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ во близина на крстосницата на булеварите 8 Септември и Илинденска. Протестот го организираат „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“. Најавената изградба на комплексот згради-лепенки зад бензинската пумпа на „Макпетрол“, од која највисоката е на 18 ката, поточно на приземје, 17 ката и поткровје, другата еден кат пониска и третата на ...

Архивата на Министерството за економија од вчера е преполна од граѓани кои аплицираат за ваучер за инвертер клима-уред. Од почетокот на работното време вжештени се и телефоните на кои граѓаните можат да добијат информации за начинот на аплицирање откога вчера министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните со помош од државата во висина од 23 – 27 илјади денари да ги намалат сметките за струја и да го сменат начинот на греење. ...

Скопскиот регион со 44.9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10.0%, Југозападниот со 8.8%, Југоисточниот со 8.7%, Источниот со 8.0%, Полошкиот со 7.5%, Вадарскиот со 7.3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4.8%. Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен ...

50-годишен скопјанец со „опел“ прегази повозрасна скопјанка. На 01.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(50) од Скопје, удрило во пешакот В.М.(80) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, ...

Градоначалникот Стевчо Јакомовски ја потпишал градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница што треба да се гради среде Карпош во близина на Воена Болница, веднаш до бензинската пумпа на „Макпетрол“. Потврда на ваквата градба беше поставувањето на таблата од страна на инвеститорот „ЗСФ Ком“ каде стои дека дозволата за градба е издадена на 18 јануари, а правосилност добива на 1 февруари. Од информациите кои излегоа во јавноста зградата ...

На првиот ден од годината, кога сообраќајот беше намален, а индустриските капацитети не работеа, мерните станици во Велес, Кавадарци и Кисела Вода покажаа високи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички. Најновите податоци од Министерството за животна средина покажаа дека дури 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на влажни дрва и производи од обоено дрво, но според експертите, проблемот не го предизвикува само ...

Поради промена на затворач ф-600 мм на крстосницата булевар „Александар Македонски“ со „16-та Македонска Бригада“ на 4 февруари (недела) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците улиците „512“, „515“, „516“, „520“, „Ист Гејт Мол“, објектот на Топлификација, објектот на Општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булеварот „Александар Македонски“, ул. „808“, „Скопска Пивара“, „Алкалоид“, „ЈСП“ и „Кока Кола“. Како што информираат денеска од ЈП ...

Напредува изградбата на новите капацитети во ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало. Станува збор за доградба на 4 нови училници, лифт за учениците со потешкотии во движењето и други помошни простории, известува општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот кој е карабина и кој треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември. „Со доградбата на овие училници ...

Неколку дена пред изборите во Словачка беше објавена аудио снимка на која еден од најпопуларните кандидати Михал Шимечка се фали дека ги наместил изборите, јавува Си-Ен-Ен. На друга снимка се слуша како вели дека ќе поскапе пивото во земјата. Видеата веднаш станаа вирални на социјалните мрежи во Словачка, а прозападниот кандидат беше поразен во септември од кандидат кој се залага за зближување со Москва и Путин. Истражувачите во Словачка ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35