Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. „Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, а повеќе детали околу новиот начин на исплата на оброкот ќе има на стори“, напишаа на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се ...

Изложба на акварели на Елизабета Костова, со наслов „Градски импресии“, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. Со „Градски импресии“, таа се преставува со триесетина акварели насликани последните две години, кои претставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите каде престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација, ѝ се старите македонски градови, или делови од нив. Костова е родена 1953 ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на прес-конферемција информираше дека се собрани сите потребни документи за Универзалната сала во Скопје и веќе наредната недела изведувачот ќе почне со работа. – Поминавме еден многу интересен период во однос на примопредавањето на документацијата со Универзалната сала. Никој не претпоставуваше дека ќе молиме да ни се предаде целосната документација затоа што и нам, на ...

Вчера три лица биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. На 07.02.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, З.С.(53) од Скопје пријавил на ул.„Бледски договор“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 07.02.2024 во 23.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.П.(32) од с.Бардовци, скопско, пријавила дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје била касната од куче скитник. На 07.02.2024 во 16.30 часот во Полициската станица ...

Пазарувањето е вообичаена активност за многумина од нас, но луѓето со оштетен вид не можат да го прават тоа сами. Тим од истражувачи од Факултетот по информатика при Националниот универзитет во Сингапур го претставија AiSee, преносен уред кој им помага на лицата со оштетен вид да ги “видат” предметите околу себе со помош на вештачка интелигенција. Луѓето со оштетен вид секојдневно се среќаваат со пречки, посебно со идентификацијата на предмети, ...

Советот на Град Скопје двапати не ја усвои одлуката за давање дозвола за вршење дејност паркирање на „Лимак“, а од Град Скопје на прашањето дали ќе има казни или и понатаму ќе се толерира недозволената наплата за паркирање во „Дајмонд мол“, тврдат дека инспекторите ќе постапат, но не прецизираат кога тоа ќе се случи, пишува „Слободен печат“. Цел месец на паркиралиштето во комплексот „Дајмонд мол“ на посетителите им се наплаќа за паркирање иако ...

Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за регулирање на паркирањето во овој дел од општината. -На барање на ...

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните за нив да плаќаат од 30 до 50 денари. Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум“ од ...

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски кажано, голема или магарешка кашлица. Надлежните ...

Град Скопје продолжуваме со проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, заради зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на булеварот Босна и Херцеговина, откако претходно поставувањето е започнато на три локации меѓу кои и на булевар Партизански Одреди кај Палма и на улицата Јордан Мијалков. ...

Феноменот „Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов и истиот носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата, а тој ќе продолжи се до крајот на летото или почетокот на есента, кога ни започнува ладниот феномен „Ла Ниња”, изјави за Градска.мк метеопрогнозерот Славчо Попоски. „Моите последни објави беа поврзани околу снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, барем засега нема никакви најави за ...

Минатиот месец беше најтоплиот јануари забележан на глобално ниво, наведува Службата за климатски промени на ЕУ Коперник (ЦЦЦС). Заменик директорката на ЦЦЦС, Саманта Бурџис истакна дека 2024 година почна со уште еден месец за соборување на рекорди. Не само што ова беше најтоплиот јануари досега, туку штотуку доживеавме 12-месечен период од повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустрискиот референтен период. Брзото намалување на емисиите на ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на регистрирани возила во 2022 година изнесувал 569.871, од кои над 483.000 се патнички автомобили со македонски регистарски таблички. Притоа, во 2022 година Скопје ја надминал бројката од 200.000 возила на улиците според бројот на издадени регистарски таблички. Податоците за 2023 година треба допрва да бидат објавени од Државниот завод за статистика. Десет илјади нови возила биле купени ...

Над 36 пожари на отворено имало изминатите 24 часа, а четири сѐ уште се водат како активни, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Кога станува збор за пожари на шуми и на вегетација на отворено, во последното деноноќие имало 36 регистрирани по пријава, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Од „зимските“ 36 пожари на отворено во последното деноноќие, ...

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе бидат корисници од овие општини, појаснуваат оттаму. Според најавеното, во период од 07.30 до 15 часот, без струја ќе биде дел од Визбегово – улиците „3“ и „2“ и ОУ во Визбегово во општина Бутел. Од 11.30 до 15 ...

Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека поресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во ...

Проверете дали ги знаете овие скопски населби. Не дека ако не сте ги виделе сите не сте вистински скопјанец, но е интересно да се проверите? Станува збор за Кисела Вода пред 20 години. Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина Кисела Вода е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода. И, токму така. Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин. На ...

Кинескиот технолошки гигант Huawei Technologies повторно го зазеде првото место на домашниот пазар за телефони во првите недели од 2024 година, симнувајќи го со тоа од тронот американски Apple,покажува извештајот на Counterpoint. Продажбата ја поттикна телефонот Huawei Mate 60 Pro 5G, кој беше пласиран на пазарот минатиот август, а компанијата може да се наслони и на лојалноста на кинеските потрошувачи, велат од Counterpoint. Huawei, истотака, ...

Градежна офанзива се случува во општината Кавадарци а временските услови ни одат во прилог, рече попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Со полна пареа се работи на повеќе од дваесетина објекти од комуналната изградба. Се инвестира на неколку локации. Општина Кавадарци во соработка со С.О.У „Добри Даскалов“ и ЈП комуналец во наредните денови ќе работи на уредување на дворното место на училиштето. Иницијатива е на Советот на ...

Кулуминира судирот во Алијанса за Албанците. По вчерашното разрешување на директорите кои доаѓаат од редовите на оваа партија, денес од партијата преку соопштение најавија дека побарале смена на двајцата министри по информатичко општество и администрација Азир Алиу и за здравство Фатмир Меџити. Од Алијанса велат дека ги предлагаат: – За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница ...

Општина Центар за прв пат ќе воведува ред во уредувањето, организацијата и одржувањето на подвижните објекти што вршат различна дејност. Имено, на наредната седница, Советот на Општина Центар треба да даде зелено светло за предлог-одлуката за поставување подвижни објекти, подвижни апарати и други направи и за определување локации за нивно поставување на подрачјето на Општина Центар. Според одлуката, предвидени се 14 локации на кои може да се ...

Според анкетата објавена синоќа на МТВ, во Изборната единица 6, Европскиот фронт има убедливо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата е изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на аналитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека Европскиот фронт би освоил 11 пратенички места во оваа изборна единица, пред ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле само 3. Според објавените резултати за шестата ...

Со 55 гласови „за“ Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце. Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред ...

Со 58 гласа „ЗА“ и 31 пратеник кои гласаа „ПРОТИВ“ предлог законот кој предизвика најмногу реакции во јавноста – грчки Митилинеос да гради когенеративна гасна електрана во Гази Баба, го помина првиот собраниски филтер. Сите четири предлог закони за стратешки инвестиции во енергетиката имаа доволен број гласови да го поминат првиот собраниски филтер, нив ги образложуваше Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. „Намалување на загадување, ...

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски денеска информираше дека препорачале да се прогласи епидемија на голема кашлица за град Скопје поради зголемениот број на случаи. „Разгледувајќи ги бројките, во моментот се 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде се потврдени 14 случаи одлучивме да препорачаме прогласување ...

Мета вели дека ќе воведе технологија која може да детектира и означува слики генерирани од алатките за вештачка интелигенција (ВИ) на други компании. Таа ќе функционира на нејзините платформи Facebook, Instagram и Threads. Повод за одлуката беше лажното видео на американскиот претседател Џо Бајден, во кое e проблематично неговото однесување кон жените. Независното тело на Мета кое проверува како сопственикот на Фејсбук ги модерира содржините на ...

Општина Карпош објави јавен оглас за одобрување субвенции за жителите, за купување нови велосипеди и електрични тротинети, но и за полагање за возачка дозвола. За субвенции за купување нови велосипеди и електрични тротинети, Општината одвои 850.000 денари од својот буџет, додека за полагање за возачка дозвола – 7.000.000 денари. Инаку, акцијата ќе трае до исцрпување на средствата, функционирајќи според принципот „прв дојден – прв услужен“. Што ...

Парите од повратокот на данок преку проектот Мој ДДВ се исплатени на граѓани денес. Исплатата се однесува на илјадници граѓани кои скенирале сметки изминатиот период преку апликацијата Мој ДДВ, со што можеле да остварат поврат од платеното ДДВ. Повеќе од интернетот Конечно на нашиот пазар. Природен препарат кој го подобрува слухот и е најголем непријател на тинитус и инфекции на увото. Секој граѓанин може да добие и до 2100 денари назад на ...

Сите игралишта што беа реконструирани пред неколку месеци се вандализирани. Последен е примерот со детските игралишта во Капиштец, кои се оштетени. Реквизите се скршени, а подлогата за игра искорната. Загрижува фактот што ова се случува редовно и не е изолиран инцидент, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. „Некои од реконструираните игралишта не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските ...

Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. „Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1021
weather icon

Белград

22ᴼ / 18ᴼ
2.06
64%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.54
70%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.27
41%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.66
30%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
44%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
55%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
83%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326