Финер сега ќе ја евидентира тежината на своите патници како дел од своите „пресметки за рамнотежа на авионите, објави То Вима. Авиокомпанијата бара од патниците да се измерат со рачниот багаж на портата на поаѓање за да може авиокомпанијата да ја евидентира просечната тежина како што бара управата за цивилно воздухопловство. „Ние ги користиме податоците за мерење за просечните пресметки потребни за безбедно спроведување летови, а собраните ...

Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама. Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат ...

Родителите поитаа да ги вакцинираат децата по најавите дека ќе биде прогласена епидемија поради растот на заболените од голема кашлица. Поради голем интерес, вакциналните пунктови ќе почнат да работат во две смени. Од Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје информираа дека од изутрината е зголемен интересот за вакцинација. До 11 часот вакцинирани се околу 60 деца, кои ги пропуштиле дозите од редовната вакцина. Пред сѐ станува збор за деца над ...

Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е алармантна затоа што отпадот се забележува на сите страни. – Има појава, одат од градот за нагоре и ...

Невообичаено благата зима и суша ги уништуваат посевите и ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците во Италија, предупреди водечкото земјоделско лоби Колдирети. Зимата беше исклучително блага низ јужна Европа. Шпанија го забележа најтоплиот јануари во историјата на мерењата, што следеше по долготрајната суша во Каталонија и Андалузија, пренесува Ројтерс. Топлата зима предизвика мешаница во природата, предупреди здружението на италијански ...

Во Министерството за економија, но во извештаите од пазарните инспектори нема поплаки за зголемени цени на белите печива, порача министерот за економија Крешник Бектеши, прашан дали во целост се почитуваат замрзнатите цени и дали е запознат со податокот дека и покрај тоа што и брашното е во групата на замрзнати производи, граѓаните реагираат дека има зголемување на цените на белите печива? – Кај нас нема такви поплаки, а такво нешто не сум видел ...

Цените на какаото се искачија на највисоко ниво на сите времиња оваа недела. Лошите временски услови негативно влијаат на приносите на земјоделските култури во Западна Африка, каде што се произведуваат три четвртини од светското производство. Фјучерсите на какаото поскапеа за повеќе од 1.000 долари, или речиси 40% од почетокот на годината до денес, достигнувајќи го највисокото ниво на сите времиња во текот на денот од 5.874 долари за метрички ...

Повозрасен велосипедист е тешко повреден откакако бил прегазен во скопско. – На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопшти полицијата во ...

Сепак има надеж за некои стари занаети во Старата скопска чаршија, неколкуте работилници за ковање, околу пет колку ги имаше на број сепак имаат работа и секој дневно кај нив се појавуваат муштерии кои бараат да им се поправа некое парче железо или пак бараат алати за работни. Занаетот на ковачите која со години се врши во една од уличките на Старата скопска чаршија, уште е живо и железото се калаисува и се обработува, еден од тие кои уште го ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имал состанок со сите вработени во нашите 60 дипломатски преставништва во странство за да се мобилизираат и да им излезат во пресрет на тие што ќе се најдат затечени во странство по 12 фебруари. Според Османи во нашите преставништва има зголемен притисок за издавање пасоши поради паниката предизвикана од шпекулациите дека нашите иселеници таму ако останат со невалидни пасоши можат да изгубат работни ...

Во земјава досега се евидентирани 22 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје. Од Министерството за труд вчера најавија дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките во Скопје дали децата се вакцинирани со вакцината ДТП за заштита од големата кашлица. Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис, попознат во јавноста како голема или магарешка кашлица. ...

Назми Абдурахмани Ете, ни дојде Ел Нињо и ни го затопли времето, а со тоа ни се појавија и чувствата на пролет среде зима. Но, ако сакате да се прошетате, речиси секое скопско попладне, загадувањето на воздухот е тука да ве потсети како шлаканица дека, сепак, ние сме Мумбај, но без нејзината индустрија. Воздухот во Скопје, особено во попладневните часови, има свој уникатен мирис. Сличен на мешавина од препечен асфалт, гориво и гуми. Заправо, ако ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка поради сомнение за психичко и физичко насилство врз тригодишно дете. „Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето ...

Паметните светилки, бесплатниот интернет и изнајмувањето велосипеди и тротинети, односно ветувањата и заложбите за попаметна општина стануваат реалност и тоа за прв пат во Аеродром. Општината Аеродром преку повик за јавно – приватно партнерство ја избра компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“ која во следниот период има обврска да го спроведе проектот „Смарт Аеродром“. Станува збор за конзорциум составен од успешни, домашни и меѓународни ...

Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна. -Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија за МИА од ...

Во Берово утрово е најстудено, -4 степени, а најтопло во Виница, 4 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутрина во 7:30 часот се измерени -3 степени во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Демир Капија, -1 во Велес и Гевгелија, нула степени во Битола, Тетово, Крива Паланка и Штип, еден степен во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Претор, Попова Шапка, Лазарополе, два во Дебар, Маврови Анови и Крушево и три степени во ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Сојузот на синдикати на вработените на универзитетот бараат итна средба во рок од три дена со премиерот Талат Џафери, во спротивно вработените на Универзитетот и Синдикатот ќе преземат соодветни мерки за заштита и остварување на своите права, загарантирани со Уставот и законите, се вели во вчерашните заклучоците на Ректорската управа на УКИМ. -Ве известуваме дека Сојузот на синдикати на ...

Жените се колнат во овој трик кој ги спречува нивните алишта да не се изгужваат после перење! Пеглањето е домашна работа која на многу луѓе не им се допаѓа. Потребно е многу време, а искусните домаќинки пронајдоа трик кој, како што велат, „функционира“. Тие на интернет тврдат дека немаат потреба да ги пеглаат алиштата, бидејќи алиштата не се туткаат. Сè што треба да направите е да направите две или три топчиња со големина на тениско топче од ...

Сликата на поларна мечка која дреме, свиткана на санта мраз, ги освои срцата на гласачите и стана добитник на овогодинешната награда за избор на луѓе за фотографија на дивиот свет. Британскиот аматерски фотограф Нима Сарихани рече дека е почестен што ја освои наградата за сонувачката сцена „Ледениот кревет“, снимена на норвешкиот архипелаг Свалбард, велејќи дека сликата „побудила силни емоции“, како што е надежта, кај оние што ја виделе. „Иако ...

Познато е дека Австралија е една од најголемите земји во светот со површина од 7,6 милиони km2, поради што нема единствена клима. Но, се случува во одредени северни делови од земјава да има над 300 сончеви денови. Дури и јужните делови, како што е државата Викторија или Јужна Австралија, со различна клима, имаат доволно сонце за оваа земја да започне со развој на сончевата енергија. Од вкупното производство на електрична енергија во 2022 година, ...

Австралијаните наскоро ќе можат да останат на мира, далеку од својот шеф, воопшто да не одговараат доколку им се јави надвор од работното време. Австралија треба да воведе закони кои ќе им овозможат на работниците да игнорираат неразумни повици и пораки од нивните шефови надвор од работното време. „Правото на исклучување“ е дел од серијата промени за вработување кои федералната влада ги предлага за заштита на правата на работниците. Слични ...

Исчекорот е динамична вежба која вклучува многу мускулни групи, подобрувајќи ја силата на долниот дел од телото и кардиоваскуларната кондиција. Оваа ефикасна вежба исто така промовира губење на тежината бидејќи согорува значителен број калории. Фитнес тренерот Читареш Натесан тврди дека изведувањето на оваа вежба 30 минути може да резултира со просечна потрошувачка од 180 до 240 калории. Објасни дека за правилно да извршиме се како што треба, ...

Тиктокерка неодамна беше гостинка на свадбата на нејзините пријатели. Но, наместо младенците, главната ѕвезда беше пингвин. Во виралното видео можеме да видиме африкански пингвин како оди покрај гостите, а сите погледи се вперени во него. Слаткиот пингвин бил задолжен да ги носи прстените до олтарот, а по церемонијата се измешал со гостите. Во коментарите под објавата, корисниците напишал дека сите се изненадени и не престанале да зборуваат за ...

Италијанскиот карикатурист и автор на стрипови Алфредо Кастели, татко на популарниот стрип Мартин Мистере, почина на 76-годишна возраст, објави неговата издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе. Кастели ќе остане запаметен и како автор на многу други ликови, приказни, есеи и како „вистински џин на создавањето стрипови“, според Бонели. Кастели е роден во Милано на 26 јуни 1947 година, а во светот на стрипот влегол кога имал само 18 години, ...

Министерот за правда, Кренар Лога на средбата со неговиот турски колега, Јилмаз Тунч разговарал и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Лога бил информиран од турскиот министер за правда дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Министерот му се заблагодарил на Тунч за нивната брза ...

Има луѓе кои мораат да допрат се што планираат да стават во количката пред да купат. Некои тоа го прават со изборот на банани, круши, портокали и пиперки, додека други искрено уживаат во допирањето на целиот леб на полицата. Врз основа на прашањето: „Дали сте и вие „сте пипкач“ на овошје, зеленчук и леб“ ланец на маркети во Хрватска направил анкета. Учествувале над 2.000 потрошувачи, а еве ги и нивните одговори. Сами донесете заклучок. Извор: ...

Apple Vision Pro се појави на пазарот на 2 февруари, а оние кои сакаат да издвојат 3.500 долари станаа првите сопственици на новиот уред AR/VR. Социјалните мрежи многу брзо се преплавија со видеа од граѓани кои шетаат по улица со Apple Vision Pro уред на главите – иако ги нема многу (граѓани), бидејќи цената не е мала, па затоа најчесто се неколку луѓе кои се снимени од други. Некои од нив се снимаат, а додека прават секакви работи – некои од ...

Универзитетската професорка и поранешна пратеничка, Ана Павловска-Данева стана нова уставна судијка. Таа на денешната собраниска седница беше избрана со 65 гласови „за“ и 26 „против“. По гласањето, ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот. Претседателот на Собранието, Јован Митрески кажа дека на Павловска-Данева ѝ престануваат сите останати јавни функции и професии кои ги ...

Оваа година цените на среброто би можеле да бидат највисоки во последните 10 години. Според извештајот на Американскиот институт за сребро, постои можност глобалната побарувачка за сребро да достигне 1,2 милијарди унци во 2024 година, што би било втора најголема побарувачка досега. Во извештајот се наведува дека зајакнувањето на индустриската побарувачка треба да биде главната причина за растечката глобална побарувачка за сребро. Среброто ...

Се шпекулира дека принцот Хари ја поминал ноќта во хотел во Лондон по кратката средба со неговиот татко, кралот Чарлс. Според британските медиуми, средбата траела половина час, по што Хари не останал ниту еден имот во палатата, туку се упатил кон хотелот. „Хари е практично бездомник кога ја посетува својата татковина“, пишува Дејли Меил и објаснува дека минатата година бил исфрлен од Фрогмор Котиџ, откако ги одбил кралските должности. Минатата ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1021
weather icon

Белград

22ᴼ / 18ᴼ
2.06
64%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.54
70%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.27
41%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.66
30%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
44%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
55%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
83%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326