Карневалот е време за ставање маски, индивидуално и групно. Маскирањето и маскирањето овозможува промена на идентитетот, ослободувајќи го привремено од товарот на секојдневните улоги. Со менување на начинот на облекување можете да постигнете промена на полот, возраста или социјалниот статус и на тој начин да внесете состојба на конфузија во воспоставениот поредок на нештата. Маските и карневалската слобода на однесување се меѓусебно условени – ...

Македонската уметница Марија Павловска со самостојна изложба ќе се претстави во галеријата „АП Спејс“ во Њујорк. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 16 март, а поставката ќе може да се види до 11 април 2024 година. Претставувањето е поддржано и се реализира во соработка со Фондацијата „Моника“ и „Мана контемпорари“ од Њујорк. Марија Павловска е современа уметница која неодамна ја доби наградата „Леонардо Да Винчи“ на фондацијата „Ефето арте“ ...

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за ...

Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град, вели во метео прогнозата Славчо Попоски. Денес, а особено во текот на утрешниот ...

Се подобрува енергетската ефикасност во Основното училишта „Сандо Масев“ во Струмица и подрачните училишта во Раборци и Костурино, во кои се заменуваат старите прозорци и врати со нови. Замената се врши со грант во износ од 950 илјади денари добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, енергетска ефикасност, аплициран преку Одделението за заштита на животната средина на Општина Струмица. По оваа вест, ...

Опасната згура од преработка на акумулаторски батерии во количество од 500 до 600 тони, која пред пет месеци беше откриена на плац во близина на село Орман почна да се чисти и да се транспортира во објектот на фирмата „Рецикл еко-старт“ во Општина Чучер-Сандево. Со ваква информација излегоа и Државниот инспекторат за животна средина и Општина Ѓорче Петров, кои соопштија дека транспортирањето почнало вчера во согласност со Протоколот за безбедно ...

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин. Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица ,,На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека новоиздадените лични карти ќе се делат по полициски станици. -Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, соопшти ...

Објектот е проектиран од архитектот Бранко Петричиќ во 1961 година во интернационален стил ( изведен 1962 год.), освојувајќи го првото место на анонимен конкурс. Објектот за своето време е врв во примена на материјали и примена на конструкции. За прв пат во Скопје се употребува обесената конструкција , како и принципот на целосна стаклена фасадна покривка. Основа на објектот За жал, овој објект го преживеа скопскиот земјотрес, но не ја ...

Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), Грција има најстар возен парк во 28-те земји на Европската унија, Велика Британија и членки на ЕФТА. Во оваа земја се возат автомобили со просечна старост од 17,3 години, што значи дека некои возила се вистински автомобилски антиквитети. Веднаш зад Грција, со просек од 16,6 години е Естонија. Европскиот просек изнесува 12,3 години. Инаку, мора да се каже дека ...

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Платформата за родова еднаквост организираше протестен марш во Скопје на којшто се испишуваат осум црвени линии, меѓу кои еднакви плати меѓу мажите и жените, 50 проценти застапеност на жените на позициите на моќ и решителност на институциите во борба и активност во справување и препознавање на фемицидот. -Мојата црвена линија е општество кое препознава насилство, нула силувани жени, сите насилници ...

Живописниот сицилијански град Мaсомели пред 7-8 години нудеше примамлива понуда за сите- куќи по 1 евро. Според градоначалникот на градот, иницијативата почнала во 2017 година , а резултирала со целосна обнова на некогаш недоволно населениот град. Оваа понуда привлекла туристи, вработени кои работат од дома и инвеститори. Во документарец за Business Insider велат дека градот пред имплементацијата на програмата се соочувал со големи проблеми на ...

Научниците неодамна пресметаа и создада илустрирано видео за тоа како во последните 100 милиони години се случувало движењето на континентите. Краткото видео дава приказ за тоа како настанал нашиот свет во толку краток временски период, особено како Африка толку многу се променила со текот на времето. Иако постојат бројни истражувања за тоа зошто земјината топка изгледа онака како што изгледа, се чини тешко е да се сфатат сите појави кои го ...

Дали знаете дека пред сите онлајн портали и страници, пред сите телевизиски канали за мода и готвење во Македонија постоеше весник основан од жени, кој го раководеле, го уредувале и во него главно пишувале жени. Весникот „Македонка“. Функционирал скоро 10 години, а годинава се навршуваат 80 години од појавувањето на првиот број. Наслови и приказните дел од весникот „Македонка“. За учителки, докторки, земјоделки, работнички – весникот содржи ...

Град Скопје го искара советникот Никола Пановски, што повикува да се смени градоначалничката Данела Арсовска, затоа што повеќе од еден месец не ги информира советниците што е преземено, по информацијата дека од кејот крај Вардар украдени се 29 клупи за една ноќ. „Советникот од редовите на ЛДП, Никола Пановски, продолжува со срамното однесување на социјалните мрежи ставајќи се во улога на Фејсбук инфлуенсер наместо да си го заработи чесно ...

Градоначалникот на Центар во неконвенционално интервју со Ирина Камилоска, позната планинарка, зборуваше за предизвиците со кои жените се соочуват во Македонија но и во светот. Ирина предизвика внимание во јавноста кога започна необична форма на активизам која ја нарече „Искачување на Водно со бебиња“. Таа поттикна млади мајки да бидат физички активни и покрај тоа што имаат многу мали деца и заедно со нив да се искачуваат на Водно. Групата ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод меѓународниот Ден на жената 8 Март направи несекојдневно интервју со Ана Јовковска позната по својот општествен ангажман и активизам за правата на жените. Герасимовска ја праша Јовковска за искуството во комуникацијата и јавното говорење и како истото го користи за промени во доменот на родовата еднаквост. „Да, зборот е многу моќна алатка и тоа е она што постојано го повторувам, да се ...

Денеска (08.03.2024) во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бутелска“ со бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, ...

Во текот на март ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош, прво на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар. ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час. Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила. Од Општина Карпош велат дека со ...

Во понеделникот ноќта над американската сојузна држава Оклахома е забележана малку необична глетка. На 4 март, Стив Арагона бил надвор со своите деца и соседи кога забележал мистериозен објект на небото. Тој го објави видеото на интернет. „Што е тоа?” се слуша како некој прашува. „Тоа е ѕвезда што паѓа! рече едно дете. „Не, премногу бавно се движи. Види, се одвојува“, одговори возрасна жена. Вести 4 (КФОР) го контактираше Кен Карсон од ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ...

Од понеделник, 11 март градинките во Скопје нема да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за ...

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вели дека ќе се надминат проблемите со сметот во Тетово. Купиштата смет околу контејнерите како што рече ќе се расчистат за неколку дена. „Јас гарантирам дека сето ова ќе се стави во нормала, затоа што сакаме приватниот инвестир да биде пример и за другите јавни претпријатија каде планираме да донесеме приватен инвестир. Во ова време и транзитниот центар беше преполн, а од регионалната депонија Русино ...

Во рамките на проектот „Надминување на дигиталниот јаз – Подобрување на животот на жените во руралните средини“, финанциран од Фондација Отворено општество – Македонија, во рамки на годишната програма за работа на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, денеска во чест на 8-Март се промовира видео „ Дигитализација за зајакнување на жените“ -Подготвени сме да ја прославиме моќта и промените што жените ги носат во светот! Придружете ни се ...

„Имаме неверојатна продукција оваа година. На ревијата на македонски филмови ‘Златна рамка’, која ќе се одржи по шести пат, ќе се прави отчет на сработеното. Има дури 20 филмови од кои пет долгометражни играни филмови. Тоа е неверојатна бројка за нас“ рече новинарката Ана Василевска во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“. Таа додаде дека квалитетот на македонските филмови оди нагоре и дека улогите на македонските ...

Во објава на социјалните мрежи Анима Мунди бара од АХВ итно да се измени годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2024 година и да се исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија. “ Информираме дека но во ниту една друга наша соседна или ЕУ држава не е задолжително тестирањето на бездомните животни за лишманија, и дека ниту една друга држава не предвидува мандаторна смртна казна на кучињата, ...

Извршено е тестирање на опремата од системот „Сејф сити“ во поглед на брзото возење и поминувањето на црвено, а во тек е и пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите локацииСејф сити функционира само на одредени локации во Скопје, Куманово и Тетово, но веројатно ќе биде вклучен и Штип кој е меѓу градовите предвидени со овој систем. Камерите имаат мерачи на брзина и можност да препознаваат кога се прави прекршок ...

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани на Меѓународниот ден на жената, повикува на поголема акција за да се стави крај на детските бракови. Како што се наведува во нејзината пишана изјава, додека здружени го креваме гласот за родова еднаквост и добросостојба на жените, не можеме да заборавиме на една сериозна последица од вкоренетата родова нееднаквост, на детските бракови. – Иако оваа штетна пракса значително се намали во последната ...

Градот Скопје повеќе од еден месец не дава информација за 29 клупи кои пред еден месец беа украдени од скопскиот кеј. Докторот Никола Пановски кој е член на градскиот совет вели дека ова е само еден од проблемите и ги повика граѓаните да бараат избори за нов градоначалник и нови членови на советот. Во неговата последна објава тој потсетува дека пред повеќе пред еден месец од кејот во Скопје во една вечер беа украдени 29 клупи, за што тој побарал ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1021
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 16ᴼ
1.54
60%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.57
55%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
8.05
42%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1018
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
62%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.03
57%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
78%
1018
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.63

Иридиум

153762.85

Кобалт

42.99

Никел

14979.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.81

Сребро

1227.45

Злато

109210.67

Бакар

8.89

Паладиум

37005.51

Платина

43522.06

Родиум

225858.99

Цинк

2.81