
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Здравствените инспектори од денеска излегуваат на терен. Како што веќе најавија од Државниот здравствен и санитарен иснпекторат. Инспекциските надзори во детските градинки започнаа денеска со издавање на решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ди-те-пер или се нецелосно имунизирани. Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ди-те-пер. Решенијата за ...
Маслиновото масло е најчеста цел на крадците во супермаркетите во речиси половина од Шпанија, објави Скај њуз. Цената на маслото скокна откако минатата година сушата на југот на земјата го погоди маслиновиот род. Организираните криминални банди го крадат маслото, позната и како „течно злато“, а потоа го препродаваат, изјави Рубен Наваро, директор на синџирот супермаркети „Ту Супер“, кој има 30 продавници во Андалузија, јужна Шпанија. Тој додаде ...
Докторот Никола Пановски кој е член на Советот на Град Скопје, a oткако обвини за украдени клупи, рекација пристигна од Град Скопје од каде го обвинија дека го интересира само паушалот како советник, а сега познатиот доктор повторно им одговори. Неговата реакција на наводите на Град Скопје ви ја пренесуваме во целост: – Убијте го гласникот! Преку порталот Makfax, на 8.03. се огласи Градот Скопје. Не знам која е таа институција!!! Ако тужиш, да ...
Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека за време на утрешната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе побара членките на НАТО да се обврзат минимумот што треба да го одвојат за одбраната да биде три проценти од БДП, а не како до сега доброволно преземена обврска од два отсто. „Сакам да и предложам на Белата куќа за време на нашата посета, а ќе разговарам за тоа и со нашите сојузници и генералниот секретар на НАТО, членките да ...
Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 241 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. – 131 непрописно паркирани возила биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, додека 110 возила кои биле затекнати во резидентни зони биле санкционирани со поставување на механичко средство ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска во Скопје почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. – Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема ...
Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица. Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани ...
Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени одличија, од вкупно 13 номинации. Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел. „Опенхајмер“, на годинашното, 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека времето наредните денови ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, што локално ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и затоа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив. Под влијание на циклонска активност, утре попладне (11 март), во текот на ноќта и во вторник (12 ...
Властите во Јапонија воведуваат ограничувања за посетителите во „Округот на гејшите“ Гион – едно од најпопуларните туристички места во градот Кјото. Имено, на посетителите ќе им биде забрането да влезат во неговите живописни улици. Надлежните на овој начин, меѓу другото, ќе се обидат да се справат со драматичниот раст на туризмот во земјата, објави „Гардијан“. Во Гион, традиционалните „геико“ и „маико“ уметнички присуствуваат на вечерни ...
Муслиманскиот пост месец Рамазан започнува во понеделник (11 март) или вторник (12 март), во зависност од изгледот на младата месечина. Постот од утро до мрак трае помеѓу 12 и 17 часа дневно, во зависност од делот од светот во кој живеете. Муслиманите веруваат дека Рамазан е месецот во кој започна објавувањето на Светата книга Куран на пророкот Мухамед, а.с. пред повеќе од 1.400 години. Постот вклучува воздржување од јадење, пиење, пушење и ...
Карневалот е време за ставање маски, индивидуално и групно. Маскирањето и маскирањето овозможува промена на идентитетот, ослободувајќи го привремено од товарот на секојдневните улоги. Со менување на начинот на облекување можете да постигнете промена на полот, возраста или социјалниот статус и на тој начин да внесете состојба на конфузија во воспоставениот поредок на нештата. Маските и карневалската слобода на однесување се меѓусебно условени – ...
Македонската уметница Марија Павловска со самостојна изложба ќе се претстави во галеријата „АП Спејс“ во Њујорк. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 16 март, а поставката ќе може да се види до 11 април 2024 година. Претставувањето е поддржано и се реализира во соработка со Фондацијата „Моника“ и „Мана контемпорари“ од Њујорк. Марија Павловска е современа уметница која неодамна ја доби наградата „Леонардо Да Винчи“ на фондацијата „Ефето арте“ ...
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за ...
Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град, вели во метео прогнозата Славчо Попоски. Денес, а особено во текот на утрешниот ...
Се подобрува енергетската ефикасност во Основното училишта „Сандо Масев“ во Струмица и подрачните училишта во Раборци и Костурино, во кои се заменуваат старите прозорци и врати со нови. Замената се врши со грант во износ од 950 илјади денари добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, енергетска ефикасност, аплициран преку Одделението за заштита на животната средина на Општина Струмица. По оваа вест, ...
Опасната згура од преработка на акумулаторски батерии во количество од 500 до 600 тони, која пред пет месеци беше откриена на плац во близина на село Орман почна да се чисти и да се транспортира во објектот на фирмата „Рецикл еко-старт“ во Општина Чучер-Сандево. Со ваква информација излегоа и Државниот инспекторат за животна средина и Општина Ѓорче Петров, кои соопштија дека транспортирањето почнало вчера во согласност со Протоколот за безбедно ...
Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин. Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица ,,На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека новоиздадените лични карти ќе се делат по полициски станици. -Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, соопшти ...
Објектот е проектиран од архитектот Бранко Петричиќ во 1961 година во интернационален стил ( изведен 1962 год.), освојувајќи го првото место на анонимен конкурс. Објектот за своето време е врв во примена на материјали и примена на конструкции. За прв пат во Скопје се употребува обесената конструкција , како и принципот на целосна стаклена фасадна покривка. Основа на објектот За жал, овој објект го преживеа скопскиот земјотрес, но не ја ...
Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), Грција има најстар возен парк во 28-те земји на Европската унија, Велика Британија и членки на ЕФТА. Во оваа земја се возат автомобили со просечна старост од 17,3 години, што значи дека некои возила се вистински автомобилски антиквитети. Веднаш зад Грција, со просек од 16,6 години е Естонија. Европскиот просек изнесува 12,3 години. Инаку, мора да се каже дека ...
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Платформата за родова еднаквост организираше протестен марш во Скопје на којшто се испишуваат осум црвени линии, меѓу кои еднакви плати меѓу мажите и жените, 50 проценти застапеност на жените на позициите на моќ и решителност на институциите во борба и активност во справување и препознавање на фемицидот. -Мојата црвена линија е општество кое препознава насилство, нула силувани жени, сите насилници ...
Живописниот сицилијански град Мaсомели пред 7-8 години нудеше примамлива понуда за сите- куќи по 1 евро. Според градоначалникот на градот, иницијативата почнала во 2017 година , а резултирала со целосна обнова на некогаш недоволно населениот град. Оваа понуда привлекла туристи, вработени кои работат од дома и инвеститори. Во документарец за Business Insider велат дека градот пред имплементацијата на програмата се соочувал со големи проблеми на ...
Научниците неодамна пресметаа и создада илустрирано видео за тоа како во последните 100 милиони години се случувало движењето на континентите. Краткото видео дава приказ за тоа како настанал нашиот свет во толку краток временски период, особено како Африка толку многу се променила со текот на времето. Иако постојат бројни истражувања за тоа зошто земјината топка изгледа онака како што изгледа, се чини тешко е да се сфатат сите појави кои го ...
Дали знаете дека пред сите онлајн портали и страници, пред сите телевизиски канали за мода и готвење во Македонија постоеше весник основан од жени, кој го раководеле, го уредувале и во него главно пишувале жени. Весникот „Македонка“. Функционирал скоро 10 години, а годинава се навршуваат 80 години од појавувањето на првиот број. Наслови и приказните дел од весникот „Македонка“. За учителки, докторки, земјоделки, работнички – весникот содржи ...
Град Скопје го искара советникот Никола Пановски, што повикува да се смени градоначалничката Данела Арсовска, затоа што повеќе од еден месец не ги информира советниците што е преземено, по информацијата дека од кејот крај Вардар украдени се 29 клупи за една ноќ. „Советникот од редовите на ЛДП, Никола Пановски, продолжува со срамното однесување на социјалните мрежи ставајќи се во улога на Фејсбук инфлуенсер наместо да си го заработи чесно ...
Градоначалникот на Центар во неконвенционално интервју со Ирина Камилоска, позната планинарка, зборуваше за предизвиците со кои жените се соочуват во Македонија но и во светот. Ирина предизвика внимание во јавноста кога започна необична форма на активизам која ја нарече „Искачување на Водно со бебиња“. Таа поттикна млади мајки да бидат физички активни и покрај тоа што имаат многу мали деца и заедно со нив да се искачуваат на Водно. Групата ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод меѓународниот Ден на жената 8 Март направи несекојдневно интервју со Ана Јовковска позната по својот општествен ангажман и активизам за правата на жените. Герасимовска ја праша Јовковска за искуството во комуникацијата и јавното говорење и како истото го користи за промени во доменот на родовата еднаквост. „Да, зборот е многу моќна алатка и тоа е она што постојано го повторувам, да се ...
Денеска (08.03.2024) во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бутелска“ со бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, ...
Во текот на март ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош, прво на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар. ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час. Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила. Од Општина Карпош велат дека со ...