
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Пред околу 200 милиони години имало кристализирана морска сол, покриена со лава. Оваа сол е заштитена од секаков вид загадување, опкружена со бескрајни снегови и дебели мразови. Многу стручњаци веруваат дека розовата хималајска сол е најчистата сол која постои на Земјата. Хималајската сол ги содржи истите 84 минерали и елементи кои постојат во човечкото тело – тоа е факт, кој сам по себе е неверојатен. Некој од овие минерали се натриум хлорид, ...
Забоболката има незгодна навика да не погоди ненадејно и најсилно во неочекувано време, обично на сред ноќ или кога сме оддалечени на километри од најблискиот заболекар. Но, за оваа непријатна болка постои одличен домашен лек, кој делува како антисептик и анестетик. Спасот за непријатната болка во забите е каранфилчето, зачин со сладок вкус кој има бројни лековити својства. Имено, каранфилчето содржи еугенол, моќен анестетик и антисептик кој ја ...
Дали знаете дека јогата е тесно поврзана и со градинарството. Всушност доколку се применува во градинарството дава одлични резултати. Кога градинарите или кога вежбате јога, потребно е да обрнувате внимание на тоа што го правите. Фокусирањето во градината ви овозможува еден вид комуникација помеѓу себе, природата и самите растенија. Тоа ви дава одреден мир и спокој. Фокусриањето во одредени растенија или грмушки дава хармонија на душата и делува ...
Метео прогноза на Славчо Попоски: Феноменот “Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов и истиот носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата, а тој ќе продолжи се до крајот на летото или почетокот на есента, кога ни започнува ладниот феномен “Ла Ниња”. Моите последни објави беа поврзани околу снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, барем засега нема никакви најави за снег, дури и во ...
Еве ги петте хранива кои најмногу ги топат калориите при конзумацијата, и затоа добро е да бидат вклучени при диетите за слабеење: 1. Просо – Добро балансираната исхрана треба да вклучува цели зрна, наместо рафинирани зрна, како белиот ориз и тестенините. Просото е без глутеин и содржи 10% протеини, има големи количини на влакна и витамини Б-комплекс, и бидејќи тоа не формира киселини, лесно е за варење на храната. 2. Аспарагус – Кога човек ќе ...
Расте во шумести места, ливади и напуштени места. Корисен дел од ова растение се неговите корените. Во својот хемиски состав содржи тритерпенови гликозиди, етерични масла, алкалоид аралин, смолести материи и др. Екстрактите од коренот на аралијата дејствуваат врз централниот нервен систем и ја зголемуваат физичката активност. Се користи при замор, депресија, ментална и физичка преумореност, низок крвен притисок, неврастенија, полова слабост и ...
Тоа растително лековито средство во себе ги комбинира корисните својства на лукот и црвеното вино. Добиената смеса може да спречи многу болести, ја прочистува крвта, го зајакнува имунолошкиот систем, ги отстранува лошиот холестерол, го подобрува кардиоваскуларниот систем, го отстранува вишокот сол во организмот, ја зголемува издржливоста, дава енергија и се бори со инфекциите. Пред сè, овој лек има силни својства во борбата против разни видови ...
За главоболки, првото нешто што ви доаѓа на ум е да земете пилула. Но, лековите од аптеката не се секогаш ни под рака, а и не помагаат секогаш. Во такви ситуации на помош доаѓа алтернативната медицина. Кинескиот лекар, биохемичар и нутриционист професор Женг Џи живеел 110 години, благодарение на искуството, знаењето и интересот кој го имал од алтернативната медицина од Истокот. Причините за главоболката можат да бидат многу различни: стрес, ...
Оревите се најкорисните јатки, соопшти агенцијата BBC, повикувајќи се на американски научници, кои повикуваат оревите да присуствуваат повеќе во нашата секојдневна храна. Во принцип сите ореви се корисни за здравјето. Оревите сепак содржат повеќе антиоксиданси од кикириките, бадемите, лешниците. Д-р Џо Винсон од Универзитетот на Скрантон, САД, ја анализира количината на антиоксиданси во девет видови ореви и утврдил дека грст ореви содржат два ...
Туристите знаат многу работи за Јужна Африка, но има и работи кои сигурни сме дека не ги знаат. Јужна Африка стана популарна дестинација по Светското првенство во фудбал во 2010 година. Таа е со големина на Германија, Франција и Италија заедно. Деветте провинции во земјата се многу различни, што се однесува до вегетацијата, климата и дивата природа. Во Јужна Африка живеат околу 51 милиони луѓе, а годишно ја посетуваат околу 8.5 милиони туристи. ...
Бамбусот е зимзелено повеќегодишно растение од фамилијата тревни, едно од најбрзорастечките растенија и практично единствената храна за пандите. Што друго е интересно за ова растение? 1. Ако мислевте дека бамбусот е дрво или грмушка, се лажете, бамбусот е всушност трева. 2. Бамбусот брзо расте, забележано е дека може да порасне нешто помалку од метар за 24 часа. 3. Како многу добар прочистувач на воздухот, испушта 35 проценти повеќе кислород, во ...
Метео прогноза на Славчо Попоски: Топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата. Стабилното, суво, сончево и пролетно топлото време ќе ни се задржи до крајот на оваа работна недела. Веќе од викендов влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период. Под влијание на циклонска активност од запад, очекуваме почести врнежи кои ќе бидат претежно од дожд и тоа поради јужното воздушно струење и ...
Морските коњчиња се многу интересни суштества. Бебињата на свет ги носи машко, а не женско, што е единствен случај на планетава. Освен тоа, тој е постојано гладен, немаат ниту заби, ниту стомак, но неговата глад е посебна ловечка техника. Морските коњи се риби, иако не личат на другите членови на тој вид. Тие дури и не се движат како другите: пливаат исправено, не хоризонтално и за разлика од повеќето риби, немаат перки. Морските коњи се ...
Љубителите на растенијата го сметаат ова за еден од најубавите, но и најкраткиот животен век. Тоа е „кралицата на ноќта“. Многу редок бел цвет кој расте главно во Шри Ланка, а само малку луѓе имаат можност да го видат. Расте во земји со топла клима како Мексико, Венецуела, Тексас. Туристите обично кога ја посетуваат Шри Ланка имаат најголема желба да видат како изгледа овој цвет и да бидат сведоци на неговата магија. Кадупул ака „Кралица на ...
Воздухот денес во просториите во кои живееме и работиме ни станува сериозна опасност за здравјето. Но знаете ли дека присуството на одредени билки го намалува внатрешното загадување и воспоставува еко-баланс во домот? Внатрешното загадување на просториите е предизвикано со комбинација на разни фактори – штетните состојки кои ги има во мебелот: бојата, лепилото, лаковите, плинот кој го користиме во домаќинството, оџакот на печките, пестицидите, ...
Покрај тоа што мандарините се вкусни тие се и лековити. Сезона е на мандарини, се јадат во големи количества и во споредба со другото овошје, не се скапи. Тоа што, меѓутоа, речиси сите го правиме е што ги фрламе корите од мандарини, а тие може да ни помогнат да не настинеме, да ја смират кашлицата, а дури и да се решиме од главоболка. Еве како, пишуваат од Македонија Денес: На сомелени 50 грама кори од мандарини додадете вотка или 40 процентен ...
Преку правилно употребување на овој рецепт телесната тежина паѓа од 7 до 8 килограми за месец. Ова се случува без мачење организмот, без да се гладува, без вонредни физички оптоварувања. Методот постигнува регулирање на размената на материите. Еве во што се состои препораката: 1 ДЕН. Рано наутро се зема растворено средство – англиска сол 20-30 г, која се пие со 250 г топла вода. Англиската сол може да се замени со мајчин лист, рициново масло, ...
Метео анализа на Славчо Поповски: Под влијание на топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашите краишта, во седмицата која е пред нас ќе имаме стабилно, суво и невообичаено топло време за овој период од годината со многу сонце и многу малку облаци. Температурите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните. Најтопло ќе биде утре и во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се ...
Честопати наречено „тивко куче“, Басенџи е единствената раса на кучиња што не може да лае во традиционална смисла. Таа комуницира со низа уникатни звуци кои се разликуваат од вообичаеното лаење на кучиња. Најзабележително, тие прават карактеристичен звук сличен на јоделинг познат како „баро“. Басенџи е со средна големина, со кратко, сјајно палто. Имаат карактеристични исправени уши и изразени брчки на челото. Нивната опашка е завиткана и ...
Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени, информира Попоски. Во Скопје и околината ќе имаме слично ...
Без итна акција во следната деценија, Европа нема да може да се справи со климатските промени. Ова се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина, кој се објавува на секои пет години. Заклучоците се дека ако не се реагира итно, жешките зраци би станале вообичаени на Стариот континент. Највисоки температури се измерени во Шпанија и Франција оваа година, според статистиката. Во извештајот се наведува дека 39% од пеперутките и ...
Доволно ли е ѓубривото за да се обезбеди нормално хранење на растенијата? Не треба да се потпирате само на ѓубриво за задоволување на потребите на цветните култури од хранливи материи. Ѓубривото е најважно хранливо средство. Тоа ја збогатува почвата пред се со хумус. Содржината на хранливи материи во него не е многу висока (околу 0,5% азот, 0,25% Р205, 0,6% калиум и 0,32% калциум). Поради тоа добри резултати може да се добијат само доколку се ...
Глинестата почва е густа, неплодна и не може да се очекува да донесе добра жетва. Постојат различни видови глинени почви (црвена, бела, сива, сино-зелена), од кои некои може да се направат плодни без многу финансиски трошок и напор. Сино-зелената и сивата глина е тешко да се одгледуваат, и ништо не расте на овие почви. На тешките глинени почви, растенијата се развиваат слабо, честопати страдаат од болест или смрт од недостаток на хранливи ...
Губењето на косата се лекува со растенија! Губењето на косата е сериозен проблем кој влијае не само на изгледот, но и на самодовербата. Многу често луѓето што страдаат од губење на косата, се жалат и на проблеми во комуникацијата, од страв од блискост и слично. Губењето на косата се лекува со растенија! За да не сте и вие еден од овие луѓе, чие секојдневие се одредува во најголема мера од потребата да се справите со губење на косата, ви нудиме ...
Џимбо e гризли мечка која била спасена од стапица во дивината од страна на Сузан и Џим Ковалчик. Тие потоа ја однеле во својот резерват за диви животни. Денес, Џимбо има речиси 700 килограми и обожава да си игра со Џим. „Понекогаш мислам дека ќе ми ги здроби сите коски во телото. Секако, нема лоша намера, туку зашто е огромна. Еден нејзин погрешен потег би можел да го платам со живот“, вели Џим Ковалчик, но додава дека нема намера да се откаже ...
Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”. Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на ...
На Балканот му претстои влажен февруари. Што значи нема да недостасува ниту дождот, а ниту снегот. Врнежите ќе бидат над просекот, а особено повеќе врнежи ќе има по 10 февруари, а до тогаш времето ќе биде потопло и посуво, информира Попоски. Не се исклучува можноста делови од Балканот да се соочат и со снежно невреме, како и со значителни врнежи од снег.. Врнежите од дожд и снег на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија треба да бидат честа ...
Др. Оз неколку пати во неговата емисија ја препорача билката Bacopa monnieri или добро позната како Брахми. Билка за подобрување на функцијата на мозокот и подобрување на неговата меморија. Д-р Оз рече Bacopa Monnieri ќе ве направи попаметни, ќе ја подобри вашата меморијa и ќе ви помогне да се фокусирате подобро. Bacopa билката исто така се користи за олеснување на стресот и им помага на луѓето да се фокусираат подобро во стресни ситуации. ...
Вилата Tantangan е убав објект со три спални соби, сместена на западниот брег на Бали, во близина на приватната и пуста плажа Nyanyi. Таа е дизајнирана од Valentina Audrito во студиото Word of Mouth, поврзувајќи го модерниот дизајн со природата и нејзините прекрасни убавини. Villa Tantangan е сместена на одалечено место надвор од градските гужви и се смета дека е првата целосно одржлива вила од нејзината големина во Бали. Имено, дизајнерското ...
Судејќи според долгорочните анализи, февруари месец оваа година во Македонија ќе биде со натпросечно количество на врнежи, но малку потопол, за еден до два степени од просекот што не е премногу, а тоа значи дека ќе има и почести продори на студени возушни маси од Арктикот кон нашите краишта, информира Попоски. Снегот во месец февруари и тоа како ќе го има, според сегашните следења и анализи особено по 10 февруари. Не се исклучува можноста ...