Првата жена која судеше натпревар на Светското првенство, Стефани Фрапар, денес е именувана за член на стручниот тим на Европската фудбалска унија (УЕФА). Фрапар ќе ја преземе функцијата на УЕФА офицер за судење, каде ќе работи на обука на нови арбитри и ќе делегира судии за натпреварите од европските натпреварувања. 42-годишната Фрапар испиша значајна историја за женските судии, откако беше првата дама што доби чест да води мундијалски меч ...

Фудбалската репрезентација на Турција со победа се прости од Светското првенство, откако го изненади домаќинот САД (3-2) во дербито на „СоФи стадион“ во Инглвуд. Пресметката понуди многу драма, а Турците до победата стигнаа со гол во последните секунди. Извештај од натпреварот: Американците стигнаа први до водство во третата минута преку Трасти, меѓутоа веќе во десеттата Арда Ѓулер реализира за 1-1. До полувремето Јилмаз го комплетира ...

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ги отфрли тврдењата дека паузите за освежување на Светското првенство се воведени од комерцијални причини, истакнувајќи дека единствениот мотив е грижата за играчите и регуларноста на натпреварувањето. Задолжителните триминутни паузи во 22. и 67. минута од секој натпревар беа воведени поради високите температури на стадионите низ Северна Америка. Сепак, од почетокот на ...

Јапонија и Шведска одиграа реми 1-1 во Арлингтон, резултат кој најмногу им одговараше на Швеѓаните, додека „самураите“ со второто место во групата Ф си закажаа 1/16-финален дуел против Бразил. Пред последното коло Јапонците имаа бод предност пред скандинавската селекција, но токму тоа значеше дека ремито е доволно за да го задржат второто место. Од друга страна, Шведска не беше премногу заинтересирана за победа, бидејќи втората позиција ...

Холандија го освои првото место во групата Ф на Светското првенство, откако во последното коло славеше над Тунис со 3-1. „Лалињата“ во дуелот со Тунис влегоа како големи фаворити, свесни дека победата ќе им го обезбеди првото место и 1/16-финален дуел со Мароко, што се сметаше за поповолен противник од Бразил. Холанѓаните поведоа уште во третата минута, кога дефанзивецот на Тунис, Елиес Шкири, несмасно ја испрати топката во сопствената мрежа ...

Панатинаикос го реализираше еден од најшокантните трансфери во грчката кошарка во последните години, откако официјално го ангажираше францускиот центар Мустафа Фал од редовите на лутиот градски ривал Олимпијакос. Искусниот 34-годишен кошаркар стави потпис на двегодишен договор со „зелените“, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Со тоа, Фал директно го замени црвено-белиот дрес со зелениот, потег што сигурно ќе ...

Легендарниот бразилски дефанзивец, Тиаго Силва, нема намера да стави крај на својата богата кариера. Иако во септември ќе наполни 42 години, искусниот стопер потпиша договор со Флуминенсе, со важност до крајот на 2026 година. Се чинеше дека по сезоната во Порто ќе се пензионира, но Силва реши да продолжи да игра во клубот каде што ја изгради својата репутација и се наметна како бразилски репрезентативец. Во текот на кариерата настапуваше за ...

Јужнокорејскиот репрезентативец, Сеол Јанг-Ву, одлучи да поднесе кривични пријави после бранoт навреди и закани што ги доби на социјалните мрежи по натпреварот на Светското првенство против Јужна Африка (0-1). Фудбалерот на Црвена звезда беше жестоко критикуван од дел од навивачите по поразот на Јужна Кореја, а голем број коментари ја преминаа границата на спортската критика и прераснаа во лични навреди и закани. Поради тоа, Сеол преку своите ...

Англискиот премиерлигаш Арсенал ја активираше откупната клаузула за Еквадорецот Пјеро Инкапие, кој минатата сезона дојде како позајмен играч од Баер Леверкузен. 24-годишниот стопер одигра 39 натпревари за „топчиите“ и остави одличен впечаток, придонесувајќи за освојувањето на шампионската титула во првенството. 730069734_2231657847373240_2168288968982163838_n.jpg Неговите одлични настапи беа доволен знак за лондонскиот клуб да го откупи ...

Во НБА лигата ќе дојде до уште една голема размена на играчи. Шарлот Хорнетс и Минесота Тимбервулвс договорија трансфер во кој главно име е Ламело Бол. Според информациите на Шамс Чаранија, Шарлот во Минесота ги испраќа Ламело Бол и Џош Грин, додека во спротивна насока заминуваат Наз Рид, незаштитен пик од првата рунда на драфтот во 2033 година, три замени на пикови од првата рунда (2028, 2029 и 2030) и три пика од втората рунда (2029, 2032 и ...

Барселона ќе има нов тренер од следната сезона, а шпанските медиуми пренесуваат дека клубот постигнал договор со италијанскиот стратег Паоло Галбијати. Тој ќе го наследи Чави Пасквал, кој ја напушта клупата и кариерата ќе ја продолжи во Дубаи. Каталонците се решија за промена по третата сезона во низа без освоен трофеј. Во финалето на плеј-офот Барселона беше поразена од Валенсија со 3-1, по што раководството одлучи да започне реконструкција ...

Покрај Германија, која и покрај поразот од Еквадор го задржа првото место во групата Е, место во осминафиналето на Светското првенство обезбеди и селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, која во последното коло го совлада Курасао со 2-0. По комплетирањето на натпреварите во групата, Германија и Брегот на Слоновата Коска завршија со по шест бодови на првите две позиции, Еквадор со четири бода како третопласиран исто така обезбеди место во ...

Турскиот гигант Фенербахче продолжува со целосниот „ремонт“ на тимот за следната сезона. Од клубот веќе си заминаа Нандо де Коло, Кем Бирч и Девон Хол, а сега истото го сторија уште четворица кошаркари. Артурс Жагарс, Брендон Бостон, Армандо Бако и Жилсон Банго го напуштија клубот од Истанбул и ќе бидат слободни агенти во потрагата по нова дестинација во кариерата. Турските медиуми пишуваат дека првите засилувања се очекуваат во текот на ...

Австрискиот репрезентативец и напаѓач на Црвена Звезда, Марко Арнаутовиќ, не тренирал со остатокот од тимот по натпреварот против Аргентина на Светското првенство, што предизвика загриженост меѓу навивачите на оваа селекција. Според информациите од австрискиот стручен штаб, искусниот напаѓач почувствувал одредени физички проблеми по дуелот со актуелниот светски шампион, па селекторот и медицинскиот тим не сакаат да ризикуваат евентуално ...

Репрезентацијата на Еквадор извојува многу важна победа и ја совлада фаворизираната Германија со конечни 2-1 (1-1) во натпреварот од последното коло во групата Е на Светското првенство. За Еквадорицте ова е историски триумф, а воедно се пласираа и во елиминациите на планетарниот собир. Стартот на мечот донесе многу возбудувања и одличен фудбал на двете страни. Германија го отвори резултатот уште во втората минута со голот на Лерој Сане, но ...

Младиот босански репрезентативец, Керим Алајбеговиќм продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност на Светското првенство. Во победата на Босна и Херцеговина над Катар (3-1), 18-годишниот офанзивец постигна спектакуларен гол и го отвори патот кон пласман во осминафиналето. Одличните настапи дополнително го зголемија интересот за неговите услуги. Според италијанските медиуми, покрај Рома и Аталанта, во трката за неговиот потпис се вклучил и ...

На германската репрезентација не ѝ беше потребно многу време за да го отвори резултатот на натпреварот против Еквадор на Светското првенство. Мечот од последното коло во групата Е беше отворен уште во втората минута, кога Лерој Сане доби одлична топка од Флоријан Вирц, сместувајќи ја топката во мрежата со прецизен и луциден удар. Германија прикажa сила на стартот, без оглед на фактот што веќе го има обезбедено првото место во оваа ...

Екипата на Шкендија Арачиново продолжува активно да се засилува во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е напаѓачот Дашмир Елези. Од клубот соопштија дека станува збор за офанзивец со изразен голгетерски инстинкт, голема енергија и силна желба за успех, од кого се очекува да биде значајно засилување во нападот на тимот. „Со задоволство ве информираме дека Дашмир Елези е нашето најново засилување. Напаѓач со инстинкт ...

Холандската ракометна репрезентација ќе има нов селектор, затоа што Швеѓанецот Стефан Олсон нема да добие продолжување на договорот. „Лалињата“ ќе го започнат новиот циклус со нов селектор на клупата, а од федерацијата му се заблагодарија на Олсон за неговиот придонес во изминатиот период. Швеѓанецот го презема тимот во 2022 година и успеа да внесе стабилност и цврстина во колективот кој забележа солидни резултати. Под негово водство, ...

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, порача дека резултатот е поважен од впечатокот и даде искрен коментар по пласманот на „селесао“ во осминафиналето на Светското првенство. Бразилците славеа над Шкотска со убедливи 3-0, но повторно не оставија некој посериозен впечаток на теренот, што наиде на критики кај дел од јавноста. „Се трудиме да играме најдобро што можеме, но целта не е да играме добро, туку да ...

Еден од најдобрите американски тенисери, седмиот на АТП листата, Тејлор Фриц, објави дека се повлекува од турнирот на трева во Истбурн, каде што беше прв носител, за да си даде максимално подготвен на Вимблдон. Фриц, кој е двократен бранител на титулата во Истбурн и неодамнешен финалист на турнирите на трева во Штутгарт и Хале, требаше да го игра својот прв меч против британскиот квалификант Јан Чоински. „Мразам откажувања, но, со брзото ...

Новиот европски шампион, Олимпијакос, официјално потврди дека Јоргос Барцокас го продолжил договорот со клубот до летото 2029 година, ставајќи крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Грчкиот стратег, кој важи за најуспешниот тренер во историјата на клубот од Пиреја, ќе продолжи да го предводи тимот и во наредните сезони, откако неодамна го врати Олимпијакос на европскиот трон по пауза од 13 години. Во пресрет на фајнал-фор турнирот се ...

Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Бугарија со конечни 91-87 во пријателскиот натпревар одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Избраниците на Жозеп Мариа Берокал одиграа далеку подобар меч од оној пред неколку дена во Бугарија, а денес одличен настап имаше и новото засилување, Девејн Стјуарт Џуниор. Двете селекции одиграа прилично тврд и неизвесен меч. На паузата резултатот гласеше 45-43, а потоа ривалот ја доби ...

Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Шејн Ларкин, е на чекор до трансфер што ќе предизвика вистински земјотрес во турската кошарка. Според медиумите во Турција, искусниот плејмејкер ќе го напушти Анадолу Ефес и кариерата ќе ја продолжи во редовите на големиот ривал Фенербахче. Доколку трансферот биде официјализиран, станува збор за потег кој многумина веќе го нарекуваат „предавство“, со оглед на статусот што Ларкин го имаше во Анадолу ...

Време е за расплет во групата Е од Светското првенство. Вечерва на програмата се последните два натпревари, на кои фаворитот Германија е мирен, додека Курасао и Еквадор посакуваат чудо и пласман во следната фаза. Најтрофејната европска селекција силите ќе ги одмери со селекцијата на Еквадор, која на изненадување на сите досега има само еден бод, по две одиграни кола. Селекторот на „панцирите“ Јулијан Нагелсман за вечерашниот дуел беше ...

Македонскиот шампион Вардар ја забележа и втората убедлива победа на подготовките во Италија, откако попладнево со дури 12-0 го декласира домашниот тим на Норча. Интересно е што по првите 45 минути „црвено-црните“ имаа минимална предност од 1-0, но во второто полувреме целосно го надиграа противникот и постигнаа уште единаесет гола. Најефикасен на натпреварот беше Закариќ со пет погодоци, по двапати во листата на стрелците се запишаа Николов, ...

Лина Ѓорческа не ги криеше емоциите по историскиот пласман во главниот турнир на Вимблдон, каде што стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи на најпрестижниот Грен слем турнир. Во изјава за телевизијата на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка порача дека овој успех е исполнување на нејзиниот долгогодишен сон, но и голема гордост затоа што доаѓа од мала земја. „Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам ...

Светското првенство викендов влегува во нова фаза, а по динамичниот распоред во групната фаза, неделната програма ќе понуди само еден натпревар. По комплетирањето на групите, за првпат во историјата ќе стартува шеснаесетфиналето на Мундијалот. Проширениот формат со 48 репрезентации донесе дополнителна елиминациска рунда. Историскиот прв натпревар од оваа фаза ќе го одиграат Канада и Јужна Африка на стадионот „СоФи“ во Калифорнија. Дуелот е ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа конечно го оствари сонот кој го бркаше речиси една деценија. По бројните обиди и разочарувања во квалификациите, Ѓорческа за првпат во кариерата избори место во главниот жреб на еден Грен слем турнир. Нејзиното долго патување започна уште во 2017 година, кога настапи во квалификациите за Австралија опен и Ролан Гарос. Тогаш не успеа да направи последен чекор во Мелбурн, а во годините што следуваа ...

Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис и стана првата наша тенисерка што обезбеди место во главниот турнир на Вимблдон. Со победата во последното квалификациско коло над Лусија Бронцети, најдобрата македонска тенисерка не можеше да ги сокрие емоциите, па историскиот поен го прослави со голема радост на тревата. По последниот освоен поен следуваше емотивна реакција, бидејќи Ѓорческа оствари сон што го сонува секој тенисер – настап ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.0
91%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
68%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.9
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53