Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
На натпреварот меѓу Курасао и Брегот на Слоновата Коска видовме само два гола, но обложувачите можеа да ја наплатат играта 3+ бидејќи во нашата обложувалница ова лето важи правилото 1=3. Натпреварот меѓу Курасао и Брегот на Слоновата Коска не беше премногу интересен. „Слоновите“ ја завршија работата, победија со 2:0 и го заверија пласманот во нокаут-фазата, а притоа одиграа во втора брзина и зачуваа сили. Сепак, најважно е што средбата во ...
Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, го совлада Американецот Томи Пол со 2-1 во сетови (6-3, 6-7/6 и 7-5) во ревијалниот меч одигран во рамки на подготовките за Вимблдон. Беше видена голема борба во вториот и третиот сет, но Ѓоковиќ успеа да го покаже својот квалитет кога беше најпотребно и славеше заслужен триумф. Егзибицискиот турнир „Џорџо Армани тенис класик“ претставува последно „загревање“ за неофицијалното светско тениско првенство, кое ...
Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви. Ивановски го елиминираше третиот носител Хавиер Баранко Косано откако на идентичен начин (ист резултат) како вчера со 2-0 во сетови (7-6/4, 7-5) го победи ривалот. Единствената разлика беше што во денешниот меч имаше по еден брејк во ...
Германскиот кошаркар Јоханес Тиман е нов играч на гигантот Баерн Минхен, јави клубот кој учествува во Евролигата. 32-годишниот Тиман се обврза на двегодишна соработка и се очекува да биде солидно засилување за натпреварите во првенството и во елитниот европски ранг. Новата аквизиција пристигнува од редовите на јапонскиот Гунма Крејн Тандерс, а претходно го носеше дресот на Бросе Бамберг, Лудвигзбург и Алба Берлин. Минатата сезона просечно ...
Иако Соединетите Американски Држави го загубија последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство од Турција со 3-2, селекторот Маурисио Почетино не дозволи поразот да ја засени успешната мисија на неговата репрезентација. Американците претходно ги совладаа Парагвај (4-1) и Австралија (2-0), па и покрај синоќешниот пораз го задржаа првото место во групата и обезбедија пласман во осминафиналето. На прес-конференцијата по мечот, ...
Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги отвори подготовките за претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот Игор Илиевски на првиот контролен натпревар беа убедливи против Саудиска Арабија, славејќи со 35-26. Македонските ракометари прикажаа сигурна игра, добар ритам во нападот и цврстина во одбраната, што е позитивен сигнал на стартот од подготвителниот период. Овој дуел беше прва проверка за младинците во ...
Македонскиот олимписки комитет (МОК) испрати искрени честитки за големиот успех на Лина Ѓорческа. Македонската тенисерка обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон, со што стана првиот наш претставник во сингл конкуренција на неофицијалното Светско тениско првенство. Во третото квалификациско коло, Ѓорческа одигра фантастичен меч и експресно ја совлада фаворизираната Италијанка Луција Бронзети (127-ма на ВТА листата). За само 75 минути ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман, би можел да ја напушти Атина и да се врати во Истанбул ова лето. Според турските медиуми, охриѓанецот кој настапува за Турција е пред преселба во Ефес, кој наводно испратил понуда до Панатинаикос. Осман е во Атина две сезони, но е отворен за разделба, а контактот со неговиот поранешен тим веќе е воспоставен. „По заминувањето на Ергин Атаман од Панатинаикос, Осман е исто така на работ да се раздели со ...
Средниот бек на Вардар 1961, Јака Малус, доби уште едно големо признание за одличните настапи во минатата сезона, откако се најде во идеалниот тим на сезоната во ЕХФ Европската лига, во изборот на администраторите на официјалниот профил на натпреварувањето. Словенечкиот репрезентативец беше избран за најдобар среден бек, откако беше еден од лидерите на „црвено-црните“ во текот на целата европска кампања. Малус ја диктираше играта на Вардар, ...
Македонската ракометна репрезентативка Катерина Дамјаноска има нов клуб во својата кариера. Кружниот напаѓач потпиша договор со романскиот ЦСМ Таргу Муреш, каде ќе настапува во сезоната 2026/27. Трансферот беше потврден од нејзината менаџерска агенција „MOA Handball“, која ѝ посака многу успех во новиот предизвик. Дамјаноска е една од стандардните репрезентативки на Македонија, а со преселбата во Романија ќе добие можност да настапува во ...
Македонскиот вицешампион Шкендија официјално потврди дека Нуман Ајети повеќе нема да биде дел од тимот, откако клубот и фудбалерот постигнале договор за прекин на соработката. Левиот бек ја напушта тетовската екипа со заедничка одлука, а од клубот објаснија дека ја почитувале желбата на фудбалерот да побара нова средина во која ќе има поголема минутажа и подобри услови за понатамошен развој на својата кариера. Од Шкендија му се заблагодарија ...
Еквадор живее во фудбалска еуфорија по историскиот пласман во шеснаесетинафиналето на Светското првенство, а големиот успех беше одбележан и со несекојдневен потег на претседателот на државата. Претседателот Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за државен празник, откако репрезентацијата со победата од 2-1 над Германија обезбеди место во нокаут-фазата на Мундијалот. Со четири освоени бода, Еквадор заврши на третото место во групата Е, но ...
Македонскиот второлигаш Брера Струмица ја информира јавноста дека Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим. Стојчев е добро познато име во клубот. Покрај тоа што во минатото успешно ја предводеше Брера до вицешампион и на европските натпревари, зад себе има и извонредна сезона со младинскиот тим. Во сезоната 2025/26, под негово водство, младинците на АП Брера Струмица ја освоија двојната круна, триумфирајќи во ...
Maкедонскиот второлигаш Новаци со нов кормилар ќе ги започне подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нов шеф на стручниот штаб е назначен младиот тренер Иван Варадиновски. Двете страни ги договорија сите услови и 37-годишниот стратег пред себе ќе има нов второлигашки предизвик. Претходно, Варадиновски беше предводник на Кожув, клуб со кој обезбеди опстанок во Втората лига, но не го продолжи договорот со ...
Манчестер Сити е пред реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот, откако постигна договор со Нотингем Форест за ангажман на англискиот репрезентативец Елиот Андерсон. Според повеќето британски медиуми, трансферот ќе изнесува околу 130 милиони евра со вклучени бонуси, со што ќе биде соборен рекордот за најголемо обештетување во историјата на британскиот фудбал. Досега тој рекорд го држеше Деклан Рајс, а најскапото ...
Предводникот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Емерс Фае, остро реагираше на изјавите на Бастијан Швајнштајгер, обвинувајќи го поранешниот германски репрезентативец за расизам поради начинот на кој го опиша стилот на игра на африканската селекција. Швајнштајгер, во најавата за натпреварот на Светското првенство меѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска, кој заврши со победа на Германците од 2-1, изјави дека противникот игра ...
Лина Ѓорческа го дозна распоредот за својот дебитантски настап во главниот турнир на Вимблдон, а ждрепката не беше наклонета кон македонската тенисерка. Во првото коло Ѓорческа ќе се соочи со Аманда Анисимова, една од најдобрите тенисерки на денешницата и финалистка на минатогодишните изданија на Вимблдон и УС Опен. Американката ќе ја има улогата на голем фаворит, но евентуален триумф на македонската тенисерка би претставувал една од ...
Македонската репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во швајцарскиот шампион Сервет. Женскиот тим на Сервет официјално го потврди ангажманот на искусната напаѓачка, која во Женева пристигнува со богато интернационално искуство и настапи во неколку од најсилните европски првенства. Андонова е офанзивна фудбалерка која може да покрива повеќе позиции во нападот, а низ кариерата се истакнуваше со својата техничка ...
Во Лондон денес беше одржана ждрепката за третиот Грен слем турнир во сезоната, Вимблдон, кој ќе се игра на тревните терени на „Ол Ингланд Клуб“. Бранителот на титулата и прв носител Јаник Синер ќе го отвори турнирот со дуел против српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ. Италијанецот се наоѓа во горниот дел од ждрепката, каде што потенцијално во четвртфиналето би можел да се сретне со Данил Медведев, Каспер Руд или Томи Пол, а во полуфиналето со ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги извлече групите за новата сезона во Лигата на шампионите, а во неа повторно наш претставник ќе биде Вардар 1961. По неколкугодишна пауза „црвено-црните“ се враќаат онаму каде што им е местото, во кремот на европскиот ракомет. На извлекувањето во Виена двократниот европски првак од Скопје чекаше противници од последниот, четврти шешир. Вардар во групната фаза налета на: Нант, Мелсунген и Висла Плок. ...
Европската ракометна федерација - ЕХФ ги извлече групите за новата сезона во Лигата на шампионите со нов лик. Во елитата се врати двократниот европски првак Вардар 1961 кој ќе игра во групата Б. <<< - ПОВРЗАНО - Ждрепка за ЛШ: Вардар налета на ривали од Франција, Германија и Полска! Форматот на натпреварувањето од оваа сезона се менува. По ново ќе играат 24 екипи поделени во шест групи. Двете најдобропласирани од секоја група одат ...
Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување покажа дека може да биде важен дел од тимот во завршницата од претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2029 година. Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра ...
Селекторот на Македонија до 18 години, Горан Кузманоски, го скрати списокот на ракометари за настапот на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Србија. На финалниот список се најдоа 21 име, а собирот ќе се одржи на 6 јуни со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. ГОЛМАНИ: 1. ФЕХМИ МЕЛИН РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 2. ТРСУНОВ АТАНАСИЈ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 3. НИКОЛОВСКИ ЃОРЃИ РК АЛКАЛОИД КРИЛА: 4. ЃОРЃИЕСКИ СТЕФАН РК МУЛТИ ЕСЕНС 5. ...
Вистински хаос владее во таборот на Уругвај на денот пред клучниот натпревар против Шпанија на Светското првенство. Според повеќе извори, атмосферата во репрезентацијата е сериозно нарушена по конфликтот меѓу селекторот Марсело Биелса и дел од најискусните фудбалери. Наводно, Серхио Рочет, Мануел Угарте, Родриго Бентанкур и Федерико Валверде побарале состанок со аргентинскиот стратег за да го изразат незадоволството од интензитетот на ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа за првпат во кариерата ќе игра на еден Грен Слем турнир и ќе биде дел од Вимблдон на тревна подлога во Лондон. Тетовчанката обезбеди место во главната фаза со три победи во квалификациите. Во првото коло, Ѓорческа ќе се соочи со шестата светска тенисерка Аманда Анисимова од САД. Се работи за 24-годишна тенисерка родена 2001 година, а со 24 години има големо искуство на Грен Слемите. Во 2025 ...
Македонскиот ракомет во елитната Лига на шампионки ќе го претставува Ива Младеновска со својот клуб Борусија Дортмунд. Германскиот колектив доби „вајлд-карта“ за учество во ова натпреварување и веќе ги дозна ривалите. Во европската елита кај дамите се игра по стариот формат со 16 екипи поделени во две групи кои беа извлечени во Виена. Среќата посака Борусија да ги добие Есбјерг, ЧСМ Букурепт, Ференцварош, Брест, Крим и . Младеновска ќе се ...
По комплетирањето на натпреварите во шест групи на Светското првенство, познати се првите четири двојки во нокаут рундата. Првиот натпревар од нокаут фазата ќе се одигра на 28 јуни во Инглвуд, каде силите ќе ги одмерат Јужноафриканската Република и Канада. Јужна Африка - Канада (28 јуни, 21:00 часот) Бразил - Јапонија (29 јуни, 19:00 часот) Холандија - Мароко (29 јуни, 03:00 часот) САД - Босна и Херцеговина (2 јули, 02:00 часот) Покрај овие ...
Австралија и Парагвај одиграа без голови (0-0) во последното коло од групата Д на Светското првенство, резултат кој им одговараше на двата тима и на крај ги остави задоволни. Австралијците со освоениот бод го потврдија второто место во групата и обезбедија пласман во нокаут фазата, додека Парагвај со четири бода е во одлична позиција да продолжи понатаму како една од најдобрите третопласирани селекции. Натпреварот понуди многу тактичко ...
Мемфис Гризлис донесе засилување под кошевите, откако преку размена го доведе Ајзеа Стјуарт од Детроит Пистонс. Во спротивна насока заминуваат три идни пика од втората рунда на драфтот. 25-годишниот центар го напушта Детроит по една од најдобрите сезони во кариерата. Стјуарт беше седми во изборот за најдобар шести играч во НБА, со просек од 10 поени, 5 скока и 1,6 блокади по натпревар, притоа шутирајќи 55% од поле. Стјуарт има уште две години ...
Првата жена која судеше натпревар на Светското првенство, Стефани Фрапар, денес е именувана за член на стручниот тим на Европската фудбалска унија (УЕФА). Фрапар ќе ја преземе функцијата на УЕФА офицер за судење, каде ќе работи на обука на нови арбитри и ќе делегира судии за натпреварите од европските натпреварувања. 42-годишната Фрапар испиша значајна историја за женските судии, откако беше првата дама што доби чест да води мундијалски меч ...