Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Хорхе Мартин ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Холандија, откако беше најбрз во квалификациите на патеката во Асен. Возачот на Априлиа до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:30.812 минути, оставајќи ја конкуренцијата зад себе во исклучително неизвесни квалификации. На само 0.011 секунди зад Мартин заврши Аи Огура од Трекхаус, додека третото место му припадна на Марко Бецеки, исто така возач на ...
Групната фаза на Светското првенство влегува во самата завршница. До крајот остануваат уште само шест натпревари, односно последните пресметки во групите Ј, К и Л, по кои ќе биде комплетирана нокаут-фазата. Со оглед на тоа што во неколку групи се очекува драматична битка за местата кои водат во следната фаза, вреди да се потсети кои критериуми ќе одлучуваат доколку две или повеќе репрезентации имаат ист број бодови. Првиот критериум е ...
Лионел Меси нема да биде во стартниот состав на Аргентина за натпреварот против Јордан во последното коло од групата Ј на Светското првенство. Селекторот Лионел Скалони потврди дека капитенот ќе добие одмор, но најави дека ќе настапи во второто полувреме. „Лео ќе биде на клупата, но сигурно ќе влезе во игра подоцна“, изјави Скалони. Аргентина веќе го обезбеди првото место во групата, па стручниот штаб реши да ги зачува главните адути за ...
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата. Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран. По одличните настапи во дресот на ТФТ во Суперлигата и АБА 2 ...
Хрватска влегува во последното коло од групата Л под голем притисок, откако резултатите од останатите групи сериозно ѝ ги намалија шансите за пласман во нокаут-фазата со евентуален пораз од Гана. „Коцкестите“ во моментов имаат три бода и гол-разлика 3-5, но ремито меѓу Египет и Иран (1-1) значеше дека Иран заврши со три бода и подобра гол-разлика (3-3), па веќе е пред Хрватска во конкуренцијата на третопласираните селекции. Тоа значи дека ...
Зеленортските Острови се една од најубавите приказни на Светското првенство, а Тјери Анри уште пред стартот на турнирот најави дека оваа селекција може да направи големо изненадување. Француската легенда тогаш порача: „Внимавајте на Зеленортските Острови“, а сега неговите зборови добија целосна тежина. Малата африканска земја без пораз се пласира во шеснаестинафиналето и го привлече вниманието на фудбалскиот свет. За прогнозата на Анри ...
Уругвај го заврши настапот на Светското првенство порано од очекуваното, а по поразот од Шпанија со 1-0, селекторот Марсело Биелса не бараше оправдувања и целата одговорност ја презеде врз себе. Искусниот аргентински стратег беше видно разочаран по елиминацијата и испрати силна порака. На прашањето што оставил зад себе во уругвајскиот фудбал, Биелса одговори без двоумење: „Што оставив на уругвајскиот фудбал? Ништо“. With all due respect, ...
Иран пропушти одлична можност директно да се квалификува во нокаут-фазата на Светското првенство. Ремито против Египет (1-1) во Сиетл остави горчлив вкус, особено поради поништениот гол на Мехди Тареми во судиското продолжение. Доколку голот останеше на сила, Иранците веќе ќе славеа историски пласман меѓу најдобрите 32 селекции на светот. На овој начин, репрезентацијата на Иран ја заврши групната фаза со три бода и сега мора да ги чека ...
Девет од дванаесетте групи на Светското првенство се комплетирани, а по расплетите во Г, Х и И, добивме пет нови парови од шеснаесетинафиналето. Бранителот на титулата Аргентина во првата рунда од нокаут-фазата ќе се сретне со селекцијата на Зеленортски Острови. Дебитантите на Светското првенство приреди сензација и ја поминаа групата без пораз, завршувајќи на второто место со три нерешени. Победникот од тој дуел во осминафиналето ќе се ...
Фудбалските селекции на Египет и Иран одиграа 1-1 во последното коло од групата Г, резултат кој ги однесе Египќаните во нокаут-фазата, додека Иранците остануваат во неизвесност околу пласманот како една од најдобрите третопласирани селекции. Египет одлично го отвори натпреварот и поведе уште во петтата минута преку Махмуд Сабер, кој ја искористи грешката во иранската одбрана и донесе рана предност. Иран брзо се врати во игра, откако Мостафа ...
Фудбалската селекција на Белгија конечно го покажа вистинското лице и со убедлив триумф од 5-1 над Нов Зеланд обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство како првопласирана селекција во групата Г. По двата нерешени резултати против Египет и Иран, „црвените ѓаволи“ од самиот старт тргнаа офанзивно и решително против аутсајдерот во групата. Притисокот вроди со плод во 28. минута кога Леандро Тросар ја затресе мрежата за водство од ...
Голманот на Гана, Бенџамин Асаре, е една од најубавите приказни на Светското првенство. Триесет и тригодишниот чувар на мрежата стана национален херој по фантастичниот настап против Англија и ремито без голови. Патот на Асаре до репрезентацијата бил далеку од лесен. По тешката скршеница на ногата во 2021 година, паузираше 18 месеци, а многумина го советувале да ја заврши кариерата. За да преживее работел како автобуски кондуктер, столар и ...
Селекцијата на Шпанија со минимални 1-0 го совлада Уругвај во Гвадалахара и како првопласирана селекција во групата Х се пласираше во 1/16-финалето на Светското првенство. „Црвената фурија“ ја заврши групната фаза со седум освоени бода и без примен гол, а во следната рунда ќе се соочи со Австрија или Алжир. Натпреварот започна со многу цврста и агресивна игра, особено од страна на Уругвајците, кои влегуваа жестоко во дуелите, но не успеваа да ...
Фудбалерите на Зеленортските Острови испишаа историја и обезбедија пласман во 1/16-финалето на Светското првенство, откако во последното коло од групата Х одиграа без голови против Саудиска Арабија (0-0) во Хјустон. Со три нерешени резултати во групната фаза, африканската селекција го освои второто место и во нокаут-рундата ќе се соочи со актуелниот светски шампион Аргентина. Натпреварот во Хјустон не понуди многу возбудувања. Саудиска ...
Реал Мадрид подготвува голем трансфер ова лето, а во центарот на вниманието се дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, и младиот аргентински талент Нико Паз. Според шпанскиот „АС“, новиот тренер Жозе Мурињо го посочил Бастони како еден од главните приоритети за засилување на одбраната, откако пропаднале опциите за Рубен Дијас и Нико Шлотербек. Планот на „кралевите“ е најпрво да ја активираат откупната клаузула за Нико Паз, вредна девет ...
Хрватска и Гана во последното коло од групната фаза на Светското првенство ќе одиграат натпревар кој, покрај борбата за пласман, привлече внимание и поради необична ситуација поврзана со еден од најдобрите гански фудбалери, Томас Парти. Во пресрет на дуелот, во јавноста се појавија шпекулации дека на Гана можеби повеќе ѝ одговара да не победи. Причината е можниот расплет во групата и фактот што Парти, поради правни проблеми во Велика ...
Египќанецот Мохамед Салах би можел наскоро да направи еден исклучително профитабилен потег во својата кариера, откако саудискиот клуб Ал-Хилал сериозно се вклучи во трката за неговиот потпис. Според информациите на бразилскиот новинар Бруно Андраде, клубот од Ријад го означил Салах како апсолутен приоритет за засилување на нападот по завршувањето на Светското првенство. Раководството на Ал-Хилал е решено да донесе звучно име во своите редови, ...
Сопругата на бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Рафиња, Наталија Родригез, јавно ги демантираше шпекулациите дека нивното семејство се соочува со финансиски проблеми. Таа преку социјалните мрежи реагираше на гласините кои во последните денови се проширија во медиумите и на интернет, истакнувајќи дека информациите се целосно неточни и дека нејзиното семејство нема никакви финансиски потешкотии. „Апсурдно ми е воопшто да ...
Во пресрет на шеснаесетинафиналниот натпревар меѓу Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина на Светското првенство, американските медиуми со голем респект зборуваат за селекцијата на Сергеј Барбарез. Поранешниот американски репрезентативец Мајк Грела, кој настапуваше за Лидс Јунајтед, Брентфорд и неколку клубови во Англија и САД, во анализа за „CBS Sports“ посебно го издвои 18-годишниот талент Карим Алајбеговиќ. „Многу клубови ...
Репрезентацијата на Франција го освои првото место во групата И на Светското првенство, откако во директната пресметка за врвот славеше против Норвешка со 3-1 во Бостон. Дуелот за лидерската позиција загуби дел од својата тежина уште пред почетокот, бидејќи селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, реши да ги одмори своите најважни фудбалери. Французите, пак, настапија во најсилен состав и од првата минута покажаа дека сакаат да ја завршат ...
Репрезентацијата на Сенегал ја оствари посакуваната победа над Ирак и славеше со конечни 5-0 (1-0) во натпреварот од последното коло во групата И на Светското првенство. Африканската селекција со првите освоени три бода ќе се надева на пласман во нокаут-фазата, но ќе мора да ги чека и другите резултати. Мечот започна прилично добро за Сенегал, Хабиб Диара донесе водство уште во четвртата минута, а проблемите на Ирак дополнително се зголемија ...
Голманот на јапонската фудбалска репрезентација, Зион Сузуки, изјави дека неговиот тим ја остварил главната цел на натпреварот против Шведска - пласман во осминафиналето на Светското првенство. По ремито со 1-1 во последното коло од групата Ф, Сузуки истакна дека натпреварот бил многу израмнет и дека Јапонија покажала зрелост во клучните моменти. „Првото полувреме беше многу неизвесно. Во второто успеавме да поведеме, но по примениот ...
Тeнисерите на Југ ја продолжија доминацијата во државната лига за тенис и освоија уште една шампионска титула. На убедлив начин со четири победи стигнаа до уште еден шампионски пехар. Во денешниот меч од последното коло го совладаа ТК Мондано со 5:0, додека во вториот денешен дуел Поинтер со 4:1 беше подобар од Тумба и со тоа го освои второто место. Табела: Југ 4/0 (победи-порази); Поинтер 3/1; Тумба 2/2, Мондано 1/3 и МТП 0/4. За тимот на ...
Осман Дембеле е главен играч на Франција на натпреварот против Норвешка, затоа што постигна хет-трик во мрежата на ривалот во временски интервал во 25 минути. Ѕвездата на ПСЖ голеадата ја започна во 7. минута кога погоди по асистенција на Мбапе, а потоа истата врска пак проработи и во 20. минута следеше нов гол за 2-0. Третиот гол Дембеле го постигна во 32. минута, овој пат асистент беше Чуамени. Норвешка единствениот гол го даде во 21. ...
Познат е распоредот за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите, а својот календар за сезоната 2026/27 го дозна и македонскиот првак Вардар 1961. „Црвено-црните“ европската авантура ќе ја започнат на домашен терен против германскиот Мелсунген. Натпреварот од првото коло е закажан за 9 или 10 септември во Скопје. Групната фаза Вардар ќе ја затвори со гостување во Франција кај Нант, во дуел кој може да има големо значење во битката ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер е пред трансфер во редовите на Панатинаикос, јавуваат повеќе грчки медиуми. Напаѓачот имаше одлична сезона во швајцарскиот Тун, каде ја освои шампионската титула и беше најдобар стрелец во тимот (15 гола и шест асистенции), што беше доволен знак за „детелинките“ од Атина да пробаат да го доведат кај себе. Растодер има 24 години и се смета за талентиран офанзивец кој може многу да придонесе за ...
Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович-Фокина се пласираше во финалето на АТП турнирот во Мајорка, откако во полуфиналниот дуел го надигра Унгарецот Фабијан Марошан со 2-1 во сетови (5-7, 6-2 и 6-4). Мечот траеше точно два часа, сосема доволно за Фокина со пресврт да го заокружи триумфот над 62. тенисер на АТП листата. Во финалето, Фокина ќе се соочи со Американецот Итан Квин, кој претходно го елиминираше Португалецот Нуно Боргеш со 2-0 (6-1 и ...
Екипата на Шкендија Арачиново се екипира за настапот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и донесе ново име. Со црвено-црните договор потпиша 26-годишниот Верли Капанема Фереира. Се работи за лев бек кој доаѓа од бразилскиот шампионат, каде играше за нисколигашот Мадуреира. Досега кариерата на Верли беше само во Бразил, во пониските лиги, а настапуваше во странство и во Белизе, за екипата на Белмопан. Екипата на Шкендија Арачиново се ...
Македонската кошаркарска репрезентација добива големо засилување пред претквалификациите за Европското првенство, откако американскиот центар Мозес Рајт добива македонско државјанство. Според информациите на „Мундо Депортиво“, 26-годишниот кошаркар е многу блиску до трансфер во Барселона, а добивањето македонски пасош е од голема корист и за каталонскиот клуб. Причината за тоа е што Рајт ќе може да настапува како европски играч и нема да ...
Се очекуваше мега-дерби на Норвешка и Франција во групата, но селекторот на скандинавската селекција реши да ги одмори главните ѕвезди за последниот дуел од првата фаза на СП 2026. Целиот тим на Норвешка е променет во однос на оној дуел со Сенегал. Единаесет нови играчи се на теренот, што е шок за сите љубители на фудбалот што очекуваа пресметка меѓу Мбапе и Халанд на теренот. Норвешка (4-3-3): Селвик; Аурснес, Фалченер, Остигард, Бјоркан; ...