Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Макаби Тел Авив продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а само еден ден по потписот на Даниел Тајс, клубот го официјализираше и ангажманот на центарот Армандо Бејкот. 26-годишниот кошаркар доаѓа од Фенербахче, каде што минатата сезона имаше ограничена минутажа во тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус. Во Евролигата одигра 26 натпревари со просек од 2,4 поени и 1,8 скока за околу 10 минути по натпревар. Бејкот пристигна во ...
Маркус Турам се подготвува за новата сезона со полн интензитет. Францускиот напаѓач на Интер е максимално посветен на летните подготовки, а вниманието го привлече и со изборот на опрема за тренинг. Турам на тренинзите на „нероаѕурите“ носеше дрес со бројот и името на Роналдо Назарио, легендарниот бразилски напаѓач кој е еден од неговите фудбалски идоли. Французинот никогаш не криел дека му се восхитува на Роналдо поради неговата техника, ...
Актуелниот европски шампион, ПСЖ, официјално го комплетираше трансферот на Магнес Аклиуш, кој пристигнува од Монако како едно од најголемите засилувања за новата сезона. Францускиот репрезентативец потпиша договор со шампионот на Франција до 2031 година и се очекува да има важна улога во тимот, благодарение на неговата креативност, дриблинг и способност да игра на повеќе офанзивни позиции. Аклиуш изминатите сезони беше еден од најдобрите ...
Кошаркарот на Феникс Санс, Дилон Брукс, се договори со клубот за нов тригодишен договор вреден 73 милиони долари. Информацијата ја потврди неговиот агент Мајк Џорџ. Брукс зад себе ја има најдобрата сезона во досегашната кариера. Во просек постигнуваше 20,2 поени, имаше 3,6 скока и 1,8 асистенции по натпревар, со што беше еден од најзаслужните за одличната сезона на Феникс, кој забележа 45 победи и избори место во плејофот. Триесетгодишниот ...
Шпанскиот евролигаш Басконија објави дека потпишал двегодишен договор со американскиот кошаркар Дејмион Бо, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. 26-годишниот играч, кој може да настапува како плејмејкер и бек шутер, во Виторија пристигнува по одлична сезона во која играше во развојната НБА лига, Африканската национална лига и канадското првенство. Во дресот на Вали Санса во „Џи“ лигата, Бо просечно постигнуваше 22,4 ...
Екипата на Шкендија повторно ќе брка гол негатива во Конференциската лига. Иако имаше реми во џеб, со доцен гол загуби од Хибернијан (1-2) и на домашен терен ќе напаѓа победа која ќе донесе плеј-оф во третото по ранг натпреварување на УЕФА каде ќе чекаат Гетеборг од Шведска и Гент од Белгија. Натпреварот во Шкотска беше перфектен за Шкендија посебно во првото полувреме, кога македонскиот вицепрвак се одбрани од налетите на Хибернијан. Само ...
По двонеделната пауза, викендов продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со натпреварите од 2. коло, а Фудбалската федерација на Македонија ги објави и судиските парови. Петок (7 август, 17:00 часот) Шкендија Арачиново – Силекс (Игор Стојчевски) Сабота (8 август) 17:00 часот: Башкими – Тиквеш (Стојанче Стојанов) 19:00 часот: Брегалница – Арсими (Јован Качевски) Недела (9 август) 17:00 часот: Скопје – Струга Трим Лум ...
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Сепак, потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. ...
Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на Европското првенство и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Некогашниот репрезентативец на Македонија во изјава за „Балкан Хендбол“ истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски, кој ја има улогата на спортски координатор на машките селекции, даде коментар по победата на Македонија У18 над Фарски Острови на Европското првенство и позицијата која ни го донесе пласманот на Светскиот шампионат. Во изјава за „Балкан Хендбол“, популарниот Жути изјави: „Прва цел на ова првенство беше да обезбедиме Светско првенство. Ја исполнивме таа цел, имавме тешка група, една од ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на Европското првенство од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Македонија имаше фантастичен старт на натпреварот и за нешто повеќе од пет минути создаде предност од 22-5, благодарение на одличниот шут за три ...
Бразилската ѕвезда Винициус Жуниор официјално потпиша нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2032 година. Напаѓачот е еден од најважните фудбалери во тимот во последните сезони и се очекува да продолжи да биде еден од лидерите на „кралскиот клуб“. Винициус пристигна во Реал во 2018 година од Фламенго и постепено се разви во еден од најдобрите офанзивни играчи во светот. Со мадридскиот клуб освои повеќе трофеи, ...
Фудбалската федерација на Уругвај официјално го назначи легендарниот Диего Форлан за нов предводник на сениорската репрезентација, по разочарувачкиот настап на тимот на Светското првенство годинава. Форлан засега ќе ја извршува функцијата в.д. селектор, откако го наследи Марсело Биелса, кој си поднесе оставка по елиминацијата на Уругвај уште во групната фаза. „Диего Форлан се враќа дома за да ја води репрезентацијата до 20 години и ...
Тренерите на Шкендија и Хибернијан, Артим Положани и Дејвид Греј, ги објавија составите кои ќе истрчаат на теренот во Шкотска, каде нашиот претставник ќе се обиде да стигне до добар резултат во квалификацискиот натпревар за Конференциската лига. Вицепрвакот во ПМФЛ ќе има тешка мисија, но е полн со оптимизам во пресрет на мечот кој претставува увертира за реваншот во Скопје за седум дена. Шкендија: Рамани, Мељичи, Зејнулаи, Манев, Трумчи, ...
Српскиот репрезентативец Филип Костиќ е нов фудбалер на ПСВ Ајндховен, потврди актуелниот шампион на Холандија. 33-годишниот крилен напаѓач потпиша договор до летото 2028 година, откако по истекот на договорот со Јувентус пристигна како слободен играч. За Костиќ ова претставува враќање во холандскиот фудбал по 12 години. Од 2012 до 2014 година настапуваше за Гронинген, а потоа кариерата ја продолжи во германската Бундеслига. Во текот на ...
Стручниот штаб на ФК Вардар има ново име во своите редови. Нов асистент во тимот на тренерот Кристијан Фабијани е нашиот екс-фудбалер и досегашен предводник на кадетскиот состав на „црвено-црните“, Христијан Кировски. Кировски доаѓа во првиот тим по заминувањето на асистентот Густаво Лопез, кој беше дел од Вардар во изминатите два месеци. Популарниот „Џери“ оствари голем успех со кадетскиот тим, со кој го освои трофејот во Купот во изминатата ...
Челзи продолжува со расчистување на преголемиот ростер пред почетокот на новата сезона. Данскиот голман Филип Јоргенсен ќе ја напушти екипата и во текот на денот ќе отпатува во Франција, каде ќе потпише едногодишна позајмица во Стразбур. Новиот менаџер на „сините“, Чаби Алонсо, не смета сериозно на 23-годишниот чувар на мрежата, кој минатата сезона запиша само 12 настапи. Поради големата конкуренција на „Стемфорд Бриџ“, во Челзи проценија ...
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ, кој по Светското првенство го напушти местото на клупата на „коцкестите“, започнува ново поглавје во кариерата. По претходното искуство како тренер на Ал Аин, сега ќе биде предводник на националниот тим на ОАЕ. Според неофицијални информации, хрватскиот стратег ќе заработува околу пет милиони долари ...
Искусниот лев бек Предраг Родиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Струга, откако потпиша едногодишен договор со македонскиот клуб. Родиќ настапува на позицијата лев бек, а покрај офанзивните задачи, успешно придонесува и во одбраната. Со неговото доаѓање, Струга добива дополнителна цврстина, висина и богато искуство во одбранбената линија. Во текот на својата кариера настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Синтелон, Црвена Звезда, ...
Пред почетокот на женскиот шампионат на Македонија, најквалитетните екипи се засилуваат како би биле покомпетитивни. ЖФК Каменица Саса се раздели со Бразилката Тчеури Гоја, но договорени две странски засилување. Во нашиот шампионат доаѓаат бугарската репрезентативка Антонина Шопска од ЖФК Лудогорец и црногорската интернационалка Анџела Савовиќ, која пристигна од хрватскиот ЖНК Сплит. Тимот на Зоран Златковски ќе ја тестира формата на ...
Италијанскиот гигант Милан ја одби првата понуда на Галатасарај за трансфер на Рафаел Леао и јасно стави до знаење дека португалскиот напаѓач нема да замине за сума помала од 50 милиони евра. Турскиот шампион понудил 30 милиони евра, плус уште пет милиони преку бонуси, но раководството на „росонерите“ не било подготвено да ја прифати таквата понуда. Во меѓувреме, ниту самиот Леао сè уште не се согласил на трансфер. Наводно, тој бара годишна ...
Реал Мадрид ги израдува навивачите со големиот трансфер на Јан Диоманде, но според последните информации, „кралевите“ изгледа ќе останат без уште една голема желба во летниот преоден рок - Шпанецот Родри. Неколку познати трансфер извори тврдат дека играчот за врска дал зелено светло за преселба во Барселона. Реал долго време важеше за фаворит за неговиот потпис, а интерес имаше и од ПСЖ, но Каталонците никогаш не се откажаа од идејата да го ...
Искусниот кошаркар Бојан Крстевски ќе го засили тимот на Куманово. Македонскиот суперлигаш ја договори соработката и потпиша договор со 37-годишниот центар. Крстевски беше дел од МЗТ Скопје во изминатите седум години, а претходно го носеше дресот на Работнички, Кожув, Кавала, Торус, Вардар и КК Центар. Во Куманово се очекува да биде големо засилување за играта под кошевите, а управата со неговиот ангажман потврдува дека повторно има високи ...
Традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга оваа година ќе се одржи помеѓу 12 и 15 август, а организаторите ги соопштија и групите во кои ќе бидат распределени сите екипи-учесници. Престижниот турнир крај езерото секогаш привлекува огромно внимание во домашната и регионалната јавност, па затоа истото се очекува и оваа година. Овој пат во Струга ќе допатува само една екипа од странство - Дубочица од Лесковац, која ќе настапи во ...
Иако до неодамна изгледаше дека Маркус Рашфорд нема повеќе иднина во Манчестер Јунајтед, англиските медиуми сè погласно најавуваат дека неговото останување во тимот е сè поизвесно. Англискиот напаѓач минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Барселона, каде забележа 11 голови и 14 асистенции, помагајќи му на каталонскиот клуб да ја освои титулата во Примера и шпанскиот Суперкуп. Иако Барселона имаше можност целосно да го откупи ...
Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, Гави, реши целосно да го промени својот имиџ, односно се „поднови“ со нова фризура која привлече внимание во јавноста. Оваа одлука не е случајна, туку исполнување на ветувањето дадено пред почетокот на Светското првенство. Гави тогаш вети дека ќе ја обои косата во розова боја ако неговата селекција успее да се искачи на планетарниот трон. View this post on Instagram A post shared by ...
Лука Модриќ и Хенрик Михтарјан беа дел од тимовите на Интер и Милан во пријателскиот натпревар одигран во австралискиот Перт, кој заврши со нерешен резултат 1-1. Оваа информација можеби некому му се чини неинтересна, но навистина импонира фактот што двајцата продолжуваат со своите импресивни кариери, без оглед на нивната „поодмината“ играчка возраст. Модриќ има полни 40 години, додека Михтарјан има 37, што значи дека двајцата имаат вкупно 77 ...
Реал Мадрид и РБ Лајпциг официјално постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Талентираниот 19-годишен офанзивец потпиша седумгодишен договор со „кралскиот клуб“ и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2033 година. Со овој трансфер, Реал Мадрид го обезбеди еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, кој во иднина треба да биде важен дел од проектот на шпанскиот гигант. Диоманде пристигнува од редовите на РБ Лајпциг, а ...
Екипата на Санта Луција од Малта дојде на гости во Македонија. Предводен од екс-газдите на Гостивар од Турција, како и македонските тренери Борче Постолов и Емил Грнев, тимот се стационира во Струмица. Второлигашот кој цели да обезбеди промоција во новата сезона и во чии редови настапува ѕвездата Метју Валбуена, дојде на гости во тренинг-центарот на Горан Пандев. Тука ќе биде две седмици, ќе се подготвува за сезоната. Санта Луција ќе одигра и ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го заврши натпреварот против Чехинката Алена Ковачкова во осминафиналето на ИТФ-турнирот во Лајпциг. Ѓорческа го загуби првиот сет убедливо со 6-1, а во вториот Ковачкова имаше предност од 2-1, кога македонската тенисерка беше принудена да го предаде мечот. Засега нема официјално соопштение за причините за повлекувањето, но според првичните информации најверојатно станува збор за повреда. Се ...