Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Третолигашот Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона со цел експресно враќање во Втората македонска фудбалска лига. „Рударите“ испаднаа во Трета лига регион 3 и ќе бидат главен фаворит за враќање во вториот ранг по мак-фудбалот. Каменица Саса ќе биде предводена од тренерот од минатата сезоnа, Сашо Велиновски, а доведени се и засилувања. Од Осогово во Каменица пристигнаа Стојанче Тренчев и Марко Соколов, а од Брегалница Делчево ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига - жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци. Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената ...
Управата на Бадел 1862 објави дека тренерот Дарко Димитријевиќ потпиша нова соработка која ќе трае до крајот на следната сезона. Димитријевиќ зад себе има одлична сезона на клупата на Бадел 1862. И покрај играчките проблеми со кои тимот се соочуваше во текот на минатата сезона, успеа да создаде тим кој се бореше до самиот крај и стигна до финалето на плеј-офот. На патот до финалето, Димитријевиќ и Бадел 1862 успеаја да елиминираат ...
Фудбалерите на Силекс не ја оправдаа фаворитската улога и ремизираа против Шкендија Арачиново со конечни 1-1 (1-0) во натпреварот од второто коло на Првата македонска лига. Првото полувреме започна со малку поголема иницијатива на кратовчани, кои имаа две полушанси за отворање на резултатот, но без конкретна завршница. Шкендија повеќе мислеше на одбраната, а првата посериозна прилика ја имаше по дваесеттата минута, кога се закани Аритон ...
Францускиот гигант Олимпик Марсеј се наоѓа во тешка финансиска состојба, поради што раководството е подготвено да разгледа понуди за речиси сите фудбалери во тимот. Клубот кој во 1993 година ја освои Лигата на шампионите има долг од околу 150 милиони евра, а според моменталната ситуација, следното лето би можел да се соочи и со опасност од административно исфрлање во понизок ранг. Најголем дел од критиките се насочени кон спортскиот директор ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе распредели вкупно 3,3 милијарди евра меѓу клубовите кои ќе настапуваат во нејзините натпреварувања, но убедливо најголемиот дел од средствата ќе заврши кај учесниците во Лигата на шампионите. За Лига Европа се предвидени 565 милиони евра, што претставува нешто повеќе од 17 проценти од вкупниот награден фонд, додека Лигата на шампионите ќе добие околу 2,48 милијарди евра, односно повеќе од 74 проценти од ...
Фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжуваат летната турнеја во Азија, а на денешниот натпревар во Хонг Конг забележаа триумф над англискиот премиерлигаш Астон Вила со конечни 2-1. Баварците до предност стигнаа во 37. минута. По асистенцијата на Бишоф, Ким Мин-Јае се најде на вистинското место и го совлада противничкиот голман за водство од 1-0. Германскиот тим ја зголеми предноста во второто полувреме. Во 73. минута Аријон Ибрахимовиќ испрати ...
По убедливата победа над Кипар на стартот од шампионатот, избраниците на селекторот Дејан Стојановски посакуваат нов позитивен резултат и продолжување на успешниот почеток. Во пресрет на натпреварот, закажан за 18:30 часот, во салата „26.април“ во Гевгелија, Стојановски потенцира дека фокусот е целосно насочен кон следниот предизвик и дека клучот за успехот ќе биде контролата на скокот. „Веќе го анализираме следниот противник. Сакаме да го ...
Дресовите на клубовите од Премиер лигата од сезоната 2026/27 ќе изгледаат поинаку не само поради новите дизајни, туку и поради промената на највредниот рекламен простор. По долгогодишната доминација на компаниите за спортско обложување, во центарот на вниманието сега влегуваат технолошки фирми, финтек компании и партнери поврзани со државни инвестициски фондови. Оваа промена произлегува од договорот што сите премиерлигаши го постигнаа уште во ...
Шампионот на АБА лигата, Дубаи, официјално го ангажираше грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија, кој ја напушти Барселона откако, според информациите, самиот ја активирал неговата откупна клаузула вредна околу еден милион евра. Искусниот крилен центар во каталонскиот клуб помина само една сезона, но остави солиден впечаток. Во Евролигата одигра 34 натпревари со просек од 12,4 поени и 4,6 скока, а во шпанското првенство запиша уште 40 ...
Еден од најдобрите ракометари во последната деценија, Домагој Дувњак, полека се приближува кон крајот на својата блескава кариера, но сè уште не размислува целосно да се раздели со ракометот. Капитенот на Кил најави дека по истекот на договорот со германскиот гигант во 2027 година ќе се врати во Хрватска заедно со своето семејство, каде што би можел да одигра уште неколку сезони. Дувњак ја напушти татковината во 2009 година, кога од Загреб се ...
Главната фаза на подготовките на Алкалоид во Маврово е особено важна за играчите кои минатата сезона имаа пехови со повреди. Еден од нив е Никола Костески кој имаше пауза, но сега тоа е минато, а тој без никакви ограничувања работи на тренинзите. „Најбитно е што се вратив по долга пауза, тоа беше сериозна повреда. Но, мило ми е што сега сум од почеток на подготовките здрав и спремен за тренинзи. Тоа е најбитното, сите да сме здрави и да сме ...
Светската ракометна федерација (IHF) им укажа нова доверба на македонските судии Даниело Божиновски и Виктор Начевски, делегирајќи ги за полуфиналниот натпревар меѓу репрезентациите на Шпанија и Египет на Светското првенство за кадетки во Романија. Полуфиналната средба ќе се одигра денеска во Питешти, додека во второто полуфинале ќе се сретнат селекциите на Данска и Црна Гора. Божиновски и Начевски досега на првенството судеа на три ...
Град Струга е подготвен за претстојното 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“, кој ќе се одржи од 12 до 15 август на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Настанот во градот крај езерото се најави на прес-конференција, на која спортскиот директор и член на организацискиот одбор на Струга, Милчо Чакарески, се заблагодари на сите кои помогнале да продолжи традицијата. „Чест ми е што во име на ...
Кадетската репрезентација на Македонија забележа нова победа во разигрувањето за пласман на Европското првенство (ЕП), ја совлада Португалија (26-25) и се пласира меѓу десетте најдобри селекции на Стариот континент. Нашиот национален тим предводен од селекторот Горан Кузманоски уште еднаш покажа дека поседува квалитет и потенцијал за иднината. Во еден борбен дуел, ракометните кадети дојдоа до триумфот, а клучниот гол го постигна Костов пред ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на Европското првенство од Дивизијата Б во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 73-75. Нашата селекција игра за разигрување за пласман од 17. до 20. позиција на шампионатот, а првиот натпревар од таа група го отвори со пораз од Азербејџанките. Мисијата да се избегне „фенерот“ продолжува во следниот натпревар против ...
Македонскиот суперлигаш Алкалоид веќе десетина дена е во тренажен процес, од почетокот на неделава е на висински подготовки во Маврово каде што во одлични пред сѐ временски услови акумулира енергија и ја подобрува физичката подготвеност за претстојните искушенија што ќе ги донесе сезоната. Мартин Велковски е еден од поискусните играчи во Алкалоид и веќе добро му е познат критериумот на тренерот и што од играчите ќе се бара во оваа фаза од ...
Македонскиот интернационалец Ристо Митревски додаде нов трофеј во своите витрини на клупски план и освои одличје во Индонезија. Како увертира на новата сезона се одигра Претседателскиот куп помеѓу екипите на Персебаја и Персиб Бандунг, а триумфира екипата на Персебаја во чии редови настапува македонскиот дефанзивец. Натпреварот се реши по пенали. Регуларниот дел заврши 1-1, а во пенал-серијата победи Персебаја со 6-5. Митревски шутираше пенал ...
Македонскиот суперлигаш МКК Куманово го задржа еден од своите најважни кошаркари, откако Андреја Стевановиќ го продолжи договорот и ќе го носи дресот на клубот и во претстојната сезона. Бекот останува дел од кумановскиот состав со амбиција да продолжи со добрите партии и да придонесе во остварувањето на клупските цели. Стевановиќ беше еден од лидерите на тимот на Марин Докузовски во изминатата сезона, во која бележеше просек од повеќе од 17 ...
Силекс на стартот од новата сезона во ПМФЛ на домашен терен забележа убедлива победа од 6-0 во дуелот против Башкими, а денеска оди по првите гостински три бода. На стадионот „Чаир“ за ривал ќе го има тимот на Шкендија Арачиново. Кратовскиот состав посакува да продолжи да чекори победнички во новата сезона. И покрај тоа што за ривал го имаат новиот прволигаш сепак тие се внимателни и очекуваат тежок меч. Дарко Ангелески, играчот од средниот ...
Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Василије Костов, останува на радарот на Интер, но неговиот ангажман во моментов не е меѓу главните приоритети на миланскиот клуб во летниот преоден рок. Според новинарот на „Спортиталија“, Џанлуиџи Лонгари, Интер е заинтересиран за 18-годишниот играч за врска, но доколку го реализира трансферот, веднаш би го испратил на позајмица во друг клуб од Серија А. Како најсериозен кандидат за негов развој се ...
Повредата на десното колено на Јаник Синер не е од сериозна природа, соопштуваат медицинските извештаи по деталните прегледи во Милано. Најдобриот светски тенисер помина четиричасовни превентивни и дијагностички тестови во клиниката „Физиоклиник“. Резултатите покажаа дека нема структурно оштетување на коленото, туку се работи за воспаление предизвикано од големиот број одиграни мечеви и зголемениот физички напор во текот на сезоната. ...
Аргентинскиот талент Франко Мастантуоно пристигна во Фиренца каде што доби спектакуларен пречек од стотици навивачи на Фиорентина пред медицинските прегледи и официјалното потпишување на договорот. Тој доаѓа како едногодишна позајмица од Реал Мадрид до јуни 2027 година. Аргентинецот доаѓа на чиста позајмица без опција или обврска за откуп по завршувањето на сезоната. Неговата нето плата од 3,5 милиони евра ќе биде поделена 50/50 помеѓу Реал ...
Третолигашот Илинден продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона. Ново име во црвено-црниот дрес е 18-годишниот играч за врска Петар Блажевски, кој пристигнува од екипата на Аеродром. Блажевски важи за еден од перспективните млади фудбалери, а својата фудбалска афирмација ја стекнал во младинската школа на Вардар, каде ги поминал сите категории и ја носел капитенската лента на кадетската екипа. Од клубот му посакаа топло добредојде ...
Шампионот ќе ја има таа чест да ја отвори сезоната во најсилната лига на светот. Сезоната 2026/27 во англиската Премиер лига започнува на 21 август во 21:00 часот со натпреварот Арсенал - Ковентри Сити. Прво коло: Петок (21 август) Арсенал - Ковентри Сити Прво коло: 22 август (сабота) Хал Сити – Манчестер Јунајтед Ипсвич Таун – Сандерленд Нотингем Форест – Лидс Јунајтед Евертон – Кристал Палас Брентфорд – Тотенхем 23 август (недела): ...
Шкендија Арачиново е подготвена да испише уште една историска страница во елитата на домашниот фудбал. Овој петок, екипата ќе го одигра својот прв натпревар како домаќин во ПМФЛ, каде на стадионот во Чаир ќе ги одмери силите со тимот на Силекс. По тешкиот старт и лекцијата научена против шампионот Струга Трим Лум, раководството на клубот не седеше со скрстени раце: одбраната е засилена со нови имиња во преодниот рок за да му се даде ...
Уште еден младински репрезентатвец на Македонија следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Битолскиот клуб постигна согласност со репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев. Се работи за 20-годишен кошаркар, висок 2024 сантиметри, а минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс. Клубот официјално ќе го претстави Димитриев на почетокот на подготовките. Пред овој потпис, екипата која ќе ја води Тане Спасев ги осигура потписите на ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) останува на ставот за бојкот на натпреварувањата под капата на ФИФА, бидејќи смета дека сè уште не се исполнети условите за подобрување на односите со Светската фудбалска организација и нејзиниот претседател Џани Инфантино. Европската фудбалска унија порача дека само повлекувањето на предлогот за продажба на комерцијалните права на најголемите ФИФА натпреварувања не е доволно за промена на нивниот став. ...
Шкендија претрпе несреќен и минимален пораз од 2-1 на гостувањето кај шкотскиот претставник Хибернијан, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Тетовските „црвено-црни“ одиграа храбар и тактички зрел натпревар на стадионот „Истер Роуд“ во Единбург, но попуштија во самиот финиш. „Мислам дека нерешен резултат ќе беше најправеден. Нè разочара начинот на кој примивме гол за 2-1, бидејќи тој гол можеше да ...
Една од ѕвездите на НБА лигата, Демар Дерозан, откри интересни детали за начинот на кој легендарниот тренер Грег Попович ги мотивирал кошаркарите на Сан Антонио Спарс, истакнувајќи дека за него животните вредности секогаш биле поважни од резултатите на теренот. Дерозан раскажа дека наместо класични мотивациски говори, Попович понекогаш им прикажувал документарни снимки од земји погодени од војни и сиромаштија. „Ќе дојдевме на тренинг, а тој ...