
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Уверение за државјанство од наредната година граѓаните ќе можат да добијат како електронски документ, а барања за пасош и лична карта ќе може да се поднесуваат по електронски пат. Од 1 јануари 2023 година граѓаните ќе можат Уверение за државјанство да го добијат и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже ...
Големи делови од Обединетите Арапски Емирати викендов беа погодени од песочна бура и властите повикаа на претпазливост на патиштата. Фото: IQAir Куќите и бројните знаменитости во поголемите градови беа покриени со слој песок, а видливоста беше намалена. Официјалната канцеларија за медиуми на Абу Даби ги повика возачите „да избегнуваат возење освен ако е апсолутно неопходно“. Видливоста во Абу Даби и Дубаи за време на песочнаа бура била под еден ...
Штедење на електричната енергија ќе биде приоритет од 1 септември, за полесно да се преборди зимата, која се најавува како критична во поглед на снабдувањето со електрична енергија. Владата на РСМ донесе повеќе препораки и мерки, поделени за домакинствата, институциите и бизнис заедницата. „Прогнозите се дека ќе ја преживееме една од најтешките зими на енергетски план, не само нашата земја, туку сите земји во регионот и во Европа. Со цел ...
Недостигот на дожд на континентот доведе до ниско ниво на водата во реките и откри карпи, „камењата на гладот“ со пораки од пред 600 години. Фото: The vintage News Слабите врнежи и долготрајните горештини предизвикаа суша во неколку европски земји. Ниските нивоа на реките открија застрашувачки предупредувања на предците за времиња на мизерија. Таканаречените „камења од глад“ се карпи од речното корито, кои се видливи само кога нивото на водата е ...
3Д печатач беше клучен во спасувањето на животот на бебе кое се родило со само една петтина од черепт во Полска. Хирурзите често вршат сложени операции, а кога станува збор за дете или бебе, тоа е уште покомплициран процес. Меѓутоа, хирурзите во Полска успеале да спасат бебе кое се родило само со една петтина од черепот. Операцијата е извршена во Жешов, Полска на новороденче, кое благодарение на стручноста на хирург и 3Д печатач го добило делот ...
Основачот на SpaceX, Илон Маск, покани истражувачи и специјалисти за интернет безбедност да ја хакираат неговата сателитска интернет мрежа Starlink и понуди награда од 25.000 долари. Photo by Mariia Shalabaieva on Unsplash Маск вети парична награда за оној што ќе ја хакира Starlink и да ја пријави грешката во SpaceX. Оваа компанија се занимава со лансирање ракети и испраќање товар, сателити и астронаути во вселената. Исто така обезбедува ...
Шкотска стана првата земја во светот која го озакони правото на бесплатни менструални производи. Законот за менструални производи значи дека ќе има законска обврска за бесплатни производи на оние на кои им се потребни. Flat lay photo created by freepik – www.freepik.com Од 2017 година, околу 27 милиони фунти се потрошени за обезбедување пристап до такви производи на јавни места. Предлог-законот беше предложен од лабуристичката Моника Ленон и ...
Иако кај нас постојат некои одредби во законот за основно и средно образование кои ги засега талентираните и надарените ученици, сепак на системот му треба подобрување во оваа област. Проф. Д-р Кирил Барбареев Според Законот, на талентираните и надарени ученици им се овозможува додатна настава, а исто така секоја година, МОН распишува конкурси за доделување на стипендии за талентирани ученици во средните училишта и за таленирани ученици- ...
Фејсбук се повеќе станува социјална мрежа за родители, баби, дедовци, стрини, тетки. Младите „строго“ го избегнуваат и одат на You tube, Tik Tok, Instagram, Snapchat… Шема што се забележува, велат истражувачите на Pew, е дека тинејџерите денес избегнуваат апликации со премногу текст. Долго време се шпекулираше дека најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук, стана платформа на родители, чичковци, тетки, баби и дедовци. Истовремено, таа е ...
Согласно новата Концепција за основно образование, од септември учениците во прво, второ, четврто и петто одделение треба да учат по нови учебници. Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. Како што за Мета.мк информираат во Министерството за образование и наука (МОН), сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение во основното образование за кои се изготвени ...
Колумна Дали ви се случило некогаш и некаде да се симнете од авион и вашите бели дробови да не знаат како да се однесуваат со воздухот што го вдишуваат? Да ви се сврти во глава од премногу чист воздух? Да вдишувате и издишувате длабоко? Се радувате на чистиот проток и активноста на мозокот… Река Хафел, Потсдам – Се случува, да, само тоа не е во нашата сончева татковина, која со години назад има градови убедливо најзагадени во Европа па и во ...
Авторката на легендарниот серијал „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг доби јавни закани од екстремист кој го поддржува Иран, кратко откако таа го осуди нападот врз колегата писател Салман Ружди. Роулинг, која претходно беше мета на транс-активисти поради нејзините родови убедувања, на Твитер објави дека е ужасната од нападот врз Салман Ружди, по што еден од корисниците на мрежата и упати закани. Салман Ружди Инаку писателот Салман Ружди е симнат од ...
Салман Ружди, писателот кој поради романот „Сатански стихови“ беше осуден од муслиманскиот свет, во петокот беше прободен на сцена во Њујорк. „Сатански стихови“ е четвртиот роман на Салман Ружди, првпат објавен во 1988 година. Романот е делумно инспириран од животот на пророкот Мухамед. Фото: India TV News Наиде на поделени мислења кај критичарите и читателите, особено во Велика Британија, како и големи контроверзии во муслиманските заедници ...
Колумна Во 1964 година во Њујорк жена со име Кити Џеновезе била брутално убиена пред нејзината зграда. Две недели после убиството познатиот Њујорк Тајмс пишува дека 38 луѓе или го виделе или го слушнале нападот, но ниту еден од сведоците не пријавил во полиција ниту се обидел да помогне. Од тогаш ваквата појава во психологијата се нарекува „Ефект на набљудувач“ – тоа е момент кога сите мислат дека некој друг треба да помогне. Овој ефект се ...
Русија и Украина се обвинуваат за нападот на нуклеарната централа во Запорожје, а на интернет се споделуваат видеа во кои загрижени граѓани предупредуваат за можна катастрофа. На видеата се гледа облак од чад, кој според очевидците, доаѓа од централата. „Ројтерс“ пренесува дека генералниот секретар на ОН, Антониот Гутераш, поради тоа предложил електраната во Запорожје да прогласи дел од подрачјето околу себе како демилитаризирана зона. ...
Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. Често на овој начин знаеме да ја дефинираме заедницата. Но, колку сите овие локални чинители учествуваат во оваа „здруженост“ и напредок на локалната заедница? Италијанскиот писател и говорник Ернесто Сироли напишал: „Иднината на секоја заедница лежи во освојување на страста, мечтата и ресурсите на нејзините луѓе“. ...
12 август е познат како Меѓународен ден на младите кој се одбележува секоја година преку организирани активности за млади. Најчесто, организираната програмата ги охрабрува младите ширум светот да организираат активности за подигање на свеста за состојбата на младите во нивната земја. Во 1999 година, Генералното собрание ја одобри препораката дадена од Светската конференција на министри одговорни за млади (Лисабон, 8-12 август 1998 година) 12 ...
Шахот како изборен предмет ќе се предава во прво и второ одделение од учебната 2022/23 година. Искуствата покажуваат многу придобивки кај децата кои го изучуваат. Children play photo created by freepik – www.freepik.com Од новата учебна година, шахот ќе биде изборен предмет за децата од прво и второ одделение, потврди Шаховската федерација на Македонија (ШФМ). Програмата подготвена од федерацијата била прифатена од Бирото за развој на ...
Мајмуните во Бразил масовно се трујат од страна на населението, во страв дека тие ги пренесуваат мајмунските сипаници. Wild photo created by wirestock – www.freepik.com Бразилците почнаа да ги трујат мајмуните од страв дека тие се одговорни за растечката епидемија на мајмунски сипаници. Локалните извештаи од неделата велат дека 10 мајмуни биле отруени за помалку од една недела во градот Сао Хозе до Рио Прето. Слични инциденти биле пријавени и во ...
Изборот на лозинка за профилите на социјалните мрежи не е нималку наивна работа, иако сите нхие понекогаш се ноднесуваме токму така – наивно. А тоа е најдобро – за хакерите. Register online photo created by rawpixel.com – www.freepik.com Кога се креира лозинка за нова сметка, луѓето треба да бидат што е можно покреативни за да спречат некој да ги хакира нивните онлајн профили. Но, се чини дека луѓето претпочитаат да се држат до некои појасни и ...
Книги кои се на листата на најпознати, изгледа се и на листата на оние за кои луѓето лажат дека ги прочитале. Веројатно, за да изгледаат попаметни, попривлечни… Imagination photo created by freepik – www.freepik.com Знаете за што се работи, ги знаете ликовите, сте го гледале филмот… исто како да сте ја читале книгата, нели? Па, се чини дека многумина мислат така, бидејќи анкетата на Би-Би-Си пред неколку години покажа дека голем дел од луѓето се ...
По објавите во некои медиуми дека според новите наставни програми за основно образование децата во второ одделение ќе учат за идентитети, Бирото за развој на образованието (БРО), кое деновиве ги објави наставните програми за второ и петто одделение, реагира дека во медиумите и во јавноста се пласираат погрешни информации. Од БРО велат дека фокусот се става на националните стандарди наместо на резултатите од учење конкретизирани преку стандардите ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) упаднале во неговиот дом на Флорида и го пребарале неговиот сеф. Трамп во изјавата рече дека имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич „е преземен од голема група агенти на ФБИ“. Американските медиуми пишуваат дека претресот е поврзан со документи кои Трамп можеби ги однел во Мар-а-Лаго кога ја напуштил Белата куќа, иако законот налага претседателот да ...
Кои криптовалути имаат најголеми потенцијали да се пробијат и да станат барани во 2023, покрај веќе познатите биткоин и етериум? Со оглед на тоа што многу компании ширум светот прифаќаат криптовалути како средство за плаќање и инвестираат во нив, се појави побарувачка за овие дигитални валути. Crypto exchange photo created by master1305 – www.freepik.com И покрај падот што го доживеа целиот пазар, интересот на инвеститорите не стивнува толку, а ...
Денот на младите – 12 август годинава ќе се одбележи со повеќе активности, со акцент на препораките на ОН за целите за одржлив развој. По повод 12 Август – Меѓународен ден на младите, Агенцијата за млади и спорт во период од 8 до 12 август организира многубројни активности, а ќе се води по препораките на Обединети Нации, кои оваа година ставија акцент на искористување на целосниот потенцијал на сите генерации кон постигнување на целите за ...
„Кинески Хаваи“, како што е наречена популарната островска дестинација Санија во Кина, стана карантин за 80.000 туристи, „заробени“ поради Ковид 19. Околу 80.000 туристи се ставени под карантин во популарното одморалиште Санија на кинескиот тропски остров Хаинан. Властите воведоа мерки за заклучување за да се запре ширењето на вирусот Ковид 19. Јавниот превоз е прекинат, а движењето на луѓето во градот е ограничено од вчераутро, соопштија ...
Преку објективот на Geraint Radford од Ystalyferа, Swansea Valley, ќе го видиме скриениот свет на градинарските инсекти. Тој ги фотографира бубачките со својот апарат и ги користи социјалните мрежи за да се обиде да поттикне повеќе луѓе да се занимаваат со макро фотографија. „На инсектите им е тешко, ние ги сметаме за страшни. Преку фотографиите сакам да покажам дека не е така. Мислам дека имаат личности, мислам дека се смешни.“, изјавил Radford ...
Фотографијата на Дејвид Греј на која пеперутка слетува на прстот на јапонската тенисерка Наоми Осака го освои првото место на натпреварот за награди за најдобра спортска фотографија. Фото: Дејвид Греј Бесплатен курс за дигитални фотографии и видео обработка Создадена е на Австралија Опен во 2021 година и може да се види како четирикратната шампионка на Грен слем и помага на пеперутката што слета на неа. „Оваа слика го одзема здивот“, рече ...
Пријателите се речиси секогаш тука за нас, па денеска прославете го заедно Националниот ден на пријателството. Ја знаете ли историјата за тоа како настанал овој ден? Нашите социолошки потреби не’ мотивираат секогаш да го подобруваме нашето однесување, нè охрабруваат да воспоставиме меѓучовечки односи и да се поврземе со другите. Со таква огромна потреба за човечка поврзаност со други луѓе, не е ни чудно што постои ваков Национален ден кој ни ја ...
Ѕвонко Станојоски од Македонија одигра одлична партија против актуелниот светски шампион во шах, и потенцијално еден од најдобрите шахисти на сите времиња Магнус Карлсен, од Норвешка. Ѕвонко го принуди Магнус да игра една тешка партија на која после 55 потези имаше две кралици на таблата. Натпреварот го играа во рамките на шаховската олимпијада во Индија, а Македонија ја претставуваат четворица олимпијци. После натпреварот Ѕвонко истакнал дека ...