ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2022
Дојави за бомби и во Босна и Херцеговина
Автор: Goce Author

Полицијата на кантонот Сараево во Босна и Херцеговина утрово била известена дека добила дојава по електронска пошта за наводно поставена бомба во неколку банки на подрачјето на кантонот Сараево.

Photo by ADEV on Unsplash

„Во врска со ова преземени се мерки и дејствија за проверка на добиените информации, евакуација и увид на деловните простории“, соопштија од МВР на кантонот Сараево.

За случајот е информиран надлежен обвинител на Кантоналното обвинителство во Сараево. Повеќе информации ќе бидат достапни по завршувањето на тековните активности.

Дојавите за бомби во Македонија станаа секојдневие, а овој „тренд“ ги зафаќа и другите држави во Балканот.

Започнува „Викенд на гордоста – Скопје 2025“
80 години од кодификацијата на македонскиот јазик одбележани во Брисел