
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Јован Спасовски е студент на петта година на Факултетот за Медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип и неговото Еразмус + искуство го инспирирало да создаде инстаграм профил каде ќе ги информира и останатите студенти за Еразмус+. Идејата зад профилот erasmus_ugd_shtip е да создаде платформа и заедница за студенти кои учествувале и ќе учествуваат во Еразмус+ програмата во рамки на УГД, како и за тие кои сакаат да дознаат повеќе за ...
Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 110.319 туристи, од кои 23,5 отсто биле домашни, а 76,5 отсто странски туристи. Тие оствариле вкупно 225.092 ноќевањата при што 30,6 отсто од ноќевањата ги направиле домашните, а 69,4 отсто странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30,1 отсто при што ...
Децата и младите во земјата изминатата година повеќе посетувале лекари, психолози и логопеди во споредба со 2021 година, покажува извештајот на службата за здравствена заштита на училишни деца и младина за 2021 и 2022 година, кој го објави Институтот за јавно здравје во пресрет на 12 август, Светскиот ден на младите. Во врска со дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина, во ИЈЗ информираат дека таа се остварува во 33 места – ...
Микрочип под кожата би сакале да вградат 51% од учесници во Истражувањето од 2021 година, извршено на 4.000 европски граѓани-заради плаќање во продавници, отворени врати и од многу други практични причини. Во светот има се поголем број луѓе, претставници на насоката наречена трансхуманистичка. Според оваа насока, човекот е предодреден да се спои со технологијата, да се надмине себеси и да стане живо суштество од нов тип. Ако некогаш ...
Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје и Младинскиот образовен форум (МОФ) во партнерство со Агенцијата за млади и спорт, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, денеска организираат одбележување на Меѓународниот ден на младите. Настанот кој ќе се одржи вечер од 19 часот на Школка во Градскиот парк е посветен на ...
Бројот на млади меѓу двата пописи, оној од 2002 и последниот од 2021 година, се намалил за шест отсто, покажаа анализите од „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои денеска беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД). Фото: МИА Според Законот за млади, 0,3 отсто од ...
„Барби“ веќе подолго време ги освојува кината во многу земји во светот, но Либан одлучи да престане да го прикажува филмот. Либанскиот министер за култура Мохамад Мортада изјави дека земјата го забранила прикажувањето на филмот во кино, наведувајќи дека Барби ја промовира хомосексуалноста и е против верските вредности. Во Либан, Мортада ја ужива поддршката на милитантната група Хезболах, чиј лидер Хасан Насрала ја засили својата реторика против ...
Според туристичката агенција We Travel , Тунис после 12 години е нова дестинација на пазарот која е доста популарна кај младите поради убавите песочни плажи кои ги нуди и достапните цени. Покрај можноста за плажи, Тунис нуди и повеќе атракции од типот на јавење камили, бродски тури , посета на познати знаменитости како што се остатоците од античката Картагина, римскиот амфитеатар во El Jem, Националниот музеј Бардо со најголемата колекција на ...
Долго време се веруваше дека 10.000 чекори дневно се „магичната бројка“ потребна за да останете здрави и фит, но новото истражување покажува дека е доволно многу помалку. Анализата на повеќе од 226.000 луѓе ширум светот покажа дека 4.000 чекори дневно се доволни за да се намали ризикот од рана смрт од која било причина. Нешто повеќе од 2.300 чекори ќе бидат корисни за срцето и крвните садови. Колку повеќе чекори преземете, толку се поголеми ...
Секоја година, ноќното небо помеѓу 7 јули и 24 август е посебно убаво, особено ако го набљудувате од област со минимално светлосно загадување. Метеорскиот дожд познат како „Солзите на Свети Лоренс“ го доживува својот врв овој викенд, ноќта меѓу 12 и 13 август. Photo by Tengyart on Unsplash Условите за набљудување метеори, популарно наречени солзи на Св. Лоренс, оваа година се извонредни, бидејќи Месечината тешко дека ќе ја попречи видливоста на ...
Во Шпанија не е можно на децата да им се даваат имиња кои имаат негативна историска конотација, па затоа имињата Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер се изрично забранети во таа земја. Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash Членот 54 од Законот за регистри од 8 јуни 1957 година предвидува забрана за имиња „кои објективно му нанесуваат штета на некое лице, збунувачки при идентификацијата и кои доведуваат до заблуда“. Според законот, ...
Zoom, компанијата што ја започна револуцијата за работа на далечина за време на пандемијата, им кажува на своите вработени да се вратат во канцеларијата. Во соопштението, менаџментот на Зум рече дека сега спроведува „структуриран хибриден пристап“. Тоа значи дека вработените кои живеат во близина на канцеларијата „треба да бидат на лице место два дена во неделата“, бидејќи тоа е „најефикасно“ за услугата за видео-конференции. „Како компанија, ...
Венеција, која беше прогласена за светско културно наследство во 1987 година, ризикува наскоро да биде ставена на листата на загрозени места. Пред состанокот на 21-та земја-членка на Комитетот за светско наследство, експертите на УНЕСКО при Обединетите нации привлекуваат внимание на големиот ризик за Венеција. Photo by Matej Pribanic on Unsplash Светските експерти се загрижени за иднината на Серенисима поради три главни причини. Тоа се масовен ...
Три нови веб страници се креираат секоја секунда во светот, а Гугл, Фејсбук, Инстаграм и Твитер користат 64.9 % од светската популација. Со повеќе од милијарда активни веб-страници ширум светот, секоја секунда се отвораат три нови, а Google, YouTube, Facebook, Instagram и Twitter се најпосетуваните страници на Интернет, истакнува Anadolu. Photo by Marvin Meyer on Unsplash Според платформата за дизајн и развој на веб-страници Siteefy, околу ...
„Бејби бум“ генерацијата, луѓе родени од 1946 до 1964 година, се повеќе остануваат сами во постарите години, одлучувајќи се на развод и после 50-тата. Photo by Eric Ward on Unsplash Повеќе од 16 милиони луѓе на возраст над 65 години во САД живеат сами. Се очекува бројот да се зголеми уште повеќе како што старее бејби бум генерацијата. Генерацијата „бејби бумер“ го опфаќа периодот на населението што е родено во периодот од 1946 до 1964 година. ...
Неодамна УНЕСКО препорача забрана на мобилните телефони во училиштата, тврдејќи дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното здравје. Но некои истражувања покажуваат резултати кои не одат до крај во прилог на оваа теза. Се верува дека овие електронски уреди го одвлекуваат вниманието на учениците за време на часовите. Придонесуваат за зголемување на онлајн насилството меѓу колегите. ...
Агенцијата Франс прес (AFP) објави дека поднела тужба во Париз против платформата Х на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијална исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за сродни права која ги принудува големите интернет платформи да влезат во преговори со издавачите кои бараат компензација за вести. – Агенцијата Франс прес ја ...
На вториот ден од август, нашата планета влезе во долгови за животната средина. Тоа значи дека ги потрошивме природните ресурси кои екосистемите на планетата Земја можат да ги обновуваат во текот на годината и дека живееме на сметка на идните генерации. Image by wayhomestudio on Freepik Пред само половина век, планетата не беше во долгови за животната средина. Оттогаш од година во година трошиме се повеќе природни ресурси. Во атмосферата се ...
Прекувремената работа во нашето законодавство е уредена со Законот за работните односи. Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа), но само: во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата, ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес, ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата, ако ...
Статистиката вели дека просечниот човек поминува околу седум часа дневно залепен на екраните поврзани на Интернет. Таа бројка е уште поголема за оние кои работат на компјутер. Професорот Пол Леви нуди совети како да ја вратите контролата врз вашите електронски уреди и да излезете од „дигиталниот пекол“. Photo by Andrew Neel on Unsplash Повеќето од нас прекумерно користат дигитални уреди, поминувајќи премногу долго или работејќи или уживајќи во ...
МОН објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, кој ќе биде со дневен износ од 140 денари. За тековните студенти рокот за пријавување е од денеска до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023. Студентите што ќе стекнат право на субвенциониран оброк ќе треба да ...
Work and travel програмата веќе со години е од голема практика кај студентите. Нудејќи им можност за работа и прошетка на студентите, многумина од нив ја гледаат како одлична прилика за заработка, но и посета на друга држава. И оваа година, најголем интерес студентите покажуваат за работа во Германија и Америка, но расте и заинтересираноста за Хрватска. Ванеса Крстева е студент на Факултетот за Медицински науки при УГД и своето лето го поминува ...
Во Крушево со манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на Гумење и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден. Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република. На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а ...
Доколку одите на одмор во Грција на 2 или 15 август, наоружајте се со трпение бидејќи овие два дена се очекуваат големи гужви низ Македонија и Грција. Со оглед на тоа што во изминатите денови имаше нешто подолги задржувања на граничните премини, дел од корисниците на социјалните мрежи прашуваат каква е очекуваната состојба деновиве поради празниците. 2-ри август е првиот неработен ден за Илинден, а на 15-ти и 16-ти август, празникот на Успение ...
Справување со стапката на анксиозност кај децата, намалување на трендовите на употреба на насилни методи на дисциплинирање при воспитување, загадувањето на градовите, дезинформациите и антиваксерството се само неколку елементи кои треба да се подобрат за поквалитетен живот на децата во земјава. Од ова се состои обраќањето на претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани по повод 30 години откако Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на ...
Грција и понатаму е „ветена“ туристичка земја – викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран влез и излез оствариле над 50.000 патници. Од петокот од 10 часот до вчера истото време на граничните премини Богородица и Стар Дојран на излез и влез во државата поминале над 51 илјада патници. Како што соопштија од МВР, на ГП Богородица влез и излез оствариле 38.950 патници, од кои 14.456 се македонски државјани, а 24.494 странци. На ГП ...
Вечерва на небото ќе биде видлив редок небесен спектакл. Имено, ноќта од 31 јули кон 1 август, на небото ќе биде видлива супермесечина, а следниот пат ќе се појави 30 дена подоцна. Вечерва Месечината ќе биде на оддалеченост од 357.530 километри од Земјата, а следниот пат ќе биде малку поблиску, на 357.344 километри. Photo by Mike Petrucci on Unsplash Последен пат две супермесечини во ист календарски месец се појавија 2018 година, а астрономите ...
Барселона се „мачи“ со масовниот туризам, а еден реномиран дуќан одлучи да наплатува по 5 евра за „само да разгледаме“! „Разгледување на дуќанот – 5 евра по лице, благодарам“. Така пишува на таблата на влезот на „Queviures Murria“, историската продавница на деликатеси во Барселона кој работи речиси 130 години (отворена во 1898 година). Да, добро прочитавте: на сопствениците им е преку глава од туристи кои влегуваат и излегуваат без да купат ...
Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија вторпат ќе биде домаќин на Европската конференција за млади инженери EYESKOPJE2023. Темата на годинашната конференција е „Connecting Engineers’ Pathways“, а ќе се одржи од 5 до 8 октомври на Факултетот за електротехнички науки и информатички технологии (ФЕИТ). Фото: FB Млади инженери Како што информира Клубот на млади инженери, на 51. европски инженерски собир ќе бидат присутни ...
Руската пропаганда, влијанието и дезинформациите во Македонија се со голем обем, повеќеканални пораки, повторувачки и без објективност. Руските операции за влијанија имаат цел да поттикнат поделби во општеството, да ја поткопаат довербата во институциите и медиумите и да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните. Ова се наодите на студијата „Една година од руската агресија врз Украина – руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна ...