Од утре почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. – Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е ...

Судијата Арун Субраманијан го одби барањето на американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс да ја поништи пресудата против него, пред изрекувањето казна закажано за в петок, објави „Еј-би-си њуз“ (ABC News). Обвинителите, инаку, сметаат дека „децениите неконтролирано насилство“ на Комбс и психолошката, емоционалната и физичката штета што им ја нанел на своите жртви се доволна основа за строга казна, според документите. Меѓу доказите има снимки од ...

Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од своите 18.218 цивилни вработени на неплатен одмор и ги суспендираше повеќето од своите активности, откако американската федерална влада беше блокирана поради неуспехот да се донесе буџет во Конгресот. Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе ги затвори сите небитни системи, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални наредби за неплатен одмор на ...

На граѓанската трибината „ Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, исткана дека слоганот и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, всушност го покажуваат нивното вистинско лице и намери – целосна партизација на државата. „Јас се чудам и на нивниот слоган „Твој човек“. Но кога ќе размислам, ова е најискрената кампања што ја имале досега. Тоа е кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде „твојот човек“ кој ќе ти заврши работа. ...

Зајакнувањето на Украина, општата безбедносна ситуација во Европа и можностите за посилен и побезбеден европски континент во актуелната геополитичка реалност ќе бидат главни теми на денешниот состанок Европската политичка заедница во Копенхаген, на кој ќе учествува и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Овој седми собир на Европската политичка заедница ќе започне со пленарната сесија, по што ќе следат неколку дискусии на панели ...

Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на Ѓорче, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски во гостување во „Студио 10“ на ТВ24. – „Не може да се реши загадувањето со мега паркови изградени врз депонии без претходно да бидат соодветно исчистени, не може да се реши доколку училиштата се греат со фосилни горива, ниту со ненавремено одржување на зелени површини. ...

Бројот на жртви од уривањето на црква во изградба во регионот Амхара во Етиопија се искачи на најмалку 36, а повредени се повеќе од 200, во споредба со првичниот извештај од 25. Шефот на окружната полиција Ахмед Гебејеху изјави дека бројот на жртви се искачил на 36 и дека може да се зголеми, додека повеќе од 200 лица се повредени и примаат медицинска помош во локалните болници. Според локалниот функционер Атнафу Абате, неколку лица се уште се ...

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер, аргентинскиот победник на УС Опен во 2009 година и освојувач на Дејвис купот Хуан Мартин дел Потро, како и четирикратната грен – слем шампионка, Русинката Светлана Кузнецова, се номинирани за прием во светската тениска Куќа на славните во 2026 година. Роџер Федерер е само еден од осумте тенисери кои освоија титули во поединечна конкуренција на сите четири грен слем турнири во својата кариера. Првата ја ...

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да ја напуштат Газа. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека ова е нивна „последна шанса“ и дека секој што ќе остане ќе се смета за милитантен поддржувач и ќе се соочи со „целата сила“ на најновата израелска офанзива. Околу 400.000 Палестинци избегаа од Газа откако Израел започна голема офанзива минатиот месец за да ја окупира. Но, стотици илјади сè уште остануваат – ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност. „Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да ...

Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица. До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз (2:1) од ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите. – ПСЖ имаат брзина и класа. Откако го подобрија своето ниво, ја заслужија победата. Имавме многу натпревари во последните недели, па в петок ќе направиме состанок и ќе разговараме за нив. 100 проценти сум уверен дека играме на нивото на ПСЖ, но треба да го правиме тоа во текот на сите 90 минути. Целиот тим ...

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, разговараше со Доналд Трамп за мировниот план на претседателот на САД за завршување на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на емирот во Доха. Емирот ја потврди поддршката на Катар за мировните напори и изрази увереност дека земјите што стојат зад планот можат да придонесат за праведно решавање на конфликтот што гарантира безбедност ...

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изјави дека ситуацијата во светот е таква што „и само една грешка може да прерасне во светска војна“ и додаде дека пристапувањето на Украина во Европската унија не може да се оствари со „правни трикови“ кои ја заобиколуваат Унгарија. – Ситуацијата е таква што и една грешка може да прерасне во светска војна. Не постои рационално пресметлив процент на опасност, туку конфликтна ситуација во која дури и ...

Германските оператори на електричната мрежа објавија дека се подготвени следната година да ги преполоват надоместоците за пренос на електрична енергија со поддршка на државни субвенции. Планираното намалување на надоместокот за 57 проценти ќе им обезбеди олеснување на граѓаните и индустриските потрошувачи, бидејќи тие во моментов плаќаат за електрична енергија по цени кои се меѓу највисоките во Европа. Таксите се очекува да се намалат од 6,65 ...

Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација. Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за овој проект, како еден од најсуштинските за градот. – За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во изјава за медиумите најави дека Општина Аеродром ќе добие нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти. -Еден од првите проекти што ви ги претставувам како дел од мојата програма е редизајнот на ова вкрстување меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“ со улиците „Руди Чаевац“ и „Симеон Кавракиров“. Оваа точка ќе ја ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија, кој е во рамки на кампањата за локалните избори што се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. – И морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа носи надеж и перспектива за мир и се надеваме дека ќе го одржи во живот решението за две држави, што ќе му гарантира безбедност на Израел, а на Палестинците ќе им даде можност да дојдат до државност по легитимен пат, изјави денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. – Сега е на Хамас да го прифати предлогот. Оружјето мора да замолчи и заложниците да бидат ослободени. ...

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, на прес-конференција појасни за сите оние кои не знаеле, политичката кариера на Бујар Османи и отсуството на резултати за граѓаните на Чаир, се вели во соопштението од ВЛЕН. Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како вицепремиер и министер. „Министер за здравство (27 јули 2008 – 28 ...

Филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио (TIFF), што ќе се одржува од 27 октомври до 5 ноември годинава. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција, а селекцијата е дел од програмската работа на д-р Андријана Цветковиќ, филмски режисер, професор и поранешен амбасадор, која е сениор програмски директор на фестивалот веќе трета ...

Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорскиот диригент проф. Летка Димовска-Полизова и продуцентот промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се добитници на државната награда „11 Октомври“ за највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на науката, уметноста. Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ денеска ја соопшти одлуката за доделување на највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на ...

На денешната прес-конференцијата, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, ја претстави стратегијата за решавање на проблемот со паркинг просторот во општината која содржи краткорочни, среднорочни и долгорочните решенија, кои, како што нагласи, ќе донесат системска трансформација на општината, се вели во соопштението од ДУИ. „Со среднорочната стратегија планираме изградба на подземни и надземни катни гаражи на повеќе локации. Кај ...

Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска, наведе Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. „Овој тип на напади, кои не се аргументирани ниту се базираат на критика за политички ставови или јавни настапи, туку се сведуваат на ...

Денеска ќе имаме важна политичка дискусија за едни од главните грижи на европските граѓани – безбедноста и одбраната, при што на Комисијата ќе и дадеме политички насоки за претстојниот одбранбен план, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пред почетокот на денешниот неформален Самит на ЕУ во Копенхаген. – Дефиниравме девет главни приоритети, а сега доаѓаме до дискусија за конкретните проекти – најважните водечки проекти околу ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ѝ наложи на флотилата што плови кон Газа да запре, велејќи дека најновиот обид на активистите да достават помош ризикува да го попречи американскиот план за завршување на војната, пренесува Би-би-си. Повеќе од 40 бродови што пловат во Глобалната флотила Сумуд (GSF) беа придружувани од италијанска поморска фрегата, за која италијанските власти рекоа дека ќе застане откако флотилата ќе биде на 150 наутички ...

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни. „Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова. Таа најави план за изградба на државно ...

Автомобилските гуми „Пирели синтурато сл сизон СФ-3“ го освоија првото место на две независни тестирања, спроведени од германското списание „Ауто билд“ и страницата „Тајр ривјус“. Имајќи ја предвид големата побарувачка и технолошкиот напредок, модерните пневматици за сите сезони сѐ повеќе ги достигнуваат конвенционалните летни и зимски гуми. Предноста е очигледна: Нема сезонско менување гуми, нема трошоци за складирање итн. Но, дали овој акт ...

Со доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 24. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар. За најдобра претстава стручното жири ја прогласи „Цилиндар“ од Едуардо де Филипо, во режија на Афердита Нухији од Театарот од Гостивар. Режисерката Нухији за истата претстава ја доби наградата за најдобра режија. Наградата за најдобра актерка отиде во рацете на Линда Шабани која ...

Талибанската влада во Авганистан денеска ги отфрли обвинувањата дека интернетот и мобилната телефонија се прекинати во земјата, наведувајќи ја замената на застарените оптички кабли. Ова е прва изјава на талибанците за забраната за интернет мрежата што во земјата трае веќе три дена и која предизвика сериозна штета на банкарството, трговијата и воздушниот сообраќај. Неколку провинции во Авганистан потврдија во септември дека им бил укинат ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
4.12
81%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
75%
1031
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
84%
1031
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1029
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
1.23
95%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1031
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
80%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
77%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
84%
1031
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
93%
1024
Currency

61.555

Currency

52.283

Currency

70.5501

Currency

35.0597

Currency

38.2287

Currency

66.3052

Currency

7.43911

Currency

0.66185

Currency

0.33514

Currency

0.52514

Currency

1.22031

Currency

0.57997

Кобалт

58.42

Паладиум

54624.12

Цинк

3.06

Алуминиум

2.96

Родиум

265243.66

Рутениум

29514.39

Бакар

11.20

Платина

72468.23

Калај

43.36

Сребро

2312.17

Злато

144017.46

Иридиум

145787.60