Соединетите Американски Држави по шести пат ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС (Нафтена Индустрија Србија), во сопственост на руската „Газпром“, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ. Санкциите се одложени до 26 септември, изјави Ѓедовиќ-Хандановиќ, додавајќи дека целта е НИС да биде отстранета од листата на санкции на Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за ...

Четвртолигашот Гримсби Таун го направи најголемиот подвиг во клупската историјата, откако синоќа со по изведување пенали 12-11 (2-2, 2-0) го елиминираше Манчестер јунајтед во второто коло од англискиот Лига Куп. Нискобуџетниот клуб од источниот брег на Англија ја најави сензацијата веќе во првото полувреме во кое обезбеди предност од 2-0. Домашниот тим поведе во 22 минута со голот на Чарлс Вернам, а само осум минути подоцна Тајрел Ворен постигна ...

Италијанскиот фотограф Реј Џубило ја направи фотографијата на својот живот во неделата на УС Опен. Џубило беше присутен за да го следи мечот помеѓу неговата сонародничка Жасмин Паолини и Австралијката Дестани Ајава во првото коло од турнирот. Седморангираната Паолини победи во два сета, но тоа не е она по што ќе го паметиме овој меч. Во понеделникот, Џубило објави фотографија од Паолини на својот Инстаграм профил, и тоа е една од највпечатливите ...

Јавниот градски превоз во Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). ЈСП Скопје соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира ...

„Булеварот Борис Трајковски како витална сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, е слика на целокупното 4 годишно владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Тоа е одраз на целосна незаинтересираност, темелна негрижа и хаос“, рече денеска Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ која беше на оваа сообраќајница која ги поврзува Кисела Вода и Драчево. „Четири години ДПМНЕ и нивната избраничка Данела не мрднаа со прст ...

Извршниот одбор (ИО) на СДСМ попладнево на седница даде согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државава за претстојните локални избори. Членовите на ИО донесоа одлука Оливера Ливриниќ да биде кандидат за градоначалник на општина Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија, Благој Илиев за општина Конче. Кандидат за градоначалник на општина Кратово ...

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, учествува на Парламентарната конференција за заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, што се одржува денес и утре во Копенхаген, во организација на Данскиот парламент во рамките на данското претседавање со Европската унија. „Дискутираме на повеќе теми, но заедничко за сите нив е како да изградиме одржлива и цврста одбранбена политика на европско тло“, изјави Петровска. Таа нагласи дека ...

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп заслужува Нобелова награда за мир. Алиев во интервју за телевизијата Ал Арабија рече дека заедно со ерменскиот премиер Никол Пашињан го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир. – Тој навистина ја заслужува. Како што реков во Вашингтон, за неколку месеци тој направи чудо во Африка, во Азија, на Јужен Кавказ. И тоа е во неговиот карактер. Тоа е ...

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST) за првпат ја сними меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS и откри изненадувачки резултати за нејзиниот хемиски состав. Кометата, откриена на 1 јули годинава со системот ATLAS, е трет познат објект кој потекнува од надвор од нашиот Сончев систем. На 6 август, „Џејмс Веб“ ги насочи своите инструменти кон овој патник од далечина, користејќи го спектрографот NIRSpec за да собере податоци за неговата кома и јадро. ...

Алијансата за Албанците денеска реагираше на изјавите и обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како „клевети и очајнички обиди за пренасочување на вниманието од сопствените неуспеси“. „Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски фрлаат отров, станува јасна една непобитна вистина: тие се шампиони на клеветата и ништо од тоа што го зборуваат не држи,“ се вели во реакцијата на АА. Од партијата потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била нивен коалициски ...

Германската Влада денеска одобри формирање на Национален совет за безбедност, со цел да се координира безбедносната политика и да се овозможи побрзо донесување одлуки во време на криза. Како што пренесе ДПА, телото, исто така, ќе има задача да развива долгорочни стратегии за справување со сценарија на закани и да применува мрежен пристап кон безбедносните прашања. Советот, направен по примерот на слични тела во САД и Велика Британија, ќе биде ...

Ламборџини го претстави својот најекстремен автомобил досега, наречен Феномено. Овој автомобил има 1.065 коњски сили и може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,4 секунди. Само 29 од овие автомобили ќе бидат произведени. Феномено е базиран на Ревуелто, но има уште помоќни карактеристики. Има 6,5-литарски атмосферски V12 мотор во комбинација со три електрични мотори, создавајќи ја најсилната поставеност на моторот што Ламборџини некогаш ја ...

Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија и Борче Стаменов од Иницијативата „Донирај компјутер“. Наградата им се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу ...

Државната комисија за спречување на корупцијата го запре предметот којшто го оформи по сопствена иницијатива во врска со назначување на блиско лице на претседателот на Владата за државен советник во едно од министерствата и за унапредување на неговата сопруга како раководител на сектор во истото Министерство. Предметот е оформен во мај годинава, а постапката е запрена затоа што е констатирано дека постапката на унапредување на лицето е направена ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки за како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата. „Јас го слушам примерот како дава насоки како да ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одговори на постојаните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека се апсолутна невистини со цел лична дискредитација затоа што владата нема никаков резултат и нема што да покажат. -Сите тие обвинувања апсолутно не се вистина. Целта е да дискредитираат. Прво, дека сум имал куќа во Нерези – за тоа пишуваше вашиот медиум, но кога една ваша колешка беше таму и сними, излезе дека не е вистина. Потоа, дека ...

Од ЈСП известуваат дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го соопшти списокот со повикани фудбалери за натпреварите во септември. На 4 септември Македонците во Прага ќе играат контролен натпревар со Саудиска Арабија, додека на 7 септември ќе се соочат со Лихтенштајн во Скопје во квалификациите за Светско првенство 2026. Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета Милевски. Тоа се играчот од ...

Во поткровјето на Јавна соба (Public room), на 28 август со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Тело без душа“, прво авторско дело на Елена Цветковска. Промоција ќе биде збогатена со настап на џез музичари, проекција на 15 минутен филм во контекст на содржината на книгата, разговор со гости од странство, духовни ментори Цветковска, и презентација на самата авторка на ова несекојдневно интимно четиво. Нејзината прва книга „Тело ...

Два германски борбени авиони „Еурофајтер“ беа испратени да пресретнат руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море на 26 август, објави Дојче Веле (DW). Командата на НАТО даде наредба за пресретнување на Ил-20, кој леташе со исклучени транспондери и без да поднесе план за лет. Германските борбени авиони полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге. Сегашната операција беше веќе десеттиот лет на тревога на авиони на германските воздухопловни ...

Со откривање на муралот „Бушава азбука“ на 31 август, недела, во 10.30 часот, започнува прославата по повод 40 години од легендарната детска серија. Настанот носи забавно-образовни активности за најмладите и музички сет на диџеј Vishko за возрасните. На публиката, за првпат, ќе ѝ биде прикажана шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“. Во рамки на прославата ќе бидат претставени и првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека државата се наоѓа во „најголема економска несигурност што сме ја виделе досега“. „Инфлацијата е 4,8%, секојдневно растат трошоците и реалноста е дека се живее сè потешко. Минималната синдикална кошница секој месец урива нови рекорди. Во јуни 2024 изнесуваше 60.325 денари, а денеска ...

Младиот и храбар Марко Пејчиновски официјално го најави својот нов подвиг – модифициран IRONMAN триатлон на дистанца од 107 километри, кој ќе го реализира на 28 август. Како што објави самиот Пејчиновски, патеката ќе се состои од три дела: трчање од Свети Наум до Струга, возење велосипед назад до Свети Наум, и на крај пливање кон Охрид. „По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија – конечно дојде моментот за мојот ...

Астероидот Бену, од кој НАСА преку мисијата OSIRIS-REx во 2020 година донесе примероци на Земјата, содржи мешавина од прав создаден во нашиот Сончев систем, органска материја од меѓуѕвезден простор и ѕвезден прав постар од самиот Сончев систем. Неговата уникатна и разновидна содржина била драматично трансформирана со текот на времето – преку интеракции со вода и изложеност на суровата вселенска средина. Овие сознанија произлегуваат од три ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на неодамнешните напади на Кремљ врз легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски како лидер, отфрлајќи ги нивните приговори како „позирање“ во коментарите за новинарите на 26 август, пренесува Кијив Индипендент. „Не е важно што велат. Сите позираат. Сé е ср*ње, во ред. Сите позираат“, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа. Коментарот на Трамп дојде како одговор на рускиот министер ...

Младот триатлонец и пливач Јован Кутаноски утре ќе плива во водите на Охридското Езеро од Струга до Радожда, патека во должина од девет километри. Пордвигот е во организација на Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга, месна заедница Радожда, со поддршка од црковниот одбор од Струга, во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица. Кутаноски, кој, како што информира организаторот, по потекло е од Радожда, со таквиот чин сака да ...

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во вториот квартал од годинава во споредба со истиот квартал лани e зголемено за 33.8 проценти, а за 0.6 проценти во железничкиот, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 32.8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечие од годинава во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 984 000, во градско-приградскиот превоз 9023 000, ...

Компанијата „СпејсИкс“ на милијардерот Илон Маск успешно ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет, по два дена одложување, објави Си-Би-Ес њуз. Овој пробен лет е оценет како исклучително успешен, особено по трите последователни неуспеси претходно оваа година. Иако за време на враќањето на ракетата беше оштетено заштитното „здолниште“ околу моторите на горниот степен на „Старшип“, леталото остана под контрола и успешно слета во ...

Кандидатите за градоначалници на Скопје и Аеродром, д-р Александар Трајановски и Каја Шукова, вчера се сретнаа со граѓаните во Паркот на езерата, кај мостот „Михајло Апостолски“, каде што ја претставија својата визија за подобра поврзаност и уредување на овој дел од градот. „Токму овде, на оваа локација, лежи една од клучните точки на нашата визија – поврзувањето на жителите на Аеродром и Гази Баба,“ објави на социјалните мрежи Трајановски. Тој ...

„Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа“, рече денеска Венко Филипче претседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на партијата. Филипче тврдењата на премиерот ги оценува ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
62%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.45
85%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
69%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.0
89%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1015
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948