Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
По затворањето на американската влада предизвикано од пробивањето на рокот за постигнување договор за финансирање пред почетокот на новата фискална година, на 1 октомври, кој помина без договор, амбасадата на САД во Северна Македонија, на Фејсбук објави дека поради новонастанатата ситуација, профилот на амбасадата на социјалната мрежа нема да се ажурира редовно. Поради пропуштањето на средствата, оваа сметка нема да се ажурира редовно сè додека ...
Актерката создадена со вештачка интелигенција со име Тили Норвуд предизвика бурни реакции во Холивуд, откако дел од медиумите објавија дека талент-агенции и студија разгледуваат можност да ја ангажираат. Тили изгледа како млада жена, објавува на Инстаграм како секој друг Gen Z инфлуенсер и дури зборува за „screen tests“ и актерска кариера. Но таа не е вистинска личност, туку AI-креација на стартапот Particle6, основан од режисерката и ...
Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици, сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови изјави на прес-конференција Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ. „Во соработка со Град Скопје ќе ја завршиме изградбата на булевар АСНОМ и ќе обезбедиме нови коридори за поврзување со соседните општини, ...
„Аеродром не заслужува да изгледа како депонија. Време е за промена и затоа нашиот кандидат е Александар Трајановски,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на општината заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, д-р Александар Трајановски и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова. „Ѓубре насекаде, околу контејнерите, корпите искршени, ѓубре на зелените површини, за жал тие не искосени, ниту едно ...
Според анкетите и партиските извори, кандидатите на Националната Алијанса за Интеграција убедливо водат во Тетово, Гостивар и Чаир. Лимани и Османи се очекува да победат уште во првиот круг, додека Реџепи ќе ја консолидира победата во вториот. Локалните избори на 19 октомври се сметаат за клучни за Националната Алијанса за Интеграција (НАИ), која според мерењата на јавното мислење и партиските извори влегува во трката со значителна предност во ...
Скопје – град партнер и поддршка на лицата со инвалидитет! Денес заедно со идниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, пратеничката Катерина Димитровска и носителот на листата за советници во Аеродром, Елена Тренчевска, остваривме искрена и топла средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје, наведува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук. „Грижата за лицата ...
Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) за 75 минути игра. Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен). Македонската тенисерка со сигурна игра ...
Во рамките на Светската конференција на УНЕСКО за културни политики и одржлив развој – Мондиакулт, што се одржува во Барселона, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, имаше свои обраќања на тематските сесии „Културни права“ и „Економија на културата“. Во своето обраќање на тематската сесија „Културни права“, министерот Љутков нагласи дека културата не е привилегија, туку основно човеково право, загарантирано со Уставот на државата. Тој ...
Милијардерот Илон Маск објави дека преку својата компанија за вештачка интелигенција xAI работи на нова платформа под име „Грокопедија“ (Grokipedia), која треба да биде конкуренција на Википедија. Маск, кој е сопственик на социјалната мрежа Икс, вели дека новата услуга ќе претставува „масовно подобрување“ во однос на онлајн енциклопедијата чијашто содржина ја уредуваат волонтери. Тој често ја обвинува Википедија за политичка пристрасност и ...
Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на претстојните Локални избори, потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се ...
Од 12 октомври годинава Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 годи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Овој нов дигитален систем, како што велат од МВР, претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци ...
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера ја посети општина Гази Баба, каде оствари средба со граѓаните. Разговорите беа насочени кон секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите пред сè, алармантната состојба со дивите депонии, еколошките закани и целосната институционална негрижа. „Жителите на Гази Баба со години живеат опкружени со ѓубре, неплански депонии и токсични пожари. Тоа не е судбина, тоа е резултат на ...
Од 2026 година, минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 50.000 албански леки (515 евра), а среднорочната цел на земјата е просечната плата да достигне 1.000 евра во следните четири години, изјави министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај. Зборувајќи на конференцијата „Стабилност и развој преку економија и иновации“ во Тирана вчера, Ибрахимај го објави планираното зголемување на минималната плата во Албанија, ...
Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 л/м², а локално и над 50 л/м² дожд, соопшти УХМР. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да ...
Турската Влада изработи пакет закони за поттикнување на наталитетот, откако, според Државниот завод за статистика, стапката на наталитет во последните осум години падна од 2,10 на 1,48. Предлог-законот предвидува продолжување на породилното отсуство за жени во јавниот сектор од сегашните 16 на 24 недели. Пренаталниот дел останува 8 недели, а постнаталниот би се зголемил на 16. За повеќеплодни бремености се задржува правото на дополнителни две ...
Вториот светски рекет Јаник Синер претпладнево го победи Американецот Лернер Тинг во финалето во Пекинг со 6:2 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Синер сервираше 10 аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од шест брејк топки. Тинг не сервираше ниту еден ас, направи шест двојни грешки и не реализираше ниту една од две брејк топки. Дваесет и четиригодишниот Италијанец ја освои својата 21-ва АТП титула во кариерата и трета во ...
Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените. Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти објави дека фармацевтската компанија „Фајзер“ ќе ги намали цените на сите лекови на рецепт за Американците со ниски примања кои се дел од програмата „Медикејд“. Како дел од договорот, компанијата ќе продава нови лекови по најповолни цени какви што важат во другите развиени земји, во замена за изземање од новите увозни давачки. Трамп најави дека очекува и другите производители на лекови да го ...
Католичката црква во Македонија изразува жалење за недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света Мајка Тереза, поставен на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, е додадена марама на нејзиниот лик. Со оваа постапка се повредуваат верските чувства на верниците и почитувачите на делото на светицата, се наведува во соопштението од канцеларијата на Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија. „Потсетуваме дека Света Мајка Тереза е ...
Стотици илјади граѓани и семејства во Македонија по царскиот указ на Мицкоски се најголеми патриоти кои ја спасуваат Македонија од исчезнување. Браво премиере, конечно ти текна Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Голема радост ме облеа кога лично премиерот Христијан Мицкоски ме прогласи за голем патриот. Ете тоа ти е права политика и предизборна кампања. До вчера си странски платеник и предавник, а од денес си патриот и тоа голем. И што е многу значајно не само ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација постигнала договор со Харвардскиот универзитет по неколкумесечни преговори, според кој универзитетот ќе плати 500 милиони долари. -Линда ги финализира последните детали, рече Трамп во Овалната соба, мислејќи на министерката за образование Линда Мекмеон. Тој изјави дека Харвард ќе управува со трговски училишта и ќе обучува луѓе за примена на вештачка интелигенција и други ...
Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија. Исто така се истакнува дека пратките вклучуваат „друга воена стока“ а не оружје. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 8 август нареди привремено да се суспендира извозот на воена опрема што може ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности. „Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 1:0 од Галатасарај во 2. коло од Лигата на шампионите. – Ризикувавме со топката и се обидовме да најдеме слободен играч во средниот ред. Тоа е ризично. Многу пати се пробивавме до последната линија и можеби треба да играме подобро таму. Во тие моменти, донесовме погрешни одлуки, тие се вратија да нè прогонуваат и станаа опасни. Уверен сум дека ќе се вратиме на вистинскиот пат, ...
Кумановската авторка Лара Денковиќ вечерва во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе ја промовира својата најнова книга „Звукот на тишината“. Настанот е отворен за јавноста, а љубителите на литературата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со авторката и да слушнат повеќе за процесот на создавање на ова дело кое комбинира интимност, искреност и напнатост до последната страница. – По успешниот љубовен роман „Не ти, другиот“, пред читателите ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз основ на лично својство во областа на работата и работните односи од страна на Александар Котевски (поранешен в.д. директор на НУ Филхармонија) врз Дијана Имери Илкоска. Случајот со диригентката Дијана Имери Илкоска ја разбрани македонската јавност на почетокот на оваа година откако го изгуби своето работно место во НУ Филхармонија на РСМ. Имено, нејзиниот ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година. Како што информираат организаторите на манифестацијата, на почетокот на вечерта присутните ќе имаат можност да проследат кус аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично осмислената програма ќе ги води Александра Јуруковска, која најпрво ќе презентира ...
Музичката икона Мадона откри дека еден од најболните моменти во нејзиниот живот беше време кога поминувала низ правна битка за старателство со својот син, Роко. Во своето прво појавување на подкастот на Џеј Шети, “On Purpose”, пејачката се отвори за чувствата на безнадежност и болка кои ги имала во тоа време. “Имаше моменти во мојот живот кога сакав да си ги отсечам рацете… всушност размислував за самоубиство,” започна Мадона. “Се сеќавам на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку ...
Нашата програма на локалните избори се состои од четири столба и повеќе капитални проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на прилепчани, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска. Таа во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја претстави изборната програма. -Првиот столб во нашата програма е функционален и безбеден јавен пристап во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на ...