Светските славни личности сè почесто се појавуваат со веренички прстени што предизвикуваат восхит и коментари поради нивната големина и вредност. Минатиот месец, фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо ја побара за сопруга својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез со дијамант тежок меѓу 25 и 35 карати – камен толку голем што половина ѝ го покриваше зглобот на прстот и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. И сопругата на Џеф Безос, ...

Во Куќата на Робевци вечер ќе се одржи Музички-звучен перформанс насловен Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот). Од Завод и музеј – Охрид информираат дека ова е музика не само за слушање, туку за чувствување во резонанцата на коските и тишината помеѓу здивовите. Посочуваат дека тоа е истражување на неконвенционалните длабочини ...

Речиси три четвртини од германските болници минатата година завршиле со загуба, покажува годишното истражување на консултантската куќа „Роланд Бергер“. Анкетата спроведена меѓу 850 директори и менаџери на болници покажала дека околу 75 отсто од установите биле во минус во 2024 година, што е значително повеќе во споредба со претходната година кога половината сè уште работеле профитабилно. Најтешко се погодени јавните болници, од кои речиси 90 ...

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава бележи месечно и годишно намалување од 0,12 п.п. (процентни поени) односно 0,55 п.п., и изнесува 4,91 проценти. Кај вкупните депозити, пак, во јули е регистрирана просечна каматна стапка од 2,21 процент со месечен и годишен раст од 0,01 п.п. односно 0,28 п.п., објави денеска Државниот завод за статистика. Во јули, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,42 ...

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на воена опрема на Украина во вредност од околу 825 милиони долари, а потребната дозвола за оваа одлука е доставена до Конгресот на САД преку Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста –ДСЦА (DSCA). Владата на Украина побара купување до 3.350 ракети ERAM (Extended Range Attack Munition) со продолжен дострел и ист број вградени GPS/INS системи со SAASM (Selective Availability ...

Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате. Изгледа ВМРО буквално ја сфатиле, па од петни жили се трудат да покажат дека имаат добри резултати кога се платите и инфлацијата во прашање, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, по обидите на ВМРО ДПМНЕ, со манипулација со бројки да докажува дека народот денес е побогат од времето на СДСМ. Во продолжение, професорот Јовановиќ нуди ...

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2025 година, изнесуваат 275.180 милиони денари, што претставува квартален раст од 9.320 милиони денари. Притоа, останатите финансиски институции учествуваат со 21,7 отсто во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество имаат пензиските фондови од 64,4 проценти во вкупните средства на ОФИ, по што следуваат осигурителните ...

Состанокот на мексиканскиот Сенат се претвори во насилство во среда, откако еден од неговите членови очигледно се разбеснил што не добил можност да зборува. Како што пренесува Си-ен-ен, тепачката избувна меѓу двајца високо рангирани сенатори кон крајот на седницата на која се водеше жестока дебата за можноста за американска воена интервенција во земјата. Додека се свиреше националната химна, разбеснетиот сенатор Алехандро Морено – претседател на ...

Политичките партии во земјава се во жестока арена на меѓусебни обвинувања пред претстојните локални избори. Додека јавно се разменуваат тешки зборови, според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, зад кулисите се случува сосема спротивното. – Кога го слушам премиерот, поради изборната математика секој ден вели: ДУИ во опозиција, а секој ден ни испраќаат емисари за тоа како по изборите… Затоа што тие ги гледаат анкетите. Последната анкета што ја ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, со засилен ветер над 60 километри на час и ...

Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми. При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми. Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на 26 август во канцеларијата на Поштата на Србија во Пожаревац. Полицијата го ...

Претседателот Доналд Трамп не се обидува само да ја запре транзицијата од фосилни горива во САД. Тој врши притисок и врз други земји да се повлечат од своите климатски заложби и да согоруваат повеќе јаглен, гас и нафта, пишува Њујорк Тајмс. Трамп тоа го прави преку тарифи, давачки и други механизми на најголемата економија во светот. Портпарол на Белата куќа изјави дека администрацијата „нема да ја загрози економската и националната безбедност ...

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче објави денеска дека ја прекинува соработката со португалскиот тренер Жозе Мурињо, два дена откако клубот од Истанбул беше елиминиран од Бенфика во плејофот за пласман во Лигата на шампионите. „Му се заблагодаруваме за неговата досегашна работа со нашиот тим и му посакуваме многу успех во неговата идна кариера“, објави турскиот клуб. Португалскиот тренер Мурињо, кој дојде во Истанбул од почетокот на сезоната ...

Пожарите кои зафатија делови од селата Мерово и Церово во општина Желино се целосно изгаснати. Изразуваме искрена благодарност до екипите на тетовските пожарникари за нивната професионалност, посветеност и навремената интервенција, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Тој упати апел до сите граѓани за поголема внимателност и одговорно однесување, со цел, како што рече, зачувување на природата и ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, ја информираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, за подготвеноста на Техеран да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма, под услов Западот да покаже добра волја. По повод објавата на „европската тројка“ (Франција, Германија и Велика Британија) за активирањето на „механизмот за брза реакција“ и обновувањето на санкциите против Иран, Аракчи „ја повтори ...

Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, направи паралела помеѓу неодамнешниот смртоносен руски напад врз Кијив и украинските напади врз руските нафтени постројки за време на брифингот во Вашингтон на 28 август, пренесува Кијив Индипендент. Коментарите на Ливит дојдоа откако московските сили започнаа уште еден масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта на 28 август, насочен кон Кијив. Нападот погоди ...

Венко Крстевски, актуелен в.д градоначалник на Кочани, објави независна кандидатура за прв човек на градот за Локалните избори 2025, закажани за 19 октомври. – Денес, на 28 август 2025 година — на празникот Успение на Пресвета Богородица, ден исполнет со љубов, надеж, обновување и заштита — со голема одговорност и почит, ја објавувам мојата независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Нашиот град заслужува повеќе. Заслужуваме безбедено, ...

Жител на неготинско село бил приведен, по пријава дека не почитувал судска наредба за приближување на сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 17:35 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 32 години од неготинско село, по претходна пријава од неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. На В.Ј. претходно му било издадено решение од Основен суд – ...

Поддршката за Украина и зајакнувањето на нејзината одбранбена индустрија се главните теми на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен. Литванската министерка за одбрана Довила Шакалиене истакна дека секундарните санкции се најефективниот начин за блокирање на финансирањето на руската војна во Украина. Од друга страна, естонскиот министер за одбрана Хано Певкур нагласи ...

Германија ги повика своите граѓани во Иран итно да ја напуштат земјата и да се воздржат од патувања таму, поради стравувања дека би можеле да станат мета на одмазднички мерки од Техеран. Ова следува по активирањето на механизмот за враќање на санкциите на ОН против Иран поради неговата нуклеарна програма, во што Германија има клучна улога. Германија, заедно со Велика Британија и Франција, вчера го започна 30-дневниот процес за повторно ...

Градоначалникот на Минеаполис, најголемиот град во американската држава Минесота, Џејкоб Фреј, повика на федерална и државна забрана за оружје откако две деца, на возраст од 8 и 10 години, беа убиени, а повеќе од 20 лица беа повредени во католичко училиште во градот. Неколку часа по нападот, Фреј рече дека е посветен на тоа „да не биде само уште еден политичар кој вели „никогаш повеќе““, туку да бара конкретни промени во законите за оружје, ...

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово и во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригадата ...

Поранешниот британски премиер Тони Блер се придружи на состанокот во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за плановите за повоената Газа, пренесува Би-би-си. Пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека САД составуваат „многу сеопфатен“ план за „следниот ден“ по војната. Сепак, малку друго е откриено за состанокот. Блер беше пратеник за Блискиот Исток неколку години откако ја напушти функцијата во ...

Во „Грималди Форум“ во Монако се одржа жрепката за новата сезона во Лигата на шампиони, која ќе биде 71 издание на елитното натпреварување на Стариот континент, а второ во лигашки формат. Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе настапат четири дебитанти, Унион Сен-Жил, Пафос, Бодо/Глимт и Каират. Клубовите беа поделени во четири шешири врз основа на нивните индивидуални коефициенти. Освојувачот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, беше ...

Ослободителната пресуда за Мишел Платини и Сеп Блатер, на кои им беше повторно судено во март во Швајцарија во случајот за измама, денеска стана конечна, откако обвинителството не поднесе жалба. „Јавниот обвинител на Конфедерацијата се откажува од поднесување на жалбата“ и со тоа ја прифаќа „пресудата донесена во прв и втор степен“, објави денес швајцарското Обвинителство. Со ова, по десет години процес со силни политички последици, е ставен ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц веќе не очекува дека во блиска иднина ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски, јавува ДПА. За време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Форт де Брегансон, неговата летна резиденција на Азурниот Брег, двајцата разговараа за дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина, рече Мерц. -Денеска повторно мора да се справиме со тоа ...

Авион Ф-16 на полското воено воздухопловство се урна за време на пробен лет пред аеромитингот во Радом, во централниот дел на земјата, а пилотот загина во несреќата, изјави синоќа портпаролот на полската Влада. „Трагедија се случи во Радом. Авион Ф-16 се урна за време на подготовките за аеромитинг. За жал, пилотот загина. Вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш разговараше со премиерот и е на пат кон местото на несреќата“, ...

Долгометражниот филм „Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81. Венецискиот филмски фестивал, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“. Филмот раскажува интимната и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година – во мигот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Главната улога ја игра светски познатата актерка Номи Рапас, која ја толкува ...

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) преводена од ДУИ за Општина Чаир, Бујар Османи денеска истакна дека договорот за Самитот на ОБСЕ веќе една година е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки и оти двете најповикани институции Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не констатирале никакви забелешки. – Смешно е да се каже дека сте обезбедиле ексклузивен документ кој што е веќе ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека изгладнувањето на цивили никогаш не смее да се користи како метод на војување, истакнувајќи дека гладот во Појасот Газа е резултат на „нечовечни“ и „намерни“ постапки на Израел. – Цивилите мора да бидат заштитени. Хуманитарниот пристап мора да биде непречен. Без понатамошни изговори. Без понатамошни пречки. Без понатамошни лаги, рече Гутереш. Генералниот секретар на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
62%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.45
85%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
69%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.0
89%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1015
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948