Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи упати критика кон досегашните власти и повика на мобилизација на сите слободоумни луѓе кои го сакаат својот град. МИА неговиот пост го пренесува интегрално. „Скопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, поради лудите цени од нехуманата урбанизација! Не можат да се движат низ Скопје, поради недостаток на јавен превоз ...
„Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, инвестираше огромни суми пари во различни сектори од почетокот на неговиот втор мандат. Критичарите го обвинуваат дека ја користи својата позиција – сосема отворено – за да го зголеми своето лично богатство. Откако беше повторно избран на функцијата претседател на САД, Доналд Трамп постојано се соочува со обвинувања дека остварува лична добивка од претседателската позиција. Тој и неговото семејство неодамна ...
Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ Режимот во Мициленд, за само неколку дена испорача две опасни тези. Првата околу леснотијата со која се најавуваат владини повереници наместо градоначалници, и втората, за мене поопасна за “ревидирање”, читај укинување на бадинтеровиот начин на гласање во Собрание. Првата теза не е и нешто ново, зошто тие се навикнати, сите одлуки градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да се носат централизирано до максимум. Втората теза е ...
Еден припадник на полската армија синоќа е полесно повреден при обид да спречи мигранти илегално да ја преминат границата во близина на градот Черемха, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Воената полиција на местото на инцидентот поведе истрага. Полските медиуми јавија дека во инцидентот било употребено и огнено оружје. Тоа е втор инцидент на границата на Полска со Белорусија. Кон крајот на јули еден мигрант беше застрелан ...
„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните. Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку дека ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го пофали младиот и талентиран Рио Нгумора кој го постигна победничкиот гол на синоќешнито натпревар со Њукасл. На асистенција од Мохамед Салах, 16-годишниот Рио погоди во 90+10. минута и му донесе три бода на својот тим. – Не одигравме како што посакуваме. Им дозволивме да не загрозат по нафрлени топки. Ја немавме контролата на играта. Сепак благодарение на 16-годишниот Рио Нгумора победивме. Тој постигна одличен ...
Под мотото „Побарај ја забавата“ денеска почнува петнаесетото издание на Баскерфест – еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија. Како што најави организаорите, фестивалот годинава е во форма на караван, односно, на 13 локации во девет градови низ земјава од 25 август до 6 септември на уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти од сите краеви на светот. Фестивалскиот караван ќе започне во Кисела Вода, а потоа ...
Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, се дел од слабостите на системот за интегрирано планирање на на ресурсите што ги утврдиле ревизорите. Системот за интегрирано планирање на ресурсите го употребува Службата за општи и заеднички работи на Владата за извршување на сметководствено-финансиските услуги за повеќе државни институции. ...
Неколку цивилни аеродроми во Русија синоќа привремено ги редуцираа летови поради украинските напади со беспилотни летала во рускиот воздушен простор, соопшти Федералната воздухопловна управа „Росавијација“. И аеродромот Пулково, во Санкт Петербург беше засегнат откако десетина украински дронови биле пресретнати на периферијата на градот. Поради заканата од украинските дронови се редуцира и работата на аеродромите во Псков, Нижни Новгород, Казан, ...
Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Вирџин ван Дајк, не е задоволен од играта на неговиот тим на средбата со Њукасл и покрај победата. „Црвените“ синоќа победија со 3:2 со гол постигнат во 90+10. минута. – Сите знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Знаевме дека во текот на неделата се долеа многу масло на огнот за да се запали Њукасл. Она што се случи вечерва беше очекувано, а за нас најразочарувачко беше што примивме два гола од прекини. Не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон во следните денови ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна со цел на Пентагон да му се врати „воинствениот етос“. Политико потсетува дека официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп и претходно ја критикуваше промената на името во Министерство за одбрана. -Кога ја добивме Првата светска ...
Австралиските власти денеска објавија дека ќе го протераат иранскиот амбасадор во Канбера, обвинувајќи го Техеран за извршување на два антисемитски напади во Сиднеј и Мелбурн. Британските медиуми пренесуваат дека од почетокот на израелската војна во Појасот Газа, во октомври 2023 година, австралиските училишта, синагоги и возила беа цел на антисемитски вандализам и палење. Во најновиот инцидент во јули, полицијата обвини неименуван маж за палење ...
Осумдесет и двегодишен пешак од Кичево им подлегнал на повредите по сообраќајна несреќа што се случила вчера утро на булеварот „Ослободување“ во Кичево. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 06:55 часот, кога патничко моторно возило марка „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, удрило во пешакот С.Ш. (82) на обележан пешачки премин. По ударот, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на сите општински основни училишта по повод започнувањето на новата учебна година. На состанокот се разгледуваа финалните подготовки за првиот училишен ден, соопштија од Општина Центар. Оттаму додаваат дека во сите училишта во тек се активности за темелно чистење, а во наредните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција и ...
Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое вози со 224 км/ч на автопат, објави турскиот информативен сајт Т24. Уралоглу го споделил видеото за да го промовира автопатот Анкара-Нигде, но на снимката се гледа дека возел со значително поголема брзина од дозволените 140 км/ч. Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што корисници го ...
Компанијата на милијардерот Илон Маск, СпејсХ (SpaceX), го откажа лансирањето на десеттата мисија на ракетата Старшип (Starship) од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање. Британските медиуми соопштија дека до доцнењето дојде по серијата претходни неуспеси за време на тестовите годинава, што повторно ги одложи клучните развојни фази за ракетата. Ракетата „Super Heavy“, висока 70,7 метри, и нејзината горна фаза, висока 52 метри, ...
Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк. Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за естетски операции за намалување на висината, особено меѓу жени кои својата висина ја сметаат за недостиг или имаат различна должина на нозете.Турските клиники нудат процедури во кои, со скратување на фемурот и ...
Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ Малку сум изненаден што македонските медиуми не објавуваат ништо за она што во моментов се случува во близина на Венецуела. Барем јас не сретнав таква вест. Американските маринци се на само 200 км. од Каракас. Според аналитичари коишто ги слушав цела ноќ, нова војна е многу извесна. Пред неколку дена администрацијата на Доналд Трамп нареди распоредување на три воени разурнувачи (guided-missile destroyers) во меѓународните ...
Во денешните израелски напади врз болницата Насер во градот Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари, соопштија палестинските здравствени власти. Снимателот Хосам ал Масри, соработник на новинската агенција Ројтерс (Reuters) загинал во првиот воздушен напад, додека фотографот Хатем Калед, исто соработник на Ројтерс е повреден во вториот израелски напад. Вториот напад се случил откако на местото на првиот напад пристигнале ...
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната, а само 26,7 проценти над просечната плата. – Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и Парламентот се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министрите за финансии и економија на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија денеска во Загреб потпишаа Меморандум за разбирање за соработка во развојот на пазарите на капитал. – Оваа иницијатива има за цел поттикнување на заедничкиот развој на националните пазари на капитал на земјите учеснички преку поблиска соработка и усогласување на регулаторните ...
ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат преточени во проекти во програмите, а потоа и да бидат реализирани од позиција на власт, порача денеска на прес-конференција генералниот секретар на паритјата Ѓорѓија Сајкоски. „Во пресрет на локалните избори оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период на пишување на програми за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, со таа цел ангажирани ...
Поранешниот командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, одбил телефонски повик од американскиот потпретседател Џеј Ди Вансс, објави „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори. Повикот следел само неколку дена по остриот судир меѓу претседателите на Украина и САД Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа на 28 февруари. Тимот на Венс наводно сакал да испита кој би можел да го замени ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, најави дека ревитализацијата на главниот град ќе ја предводат архитекти и експертската јавност, а новиот Генерален урбанистички план ќе биде донесен уште во првата година од нејзиниот мандат. „Ноторен факт е дека сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење и отсуство на креативни и функционални решенија за секое клучно прашање во Градот,“ истакнува Шукова ...
Остатоците од ураганот „Ерин“, кој претходно достигна сила од петта категорија, во наредните денови ќе го зафатат западниот дел на Европа, вклучително и Велика Британија и Ирска. Иако повеќе не е ураган туку посттропски циклон, Ерин сè уште предизвикува сериозна загриженост, предупредуваат метеоролозите. Се очекуваат урагански ветрови, обилни врнежи и бранови високи и до 12 метри, кои би можеле да го погодат ирскиот и британскиот брег. Јужните ...
Опозицијата жестоко реагира на последните потези на власта во однос на изборниот процес, оценувајќи дека се отвораат сериозни можности за манипулации и злоупотреби во корист на владејачката партија. Според нив, однесувањето на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски е показател за стравот од губење на голем број гласови на следните избори. Во јавноста веќе се коментира дека ВМРО-ДПМНЕ изгубилe над 100 илјади гласови во изминатиот период, а дел ...
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Постојат многу едноставни начини како да ги препознаете лагите на политичарите. Исто како и измамите на разни надрилекари кои хараат на социјалните мрежи нудејќи лек за сите болести и страдања. Требаше тие што преживеаја досега, после три ипол децении „демократија“, години на слободно лажење и пропаганди, ова да го научат добро, ама ете успеваат постојано да нѐ излажат. Повеќе сакаме да им веруваме и кога знаеме дека нѐ ...
Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. Според податоците од Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. Во споредба со минатогодишниот јуни ...
Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар– Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот целосно ќе ја реконструираме пругата, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за ТВ Сител. „Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила ...