Во понеделник, 3 ноември, руските сили извршија напад со беспилотно летало врз двајца невооружени цивили кои оделе по патот носејќи бело знаме во селото Круљакивка, регионот Харкив. Според Укринформ, 77-та Одделна Наднепријанска бригада за воздушен напад на 7-миот корпус за брз одговор на воздушните напаѓачки сили на Украина објави на Фејсбук видео докази за злосторството на руската армија. Како резултат на целниот напад, Русите убија две ...

Европската комисија бара уставни измени и вистинска политичка волја, предупредувајќи на застој во реформите, корупција и политизација на институциите. Европската комисија денеска ќе го претстави редовниот годишен пакет на извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година. Во делот за Северна Македонија, Брисел констатира дека земјата сè уште не ги усвоила потребните уставни измени за вклучување на ...

Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни почина на 84 години,соопшти неговото семејство, пренесе Би-Би-Си. Чејни долги години беше дел од републиканската администрација и потпретседател на поранешниот претседател Џорџ В. Буш во периодот помеѓу 2001 и 2009 година. Тој беше централна фигура во инвазијата на Ирак во 2003 година од страна на САД и сојузничките сили. Чејни, исто така, беше министер за одбрана под Џорџ Буш постариот, помеѓу 1989 и ...

Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава. По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска соопшти дека Предлог- буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември. Гаши на денешниот неделен брифинг со новинарите информира дека на 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата. Околу измените на Изборниот законик, ...

На синоќешната свеченост на доделувањето на третоноемвриските награда по повод празникот 3 Ноември – Денот на осободувањето на Прилеп, актерката Даниела Иваноска од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој е еден од добитниците на наградата, одржа силен и емотивен говор што ги потресе присутните во салата на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“. Ивановска ја искористи приликата за да проговори отворено за состојбата на институцијата и за, ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот ...

Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија. Програмата „Солар шерер“ (Solar Sharer) првично ќе биде воведена во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд. Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни панели, ...

Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година. Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални ...

Месечината во Бик – ден за мир, сетила и внатрешна сигурност Денес Месечината патува низ знакот Бик, носејќи потреба од допир, топлина и стабилност. Земјината енергија нè приземјува, нè потсетува дека вредноста не е во брзината, туку во трајноста. Денот е идеален за мир, уредување на домот, грижа за телото и финансиска прегледност. Сѐ што има реална вредност ќе добие нова тежина – љубов, храна, време и вистински луѓе. Ден за спокој и постојаност ...

Новиот состав на холандскиот парламент (Твиде Камер) сега се состои од 43 отсто жени – највисок процент откако во 1918 година е избрана првата пратеничка, објави НЛ Тајмс. Според податоците на фондацијата „Stem op een Vrouw“ („Гласај за жена“), во парламентот со 150 места се избрани 65 жени. Фондацијата наведува дека околу шест проценти од гласачите стратешки гласале за жени, со што директно влијаеле врз составот на парламентот, во рамките на ...

лександра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница. Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат ...

Поради прекинот на работата на американската влада, над 3,2 милиони патници во САД беа погодени од доцнења и откажувања на летови, што произлегува од проблеми со персоналот за контрола на воздушниот сообраќај по затворањето на владата на 1 октомври, информира здружението на авиопревозници. Организацијата „Авиокомпании за Америка, која ги вклучува „Американ ерлајнс“ , „Јунајтед ерлајнс“, „Саутвест ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ , „Џетблу ервејс“ и ...

Црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед, оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се обидуваат да ја задржат ...

Универзитетот на Пенсилванија соопшти дека се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ), откако до негови поранешни студенти и донатори биле испратени навредливи пораки преку електронска пошта. Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“. „Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од трети страни за да го решиме проблемот што е можно ...

Во несекојдневна сцена снимена со дрон над водите на Заливот на Калифорнија, група орки нападнала и убила голема бела ајкула — борба меѓу два врвни предатори во океанот која го остави светот без зборови. Снимките, објавени во списанието Frontiers in Marine Science, покажуваат како орките тимски ја опколуваат ајкулата, ја вртуваат на грб и ја парализираат пред да ѝ го извадат црниот дроб — орган богат со масти и енергија. „Ловечки машини“ со ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1 013 357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1 777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424 923 или 41,93 отсто. Бројот на ...

На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот. Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – ...

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу за Фронтлајн го оцени исходот од локалните избори 2025 година во Македонија, нагласувајќи ја јасната доминација на ВЛЕН на албанската политичка сцена. „Победата на ВЛЕН е јасна и недвосмислена. Без разлика на обидите на НАИ да ја релативизира и разводни, резултатите се фактички и неоспорни. Наративот што се обидува да се одржи по поразот повеќе изгледа како средство за купување време отколку како сериозна ...

Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан, се наведува во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави утре. – (Македонските) власти продолжија да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на ...

По двата изборни круга, политичката мапа на земјата доживеа целосна промена – ВМРО–ДПМНЕ убедливо води со 55 општини, ВРЕДИ се издигна како доминантна албанска опозициска сила, а ДУИ влезе во период на внатрешно преиспитување. Според аналитичарот Дритон Зенку, ова е резултат на однапред осмислен план за симнување на Али Ахмети од власт и пренаредување на политичките сојузи. Коалицијата предводена од ВМРО–ДПМНЕ, според официјалните резултати од ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон зборуваше за неговите проекти кои не се поврзани со трките. – Секој може да биде расеан на еден или друг начин. Прашање е како ја користиш својата енергија и ја балансираш. Мора да одржуваш рамнотежа, бидејќи не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен. Како да го пронајдеш она што те инспирира и ти помага да продолжиш напред? Мислам дека еден начин е да ја истражиш сопствената ...

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, призна дека имаше проблеми со ефикасноста на средбата со Мајами хит. -Мислам дека добро ја движевме топката. Очигледно, можевме да постигнеме и 150 поени, доколку јас и Остин Ривс, погодевме неколку шутеви. Сепак, мислам дека почнавме да играме добра одбрана. Само треба да ја подобриме ефикасноста. Имав проблеми со шутот, но ние извојувавме победа (130:120) и тоа е најважно. Против Мајами, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ. Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе ...

По речиси пет децении патување низ космосот, легендарните вселенски сонди „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ на НАСА испратија податоци што го воодушевија научниот свет: на самиот раб од Сончевиот систем постои „ѕид од оган“, зона каде што сончевиот ветер се судира со меѓуѕвездената материја, создавајќи енергетска бариера со температури од 30.000 до 50.000 келвини. Во новата анализа, НАСА ја опишува оваа граница како „огнена завеса“ што се протега на ...

За вакцинација против сезонски грип за ризични категории население досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата, соопшти Министерството за здравство. – Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за ...

Во вториот круг од локалните избори, одржан на 2 ноември 2025 година во 32 општини и Град Скопје евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6% од сите употребени ливчиња. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање во вториот круг, 19.287 ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје од 167.575 гласачи, 10.528 ...

На тројца пратеници кои се избрани за градоначалници им престана пратеничкиот мандат. Државната изборна комисија сега треба да го информира Собранието за новите пратеници кои треба да дојдат на нивно место. Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на почетокот на собраниската седница рече дека согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик со денот на верификација на мандатот градоначалник, им претстанува пратеничкиот мандат. Пратеничката ...

Британските обвинители денеска подигнаа обвинение против 32-годишен маж за десет обиди за убиства по масовниот напад со нож во воз што се движеше кон Лондон во саботата. Полицијата претходно соопшти дека пет од 10-те жртви на нападот со нож биле отпуштени од болница, додека една жртва е во животно загрозувачка состојба. Жртвата била член на железничкиот персонал кој се обидел да го спречи нападот. Нападот се случил во саботата навечер на ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
91%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
90%
1017
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
65%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.59
98%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
88%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
92%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056