Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Почнувајќи од следната година, во Франција се воведуваат розови регистарски таблички. Тие ќе ги заменат табличките што се користат за нови и увезени возила, коишто се бели, исто како и стандардните таблички, а целта е со тоа да се спречат измами и злоупотреби. Секоја година во Франција, меѓу 350.000 и 450.000 возила се опремени со привремени регистарски таблички, и тие важат максимум четири месеци. Сепак, некои возачи продолжуваат да возат со ...
Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција испрати порака што ја надминува партиската логика – повика членовите и симпатизерите на партијата во општините каде што СДСМ нема свој кандидат во вториот круг од локалните избори, да гласаат според сопственото убедување и според вредностите што им се блиски. „Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, ...
Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за смртоносниот пожар што во јануари го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, во кој загинаа 78 лица, јави турската телевизија НТВ и државниот сервис ТРТ. Триесет и четири од жртвите биле малолетни деца кои во хотелот го поминувале зимскиот распуст со своите родители. Вкупно 137 лица беа повредени во трагедијата. Меѓу 11-те осудени ...
Полска соопшти дека нејзини авиони денеска пресретнале руски разузнавачки авион над Балтичкото Море. Ова е трет сличен инцидент оваа седмица. Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, прецизираше Оперативната команда на полските вооружени сили, но, како и во претходните инциденти, тој не поднел план за летање и неговите транспондери биле исклучени. „Ова е веќе трета слична ситуација за оваа седмица, што ја потврдува засилената активност ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за „неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата „Кемал Сејфула“ биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39 милиметри наменети за испалување од различни видови ...
Компанијата „Србијавоз“ објави дека денескa, поради дојава дека во сите возови и на пругите се поставени експлозивни направи, привремено го прекина сообраќајот на сите возови. „Интензивно соработуваме со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата“, се наведува во соопштението. Претходно ТВ Н1 јави дека патничките возови до Нови Сад нема да сообраќаат попладнево и наутро на 1 ноември, и не е можно да се купат билети онлајн. На ...
Вечерва е совршената ноќ за филм – но не секој сака да гледа нешто што ќе му ја „замрзне“ душата до сабајле. Ако барате комбинација од мистерија, хумор и мала доза адреналин, еве пет Нетфликс филмови достапни во Македонија што совршено ќе ја погодат атмосферата за Halloween. 🧹 1. Hubie Halloween (2020) Adam Sandler е „чудниот“ чувар на градчето Салем кој секогаш сака да го спаси празникот — дури и кога сите му се потсмеваат. Но, кога навистина ...
Марија Среброва, кандидатката на Левица за Општина Центар која не влезе во вториот круг, денеска ја оспори предизборната најава на Мирослав Лабудовиќ oд ЗНАМ за „12.000 денари финансиска помош“ за пензионерите, оценувајќи ја како навредлива и спротивна на духот на Изборниот законик. Таа, потенцира дека ова претставува навреда за интелигенцијата на Центарци и дека Центар никогаш не се купувал. „Да им ветуваш по 12.000 денари ‘финансиска помош’ на ...
Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање да даде коментар на обвинувањата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за поткуп, како и тоа дека власта вршела притисоци врз нивни кандидати за градоначалници. -Станува збор за најтранспарентни, најдемократски и најфер ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Го прашале Македонецот за кого гласал. -За вмро- рекол Македонецот. -А зошто не за сдсм? -Па, за сдсм ќе гласам кога ќе бидат на власт- рекол мудриот човек од Бившата југословенска република, единственото вистинско и точно име за државата на некогашните Македонци. Мојата неспособност да се ускладам со нив, секој ден го зголемува јазот што ме дели од луѓето и нештата. Не се жалам. Убаво ми е на таа дистанца. Всушност, ...
Во формалните мировни процеси женското учество сè уште е симболично, за што говори фактот дека минатата година само седум отсто од преговарачите биле преговарачки, односно жени, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. -За мене, ова не е само обична бројка, туку предупредувачки факт дека машката половина од човештвото има ...
Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информира дека по обезбедувањето на нов доказен видео материјал во дисциплинската постапка против ФК Беса Слупчане, а поради направениот инцидент на одиграниот натпревар ФК Беса – ФК Аеродром 2018, натпревар од 8. коло од Трета лига – Север, утврдено е дека во инцидентот учествувал и домашниот фудбалер, Бехар Демири. Против наведениот играч ќе биде изречена дисциплинска санкција – исклучување од ...
Денот кога падна Индира Ганди, замолкна гласот на Шон Конери, а светот ја носи маската на Halloween Во рубриката „Временско ЕХО“ на Фронтлајн, се навраќаме на приказните што се случиле на денешен ден и го обликувале светот и човечката свест. Во шест сегменти – наука, технологија и космос; историја и општество; култура и уметност; симболика; личност и спорт – времето добива глас што одекнува од минатото до сегашноста. Од протести до музика, од ...
Предлог-буџетот за 2026 година, кој Владата го претстави како „развоен и стабилизациски“, во суштина повеќе наликува на документ што ги открива ограничувањата, отколку визијата на економската политика. Наместо сигнал за фискална консолидација и структурен напредок, бројките упатуваат на континуитет на потрошувачки модел, зголемена задолженост и намалени капитални инвестиции — рецепт што тешко може да донесе одржлив раст. Фискална дисциплина само ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 ноември 2025 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, упати повик до граѓаните да се обединат и масовно да излезат на гласање на 2 ноември, со порака дека е време за промени и нов почеток за општината. „Резултатите од првиот круг јасно покажаа дека во Општина Аеродром постои силно опозициско расположение. Граѓаните испратија порака дека сакаат промени, дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека секој што ја поддржува Украина ја поддржува војната. „Ако ставите пиштол на маса, порано или подоцна ќе пукне. Европа се движи кон ситуација што значи војна“, изјави Орбан за Радио Кошут, додавајќи дека нема воено решение за конфликтот и дека војната може да „замрзне“ со голема загуба на животи, објави Hirado.hu. „Значи, секој што мисли дека може да ја добие оваа војна воено… Мислам дека оние ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се блиски до социјалдемократијата. „Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на укинување на правилото за филибастер во американскиот Конгрес, со оглед на актуелното блокирање на работата на владата, јавува ДПА. Оваа постапка му овозможува на малцинството во американскиот Сенат да ги блокира законите предложени од мнозинството, со продолжување на времето за дебата и спречување на гласање. „ИНИЦИРАЈТЕ ЈА „НУКЛЕАРНАТА ОПЦИЈА“, ОТСТРАНЕТЕ ГО ФИЛИБАСТЕРОТ И, НАПРАВЕТЕ ЈА АМЕРИКА ...
За време на состанокот во Вашингтон на 7 ноември, унгарскиот премиер Виктор Орбан има намера да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп за потребата од серија ослободувања од санкциите на САД воведени врз Русија во енергетскиот сектор. Орбан рече дека ќе се обиде да му објасни на американскиот лидер дека на Унгарија ѝ се потребни овие ослободувања за да ја одржи својата енергетска безбедност. „Унгарија е земја без излез на море, нема ...
Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. – Граѓаните веќе не мора да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг конечно се сретнаа во Бусан, Јужна Кореја, на долгоочекувани разговори насочени кон ублажување на трговските тензии. Ако тоа беше целта, таа беше постигната само едвај: американските „царини за фентанил“ за Кина беа преполовени – од 20% на 10% – приближувајќи ги царините кон Пекинг до оние на другите азиски економии. За возврат, Кина се согласи да го продолжи увозот на ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денеска разговараше со своите кинески и индиски колеги, започнувајќи серија средби еден на еден на маргините на форумот за одбрана на самитот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија. Средбата со кинескиот министер за одбрана, која следеше по телеконференција во септември, е најновиот знак за постепено подобрување на одбранбената комуникација меѓу САД и Кина, во услови на ...
Енергетските објекти во руските области Орјол, Владимир и Јарослав беа нападнати во текот на ноќта на 31 октомври, според руските официјални лица и каналите на Телеграм, пренесува Кијив Индипендент. Нападите наводно биле насочени кон термоцентралата Орјол (ТЕЦ), најголемиот извор на електрична енергија и топлина во регионот; електричната трафостаница Владимир, критичен руски енергетски центар; и рафинеријата за нафта Ново-Јарославски, ...
Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување, се наведува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од завршниот митинг во Скопје, упати порака до граѓаните пред вториот изборен круг, нагласувајќи дека државата влегува во фаза на резултати и обновена стабилност. „Ова не е време за еуфорија, туку за јасна порака: нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда,“ порача Мицкоски, додавајќи дека биле потребни „време, трпение и вера“ за, како што рече, „да ја исправиме Македонија од колена“. ...
Месечината плива во Риби – ден за интуиција, нежност и духовно исцелување Месечината денес ги напушта аналитичките Водолии и влегува во чувствителните Риби, носејќи со себе длабок мир и силен повик кон соништата, уметноста и емпатијата. Денот е обоен со мекост и духовна будност – сѐ што е рана, денес може да се претвори во сила. Интуицијата ќе биде водичот, а зборовите ќе станат вториот јазик на душата. ♈ Овен Денес, животот ве тера да успорите ...
Борче Трајковски, долгогодишен член и истакнат поддржувач на СДСМ, жестоко реагираше на фејсбук во пресрет на изборниот круг во Општина Центар, упатувајќи остра критика кон поранешни партиски функционери кои, како што вели, „го продале социјалдемократското во себе за лични интереси“. „Тие не се, ниту биле социјалдемократи. Станува збор за интересџии, дрчни за авторитет преку партиска позиција,“ пишува Трајковски, за кои вели дека ќе завршат ...
Пакистан и Авганистан се согласија да го продолжат прекинот на огнот по преговорите одржани во Истанбул со посредство на Турција и Катар, се наведува во заедничкото соопштение објавено синоќа од страна на турското Министерство за надворешни работи. „Сите страни се согласија да воспостават механизам за следење и верификација што ќе обезбеди одржување на мирот и изрекување казни за страната што го прекршува договорот“, се наведува во соопштението ...
САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по цврстиот став на Русија за тврдокорните барања во врска со Украина, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Одлуката дојде по напнатиот телефонски разговор меѓу врвните дипломати на двете земји, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Белата куќа сè уште не одговори на барањето за коментар, а руските владини ...