Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) упати остар апел до Владата и парламентарното мнозинство, барајќи итно да се спречи негативното влијание на идеологијата на „српскиот свет“ и Северна Македонија одлучно да се врати на патот кон евроинтеграциите. Во официјалното соопштение, партијата го поздрави усвојувањето на најновиот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија. Според СДА Македонија, ...
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција упати остри критики до економските политики на Владата, обвинувајќи дека најавеното зголемување на буџетскиот дефицит е директна потврда дека државната каса е празна. Според опозицијата, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска со оваа одлука признала дека во Буџетот нема пари, со што во ризик и неизвесност е ставена дури и редовната исплата на платите и ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS), информираат од Центарот за ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за драстично намалување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, која стапува на сила од полноќ. Според новата одлука, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за дури 7,00 денари по литар. Сериозен пад има и кај бензините: Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари и неговата нова цена ќе изнесува ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по учеството на состанокот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), најави очекувања за сериозно поевтинување на нафтените деривати во земјава. Според владините математики и калкулации направени врз основа на движењата на светските берзи, премиерот истакна дека се очекува пад на цената на бензините за 2,5 до 3 денари, додека кај дизелот се предвидува уште ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, апелираше граѓаните да не наседнуваат на истиот трик кој Мицкоски го користеше во 2024 година и лажната реторика. „Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно на неговиот трик, како пред две години. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, полни со патриотизам, црвени линии, одбрана на браникот на идентитетот и така натаму, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е ...
По повеќемесечна геополитичка криза што предизвика сериозни потреси на светските енергетски пазари, објавата за рамковен договор меѓу САД и Иран, со кој се предвидува прекин на воените дејствија и повторно отворање на Ормускиот теснец, веднаш се одрази врз цените на нафтата и берзанските индекси ширум светот. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека со посредство на Пакистан е постигнат договор што треба да стави крај на конфликтот ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на партискиот собир во Струмица по повод 36 години од формирањето на партијата, порача дека идејата која започнала пред повеќе од три децении не само што опстанала низ сите предизвици, туку денес е посилна од кога било. Пред присутните, Мицкоски истакна дека овој јубилеј е доказ дека државата повторно има нова енергија, надеж, визија и народ кој цврсто верува во себе. Тој се осврна на ...
Пишува: Џабир Дерала Говорот на Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, одржан на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, е – да се изразам претпазливо и благо – пример за високо концентрирана политичка манипулација. Во неговиот говор има сè што му е потребно на еден популистички наратив: непријател, предавници, понижување, народна казна, историска неправда, црвени линии и ветување дека лидерот ќе издржи таму каде што другите „клекнале“. Без ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција. Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за ...
Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затвори едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние ...
Додека случајот „Мазут“ со месеци беше една од најекспонираните истраги во јавноста, едно прашање остана речиси незабележано зошто компанијата од која потекнувал речиси целиот мазут што бил предмет на истрагата воопшто не беше опфатена со постапката? Околу 99 проценти од мазутот кој бил испорачуван преку РКЕ за потребите на ТЕЦ Неготино бил набавен токму од ОКТА но и покрај тоа, компанијата не беше меѓу субјектите кои беа предмет на ...
ВЛЕН ја поздрави најновата одлука за официјално ставање во функција на заедничкиот систем „One Stop Shop“ на граничните премини со Република Албанија. Од таму оценуваат дека овој чекор претставува значаен напредок кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните од двете соседни земји. Според ВЛЕН, овој развој на настаните е дел од еден целосно нов и европски извршен пристап, кој на границите повеќе не гледа ...
Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата, пренесува Либертас. -Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. ...
Инспирирани од сѐ почестите случаи на врсничко насилство и загрижувачките последици што тие ги оставаат врз младите, група активисти реализираа урбана уметничка акција со цел да понудат поинаква порака и поинаков избор за младата популација. Акцијата е директен одговор на неартикулираниот бес и фрустрации кои младите сѐ почесто ги насочуваат кон своите врсници. Наместо насилство, навреди и физички пресметки, иницијативата има за цел да ги ...
Претставникот на СДСМ, Кристијан Дојчиновски, на прес-конференција упати директен повик до Јавното обвинителство, прашувајќи уште колку докази се потребни за институциите конечно да започнат истрага за, како што рече, криминалните тендери во земјава. Дојчиновски информираше дека досегашниот антикорупциски тим на опозициската партија успеал да разобличи сложена тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Според неговите обвинувања, едни исти ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за централниот дневник на телевизијата АЛСАТ-М упати остри критики до претходната владејачка коалиција, нагласувајќи дека СДСМ и ДУИ потпишале чиста капитулација со прифаќањето на бугарските барања. Премиерот категорично порача дека неговата Влада нема намера да попушти под какви било уцени и дека позицијата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по однос на стратешките прашања ...
Комисијата за култура на опозицискиот СДСМ упати најостра реакција до јавноста по повод предавањето одржано во просториите на Српскиот културен центар „СПОНА“ во Скопје. Според опозициската партија, на овој настан дел од најзначајните средновековни цркви и манастири кои се наоѓаат на територијата на Македонија биле скандалозно претставени како „споменици на српската архитектура“. Од СДСМ сметаат дека ваквиот пристап не е научен факт, туку ...
Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја ...
По низата објавени информации за тендерски скандали вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти компании добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на власта, АКТ на СДСМ денеска објави нова бомба која открива уште еден аспект од целата бизнис-шема. Покрај истите фирми кои ги добиваат јавните набавки, во десетици проекти низ државата постојано се појавуваат и истите компании за надзор и проектирање, создавајќи ...
Полицијата го пронајде и го успаси човекот што опожари две службени возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Од МВР соопштуваат дека е идентификувано лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото, И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. „При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител ...
Русија во текот на ноќта изврши еден од најмасовните воздушни напади врз Украина во последните недели, користејќи балистички и крстосувачки ракети, како и стотици беспилотни летала. Најтешко погоден беше Кијив, каде што има загинати и десетици повредени, меѓу кои и деца. Според украинските власти, нападите предизвикале големи оштетувања на станбени објекти, енергетска инфраструктура и културно-историски знаменитости. Меѓу најзначајните ...
Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица. Според ...
Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази? „Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти“, пишува НоваТВ. На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со реализацијата на кредитната линија за поддршка на стопанството и најновите економски показатели, најави дека е заокружена исплатата на средствата наменети за домашните претпријатија. Мицкоски информираше дека минатата недела се префрлени околу 120 милиони денари, со што вкупната сума распределена од почетокот до денес изнесува 230 милиони евра. Станува ...
Украинскиот претседател Водолимир Зеленски му испрати отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, упатувајќи му лична покана за средба лице в лице со цел да се стави крај на војната, пренесува медиумот „The Kyiv Independent“. Писмото е објавено еден ден откако Украина изведе голем напад врз Санкт Петербург, погодувајќи големо складиште за нафта и воени цели, токму во утрото кога Путин во градот ги пречекуваше светските лидери на ...
Скопскиот безбедносен форум 2026, под наслов „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“, ќе се одржи на 15 јуни 2026 година, во Собранието на Република Северна Македонија, во салата под големата купола. Настанот започнува во 09:30 часот, а работниот јазик е англиски. Како што објави ЦИВИЛ МЕДИА, Форумот ќе обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните ...
Актерката на Театар Куманово, Владанка Крстевски, ја освои наградата за најдобра актерка на овогодинешното издание на интернационалниот фестивал на монодрама „MONO AKT“ кој се одржува во Приштина. Оваа висока фестивалска награда Крстевски ја доби за нејзината улога во монодрамата „Прво лице еднина“, која е работена во режија на Драгана Гунин. По повод добивањето на наградата, актерката Крстевски се огласи со емотивна изјава, потенцирајќи ја ...
Правилното третирање на тутунот почнува со избор на одобрен препарат, продолжува со точна доза и завршува со безбедна примена и исправна опрема. СЕКЕ Прилеп ги потсетува тутунарите дека секој од овие чекори е важен за квалитетот на производот. За заштита од плевели се препорачува Chlomazone, за заштита од штетни инсекти Sivanto Prime, а за заштита од болести Rival. Овие препарати треба да се користат според препораките и упатствата. ...
Комисијата за култура на СДСМ упати остри критики и обвинувања до власта, тврдејќи дека државните институции свесно дозволиле еден од најзначајните идентитетски и историски комплекси во земјава да премине во приватни раце без институционална заштита. Од партијата изразија сериозна загриженост и револт во јавноста поради информациите дека: „…државните институции дозволиле еден од најзначајните споменици на културата во државата, Арабати ...