Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
СДСМ денеска предупреди дека во заштитеното подрачје околу изворот Рашче се создава дива депонија, која, според партијата, претставува потенцијална закана за водата за пиење и за здравјето на граѓаните. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека отпадот се наоѓа во околината на изворот од кој со вода се снабдува Скопје, како и во подрачје каде што се произведуваат земјоделски производи. ...
Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да престанат да го оправдуваат поседувањето нуклеарно оружје како средство за одвраќање и да преземат конкретни чекори кон негово целосно укинување, објави агенцијата Асошиејтед прес. На комеморацијата во Меморијалниот парк на мирот присуствуваа околу 50.000 луѓе, меѓу кои и претставници на приближно 120 држави и региони. Точно во 8 ...
Дизајнот на македонското знаме на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, предизвика остра политичка пресметка меѓу власта и опозицијата, при што социјалдемократите обвинуваат за срам и понижување на националниот симбол, додека владејачката партија одговара дека станува збор за уметничка инсталација и лицемерие од политичките ривали, покажуваат најновите соопштенија од двете партии. Според соопштението на СДСМ, на ...
Пишува: Џабир Дерала Наместо да биде момент на општествена кохезија и рефлексија за изминатиот пат, одбележувањето на 35 години од независноста се претвори во арена за политички пресметки. Промотивното видео „Силно светнал ден!“ што го објави премиерот Христијан Мицкоски, наместо симбол на обединување, всушност, излезе дека е рендгенска снимка која ги открива сите аномалии на политиката и отсуството на визија кај политичките елити. Амбицијата ...
СДСМ денеска соопшти дека поднела кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје – Тетово, Шпенди Амети, поради, како што тврдат од партијата, системски пропусти и непостапување во случајот со загадената вода во Гостивар. На прес-конференција, членот ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање во изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните, соопштуваат СДСМ. Филипче рече дека и т.н екскурзија на Мицкоски во Брисел, не е ништо друго освен потврда дека зад затворени врати се водат разговори токму за прашањето за кое ВМРО со години ...
СДСМ упати остри критики за патувањето на премиерот Христијан Мицкоски во Брисел, обвинувајќи дека не станува збор за летна екскурзија, туку за тајна мисија со цел отпочнување на преговорите со Европската Унија и прифаќање на францускиот предлог. Од партијата истакнуваат дека Брисел во август не е туристичка дестинација, туку центар на европската бирократија каде што се оди само кога има конкретна работа. Според СДСМ, бидејќи Владата нема ...
Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање ...
СДСМ обвинува за криминална бизнис зделка без тендер, од Владата одговараат дека станува збор за кризна набавка по двојно пониска цена од пазарната, со цел да им се помогне на граѓаните. Набавката на вода за пиење за граѓаните на Гостивар предизвика нова остра пресметка меѓу СДСМ и Владата. СДСМ: Профит на грбот на народот со директен договор за компанијата на градоначалникот на Кавадарци Од СДСМ преку соопштение ја обвинија Владата и ...
Јули 2026 година донесе нови настани, некои од нив и крајно вознемирувачки, но не донесе ништо суштински ново во тоа како се однесуваат политичарите, олигарсите, медиумите и општеството. И, за жал, донесе уште докази дека политиката не функционира во служба на јавниот интерес, туку во служба на моќниците. Во операција што ја најавуваше од ноември минатата година, девет месеци подоцна, владата се (пре)породи. Д-р Мицкоски ја изведе ...
Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА Објавено во ЦИВИЛ МЕДИА на 30 јули 2026 Кога првата вечер после катастрофата во кочанската дискотека „Пулс“ пред опожарената зграда на масовната смрт тогашниот републички јавен обвинител Коцевски одржа своевидна прес конференција со дојдените домашни и странски новинари, му беше поставено прашањето – кој е виновен за таквата невидена во поновата историја смрт на многу млади луѓе. Тој едноставно, без ...
Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање ...
СДА Македонија ја организираше дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина е блокирана однадвор или државата свесно се повлекува од европскиот пат, додека политички, медиумски и економски сè подлабоко се вградува во орбитата на „српскиот свет“. Претседателот на СДА Македонија, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување нови царини за повеќе од 80 земји ширум светот, кои се движат од 10% до 12.5%. Новите мерки ги опфаќаат Велика Британија, Канада, Мексико, Австралија, Кина, Индија и сите 27 земји-членки на Европската Унија. Овие царини стапуваат на сила веднаш и ги заменуваат претходните општи царини од 10%, кои беа оспорени од Врховниот суд на САД. Американскиот трговски ...
СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со меѓусебните обвинувања по повод говорот на премиерот Христијан Мицкоски за Илинден, во кој беше употребен зборот „талог“. Андреј Жерновски од СДСМ го обвини премиерот за патолошка политичка омраза, додека ВМРО-ДПМНЕ експресно возврати нарекувајќи го Жерновски дел од основоположниците на тој „талог“ кои го уништувале системот со децении. СДСМ: Мицкоски го третира народот како „талог“ и води ...
Опозицискиот СДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека го искористил најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот. Од партијата реагираат на илинденскиот говор на премиерот во кој тој повикал на борба против омразата, цинизмот и „талогот што ја трујат Македонија“. СДСМ прашува кој е тој „талог“, оценувајќи дека за Мицкоски тоа се сите што не мислат како него, ...
Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија), вчера во Скопје, организираше тематска дебата на тема „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и „Српскиот свет““. Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, беше домаќин, модератор и воведничар на дебатата. На настанот учествуваа Никица Корубин, поранешен пратеник и колумнист; Роберт Алаѓозовски, критичар и поранешен министер за култура; проф. д-р Ана Чупеска, ...
Владата продолжува со етапното претставување на програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата, соопштуваат од Владата. Како дел од оваа замисла, портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска од Градскиот парк во Струмица најави нов голем настан кој ќе се одржи на 16 август во овој град. Според Владата, целта е јубилејот да не се слави само во главниот град, туку преку серија настани низ повеќе градови да им се ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. Учеството во Сараево има посебна симболика за ...
Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните. „Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални ...
Додека владејачката власт тврди дека државата е економски прва во Европа, уште една странска компанија најави повлекување од македонскиот пазар, соопштија од опозициската СДСМ. Според партиските информации, германската компанија БМЗ донела одлука да го затвори својот производствен погон во општина Илинден и производството да го пресели во Полска, при што околу 90 работници остануваат без работа, а пропаѓаат и претходно најавените нови ...
Македонија прераснала во едно големо градилиште со реализација на повеќе од 1.200 проекти преку проектот за реалокација од централниот буџет кон општините, истакна премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Општина Илинден. Како што нагласи претседателот на Владата, дел од проектите се веќе завршени, дел се во процес на реализација, а очекувањата се следната година да се заокружи процесот од првиот и вториот повик, по што ќе се ...
Од СДСМ реагираат на претходните изјави на премиерот Христијан Мицкоски за заемот од јавните претпријатија, нагласувајќи дека поднесените кривични пријави за М-НАВ го демантираат тврдењето дека таквите позајмици се нормални. Според партиското соопштение, со давањето позајмица од М-НАВ кон Јавното претпријатие за државни патишта средствата собрани од авиокомпаниите биле пренаменети надвор од рамките на ратификуваниот меѓународен договор, што ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Полемиката, ако може така да се нарече, меѓу актуелниот министер Тимчо Муцунски и поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи е повеќе од обично партиско препукување. Нивното меѓусебно вербално пушкарање на социјалните мрежи не го илустрира само судирот меѓу политичките наративи на власта и опозицијата. Во нивната размена се откриваат суштински различните концепти за тоа како се третираат минатото, сегашноста и иднината ...
По десетдневната агонија и илјадниците граѓани кои побараа медицинска помош поради микробиолошко загадување, водоводниот систем во Гостивар бележи делумно стабилизирање. Иако надлежните ја прогласија водата за технички исправна, таа сè уште е строго забранета за пиење и готвење. Здравствената криза која го парализираше Гостивар започна на 14 јули, кога болничките ходници почнаа да се полнат со пациенти со симптоми на тешко труење, повраќање ...
Заедничката понуда на компаниите „IKARUS Electric Zrt“ и „EVN“ понуди најниска цена на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопштија денеска од Министерството за транспорт. Како што информираат од ресорното министерство, на јавниот повик пристигнале вкупно четири понуди од реномирани компании, меѓу кои и „Xiamen Golden Dragon Bus“, „YES-EU DENMARK A/S YUTONG“, „BMC Otomotiv“ и конзорциумот ...
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот ...
Главните политички случувања во текот на изминатата недела минаа во знак на Самитот на НАТО во Анкара и воената ескалација меѓу САД и Иран. Овој преглед опфаќа избор и од други клучни настани во светот, како Украина, Обединетото Кралство, Молдавија и други. Самитот на НАТО и по него На самитот, Трамп објави дека САД ќе и дадат лиценца на Украина за домашно производство на ракети „Патриот“. Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето јавно ...
Во Собранието на Македонија денеска се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската Унија, реформските процеси и обврските кои ѝ претстојат на државата на патот кон полноправно членство. Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави наодите од ревизијата на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на АД МЕПСО – Скопје за 2024 година. Иако друштвото бележи раст на приходите од својата основна дејност, утврдени се значителни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства. Овие недостатоци имаат директно влијание врз ефикасноста, развојот и модернизацијата на електропреносниот систем во државата. ...