Без поголеми непреавилности, под будното око на меѓународните набљудувачи и со засилено присуство на КФОР во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2 милиони граѓани од кои нешто над 100 илјади се гласачи од дијаспората. Од вкупно 120 пратенички места 20 се загарантирани за малцинствата и тоа 10 се за Србите додека останите 10 се за другите малцински заедници. Србите на Косово за разлика од минатите избори ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, осуден за корупција и трговија со влијание во врска со случајот познат како прислушување, рече дека пресудата е „неправедна“ и најави дека ќе се повлече од своите „јавни активности како поранешен претседател“ и ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права. Касациониот суд во Париз го осуди Саркози на три години затвор, од кои една година беше условна со електронски мониторинг уред и ...

Маж, кој тврди дека убил две лица, се забарикадирал вооружен со граната во столарска работилница во селото Гонои, во грчката област Тесалија, а на местото на настанот се распоредени специјални полициски сили, јавуваат денеска грчките медиуми. Осомничениот, кој има околу 60 години, се јавил во полиција велејќи дека убил две лица, а полициските службеници потоа го пронашле телото на една од жртвите, за која се верува дека е од ромска етничка ...

Студентите од Србија денеска упатија повик до граѓаните низ целата земја да им се придружат на улиците во знак на поддршка за нивните барања, на стотиот ден од трагедијата во Нови Сад, кога при уривање на настрешница загинаа 15 лица. Во Белград е најавена блокада на најпрометниот мост „Газела“ од 11 до 18 часот, додека во Нови Сад, од 11 до 14 часот, ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот. Na ...

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ниту ги потврди, ниту ги демантираше медиумските извештаи за телефонски разговор меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. „Додека администрацијата во Вашингтон ја развива својата работа, се појавуваат многу различни комуникации, овие комуникации се одвиваат преку различни канали и, се разбира, со оглед на мноштвото на овие комуникации, јас лично можеби не знам нешто. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се во брак 20 години. „Има нешто во неа, таа е силна жена, но во исто време ја има оваа понежна моќ. Навистина е добра во одржувањето рамнотежа со нејзиниот сопруг“, изјавила официјалната фотографка на првата дама на САД, Регина Махаук за списанието Hello! Махаук исто така призна дека понекогаш се прашува како 54-годишната Меланија воопшто има храброст да продолжи. „Тие поминаа ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика Србите од Косово и Метохија да излезат на изборите што се одржуваат денеска и да гласаат за Српската листа, бидејќи, како што рече, тоа е единствената гаранција дека Албин Курти нема да ги протера. „Ја користам оваа прилика да ги повикам сите Срби од Косово и Метохија да гласаат, да не им биде тешко. Да не им биде тешко на оние на кои треба да земат слободен ден, да се возат со автомобил или ...

Денеска во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2.075.868 граѓани. Тие можат да гласаат на 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места ширум земјата. Според официјалните податоци, 1.970.944 граѓани се регистрирани за гласање во Косово, додека 104.924 лица од дијаспората го искористија своето избирачко право вчера, гласајќи во 30 дипломатски претставништва во 19 различни земји. Ова се деветти парламентарни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави Њујорк пост доцна синоќа. Во интервјуто за Air Force One во петокот, Трамп рече дека е „подобро да не каже“, кога го прашале колку пати двајцата лидери разговарале. „Тој (Путин) сака луѓето да престанат да умираат“, изјави Трамп за New York Post. Кон крајот на јануари, портпаролот на Кремљ, ...

Унгарија исто така го разгледува своето идно учество во Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Мојот израелски колега Гидеон Сар и јас разговаравме за можностите и плановите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток“, напиша Сијарто на Фејсбук по телефонскиот разговор со неговиот израелски колега Гидеон Сар, пренесе МТИ. Тој нагласи дека го уверил својот колега за поддршката ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини раководството на Европската унија за уништување на Европа, особено го критикуваше доделувањето пари за Украина и за преплавувањето на Европа со мигранти. „Бриселските бирократи ја уништија Европа. Поради Брисел, европската економија полека тоне. Поради Брисел нашите пари се испраќаат во Украина за безизлезна војна. Поради Брисел Европа е преплавена со мигранти”, изјави Орбан на социјалната мрежа Х. ...

Повеќе од 30 луѓе загинаа во несреќа во која учествуваше автобус во јужниот дел на Мексико, објавија денеска локалните медиуми. Според извештаите, автобусот сообраќал меѓу Канкун и Табаско, објави Ројтерс. 🇲🇽 𝗕𝘂𝘀 𝗮𝗰𝗰𝗶𝗱𝗲𝗻𝘁 𝗶𝗻 𝗠𝗲𝘅𝗶𝗰𝗼 𝗸𝗶𝗹𝗹𝘀 𝗮𝘁 𝗹𝗲𝗮𝘀𝘁 𝟯𝟬 A tragic accident occurred this morning on the Escárcega-Villahermosa highway, Mexico, where a trailer collided with an Acosta line bus traveling from Cancún to ...

Неколку минути откако авионот полетал од меѓународниот аеродром Тонконтин во Тегусигалпа, главниот град на Хондурас, патник извадил пиштол и почнал да се заканува дека ќе ги убие другите патници, објави денеска Мирор. Персоналот успеал да го совлада патникот пред некој да биде повреден. #ItsViral | Passenger pulls out gun on flight mid-air, threatens to kill co-flyers: Shocking video emergeshttps://t.co/nn8jPWv1xu — Hindustan Times (@htTweets) ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни своето ветување дека ќе ја казни Јужна Африка, потпишувајќи извршна наредба во петокот за суспендирање на секаква помош за земјата за, како што рече, кршење на човековите права врз нејзиното малцинско бело население. Трамп тврди дека неодамна донесениот закон за експропријација на земјиште во Јужна Африка е „грубо“ дискриминаторски кон белците, „африканците“, потомци на холандските и другите ...

Министерот за здравство на Велика Британија, Ендрју Гвин е сменет поради несоодветни коментари објавени во група на WhatsApp. „Премиерот е решен да ги почитува високите стандарди на однесување во јавниот сервис и да води влада во служба на работните луѓе. Тој нема да се двоуми да преземе мерки против секој министер кој нема да ги исполни тие стандарди, како што беше сторено во овој случај“, изјави владиниот портпарол во Лондон, пренесе Скај њуз. ...

Недоветните марионетски и алчни бошлаф сурати веруваат дека за да бидат во новото време, мора да се понижени и изгазени од кукловодите. Во менгеме им се стегнати „топките“, па не газ, туку држава и образ продаваат, само да се доберат или да останат на власт. Играат „пиперевка“, а народот свој апла го есапат за ретард. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Трие баба лен, да ѝ мине ден! Израз што многу често се користи погрешно за означување работа од ...

Стотина луѓе останаа заробени во зграда која се запали во источна Москва, а пожарот се прошири на 100 квадратни метри. По интервенција на противпожарните екипи, спасени се 80 лица, уште 120 се евакуирани, а три лица се пренесени во болница поради вдишување чад. На пожарот, како што јави РИА Новости, му е доделен втор степен на сложеност од пет, изјавија за РИА Новости од службите за итни случаи. 🥱About 30 people trapped by fire in Moscow dance ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да го депортира принцот Хари од Америка и покрај правната битка за неговиот статус на имиграција. „Не сакам да го направам тоа. Ќе го оставам на мира. Има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“ рекол Трамп, пренесе Њујорк пост. Принцот Хари моментално се соочува со правни предизвици во врска со неговиот престој во САД. Конзервативната тинк-тенк фондација Херитиџ поднесе тужба ...

Тркало излета од службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ, додека тој се движел кон Мокрин, пренесуваат српските медиуми. Замалку беше избегната трагедија кога возилото во кое се наоѓаше претседателот очигледно удрило во специфична пречка на патот, поради што тркалото паднало. pic.twitter.com/5CMcyZ0wpX — AMiros (@miros_an27575) February 8, 2025 Со оглед на фактот дека во возилото бил претседателот Вучиќ, важно е да се ...

Палестинската милитантна група Хамас му предала на Црвениот крст тројца израелски заложници во градот Деир ал Балар, во централниот дел на Појасот Газа, јавува Ројтерс. Милитантната група ги ослободи Охад Бен Ами и Ели Шараби, од Кибуц Бери и Ор Леви, од музичкиот фестивал Нова, кој беше нападнат од Хамас на 7 октомври 2023 година. Се очекува Израел да ослободи 183 палестински затвореници во текот на денот, од кои 18 отслужуваат доживотни ...

Вкупно 183 Палестинци беа ослободени од израелските затвори денеска, откако тројца израелски заложници беа ослободени од заробеништво на Хамас во Газа, во петтата размена според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група, пренесува Ал Џезира. Ослободените Палестинци пристигнаа со два автобуса во Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде што беа пречекани од голема толпа и во Рамала на окупираниот Западен Брег. Тие се со лоша ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп да се одржи пред разговорите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи во спротивно, како што наведе, тоа ќе биде дијалог „за Украина без Украина“. Зеленски во интервју за Ројтерс рече дека верува дека ова, пред сè, ќе биде неправедно кон Украина, но и дека нема да обезбеди реални изгледи за завршување на ...

Остатоците од исчезнатиот авион на Беринг Ер, кој исчезнал од радарите во четвртокот, се пронајдени на 34 милји југоисточно од Номе, Алјаска, јавуваат американските медиуми. Црните претчувства се потврдени откако американската крајбрежна стража вечерва околу полноќ потврди дека ниту еден од 10-те луѓе во авионот не преживеал. Да потсетиме, операцијата за пребарување и спасување беше започната на Алјаска откако во четвртокот, непосредно пред ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. – Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги ...

Три земјотреси, од кои два со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала и еден од 4,4, се регистрирани рано утринава во морската област кај грчкиот остров Санторини. Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина, земјотресите се случиле во областа меѓу островите Санторини и Аморгос, јавуваат грчките медиуми. Сите три земјотреси се карактеризираат како слаби, а сеизмолозите не очекуваат посилни потреси. ...

Пишува: Валентина ВУРМ Казна затвор од 20 години му е досудена на младиот Армин Берберовиќ од Сараево. Кобниот 26 мај, под дејство на алкохол и дрога, со одземена возачка дозвола, со брзина над дозволената, на пешачки премин, Берберовиќ ги прегази и уби лекарките Азра Спахиќ и Алма Суљиќ, на возраст од 25 и 26 години. Судот во Сараево, пред еден месец, за првпат ја изрече предвидената максимална казна за сторена сообраќајка со смртни последици. ...

Седумдесет и девет држави членки се приклучија на изјавата за поддршка на Меѓународниот кривичен суд, иницирана од меѓурегионална основна група од Словенија, Луксембург, Мексико, Сиера Леоне и Вануату. „Ние, долупотпишаните држави членки на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд (МКС), ја потврдуваме нашата континуирана и непоколеблива поддршка за независноста, непристрасноста и интегритетот на МКС. Судот служи како витален столб на ...

Косово излегува на парламентарни избори во недела кои се очекува да бидат клучен тест за премиерот Албин Курти, откако неговата владејачка партија победи со убедлива предност пред четири години. Околу два милиони гласачи, вклучително и оние од дијаспората, ќе гласаат за да изберат 120 пратеници меѓу 26 политички групи и еден независен кандидат. Српското малцинство има 10 обезбедени места, додека уште 10 се за другите малцинства. Ова е првпат од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план за Појасот Газа, според кој САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија што ќе биде испразнета од нејзините жители за да може повторно да се изгради, не бара „брзање“. -Апсолутно нема брзање – рече американскиот претседател. Тој изјави дека Газа „ќе биде предадена на САД од Израел на крајот на борбите“. Во денешното кратко обраќање пред новинарите во Овалната соба, ...

Шпанската полиција уапси пет лица под обвинение за планирање терористички напади врз владини згради во земјата, како и институции кои ја поддржуваат Украина во неколку европски земји. Полицијата во Барселона за време на операцијата уапсила двајца Руси и белоруски, колумбиски и шпански државјани под сомнение дека се поврзани со терористичка организација, објавија локалните медиуми. Сите петмина се опишани како „проруски терористи“ и се обвинети ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
50%
1023
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
35%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.59
55%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
46%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
48%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
25%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
41%
1021
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
37%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
41%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60