Семејството Бочели недискутабилно поседува огромен музички талент. Оперскиот пејач Андреа Бочели заедно со 11-годишната ќерка Вирџинија гостуваше во емисијата „Good Morning America“ и непосредно пред празниците ја испеа „Let It Snow“. Слаткото девојче беше облечено во црвено фустанче. Минатиот месец, Андреа издаде божиќен албум снимен со Вирџинија и синот Матео, во кој е вклучена и нивна верзија на познатиот празничен хит „Let It Snow“. „Татко ...

Годината којашто изминува дефинитивно беше најуспешната година за Тејлор Свифт. Младата музичка ѕвезда не само што стана милијардерка, туку се запиша во Гинис со нејзината турнеја „Eras“, која стана Турнеја со најголема заработка во историјата. Списанието TIME ја прогласи за Личност на годината, Тревис Келси ѝ го освои срцето, а фановите од целиот свет со задоволство ги следеа нејзините успеси. По повод 34-тиот роденден на славната пејачка, ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, нашиот најпознат пивски бренд, СКОПСКО, ја започна својата празнична кампања, во чиј фокус е најважното од празниците: времето поминато со луѓето што ни се блиски, убавите моменти што ги создаваме заедно со нив и здравиците и желбите што си ги посакуваме едни на други. А токму тие здравици и желби, имаат нешто што им е заедничко и што важи за секое семејство, секое маало, секое место, секој ...

Емра Куртишова и Петар Стојанов уживат во среќните денови како нови родители. Македонските актери пред речиси два месеци ја добија ќеркичката Лена и постојано споделуваат дека таа им донесе неизмерна радост. Ѕвездата од серијата „Преспав“, која ја глуми Исаура, објави видео со фотографии од важни моменти од нивниот живот. „Двата најважни денови во твојот живот се денот кога ќе се родиш и денот кога ќе дознаеш зошто“ – напиша Емра. Раѓањето на ...

Бредли Купер и Лејди Гага повторно се обединија. Ѕвездите од „A Star Is Born“ се сретнаа на премиера во Лос Анџелес, пет години по нивниот заеднички филм кој беше вистински хит. На црниот тепих, Гага се појави во црн костум со впечатлив детаљ и позираше со Бредли и неговата ќеркичка Леа. Поради силната хемија која Бредли и Лејди Гага ја прикажаа на филмското платно, пред пет години се ширеа гласини дека тие имаат афера. Но, актерите покажаа дека ...

Семејството на Хилари Даф повторно ќе се прошири. Славната актерка со забавна фотографија ја откри слатката вест дека е бремена со четвртото дете. 36-годишната холивудска ѕвезда позираше со пораснатото трудничко стомаче покрај сопругот Метју Кома и трите деца. „Изненадување, изненадување“ – напиша Даф. Ќерките Меј и Бенкс се нејзини деца со Метју, додека синот Лука таа го има од бракот со бившиот Мајк Комри. По објавувањето на веста за ...

Илустрации на кои се претставени градовите од Македонија како да се дел од Дизни анимиран филм станаа хит. Објавата на Facebook страницата „North Macedonia“ брзо се распространи онлајн и привлече многу обожаватели. Фотографиите се генерирани со вештачка интелигенција, но се слатки и интересни, па јасно е зошто побудија голем интерес. Погледнете како би изгледале Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Охрид, Велес, Неготино... кога би биле дел од Дизни ...

Бредли Купер ја имаше најслатката придружба на премиерата на својот најнов филм „Maestro“. На филмскиот настан во Лос Анџелес, 48-годишниот актер и режисер зачекори за рака со малата ќеркичка Леа. 6-годишното девојче изгледаше неодоливо во фустан со леопардски принт од Долче и Габана и златни балетанки. Бредли, кој ја има главната улога и е режисер на „Maestro“, ја вклучи слатката Леа во филмот. Таа се појавува како малата верзија на ликот Џејми ...

Џенифер Анистон сака луѓето да го паметат Мерју Пери како среќна и забавна личност. Во првото интервју по неговата смрт, 54-годишната ѕвезда од „Пријатели“ била запрашана како треба светот да го запамети нејзиниот колега и пријател, а таа одговорила: „Како што тој рече дека сака да биде запаметен“ – рекла Анистон и додала: „Беше среќен. Беше здрав. Се откажа од пушењето. Влегуваше во форма. Беше среќен, тоа е сè што знам“. Славната актерка ...

Во свет каде сувата кожа измачува безброј поединци, потрагата по ефикасно решение доведе многумина до вратите на дерматолозите. Виновникот? Нарушена кожна бариера, лишена од нејзините есенцијални липиди, оставајќи ја ранлива на губење на влага и мноштво непријатности. Со Eucerin UreaRepair PLUS лосионот, постои надеж за оние кои бараат итно и трајно ослободување од проблемите со сувата кожа. Тајната лежи во прецизно изработената формула која се ...

Тешката борба со неплодноста на пар од САД заврши со многу среќен крај. Брачните партнери, кои копнееја за зголемување на семејството, добија четири бебенца во само три месеци. Зак и Бритни Волфи осум години се обидуваа да зачнат бебенце, но сите нивни обиди биле залудни. Откако одлучиле да се обидат со посвојување, нивната приказна имала сосем неочекуван пресврт. Додека се финализирала постапката за посвојување на едно девојче, Бритни успеала ...

Амал Клуни му дава силна поддршка на нејзиниот сопруг Џорџ. 45-годишната адвокатка го придружуваше 62-годишниот актер и режисер на премиерата на неговиот најнов филм „The Boys In The Boat“ во Лос Анџелес. Таа изгледаше елегантно во долг жолт фустан. Претходно, парот беше фотографиран на премиерата на истиот филм во Сиетл. Џорџ ја режираше американската биографска драма за екипата во веслање која ги претставуваше САД на Летните олимписки игри во ...

Сиара се породи. Славната пејачка го донесе на овој свет своето четврто дете и сподели фотографија од бебенцето. Новородената ќеркичка го доби името Амора Принцес. Таа се родила тешка 4,1 килограми. „Амора Принцес Вилсон те сакаме многу“ - напишаа 38-годишната музичка ѕвезда и нејзиниот сопруг Расел Вилсон. Амора Принцес е трето дете на Сиара со Расел. Таа има уште еден син со раперот Фјучр, со кого беше верена во 2013 година. Сиара и Расел ...

Џо Манганиело не беше сингл долго време. Само пет месеци по разделбата од сопругата Софија Вергара, 46-годишниот актер се појави на гала со новата девојка Кејтлин О'Конор, која е 13 години помлада од него. Гласините дека Џо и Кејтлин се во врска започнаа да се шират уште во септември, но сега парот и официјално ја потврди романсата. Двајцата актери заедно позираа на црвениот тепих на настанот организиран од „Children of Armenia Fund“. Џо поднесе ...

Повеќе од 110 реномирани меѓународни награди, подготвени и реализирани над 7.500 кампањи, соработка со 600 клиенти, како и 300 вработени се само дел од успесите и достигнувањата на маркетинг-агенцијата „Њу момент“, која што годинава одбележува три децени од своето основање. Како еден од главните поставувачи на темелите на домашниот адвертајзинг, тимот предводен од Сашо Пешев изминативе 30 години на најразлични начини ја поддржува и ја унапредува ...

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на ...

Адријана Лима не дозволува негативните коментари да ја обесхрабрат да ја продолжи својата кариера во модната индустрија. 42-годишната манекенка, која со години ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, сними фотосесија за Harper’s Bazaar Арабија и самоуверено позираше во модели од врвни модни куќи. Адријана доби многу критики за изгледот на премиерата на „The Hunger Games: The Ballad Of Songbirds & Snakes“. Коментарите поттикнаа ...

Видео за болно девојче кое се сретнува со „Дедо Мраз“ во болничкиот ходник ќе ви го стопли срцето. Малата Еми е принудена да ги помине празниците во болница, но нејзиното срце ќе се исполни со радост и надеж откако ќе сретне болничар, кој таа верува дека е Дедо Мраз. Болничарот ѝ вели да ги затвори очите и со еден потег го трансформира болничкиот ходник во вистинско празнично волшепство за малите пациенти. На крајот од видеото, болничарот наоѓа ...

Сиара е пресреќна што наскоро ќе го добие своето четврто дете. 38-годишната пејачка го разголи трудничкото стомаче и го обои во златна боја за појавувањето на премиерата на „The Color Purple“ во Лос Анџелес. Славната музичарка носеше бела комбинација со долга наметка од Жорж Хобеика. Со изгледот, Сиара привлече и позитивни коментари, но и многу критики. Сиара објави дека го очекува третото дете со сопругот Расел Вилсон во август. Таа има уште ...

Британското кралско семејство присуствуваше на празничен концерт во Вестминстерската опатија. На специјалниот божиќен настан, принцезата Кетрин и принцот Вилијам беа придружувани од нивните три деца. 10-годишниот Џорџ, 8-годишната Шарлот и 5-годишниот Луи најпрво испратија новогодишни честитки до други деца во малото црвено сандаче, а потоа зачекорија заедно со родителите кон влезот. Принцот Луи се пошегува со својата сестра Шарлот, дувајќи ѝ ја ...

Aleph Group, Inc., екосистем од локални дигитални експерти и технолошки потпомогнати решенија, ја започнува својата „One Brand’ иницијатива, обединувајќи ги своите уникатни брендови, заедно со Httpool на Aleph - под заедничко име Aleph. Aleph, познат по своето динамично дигитално огласување и технолошки - водени решенија, со задоволство ви го најавува проширувањето на својата „One Brand“ иницијатива на Балканот. Овој стратешки потег е дел од ...

Зорица Ѓорчевска со тешко срце за првпат проговори по убиството на нејзината ќерка Вања. Мајката на 14-годишното девојче, кое настрада од рацете на монструозната група мажи, за српскиот медиум „Република“ изјави дека едвај зборува и дека сè уште се прашува зошто нејзиното невино дете не е повеќе со нас. „Не сум во состојба да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол.“ ...

Шенон Доерти истовремено помина низ два од најтешките моменти во нејзиниот живот. Додека се борела со ракот, нејзиниот сопруг Курт Исвариенко ја изневерувал, а таа дознала за тоа непосредно пред операцијата на мозокот. 52-годишната ѕвезда од серијата „Беверли Хилс, 90210“ се отвори за болниот период на примање хемотерапии, за опаѓањето на косата, но и за моментот кога завршил нејзиниот 11-годишен брак. Во својот подкаст „Let's Be Clear with ...

Весна Петрушевска со искрена изјава за убиството на Вања Ѓорчевска апелира секој од нас да размислува пред да даде каков било коментар за трагичната ситуација. Таа потенцира дека потрагата и казните за злосторниците треба да се остават во рацете на полицијата, а да не се заборават мајката и сестричката на настраданото невино девојче. Во целата оваа колективна траума заборавивме на мајката на Вања и на нејзината сестричка. Од проверени извори, од ...

По екстремно успешната година, Тејлор Свифт е прогласена за Личност на годината од страна на списанието TIME. 33-годишната музичарка, која руши рекорди со својата турнеја „Eras“, сними фотосесија и зборуваше за својот живот и новата романса во која е пресреќна. Ова за неа е најсреќниот и најгордиот момент во животот, како што самата изјави во интервјуто. И разбирливо е зошто е тоа така. Каде и да се појави, Свифт предизвикува мини бум во ...

Посветен дедо создава божиќна магија за своите внуци. Грижливиот маж секоја година се облекува како Дедо Мраз и им ги остава подароците под елката на децата на неговата ќерка. Тој им „дозволува“ скришно да го гледаат додека свртен со грбот ги реди подароците и ги јаде колачињата. Но, мајката им кажува дека тој не смее да ги види и затоа треба да бидат тивки. Радоста на лицата на малите момчиња е преголема. Погледнете го видеото: @themontefamily ...

Кристина Димитриевска беше гостинка во емисијата „Ти реков ми рече“, каде зборуваше за својата кариера, животот како самохрана мајка и за односот со бившиот сопруг Даниел Кајмакоски. Згодната пејачка, која е и модел, призна дека нејзиниот син Давид се нема сретнато со вториот син на Кајмакоски, кој се роди во април оваа година. Кога беше запрашана дали Давид досега го запознал својот полубрат Стефан, Кристина рече: „Не, Давид нема полубрат, нема ...

Воислав Говедарица издиша за последен пат. Српско-американскиот актер, познат по улогата во „Рамбо“, почина ненадејно на 83-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес, каде со години живееше. Тој важи за еден од најуспешните Срби во Холивуд. Познат беше по имињата Воја Гориц и Воја Крстарица, а има глумено во повеќе американски и српски филмови, од кои попознати се „Рамбо II“ и „Лавовско срце“ со Жан-Клод ван Дам. Во САД заминува на 41-годишна ...

Македонија и следната година нема да учествува на Евровизија. Ова е втора година по ред нашата земја да не биде дел од популарната манифестација. Веста беше објавена со официјално соопштение од Македонската Радио Телевизија. Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска. Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, ...

Принцезата Кетрин собра бројни комплименти со синоќешното појавување на божиќниот дипломатски прием во Бакингемската палата со сопругот Вилијам. 42-годишната припадничка на британското кралско семејство буквално блескаше во долга тоалета од модната дизајнерка Џени Пекам. Креацијата, која чини речиси 5 илјади фунти, таа ја надополни со салонки од Џанвито Роси, а на главата ја носеше тијарата „Cambridge Lover's Knot“, која ѝ беше омилена на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1010
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
71%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
71%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
46%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.38
63%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
92%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
44%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
61%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
34%
1008
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
73%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048