Велат, љубовта треба да се слави секојдневно. Тоа што некој мисли на вас и ве сака е скапоцен подарок само по себе. И се согласуваме со тоа. Но, доколку сакате да покажете дополнително внимание за Денот на вљубените и да наздравите за сите убави моменти кои сте ги доживеале и оние што допрва следат, тогаш кликнете на електронската продавница на ЕЛЕНА ЛУКА. Таму ве чекаат совршени подароци! Со љубовна симболика, изразена преку црвената боја или ...

На светскиот избор за најубава студентка, кој неодамна се одржа во Сеул, Јужна Кореја, нашата Тијана Петреска, 22 години, од Скопје, ја освои титулата Miss Photogenic, како најфотогенична од сите девојки, а ги имаше 70 вкупно од исто толку држави од целиот свет. Победничка, односно WORLD MISS UNIVERSITY е претставничката на Костарика, Првата придружничка е од Канада, а Втората придружничка од Нов Зеланд. Нашата Тијана е членка на Модното студио ...

Воопшто не е прашање дали и оваа пролет оделата ќе бидат ИН. Тоа веќе се подразбира. Единствено прашање кое се поставува е какви модели ќе бидат актуелни. Според тенденциите во најава, заедно со пролетта се враќаат оделата во интензивни и свежи бои, во кроеви кои варираат од предименизионирани блејзери и широки панталони до класични со потесен крој, а во однос на ткаенините очекувано фокусот ќе биде на природните материјали, особено на ленот. ...

За етаблираната градежна компанија ELENA LUKA HOME, вчера беше посебно значаен ден: беа осветени темелите на нивниот објект Connect 5+ лоциран на ул. Венијамин Мачуковски во населбата Аеродром. „Дозволете да Ве информираме дека на вчерашен ден се случи осветувањето на камен темелникот на нашиот нов објект Connect 5+, кој се наоѓа на ул. Венијамин Мачуковски во населбата Аеродром. Преку овие фотографии и веселите лица на нашиот тим, Ви ...

Луи Витон за прв пат ги зеде во предвид и најмалите. Луксузната француска модна куќа ја престави својата прва колекција за бебиња, односно за децата до 12 месеци. Покрај облека колекцијата вклучува и играчки, разни додатоци и чевли, а истата ќе се најде во продажба само во одредени бутици од трети март. Станува збор за добро осмислена палета на производи од секојдневни варијанти и дизајни за специјални прилики, до играчки кои би ги чувале уште ...

Од неа и со неа, почнува и завршува сѐ. Љубовта е двигател, најмоќната емоција која руши ѕидови, предрасуди, која дава живот и му дава смисла на животот, симбол кој спојува светови и од разликите прави една совршена симбиоза. И љубовта секако не е сведена на само еден празник во годината. Љубовта е празник секој ден, кога е вистинска. Приказните кои ќе ги прочитате во продолжение, се интимни приказни на едни сосема обични луѓе. Но, во секоја од ...

Прекрасната Ерика Баду се најде на мартовската насловна на Вог, каде што зрачи со сета енергија на една пејачка, актерка, модна и општествена икона. Облечена во металик Marni x Erykah Badu палто таа гордо позира за престижното списание оставајќи му на ветрот да си игра со нејзините кадрици. Легендата на нео-соул музиката во интервјуто за Вог меѓу другото, зборува за нејзиното искуство со мајчинството како и за улогата на дула. Баду која три ...

Уште еден Сан Ремо ќе остане запаметен во историјата, овој пат пораки неколку многу моќни пораки пренесени преку модата. Водителка на 73-от најголем италијански музички фестивал, беше светски познатата блогерка италијанката Кјара Ферањи. Инфлуенсерката, која зад себе има соработки со некои од најголемите модни куќи и дизајнери, ја искористи оваа прилика да пренесе неколку моќни социјални пораки. Ферањи во улога на водителка се појави во четири ...

Модната креаторка Стела Меккартни вчеравечер беше одликувана со специјално признание за придонес во одржливата мода од страна на новокрунисаниот крал на Велика Британија Чарлс III. Признанието кое што е познато како CBE (Commander of the Order of the British Empire) претставува едно од највисоките одликувања, покрај витешкото, што еден крал може да го додели. Ќерката на легендарниот Пол Мекартни за оваа посебна пригода носеше рачно скроен, тегет ...

Практично, топло, модерно и едно од омилените зимски парчиња во сечиј плакар – плетената ролка. Базична во нашиот секојдневен стил, топлата и секогаш пријатна за носење, плетената ролка може да ја имплементираме и комбинираме на толку многу начини што никогаш нема да ни здосади. Предноста е што подеднакво е соодветна и за покежуал секојдневни, но и за поелегантни и деловни аутфити. Оние подебели, предимензионирани модели, може да ги носите и со ...

Шишките можат да бидат полн погодок ако ја одберете правилната форма. Доволно е само да побарате совет од професионалците и да ја оставите вашата коса во нивни раце. Годинава како што веќе можевме да видиме, актуелни се неколку фризури со шишки, од потполно рамни како оние на Хајди Клум, до шишките налик на завеса, како што носи Камила Кабејо. Ако сте од оние кои размислуваат дали да испробаат нешто поинакво следниве неколку варијанти на шишки ...

Ана Сунјам Ајам, девојката што го претставуваше Тајланд на овогодинешниот избор за Мис Универзум ја воодушеви публиката со креацијата што ја носеше. Убавата тајлаѓанка се појави во фустан изработен од лимени отварачи. Необичната тоалета, наречена Hidden Precious Diamond Dress, беше дело на брендот Manirat, а е уникатна комбинација од лимени отворачи од лименки и Swarovski кристали. Но, она што е пофасцинантно од самиот фустан е приказната зад ...

Две маркантни жени од генерацијата предводник на тезата: немате стил без став, Шерон Стоун и Мишел Фајфер, деновиве се појавија на различни актуелни настани, подеднакво атрактивни и магнетно привлечни. И двете во својата седма деценија од животот (64год.) позираа со полна самодоверба на црвениот тепих, оправдувајќи ја погоре споменатата теза: стилот е во ставот. Шерон Стоун беше присутна на една од гала забавите пред доделувањето на Греми ...

Модните додатоци на некој начин го заокружуваат стајлингот. Тие се одговорнит за финалниот детал, или јаготката на шлагот. Денес сакаме посебно да ја издвоиме мини чантата, која што во последниве години, освен со вечерни се носи подеднакво и со дневни комбинации. За тоа заслужни се модните инфлуенсери кои што ѝ најдоа одлична примена и со дневен аутфит. Некои од добро познатите модни куќи, како Ботега Венета и Прада имаат модели на мини чанти ...

Хеланките во последните неколку години се претворија во тренди парче што може да се забележи дури и на црвениот тепих. Порано беше незамисливо да се видат хеланки како дел од тренди комбинација за вечерно излегување и нивната примена беше најчесто во домашни услови или за време на спортски тренинг. Денес хеланките се стилизираат со секакви модни парчиња, како долги кардигани, џемпери па сè до мокасини и чизми. На ова само додадете капут или ...

Во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков. Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот "Млад Танец" со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во ...

Македонската балерина Стефанија Гаштарска, која е првата Македонка која успеа да стане дел од ансамблот на престижниот театар „Бољшој", се најде на листата на осумте идни ѕвезди на Русија, според руското издание на магазинот „Форбс". Пред две години, кога на 18-годишна возраст таа официјално стана дел од семејството на „Бољшој", Стефанија го опиша искуството и целиот вложен труд за да се оствари таквиот успех, во ексклузивно интервју за ...

Покрај многуте воодушевувања и пријатни изненадувања на Греми наградите, тука некаде се појави и Мадона и ја збуни јавноста. Во последно време на социјалните мрежи, кралицата на поп музиката ја гледаме со многу изменето лице, речиси непрепознатлива. Од она што може да се забележи Мадона на големо подлегна на интензивни пластични операции и низа други зафати со цел да изгледа што помлада. Легендарната пејачка, која и самата има освоено седум ...

Иако е интересно да комбинираме живи бои од пролетната гардероба, понекогаш сакаме да одиме на сигурно. Честопати ни недостасува време, а токму затоа тука се минималистичките варијанти со неутрални бои. Со беж нијансите ќе изгледате елегантно и тренди и никогаш нема да направите модна утка. Еве неколку иинтересни идеи за тоа како да комбинирате беж со беж. View this post on Instagram A post shared by Mélissa Poli (@melissa_poli) View ...

Зимата само што се покажа на дело, а по сè изгледа допрва ќе видиме што ни подготвува. Затоа ние пронајдовме едно вистинско зимско, снежно и пријатно место, каде освен што ќе можете да се почестите со топло кафе или чоколадо, ќе можете да уживате во прекрасна глетка на ски патека. Планината секогаш е број еден избор кога станува збор за зимска оддишка, а овој пат ве носиме на Бјелашница, планина во централниот дел на Босна и Херцеговина, ...

Четиринаесетти февруари Валентина и Валентин го прославуваат како свој именден, вљубените го празнуваат Св.Валентин, а љубителите на виното пак наздравуваат за Св.Трифун. Како и да е, љубовта е нивниот заеднички именител. Црвената боја пак, е синоним за љубовта, а за сите оние кои симболично сакат да ги одбележат претстојните празници, ЕЛЕНА ЛУКА за време на најљубовниот месец ви подготви изненадувања. „Вртете го нашето љубовно тркало и ...

Иако овој пат Џенифер Лопез не беше дел од црвениот тепих на Греми наградите, таа заблеска во полн сјај како презентер на награда и гостинка во публиката. Ѕвездата се појави на сцената за да ја додели првата награда за најдобар поп албум, која што ја прими Хери Стајлс. Педесет и три годишната Џеј Ло носеше прекрасен Гучи фустан, прекриен со кристали. По корсетираниот фустан се слеваа светкаво, сребрени ленти, целосно изработени од кристали кои ...

Вчеравечер во Лос Анџелес, со сиот свој сјај, заблескаа музичките Греми награди по 65-ти пат. Бијонсе несомнено домираше на сцената и си обезбеди место во музичката историја како изведувач со најмногу освоени Греми награди. Иако пејачката доцнеше на шоуто, навреме стаса за да ги подигне статуетките за најдобра R&B песна, најдобар денс/електронски албум и најдобра R&B изведба кои само допринесоа за вкупната бројка од рекордни 32 греми ...

Во време на брза мода, понекогаш забораваме дека во својата суштина модата е уметност која треба да се ужива, која си го бара своето време и посветеност, и која дава вредност и квалитет во нашето секојдневие. ЕЛЕНА ЛУКА е моден бренд кој достоинствено ова „непишано правило" го применува низ својот концепт на работа до толку што стана нејзина препознатливост. Во ателјето на модниот бренд во Струмица и викендов се случи една таква модна магија ...

На најстарата ќерка на Мадона, Лурд Леон, не ѝ било дозволено да влезе на ревијата на Марк Џејкобс која се одржа во четвртокот во Њујорк, од едноставна причина што не го испочитувала времето и задоцнила на настанот. Таа се појавила во моментот на затворањето на вратите, во 18:00 часот, кога започнувало шоуто на модната писта. На социјалните мрежи вирално се споделуваат видеа на кои обезбедувањето го спречува влегувањето на Лурд со образложение ...

Викенд во зима подразбира удобен, топол и аутфит во кој ќе се чувствуваме пријатно, особено ако го уживаме зимското сонце некаде на отворено. Таквата удобност ја постигнуваме со комбинација на парчиња кои пред сѐ ќе имаат функција да нѐ стоплат, но не го исклучуваат и моментот да бидат стилски впечатливи, погодни за комбинирање, па и забавни. Едно зимско парче кое ги исполнува сите услови за Must have во нашиот викенд аутфит, е шалот-ќебе. ...

Почина славниот моден дизајнер Пако Рабан, во 88-та гдина од својот живот. Тој е основачот на истоимената луксузна модна куќа и важеше за футурист кој постави револуцонерни модни постулати. Во светот на модата тој стана препознатлив по тоа што беше првиот дизајнер кој во создавањето на своите ремек дела искористи материјали како што се пластиката и металот, а кои до тогаш не беа вообичаени за модниот дизајн. На тој начин создаде футуристичка ...

Класиката останува секогаш за да сведочи пред минливите трендови за безвременост. Ако се „нурнете" во плакарот на вашите баби или мајки ќе наидете на многу такви парчиња за кои времето не постои како димензија, и како квалитет и како естетика. И меѓу таквите, капутот со дезен „рибина коска" важи за величествена класика. Делува отмено, а носи и една нота на дамска елеганција, па лесно може да нѐ шармира независно каков е нашиот личен стил или на ...

Зелените нијанси не потсетуваат на пролет и нов почеток, а комбинациите со оваа боја се популарни особено во предпролетниот период. Минатата година позастапени беа силните нијанси на зелена, но годинава по се изгледа ќе гледаме посмирени тонови. Зелената не асоцира на прекрасни фотографии со расцветени дрвја, цветни ливади кои што ни носат мир и задоволство. Кога станува збор за вметнување на смирени зелени тонови во облеката, следниве Инстаграм ...

Амал Клуни е вистински пример за префинет стил и беспрекорен вкус за мода. Кога и да се појави во јавност, таа воодушевува со нејзините комбинации. Сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, отсекогаш била вљубеничка во винтиџ облеката и постојано изгледа совршено од глава до пети. Нејзиниот софистициран стил, уникатен вкус за мода и наклонетост кон винтиџ фустаните се забележува речиси со секое нејзино појавување во јавност. Денес по повод ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.08
46%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.92
42%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
7.6
75%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
39%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58