
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Покрај дневните комбинации за кои што е потребно време добро да се осмислат, доаѓаат и вечерните аутфити кога треба да изгледате погламурозно. Тука на сцена стапуваат слип фустаните кои ја следат линијата на телото и токму затоа се одличен избор кога се бара елеганција. А ако сакате навистина да заблескате додате и соодветен накит, интересна мини чанта или „slingback" салонки. Слип фустанот може да го носите и во дневна комбинација, а за тоа ви ...
Улогата и застапеноста на жените во технолошките и во СТЕМ-науките беше дел од темите на дебатата „Меѓународен ден на жените и девојките во науката: Сите напред за одржлив и рамноправен развој" што се одржа во Europe House Скопје. Колку се застапени жените во технолошките и во СТЕМ-науките, какво е нивното учество во европските проекти, колку соработуваат меѓу себе и како да ја прошират таа соработка, беа дел од прашањата на дебатата. ...
Иако розовата се смета за нежна и романтична боја, не секој има храброст да ја носи. Дури и кога е во најпудрести и суптилни тонови, розовата е секако впечатлива. Но, истовремено ова е боја која го освежува изгледот и носи ведрина во нашиот плакар, па затоа секогаш преку неа може да го одразиме и нашето позитивно расположение. Ако досега не сте ја практикувале во вашиот личен стил, оваа пролет направете место за нијанси на розово. Започнете со ...
Една од најгледаните романтични комедии My Big Fat Greek Wedding, официјално ќе го има своето трето продолжение. Светската премиера на филмот е закажана за осми септември годинава, а доаѓа 20 години по излегувањето на првиот дел. Романтичната комедија за гркинката Тула која се заљубува во американец и понатаму е на врвот на бокс офисот со најголема заработувачка во оваа категорија. Освен тоа филмот имаше и номинација за Оскар за најдобро ...
Брошевите можеби одамна важеа за моден детаљ што се носи по пропишани правила и на точно одредено место. Денес овој мал но прилично моќен печат има широлик дизајн и употреба. Сепак она што е интересно е како еден мини брош може во целост да ја трансформира облеката, односно да и даде едно сосем поинакво значење. Несомнено е дека малиот моден детаљ има моќен израз. И ако во минатото брошот беше сопатник на формални случувања, сега се носи со ...
Безвременската класика, сината кошула, оваа пролет ќе ја збогатиме со риги и како таква ќе ја комбинираме со џинс, панталони, здолништа, блејзери, џемпери, елечиња... Иако порано важеше за модно парче чие место е во канцеларијата, денес кошулата на риги добива нов статус, а со тоа повеќе можности за играње со облеката. Покрај памучните ин ќе бидат и сатенските модели, кои што со себе носат женствен тон, како и широките модели што одлично се ...
Уште откако стана креативен директор за француската модна куќа Шанел во 1983 година, германскиот дизајнер Карл Лагерфелд, достојно го произнесе својот талент во секоја смисла на зборот. Сè до својата смрт во 2019 неговата уникатна смисла за мода владееше на модните писти, а тука не изостануваа и прекрасните, мајсторски изработени венчаници. Еве како сето тоа изгледаше низ годините – Карл Лагерлфелд и неговите невести. 1984 1986 1987 1990 1992 ...
Фамозниот оклоп за гради што неодамна го носеше Ријана како дел од нејзиниот стајлинг, не е нешто ново. Oвој интересен моден додаток веќе децении наназад ги инспирира дизајнерите. Неговата прва улога била секако заштитна, храбрите борци го носеле на бојното поле, се до 20 век кога навлегува во модниот простор и добива нова естетска и симболична функција. Кога сме на темата оклоп за гради, мораме да го споменеме Ив Сан Лоран, кој уште во 1969 го ...
Српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ ги покажа своите најнови ready to wear креации на Лондонската модна недела, а сето тоа беше пропратено со поетско читање од страна на млада руска поетеса. Младата жена која што уметнички се нарекува Арч Хејдс е исто така и пријател и клиент на дизајнерката. Она што таа и Илинчиќ сакаа да го пренесат, секоја со своето "оружје", беше постигнување на ментална независност од туѓите судови. И додека 24-те креации ...
Наближува Денот на лицата со ретки болести, 28 февруари и сакаме малку повеќе да се запознаеме со ретките и предизвикот пред кој животот ги ставил. Кои се ретките, што значи обоената рака, како е да се живее со предизвици од ваков тип, како можеме да помогнеме... и уште неколку прашања ѝ поставивме на Гордана Лолеска, која што е одговорна за кампањата Ги Запознаваме Ретките Болести. Гордана е мајка на три деца Емилија, Андреј и Давид. Таа е ...
Романија е позната по дворци, особено кога се поврзани со грофот Дракула и разните легенди за неговото постоење. Но, нашето внимание овојпат го привлече малку поинаква градба – дворец од глина кој што изгледа како да е излезен од бајка. Неговото целосно име е Castelul de Lut Valea Zânelor што во превод би значело Глинен дворец во долината на самовилите. Оваа интересна градба се наоѓа во селото Порумбаку де Сус во округот Сибиу во Романија. ...
Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски". По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која одбележавме сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј. Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа", омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже измината година и ќе ги награди ...
Наближува Денот на лицата со ретки болести, 28 февруари и сакаме малку повеќе да се запознаеме со ретките и предизвикот пред кој животот ги ставил. Кои се ретките, што значи обоената рака, како е да се живее со предизвици од ваков тип, како можеме да помогнеме... и уште неколку прашања ѝ поставивме на Гордана Лолеска, која што е одговорна за кампањата Ги Запознаваме Ретките Болести. Гордана е мајка на три деца Емилија, Андреј и Давид. Таа е ...
Меѓусезонскиот период е време резервиарно за мантили. Ги носиме сите, независно од возраста и стилските преференции, токму поради нивниот универзален карактер, функционалност и елеганција. Предноста е што може да ги комбинирате буквално во секој аутфит, од деловен за на работа, до спортски со тренерки и патики. Во последниве неколку години, мантилот стана нераскинлив сегмент од урбаната улична мода, каде омилени се моделите во пошироки кроеви, ...
Денес имаме не еден туку два родендени. Две големи ѕвезди, секоја успешна во своето поле, секоја прекрасна и инспирација за својата генерација. Синди Крафорд и Ријана, двете се родени на денешен ден. Легендарниот супермодел полни 57 години, додека мега популарната пејачка 35. За Синди Крафорд најдобро говорат безбројните фотографии, кампањи, насловни и модни ревии. Сè уште важи за една од најубавите жени во светот и е огромна инспирација за ...
Кејт Мидлтон, со нејзиното последно појавување покажа што значи да си вистинска принцеза. Некогашната војвотка од Велс ги маѓепса присутните кога пристигна на BAFTA наградите заедно со принцот Вилијам, во прекрасен бел фустан дело на Александар Меквин. Иако Кејт веќе ја прошета оваа софистицирана тоалета во 2019 година, годинава фустанот доби уште еден нов момент со мали измени во изгледот. Колку еден детаљ умее да направи промени сведочеше и ...
Жената денес треба да биде многу амбициозна. Да биде посветена на својата кариера, да биде успешна во деловниот свет, да биде максимално посветена на своето семејство. Да биде прекрасна мајка, сопруга и ќерка. Секогаш да има време за сѐ. Да има вештачки трепки, надградба во косата, нокти... Да готви перфектно. Жената денес треба да биде природна, но не смее да има бори и брчки на лицето. Треба да биде зрела, но не смее да остари. Треба да има и ...
Улиците на Загреб, како модна писта. Дотерани, модерни и насмеани загребчани секојдневно го збогатуваат урбаниот дух на градот, најавтентично препознаен токму преку уличната мода. Балансот меќу индивидуалниот имиџ и актуелните тенденции го даваат главниот моден белег, оваа сезона обоен претежно во неутрални, земјени тонови. Сепак, стилскиот диверзитет е она што загребската улична мода ја прави посебно возбудлива, како и тоа што модните трендови ...
Преубавите внуки на принцезата Дијана, лејди Амелија и лејди Елајза, се појавија на модната ревија на Мајкл Корс во Њујорк, за неговата есен-зима колекција 2023-24. Сите очи беа вперени во 30 годишните близначки, кои беа обелечени во дизајни на Корс. Лејди Амелија носеше мини црн фустан со сандали, додека нејзината сестра се појави во златно светкава блуза со долги ракави и широки беж пантолони. Внуките на Дијана, покрај убавината, го наследија ...
Интегрално ви го пренесуваме соопштението од Здружението на новинарите на Македонија: Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните", „Работиме за граѓаните, не за политичарите", „Ако ја ограничите нашата слобода, ја загрозувате вашата", „Без локални медиуми вистината не е целосна", се дел од пораките кои денеска новинарите и снимателите ги испратија од пред Владата и Собранието. На денот кога се одбележуваат 77 години од постоењето на ...
Неколку историски градби од познатите светски метрополи добија нежен, розов изглед. Меки, пуфкасти и плисирани завеси во нежно розова нијанса им дадоа нов живот на старите обележја. И колку и да мислиме дека тоа навистина се случило, сепак станува збор за една креативна дигитална замисла на уметникот Андрес Рајзингер. Артистичката серија на фотографии наречена Take Over, којашто вклучува неколку дигитални уметнички инсталации, не тера да се ...
Неколку историски градби од познатите светски метрополи добија нежен, розов изглед. Меки, пуфкасти и плисирани завеси во нежно розова нијанса им дадоа нов живот на старите обележја. И колку и да мислиме дека навистина тоа навистина се случило, сепак станува збор за една креативна дигитална замисла на уметникот Андрес Рајзингер. Артистичката серија на фотографии наречена Take Over, вклучува неколку дигитални уметнички инсталации и не тера да се ...
Диригентката Бисера Чадловска, на 24 февруари, со изведба на оперската претстава „Боеми" од Џакомо Пучини, ќе го одбележи јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на Националната опера и балет. По тој повод, институцијата објави посвета со која го поздрави овој исклучително значаен јубилеј на диригентката, а ние ви ја пренесуваме интегрално. Професионалниот ангажман на диригентката Бисера Чадловска започнува во декември 2002 година, ...
Скандинавската естетика е пропознатлива по својата функционалност, практичност, едноставност, но и по грижата за околината. Но, покрај овие карактеристики се издвојува со изразената индивидуалност. И целиот овој спој за краен резултат има мода која е глобално прифатена и обожувана. Ако го земеме примерот на неколку познати Скандинавки кои важат за влијателни во модна смисла, тогаш пролетта што е пред нас добива една нота на ноншалантност преку ...
Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева, која го направи својот пробив минатата година во светскиот моделинг, како последен успех го забележува нејзиниот ангажман во кампањата на светскиот познат бренд Чемпион (Champion). Токму овој американски гигантски бренд е познат по неговите атрактивни спортски дизајни на дресови за кошаркарските и фудбалските национални тимови. По големите успеси на Јанушева, каде работеше кампањи за одлични и ...
Како што се наближуваат топлите денови се повеќе размислуваме за освежување на стајлингот. Едно од парчињата што ќе сакаме да го вклучиме во ауфитот е тексас јакната. Пролетта не може да се замисли без добра тексас јакна, а сезонава особено ќе се стави акцент на комбинациите џинс со џинс. Тексасот важи за материјал кој што беше одговорен за модната револуција пред неколку декади. Долго време беше симбол на бунтовничкото движење и поп-рок ...
Лондонската елита уште еднаш се собра за да ѝ оддаде почит на Вивиен Вествуд, која почина во декември на 81 година. Модни дизајнери, музичари и други препознатливи лица од светот на шоу бизнисот беа присутни на меморијалната служба во чест на пионерката на панк-рок естетиката. Од Викторија Бекам и Хелена Бонам Картер, до Кејт Мос и Ана Винтур, сите беа собрани со една цел, а многумина се стилизираа и со препознатливиот дизајн на Вествуд. ...
Шанел и твид отсекогаш ја имале таа нераскинлива поврзаност. Коко беше таа што му даде централно место на твидот во нејзините добро препознатливи дизајни, за потоа Лагерфелд да внесе една модерна нота. Така, легендарното сако и здолниште, кои што важеа за формална комбинација, излегоа од канцеларијата и се преселија на улиците. Денес може да сретнеме твид парчиња во секаква комбинација, со фармерки, кошули, чизми, па дури и патики. Модата ...
88-годишната Глорија Стејнем, симбол на глобалното феминистичко движење и стилска икона од 60-те и 70-те, беше инспирација за новата колекција на американскиот дизајнер Мајкл Корс, што деновиве беше промовирана на Њујоршката модна недела. Стејнем беше главна ѕвезда меѓу гостите на ревијата на Корс и седната во првиот ред веднаш до Ана Винтур, го проследи модното шоу кое ни ја прикажа модернизираната верзија на нејзиниот личен стил, особено од ...
Меј Маск е вистинска дама за пример која што е успешна на повеќе полиња. Таа е модна икона, писателка, претприемач, модел. Мајката на технолошки генијалец Илон Маск е активна и на социјалните мрежи каде што многу често ја гледаме во прекрасни изданија, мешавина на екстравагантност и младешки дух. За 74 годишната Меј, годините се само бројка, а она што ја прави посебна е ведрината што ја носи со себе каде и да се појави. Деновиве е актуелна ...