Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Добивај вести на Viber Државната комисија за спречување на корупција во текот на минатата година до Обвинителството поднела осум иницијативи за кривично гонење, но ниту една за можен економски криминал против власта, туку главно за доделување функции без потребното образование и сертификати. Од она што може да се прочита меѓу редови, главно на удар биле поранешната скопска градоначалничка Данела Арсовска и поранешниот министер за здравство ...
Добивај вести на Viber Сè поголем број Германци на возраст меѓу 14 и 29 години велат дека активно планираат да ја напуштат својата татковина. Во неодамнешна студија насловена како „Младите во Германија“, околу 21 отсто од анкетираните млади Германци рекле дека активно планираат да ја напуштат Германија за да најдат подобар живот. Дури 41 проценти рекле дека би можеле да замислат да се преселат во странство на долг рок, пишува Дојче Веле. ...
Добивај вести на Viber И покрај најавите за привремено смирување на тензиите, Ормускиот теснец и натаму е фактички затворен, а поморскиот сообраќај низ еден од најважните светски енергетски коридори е речиси во застој. Според најновите податоци, во изминатите 24 часа низ теснецот минале само неколку бродови, далеку под вообичаениот дневен обем од околу 140 пловила. Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава и оценката на директорот на ADNOC, ...
Добивај вести на Viber ПроКредит Банка ја унапредува својата посветеност кон одржливиот развојпреку конкретни алатки - CO₂ калкулатор и водич за декарбонизација, наменети за поддршка на малите и средни претпријатија во процесот на намалување на нивните емисии и приближување кон целите за Net Zero. Малите и средни претпријатија сочинуваат повеќе од 90% од бизнисите на глобално ниво и вработуваат над половина од работната сила, што ги прави ...
Добивај вести на Viber Полициски службеници од ОВР - Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, синот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница - Кавадарци. Како што информираа денеска од Секторот ...
Добивај вести на Viber Две камери на вториот кат, три на првиот кат каде што се наоѓа и неговата канцеларија и три на приземје. Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави а1.on.mk. Како што ...
Добивај вести на Viber Јавната расправа во Апелациониот суд во Скопје за случајот со свирепото двојно убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беше одложена, откако обвинетите не беа донесени на денешното рочиште. Новиот термин е закажан за 11 мај. Причина за отсуството на еден од обвинетите, Боре Видевски, е неговата влошена здравствена состојба. Според неговиот адвокат Бојан Манев, Видевски се наоѓа на болничко лекување поради сериозни ...
Добивај вести на Viber Филип Морис Интернешнл (ФМИ) ги објави резултатите од својот Извештај за вредност за 2025 година, насловен „Промена во движењето“, покажувајќи конкретен напредок во трансформацијата на бизнисот и амбицијата за создавање иднина без чад. Според извештајот, околу 43,5 милиони возрасни корисници ширум светот користат иновативни производи без чад развиени од ФМИ, кои денес се достапни на 106 пазари. Овој сегмент генерирал ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се одвива според предвидената динамика, а за завршување на автопатот Кичево–Охрид е обезбедено финансирање од домашни банки. „Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде ...
Добивај вести на Viber Околу 2 и пол почна огинот и им реков на другарите да излезат, тие не беа свесни сè уште, ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана таа, не сакаше да излезе, и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката, зад нас имаше девојчиња на маса, не беа сè уште свесни дека гори. Се истуркавме до излезот, каде што се заглавивме малку, и ако подзадоцневме 12-ина секунди, немаше да излеземе. Надвор ...
Добивај вести на Viber Почнувајќи од 8 април, Xiaomi го одбележува својот роденден на посебен начин, заедно со фановите и новите корисници ширум светот. Xiaomi Fan Festival веќе со години претставува момент на благодарност до сите кои се дел од оваа заедница, а овогодинешното славење носи исклучителни поволности кои траат од 8 април, во текот на целиот месец. Овогодинешната тема „Паметен живот создаден за тебе“ се заснова на идејата на ...
Добивај вести на Viber Кои апликации имаат камери во живо од состојбата на граничните премини? Каде да проверите кога е вистинско време да тргнете на пат? Со оглед на тоа што според изјавите на очевидци во текот на изминатиот викенд имало огромни колони, па некои од нив чекале и по два часа, добро би било пред да тргнете да се уверите каква е состојбата и колку време се чека за влез во Грција. Освен официјалната веб-страница на Јавното ...
Добивај вести на Viber Во современото секојдневие, кога денот се одвива меѓу обврски, состаноци и кратки паузи, кафето е многу повеќе од напиток – тоа е мал ритуал што носи енергија и момент на уживање. За многумина, тоа е првиот вистински миг на денот, но и краток здив среде динамичното темпо. Во свет што постојано се движи, токму тие мали ритуали стануваат сè поважни, бидејќи носат чувство на стабилност и задоволство. Токму од таа идеја ...
Добивај вести на Viber На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, ...
Добивај вести на Viber Во услови на зголемена нестабилност на енергетскиот пазар, компанијата ЕДС претстави нова понуда за бизнисите, која за прв пат на пазарот комбинира долгорочна ценовна стабилност со конкретна додадена вредност. Станува збор за договор за снабдување со електрична енергија на 24 месеци со гарантирана фиксна цена, што им овозможува на компаниите сигурност и подобро планирање на трошоците. Како дел од кампањата, клиентите ...
Добивај вести на Viber Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плус остварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории. Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа: – Андреј Димоски & Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars) – Лука Димовски & ...
Добивај вести на Viber На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и ...
Добивај вести на Viber Првата дама Меланија Трамп можеби одиграла неочекувано важна улога во последните одлуки на Доналд Трамп, кога американскиот претседател се откажа од остри закани кон Иран и прифати привремено двонеделно примирје. Ова го тврди британскиот безбедносен експерт Anthony Glees, кој смета дека токму личното влијание можело да биде пресудно во последниот момент. -Можеби тоа било нешто што Меланија му го прошепнала на уво – ...
Добивај вести на Viber Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои возачите со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли од А1 категорија со автоматски менувач, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 киловати. Според предвидените услови, ова право ќе важи за лица постари од 23 години, кои имаат Б категорија најмалку пет години и ќе поминат ...
Добивај вести на Viber Буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, а во 2025 година овие трансфери се очекува да го надминат наведениот износ. Стратегијата за стари лица е истечена пред повеќе од пет години, услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од 1 отсто од постарите лица, што упатува на сеопфатни системски реформи. Постои ризик од зголемување на социјалната исклученост и дополнително ...
Добивај вести на Viber Почнаа традиционалните гужви на граничниот премин Евозни. Според информациите од теренот, сега за сега се ќека од 10 до 15 минути, но се очекува зголемен број на возила во попладневните часови. Продолжениот празничен период, кој годинава носи четири слободни дена поврзани со Велигден, традиционално создава метежи на границите, особено кон јужниот сосед. Сепак, засега протокот на возила се одвива релативно брзо. ...
Добивај вести на Viber АЛТА Група продолжува со силно регионално позиционирање како единствен систем на финансиски институции, проширувајќи го својот деловен екосистем и во областа на осигурувањето. По успешните инвестиции во банкарскиот сектор, нова членка на АЛТА Група станува ЗОИЛ Македонија АД Битола, која во наредниот период, по добивање на сите регулаторни одобренија, ќе работи под името АЛТА Осигурување. Со овој стратешки чекор, АЛТА ...
Добивај вести на Viber Овие празнични денови нека бидат поинакви – полесни, поразиграни и полни со изненадувања! Минт Кредит ти носи GIVEAWAY што не се пропушта, затоа што празниците се за уживање, а ние сме тука да ги направиме уште позабавно искуство. Замисли празнична атмосфера + добра дружба + вечер исполнета со смеа… Звучи како совршен план? Сè што треба да направиш е да аплицираш и автоматски влегуваш во трката за 2 карти за stand-up ...
Добивај вести на Viber Турски државјанин се обидел преку граничниот премин на Меѓународниот Аеродром Скопје нелегално да внесе 116 забни импланти, кои подлежат на посебни дозволи за увоз, соопшти Царинската управа. Според информациите, царински службеници при контрола на неговиот личен багаж ги откриле непријавените импланти, чија вкупна вредност изнесува околу еден милион денари. Од Царинската управа информираат дека против осомничениот е ...
Добивај вести на Viber Додека САД и Иран се обидуваат да зацврстат примирје, Израел зазема повеќе територија од своите соседи како подготовка за долготрајна и исцрпувачка војна на Блискиот Исток. Создавањето на таканаречените тампон зони во Газа, Сирија, а сега и во Либан одразува стратешка промена по нападот од 7 октомври 2023 година, промена што ја става земјата во постојана борбена готовност, изјавија за Ројтерс шест израелски воени и ...
Добивај вести на Viber Австралиска компанија за рударство на критични и скапоцени метали „Пела Глобл“ (Pela Global) која го води проектот за антимон и злато, во земјава и институцијата за финансирање на развој на американската влада (DFC) денеска потпишаа договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија. Информацијата ја објави и компанијата Пела Глобал, која има концесија ...
Добивај вести на Viber Услугата за второ медицинско мислење, која со години претставува стандардна пракса во европските земји, отсега станува достапна и за сите наши граѓани како дополнителен бенефит во рамки на осигурувањето „Ризико Плус“ за кредитокорисниците на Иуте Македонија. Истата се нуди во партнерство со Друштвото за животно осигурување СИГАЛ Лајф АД Скопје и претставува надградба на основниот пакет, обезбедувајќи им на клиентите ...
Добивај вести на Viber Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, за време на вчерашниот состанок во Белата куќа, јави ДПА. Во разговор за Си-ен-ен Руте ги опиша разговорите како отворена дискусија меѓу „двајца добри пријатели“, но не откри дали е разговарано за потенцијално повлекување на САД од НАТО. Во меѓувреме, ...
Добивај вести на Viber Сè поголем број супербогати луѓе го напуштаат Блискиот Исток и се враќаат во Европа, а италијанскиот град Милано сè појасно се издвојува како ново жариште на глобалната елита. Промените се поттикнати од зголемената безбедносна неизвесност во Дубаи, но и од поволните даночни режими што ги нуди Италија. Градот кој до неодамна важеше за главна дестинација за богатите, сега полека ја губи таа позиција, додека Европа ...
Добивај вести на Viber Цените на нафтата нагло пораснаа откако Иран ги обвини САД за кршење на договорот за прекин на огнот, што веднаш ги зголеми стравувањата од нова ескалација и можни нарушувања во глобалното снабдување со енергија. Фјучерсите за референтната нафта „Brent“ со испорака во јуни се зголемени за 2,08 отсто и достигнаа цена од 96,83 долари, додека американската сурова нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) со испорака во мај ...