Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Добивај вести на Viber Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик кои се дизајнирани да наликуваат на медиумски редакции од земјава се, всушност, експозитури на бугарската Фондација „Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов. Речиси 140 илјади профили ги следат овие страници само на Фејсбук, пишува „360 Степени“. Согласно нивното истражување, најголем дел од содржините пласирани во мрежата на портали и страници на ...
Добивај вести на Viber Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 24 јули 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 130,13 евра/mwh, додека на MEMO цената е 90,13 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 85,11 евра за мегават час, а на MEMO 29,85 евра. Цена на Storage MAX, ...
Добивај вести на Viber - На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9.000 евра. По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле ...
Добивај вести на Viber Во срцето на Кичево, зад домашната порта на Олга Стојкоска, се крие вистинска цветна оаза во која секој агол раскажува приказна за љубов, трпение и посветеност. Нејзиниот двор не е само убаво уреден простор, туку мало царство на бои, мириси и внимателно одбрани растенија, за кое таа целосно се грижи сама. Стојкоска се грижи сама за својот двор и градина да изгледаат совршено, но тука не завршува нејзиниот труд и ...
Добивај вести на Viber Охридскиот Регион нема да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО. На 48-та сесија на Комитетот за светско наследство што се одржува во Бусан, Јужна Кореја, беше донесена одлука на земјава да ѝ се даде нов, дополнителен рок од пет години за целосно спроведување на препораките за заштита. Одлуката беше изгласана со мнозинство од 16 гласа „за“ од вкупно 21 членка на Комитетот. Со ова се прифати ...
Добивај вести на Viber Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милиони евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради ...
Добивај вести на Viber Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со ...
Добивај вести на Viber Белата куќа на Доналд Трамп бележи рекорден број на високи функционери кои си заминуваат – 27 функционери потврдени од Сенатот си заминале во првите 18 месеци од неговиот втор мандат, шест пати повеќе отколку во истиот период на неговите тројца претходници. Според анализата на Партнерството за јавна служба, Џорџ В. Буш, Барак Обама и Џо Бајден имале просек од само 4,3 заминувања во истиот период од нивните мандати. За ...
Добивај вести на Viber Кај граѓаните на Гостивар кои побарале медицинска помош поради стомачни проблеми изолирани се астровирус и бактеријата шигела (Shigella). Според здравствените власти, овие патогени се најчестите, но не и единствените причинители на инфекциите, а нивното присуство е директен резултат на фекално загадување или мешање на водата за пиење со атмосферски и отпадни води. Сепак, министерството за здравство посочува дека сè ...
Добивај вести на Viber Американските акции паднаа, бидејќи цените на нафтата се зголемија поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, додека инвеститорите ги оценуваа кварталните резултати од двете најголеми компании во светот, при што Alphabet ги подгреа загриженостите за зголемените трошоци за вештачка интелигенција. Индексот Dow Jones Industrial Average падна за 506,93 поени на Волстрит, или 0,97%, завршувајќи на 51.711,65. ...
Добивај вести на Viber Соединетите Американски Држави синоќа објавија воведување царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека тие не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, ...
Добивај вести на Viber Унгарската компанија „Икарус електрик зрт“ (IKARUS Electric Zrt) и австриската ЕВН (EVN) го добија повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Нивната заедничка понуда од околу 51 милион евра беше избрана како најповолна на денешната електронска аукција, соопшти Министерството за транспорт. До оваа одлука дојде откако претходната тендерска постапка беше поништена со решение на ...
Добивај вести на Viber Европската централна банка (ЕЦБ) презентираше десет финални дизајнерски предлози за новите евро банкноти и официјално го отвори процесот на јавна консултација. Сите граѓани на Европската Унија ќе можат да го искажат своето мислење за новиот изглед на парите преку анкета која ќе биде отворена до 21 септември, додека конечната одлука се очекува до крајот на годинава. Ова претставува прво целосно редизајнирање на евро ...
Добивај вести на Viber Млекара АД Битола во ревидираниот финансиски извештај доставен до Македонска берза објави дека од оваа година е во целосна сопственост на ИМЛЕК АД Србија, со што практично е откриен и купувачот на преостанатите 24 отсто акции кои беа продадени во јануари годинава. Во јануари официјалната информација беше дека се продадени 24,41 отсто од акциите на Млекара АД Битола по цена од 17.096 денари од акција на слободниот ...
Добивај вести на Viber Сите ја знаеме познатата приказна за Тројанскиот коњ, каде што луѓето со одушевување сами ја внесоа опасноста во својот град мислејќи дека добиваат прекрасен подарок. Денес нешто слично ни се случува со вештачката интелигенција, која со одушевување ја инсталираме на секој можен телефон и компјутер. На прв поглед сѐ изгледа одлично, бидејќи таа им ги пишува домашните на учениците, им составува семинарски на студентите, ...
Добивај вести на Viber Стручните екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје преземаат итни и конкретни мерки за санирање на состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар. По извршените лабораториски анализи на девет земени примероци од повеќе локации и од самите каптажи, констатирана е микробиолошка неисправност кај сите примероци, како и девијации кај резидуалниот хлор. Како што појасни Емилија Јанеска, дел од ...
Добивај вести на Viber Бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Од почетокот на годинава секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените. На почетокот на годината имало 90.214невработени граѓани, а веќе во февруари бројот се намалил на 89.340 невработени. Во март има ново намалување и тогаш вкупно невработени биле 88.661 граѓани, а веќе во Април нивниот ...
Добивај вести на Viber Грчката национална метеоролошка служба (ЕМЈ) издаде итно извонредно предупредување (црвен аларм) поради драстично влошување на временските услови, кое го зафаќа регионот во периодот од 23 до 25 јули. По неколкудневниот екстремен топлотен бран, метеоролозите алармираат за нагла промена проследена со силни поројни дождови, интензивни електрични празнења, олуен ветер и локална појава на град, предупредуваат на групите ...
Добивај вести на Viber Тоа беше една од најголемите финансиски приказни од деведесеттите години. Илјадници граѓани секој ден стоеја во редици пред филијалите на банката „Југоскандик“, убедени дека пронашле место каде што нивните пари не само што се безбедни, туку и дека ќе растат побрзо отколку што изгледаше можно во тоа време. Во еден момент, сè запре. Кога финансиската пирамида почна да се урива, зад себе остави не само празни сметки и ...
Добивај вести на Viber Сопствениците на имот во Скопје во наредниот период може да очекуваат повисоки сметки за данок на имот, како резултат на новиот Правилник за унифицирање на цените на земјиштето и зоните, кој неодамна го усвои Советот на Град Скопје. Први на удар се жителите на општините Центар и Карпош, каде што во соработка со УНДП веќе се врши репроценка на имотот и каде што наскоро ќе бидат доставени новите даночни решенија со ...
Добивај вести на Viber Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информираше членовите на организацијата дека Светското првенство во САД, Канада и Мексико заработи 15 милијарди долари. Првичните проценки на ФИФА беа дека Светското првенство ќе генерира 11 милијарди долари, но тие беа значително надминати. Покрај тоа, приходите од претходното Светско првенство во Катар во 2022 година беа речиси удвоени, имајќи предвид дека Катар оствари ...
Добивај вести на Viber Територијата на Македонија на ден петок 24 јули ќе биде зафатена од влажна и значително поладна воздушна маса од север која ќе услови да имаме повремени врнежи од дожд и невообичаено свежо, па дури и ладно време за третата декада на месец јули. Локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, објави метеорологот Славчо Попоски. „Локално во ...
Добивај вести на Viber ПОЧНА ХИПЕРХЛОРИРАЊЕТО НА ВОДОВОДОТ ВО ГОСТИВАР Во градот Гостивар почна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа. Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека до крајот на оваа недела или почеток на наредната Гостивар ќе има техничка вода, а до крајот на наредната недела и вода за пиење. Во моментов на терен се распоредени четири цистерни на следните локации: Кај Болницата ...
Добивај вести на Viber Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ја координира акцијата за обезбедување и дистрибуција на вода во Гостивар, поради епидемијата што го зафати градот. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска присуствувал на седницата на Главниот штаб во Општина Гостивар, каде што биле разгледани мерките за справување со состојбата. Потоа, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на ...
Добивај вести на Viber Унгарската влада покрена истрага за кредитот од една милијарда евра што претходната влада на сега веќе екс премиерот Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија преку државната банка „Ексимбанк“, пренесува „Ројтерс“. Премиерот Петер Маѓар изјави дека заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти и целосно обезбеден со државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на „Ексимбанк“ што во моментов се предмет на ...
Добивај вести на Viber Загадената вода во Гостивар стана светска вест. Случајот со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и илјадниците граѓани кои побараа медицинска помош, епидемијата и забраната за секаква употреба доби значително внимание во странските медиуми, пренесува порталот Гостивар пресс.мк Во изминатите денови за здравствената криза во Гостивар известуваа најмалку 30 медиуми од Франција, Италија, Русија, Германија, ...
Добивај вести на Viber Два „ертрактори“ и две теренски возила „пинцгауер“ обезбедуваат воздушна и копнена поддршка на пожарникарите од скопската противпожарна бригада. Голем пожар гори на падините над селото Копаница, во општина Сарај, кој и вечерва претставува сериозен предизвик за противпожарните служби, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен се ангажирани два „ер трактори“ и две теренски возила „пинцгауер“, кои ...
Добивај вести на Viber Цените на недвижностите во Србија бележат голем раст во последните години, но пазарот не е ист во сите делови од земјата. Додека квадрат во Белград и Нови Сад достигнува неколкупати повисоки износи, во некои помали градови сè уште има локации каде што може да се купи стан или куќа по многу попристапни цени. За купувачите кои немаат голем буџет, но сакаат сопствен имот, посебно внимание привлекуваат градовите на југ, ...
Добивај вести на Viber Повеќе од 2,1 милиони вработени во Германија работат повеќе од 49 часа неделно. Податоците покажуваат дека најпогодени се претприемачите, менаџерите и постарите работници. На германскиот пазар на трудот постои необичен парадокс: додека дел од граѓаните не успеваат да најдат работа со полно работно време, повеќе од 2,1 милиони вработени редовно работат подолго од вообичаеното. Според податоците од Германскиот федерален ...
Добивај вести на Viber Во градот Гостивар почна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа. Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека до крајот на оваа недела или почеток на наредната Гостивар ќе има техничка вода, а до крајот на наредната недела и вода за пиење. „Преземени се технички чекори за чистење и испирање. Денес се изврши чистење на каптажата (изворот) и започна испирање на примарната ...