Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Добивај вести на Viber Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил. Поводот за оваа објава е штетата направена во подстаницата во Драчево, каде според објавата на Македонски ...
Добивај вести на Viber Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот, објави Управаа за хидрометеоролошки работи. - Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер - се истакнува во нивната објава. Добивај вести на Viber Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот, ...
Добивај вести на Viber Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството. - На видеото се гледа и нашето мало куче Shih Tzu кое е усмртено од шарпланинец преку 50 килограми тежок кој влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го ...
Добивај вести на Viber На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум пожари се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово во атарот на село Винце каде ...
Добивај вести на Viber Купувањето половен дизел автомобил денес е многу посложено отколку што беше пред една деценија. Современите дизел мотори се опремени со турбополначи, системи за вбризгување Common Rail, DPF филтри и бројни електронски контролирани компоненти кои овозможуваат високи перформанси, ниска потрошувачка на гориво и намалени емисии. Сепак, оваа сложеност значи дека секој можен дефект може да се претвори во многу скапи ...
Добивај вести на Viber Многу непродадени луксузни производи се уништуваат со цел да се зачува ексклузивноста и да се заштитат од сивата економија, и иако Европската Унија штотуку ја забрани оваа практика, судскиот случај во Хонг Конг го привлече вниманието на фактот дека таму се уништуваат до 20.000 непродадени производи на Шанел на секои 6 месеци, објави денес Bfm TV. Од 19 јули оваа година, на големите компании во ЕУ им е забрането да ...
Добивај вести на Viber Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, соопштуваат од Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура. - При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина ...
Добивај вести на Viber Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи доколку институциите реагираа навреме, доколку предупредувачките знаци не беа игнорирани и доколку граѓаните беа навремено информирани, нагласи претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во интервју, за Македонската радио-телевизија, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Шукова посочи дека задоцнетата реакција на надлежните институции ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик. - Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и ...
Добивај вести на Viber Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. - Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е ...
Добивај вести на Viber Фолксваген подготвува една од најголемите промени во својата понова историја. Германскиот автомобилски гигант планира да ја намали својата понуда за дури 50 проценти до крајот на деценијата, а воедно драстично да ги поедностави конфигурациите и опремата, пишува Autocar. Целта е јасна - да се намалат трошоците, да се зголеми профитабилноста и да се поедностави понудата во време кога европските производители се соочуваат ...
Добивај вести на Viber Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека ги извртува фактите и дека нема политички кредибилитет да ја коментира политиката на актуелната Влада. Според Муцунски, Османи „многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата“, поради што, како ...
Добивај вести на Viber Туристи од соседна Србија објавуваат предупредување со други туристи кои се деновиве во Солун во соседна Грција. Според објавите на Фејсбук, коли паркирани во Солун биле искршени и и од нив биле земено се што имало внатре. - Предупредување за сите туристи од Србија. Во Солун ноќеска беше ограбен автомобилот, и сè што можеле да украдат било земено од автомобилот. За среќа документите и уредите беа со нас. Не е само до ...
Добивај вести на Viber Пазарот на нафта се покажа неверојатно издржлив, но таа издржливост сега се соочува со својот најголем предизвик од почетокот на војната со Иран. Извонредната способност на енергетската индустрија да најде алтернативни решенија за најголемиот нафтен шок во историјата ги заштити потрошувачите од кризата предизвикана од инфлацијата и зголемените трошоци на живот. За време на војната, цените на суровата нафта се искачија ...
Добивај вести на Viber Иако минералните суровини добиваат сè поголемо стратешко значење во глобални рамки, македонското рударство се соочува со спротивен тренд односно сè помалку луѓе работат во секторот. Официјалните податоци од Државниот завод за статистика укажуваат на континуирано намалување на вработеноста во рударството. Имено, бројот на вработени во секторот „Рударство и вадење камен“ е намален од 4.562 во 2023 на 4.364 во 2025 ...
Добивај вести на Viber Педесетипет годишна жена од селото Копаница е пронајдена почината во коритото на селската чешма во селото, објави Министерството за внатреши работи. - На 24.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во с.Копаница, скопско, била пронајдена почината Ќ.А.(55) од с.Копаница, лице со здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен ...
Добивај вести на Viber Не е случајно што ферментираната храна повторно го привлекува вниманието. Иако со векови е дел од традиционалната исхрана во различни култури, денес сè повеќе луѓе повторно ја препознаваат како избор што лесно се вклопува во современиот начин на живот. Ферментацијата е природен процес во кој микроорганизмите ги преобразуваат состојките во храната. Токму овој процес им дава на ферментираните производи препознатлив вкус, ...
Добивај вести на Viber Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на ...
Добивај вести на Viber Случајот што ја потресе јавноста предизвика лавина од реакции и поделени мислења. Според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, жената тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца, додека други сметаат дека ваквиот чин не може да се оправда. Околностите под кои се случил настанот сè уште се предмет на јавни расправи и важно е надлежните институции да ги утврдат сите факти пред да ...
Добивај вести на Viber Адвокатот Умејр Мухамеди преку објава на социјалните мрежи тврди дека при посета на угостителски објект во Старата скопска чаршија не добил фискална сметка, иако ја побарал, туку му била доставена рачно напишана пресметка. Во објавата тој наведува дека ваквата практика, според него, е незаконска и навредлива кон потрошувачите, оценувајќи дека не треба да се дозволува различна примена на законските обврски. „Не може од ...
Добивај вести на Viber Компанијата АДИНГ АД Скопје во периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година оствари вкупен приход од 347.752.000 денари, што претставува зголемување од 8,3 отсто во однос на истиот период лани. Консолидираниот приход од продажба изнесува 344.271.000 денари или околу 5,6 милиони евра, при што 63,2 проценти од приходите доаѓаат од продажба на домашен пазар, а 36,8 отсто од странски пазари, вклучувајќи Србија, Бугарија, ...
Добивај вести на Viber Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. Ова го објавија денеска од опозициската СДСМ, од каде укажуваат дека ова е уште една потврда дека состојбите не се сјајни. - Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што ...
Добивај вести на Viber Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека престанале да важат царините од 35 проценти што претходно ги воведоа САД за Србија. - Имавме царини за челик, алуминиум, патнички возила, бакар, кои се стратешки производи и што Американците отсекогаш ги правеле, а потоа беа додадени царини како одговор на земјите што имаа суфицит во надворешната трговија со САД. Луѓето треба да знаат дека ова ни предизвика проблеми, ...
Добивај вести на Viber Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во ...
Добивај вести на Viber Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни за американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите Американски Држави не се касичката на Европа и нема да дозволиме да стане таква!“ Веста доаѓа само неколку дена откако Google беше казнет со 890 милиони евра откако Европската Унија откри дека ...
Добивај вести на Viber Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин ...
Добивај вести на Viber Дали би напуштиле работата со нето заработка над 4 илајди евра и би прифатиле плата од 1.300 евра, само за повторно да живеете во вашата матична земја, блиску до семејството и пријателите? Токму ова прашање предизвика илјадници коментари и многу спротивни мислења. За некои, одговорот беше јасен, парите не се најважна работа, додека други веруваат дека враќањето нема смисла ако тоа значи драстичен пад на животниот ...
Добивај вести на Viber Страшно невреме проследно со обилен дожд, грмотевици и опасни налети на ветер ја погодија вчера Грција, при што на удар беа северните делови од земјата, но и главниот град Атина и нејзините предградија. Во налетот на овој силен циклонскиот бран направена е штета на инфраструктирата и проблеми во сообраќајот. Како што пишува грчкиот весник „Катимерини“, врнежните од дожд предизвикале сериозни проблеми во центарот на ...
Добивај вести на Viber Жителите на Гостивар деновиве треба да добијат техничка вода, а кон крајот на следната недела и вода за пиење од водоснабителниот систем на градот. Ова го посочи директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска повикувајќи се на информациите од експертските тимови кои работат на терен. Во телевизиско гостување таа истакна дека ИЈЗ во изминатите денови два пати има излезено на терен во Гостивар за да ...
Добивај вести на Viber Остри реакции во јавноста по изборот на новиот министер без ресор. Најголем дел од реакциите не се насочени кон самиот министер, туку кон фактот што Македонија, како мала и сиромашна земја си дозволува да има многу министерства, па дури и министерство без ресор. - Го разбирате апсурдот се надевам. Ај што имаме куп министерства во еден прцул држава која има население колку помал град, ама ова со министерства без ресор е ...