Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, ја искористи можноста, како и повеќето верници во Србија, да се поклони пред Појасот на Пресвета Богородица, кој е изложен во Храмот на Свети Сава. Постарата ќерка на Чолиќ е многу активна на социјалните мрежи, каде што редовно споделува моменти од својот приватен живот и од луксузни патувања. Овој пат, Уна објави поинаква фотографија од оние што сме навикнати да ги гледаме на нејзиниот Инстаграм. Таа ...

Познатата убавица Лејла Филиповиќ уште еднаш ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со совршен моден избор за потоплите денови. Таа покажа како наизглед едноставните летни парчиња, со правилно стилизирање, можат да се подигнат на многу повисоко ниво. Едноставна база, моќни детали Основата на нејзиниот аутфит е волуменозно бело здолниште, парче кое летно време е исто толку ефективно како и белиот фустан. Наместо класично, Лејла го ...

Душко Тошиќ неодамна потврди дека е среќен во љубовта, а сега ја објави и првата фотографија со својата нова девојка. Станува збор за атрактивна русокоса по име Нора. Имено, на фотографијата што беше објавена, Нора нежно се гушка до него додека седат во градината на ресторан опкружени со зеленило. Убавата русокоса со модерни шишки блескаше со дискретна шминка и насмевка на лицето, облечена во елегантна лесна карирана комбинација со розови ...

Возбудлива лична приказна раскажа Добила Чабриќ-Ивановска, пејачката и актерка која ја освои регионалната публика како победник на шоуто „Никогаш не е доцна“. Чабриќ на ова шоу победи во 2018 година на 90 години, со најголем број гласови од публиката. Добрила денес има 98 години и живее во Дојран на кој е многу горда. „Кога ја изградив куќата во Дојран имав 51 години, и сите мислеа дека ќе ја продадам. Но, наместо тоа, ги зедов со мене мајка ...

Легендарниот српски актер Милан Лане Гутовиќ оствари бројни значајни улоги, но малку е познато дека одбил да глуми во култната серија „Среќни луѓе“. Како што самиот актер своевремено објасни, проблемот настанал пред почетокот на снимањето поради финансискиот договор. Гутовиќ побарал одреден хонорар, на што продуцентот му одговорил дека, поради некаков данок, мора да плати 100 динари помалку. По таа понуда, актерот едноставно се откажал од ...

Марјана Станојковска во сексапилно издание се појави на свечен настан каде буквално ги „украде“ сите погледи и го подигна адреналинот во атрактивна црна креација. Марјана, препознатлива по својата долга, бујна руса коса и совршена линија, заблеска во екстремно провокативен црн фустан со страничен шлиц. Ова парче облека максимално ги истакна нејзините долги, извајани нозе и облини кои со години ја држат на врвот на листите за најубави ...

Познатиот пар Марко Миљковиќ и Луна Ѓогани започнаа со обнова на неговиот семеен имот во Брус, каде што планираат да уживаат со своите ќерки. Марко на својот Јутјуб канал откри дека долго време сакал да го обнови имотот, каде што живееле неколку генерации на неговото семејство, но порано татко му не му дозволувал никакви вложувања. „Имотот е голем,Помеѓу двете куќи што се наоѓаат таму, едната бара комплетно реновирање, додека другата, која ...

Поп-рок пејачката Дани Димитровска го прослави својот роденден на уникатен начин, во во нејзин стил. Честитките од нејзините колеги, пријатели и обожаватели почнаа да се нижат на социјалните мрежи. Дани на нејзината Инстаграм-приказна сподели слика од опуштена, славеничка атмосфера. На сликата е среќно друштво како наздравува во чест на Дани, но на масата има и шарен букет со свежо цвеќе. Пејачката на својот Инстаграм-профил вчера дека полни ...

Наташа Беквалац со години важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а познато е дека вложува значителни средства во својата кариера и проекти за да ги следи актуелните трендови и да остави личен печат во сѐ што работи. Сепак, иако неодамна јавно зборуваше за финансиски тешкотии, официјалните податоци покажуваат сосема поинаква слика. Пејачката своето работење го води преку компанијата „Аурора Артс“, во која е директор и единствен ...

Александар Динев и Евче ставија крај на љубовната врска, а веста ја споделија преку заедничка објава на социјалните мрежи. Во духот на светските познати личности, кои со заеднички соопштенија ја информираат јавноста за разделбите, и тие решија на ист начин да откријат дека повеќе не се пар. Александар Динев и Ева Јовановска – Евче, кои повеќе од година и пол беа во емотивна врска, веќе четири месеци не се заедно. Во изминатиот период ...

Александра Поповиќ, ќерката на покојниот директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, и пејачката Сузана Јовановиќ, со својот начин на живот целосно им пркоси на стереотипите кои важат за децата на познатите личности. Иако татко ѝ ѝ остави милиони и ѝ обезбеди недвижнини, така што во животот буквално не мора ништо да работи, таа избра поинаков пат и одлучи сама да си ги заработува парите. Од факултетска клупа до маникир Откако запиша, а ...

Садетин Саран, турски милијардер, претседател на гигантот Фенербахче, а познат и како поранешно момче на пејачката Емина Јаховиќ е осуден на две и пол години затвор, пренесоа турските медиуми. Турскиот суд го прогласи за виновен откако беше утврдено дека на платформата Ес Спорт, која работи во рамките на неговата компанија, се емитувала реклами поврзани со нелегални обложувалници. Пресудата е изречена по големата истрага што минатата есен ја ...

Пејачката Александра Пилева (Чадиев) сподели ретка приказна од Америка за нејзиниот син Лука. Иако долго време не е континуирано активна во музиката, Пилева, која живее во Чикаго, остана да важи за еден од нашите најдобри и најмоќни вокали. Таа во Америка успешно менаџира сосема поинаква кариера. Денес таа е успешна деловна жена, посветена мајка и сопруга, која изгради свој нов свет далеку од рефлекторите. Александра, заедно со својот сопруг ...

Александра, сопругата на актерот Атанас Атанасовски, објави слика со сопругот од кој инаку поретко споделува фотографии. Иако Атанас важи за лик кој приватноста ја чува подалеку од очите на јавноста, неговата сопруга изненади на социјалните мрежи со оваа спонтана а искрена фотографија. На најновата фотографија која се појави на социјалните мрежи, парот зрачи со позитивна енергија. Облечени во опуштено издание , Атанас со бела маица, очила и ...

Хрватскиот музичар Петар Грашо (50) и пејачката Данијела Мартиновиќ (54) беа во вонбрачна заедница 24 години, а потоа се разделија во 2021 година, што ја изненади регионалната јавност. Петар набрзо започна љубовна врска со Хана Хуљиќ, ќерка на неговиот колега Тончи Хуљиќ. Петар и Хана се венчаа во 2022 година. Истата година ја добија ќерката Алба, а две години подоцна и синот Тони. По раскинувањето меѓу Петар и Данијела, пејачката никогаш ...

Антонија Шола во петтата деценија од животот изгледа подобро од кога било, а за тоа, како што велат многумина, „виновни“ се гените на нејзината мајка Каја Шола. Имено, актерката и пејачка, која денес го слави својот 47. роденден, претходно на социјалните мрежи споделила заедничка фотографија со својата мајка. Објавата предизвикала бројни коментари од обожавателите: „Јаболкото не паѓа далеку од стеблото. Најубава мајка и најубава ќерка“, ...

Фолк-легендата Благица Павловска и младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска повторно го привлекоа вниманието на јавноста, откако заедно се појавија на фотографија која ја сподели Роберт Спасенцовски – Џокер, сопругот на Антониа. „Ние сами вие сите“, напиша тој во описот. Фотографијата не е случајна ако се земе предвид дека Благица и Антониа веќе имаат и музичка приказна зад себе. Двете пејачки пред извесно време ги споија генерациите со дуетот ...

Цеца Ражнатовиќ се отвори за бракот со Жељко Ражнатовиќ-Ракна и раскажа лична приказна која досега не ѝ беше позната на јавноста. Таа во шоуто на Гоца Тржан откри: „Јас си спијам, еден попладне, сама си сум газдарица во својата куќа, кога… некој ме буди. ‘Станувај! Станувај моментално од кревет! Мажот ти доаѓа од работа, поставен ручек… ти уште спиеш. Како не ти е, бе, срам?’ Зошто да ми е срам? Па си спијам додека јас сакам. Што ти е на ...

Пејачката Аделина Тахири деновиве ужива во заслужен одмор во Египет, каде престојува во луксузен ресорт во Хургада. По период исполнет со семејни прослави и убави моменти со најблиските, таа реши да одвои време за релаксација покрај морето. Во изминатите недели имаше повеќе причини за славење – го одбележа својот 35. роденден, а семејството го прослави и седмиот роденден на нејзиниот син Јон. На фотографиите што ги сподели на социјалните ...

Пријател на семејството на Халид Бешлиќ раскажа трогателна приказна по смртта на Сејда, сопругата на Халид. Само осум месеци по заминувањето на кралот на народната музика, Халид Бешлиќ, неговата најголема животна поддршка и сопруга, Сејда Бешлиќ,почина на 1 јуни 2026 година во 75-тата година од животот, оставајќи зад себе приказна за искрена, безвременска љубов која траеше речиси половина век. Нивната приказна започна кон крајот на ...

Светлана Цеца Ражнатовиќ изгледа феноменално и на прагот од својата 6-та деценија. Таа со години внимава на својот изглед и исхрана, па двојно помлади девојки може да ѝ завидуваат на нејзината фигура Сега, таа откри како се храни. На својот Инстаграм, Цеца сподели снимка од хотелската соба каде што вечерала со својот фризер Стеван. – Ако се прашувате што јаде Цеца за да биде убава: Млади компири, пилешко, леб нема! Не пишувајте подолу дека е ...

Партнерката на актерот Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, ја шокираше јавноста со најновата и сосема неочекувана трансформација. Таа одлучи да направи огромен чекор и да ја замени својата препознатлива долга коса со ултракратка, момчешка фризура со прави шишки. На црно-белата фотографија, Аница позира во лакиран капут, гордо покажувајќи го својот нов, поостар и помодерен имиџ. Оваа драстична визуелна промена веднаш започна лавина од коментари на ...

Мелина и Харис Џиновиќ се разведоа пред две години, а прашината што ја кренаа зад нив сè уште не се смирува. Долго време се шпекулираше и за односот на Харис со неговата ќерка Ѓина, која остана блиска со нејзината мајка. Таа неодамна се врати во Белград, каде што престојуваше во семејниот дом, и со тоа им застана на патот на сите шпекулации дека е во караница со својот татко. Во неодамнешно интервју за медиумите, Харис истакна дека најважно ...

Фолк-пејачка Зуица Лазова беше гостинка во емисијата „Мамавизија“ и отворено раскажа за некои од најтешките, но и најсреќните моменти од животот. -Мајка ми почина во 2000 година. Бев во неизмерна тага кога набргу по трагедијата дознав дека сум бремена. И покрај несредената врска со Наум, тој сè уште не беше официјално разведен, во ниеден момент не се посомневав дека нема да ја родам. Кога сега ќе се присетам, целата таа бременост помина во ...

Дани Димитровска денеска има голема причина за среќа и славење. Пејачката на својот инстаграм-профил објави дека полни 47 години. До сликите со роденденска торта, таа им се заблагодари на сите пријатели за честитките. „Благодарам за секој збор, драги знајни и незнајни луѓе. Имам уште 47 причини за благодарност. А најмногу благодарам на тишината која кажува повеќе од многу гласни победи“, напиша Дани на Инстаграм. View this post on Instagram A ...

Пејачката Александра Јанева и нејзиниот сопруг Иван ја објавија првата заедничка фотографија со малата Тина. Тие веќе уживаат во најубавата животна улога – родителството. Само неколку дена откако стана мајка, Александра сподели момент кој ги разнежни следбениците, откривајќи дека таа пристигнала дома со нивното новороденче. На фотографијата објавена на социјалните мрежи, Александра и Иван позираат насмеани со малата Тина, а пејачката подоцна ...

Пејачката Маја Шупут и Шиме Елез од Сплит, познат во јавноста како „Господин совршен“, по раскинувањето продолжија секој по својот пат. Како што и претходно коментираше самата пејачка, двајцата ги живеат своите животи и, се чини, секој го пронаоѓа својот ритам во новите околности. Шиме во меѓувреме повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше виден во друштво на Миа Мишкулин, поранешна кандидатка на шоуто „Господин совршен“. Ова ...

Српската пејачка Милица Тодоровиќ ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи кога сподели фотографија од првите патики на својот четиримесечен син Богдан, кој веќе ги следи најновите модни трендови. Милица пред четири месеци се оствари во најубавата улога во својот живот кога го роди синот Богдан. Од тој момент, нејзиниот живот целосно се промени, а гордата мајка е целосно посветена на секој чекор од растењето на својот наследник. ...

Пејачката Дара Бубамара официјално стана постојан член на жирито на српската музичка шоу-програма „Ѕвездите на Гранд“ , а како што пишуваат медиумите, договорот што го потпишала ќе ѝ обезбеди вистинско богатство. Пред да ги стави иницијалите на својата лојалност кон „Гранд“, Дара била во слатки маки. На нејзина адреса, се нашла и примамлива понуда од телевизијата „Пинк“ да се приклучи на проектот „Ѕвездите на Пинк“. Сепак, по долго ...

Рале признал неверство и откри необична анегдота: „Излетав низ прозор да не ме фати!“ Композиторот Горан Ратковиќ Рале повторно проговори за својот однос со пејачката Ана Николиќ, но најпрво се наврати на својата кариера и соработката со познатата текстописка Марина Туцаковиќ. Тој се присети на периодот на првата соработка со Туцаковиќ, кога имал конфликт со еден познат текстописец, по што следела и семејна расправија која завршила со тоа што ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.57
41%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.75
56%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.06
47%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.38
54%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.8
78%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.26
52%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.04
32%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.25
41%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
44%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
6.83
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Бакар

13.23

Калај

56.36

Цинк

0.00

Платина

56038.75

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2044.16

Кобалт

56.29

Злато

139576.04

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56