Викторија Поп-Стефанија (13 јули 1945 година – 20 февруари 2025 година) е родена во Охрид, во семејство со богата творечка традиција. Матурира во охридската гимназијата „Свети Климент Охридски“ во 1964 година. Студирала на Архитектонскиот факултет во Белград, а потоа и во Скопје, каде што дипломира во 1969 година на тема: „Духовниот и културен центар Свети Климент Охридски на Плаошник во Охрид“, кај проф. Борис Чипан. Како бележит архитект со ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Институтот за македонски јазик, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, истакна дека македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку и темел на националниот идентитет, културата и историјата на македонскиот народ. „Секој народ ја носи својата душа во зборот, во песната, во јазикот што го зборува и што му дава име на светот околу него. Нашата душа е македонска, а ...

Marigold Box европскиот бенд на Нирвана од Бергамо, Италија, кој вечерва ќе настапува во Скопје. Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија. Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт Кобејн и Нирвана со огромно шоу во живо. Концертот ќе биде во ...

Завчеравечер во преполната арена „Борис Трајковски“ се одржа 28. „Златна Бубамара“ на популарноста. На оваа престижна манифестација Македонскиот народен театар беше добитник на три награди и тоа: најдобра актерка на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста за 2024 е Дарја Ризова, најдобар актер на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста е првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски, а наградата за најдобра претстава за ...

Marigold Box е италијански трибјут бенд на легендарната гранџ група од Сиетл, Нирвана. Повеќе пати наградувани за нивните трибјут изведби, бенд кој ја почитува и ја пренесува вистинската суштина на Нирвана. Во рамките на нивната голема европска турнеја бендот доаѓа во Скопје. Скопската публика ќе има извонредна можност во сабота, на 22 февруари, да ужива во нивната изведба на најголемите хитови на легендарните Нирвана. Ве очекуваме во сабота во ...

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која продира од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски. До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Што се однесува до Скопскиот регион, ...

Драги Михајловски е роден на 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола, а дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Филолошкиот факултет („Книжевниот лик на Скендербеј кај Прличев и во делата на англиски јазик“), а докторирал исто така во Скопје („Очудување и можни преводни модели врз примери од англиската ...

Сонувај, замисли, верувај, создај нешто неверојатно! Од 22 февруари до 2 март, секој ден на приземјето на Скопје Сити Мол кај главниот влез ќе се претвори во свет на бескрајна фантазија и игра! Децата (а и возрасните) ќе имаат можност да ја ослободат својата креативност, обликувајќи неверојатни фигури, херои, животни и цели светови – сѐ што ќе можат да замислат со магијата на Play-Doh. Несекојдневна можност децата да истражуваат, да ...

Маја Вељковиќ Пановска е родена на 21 февруари 1971 година во Скопје. Таа е македонска театарскa, филмскa и телевизискa актерка. Димпломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на Проф. Владимир Милчин. Во 1999 се вработила во Драмски театар – Скопје. Од тогаш реализира главни и споредни улоги во бројни претстави не само во матичниот театар, туку и во другите театарски институции во ...

Светиот пророк Захарија Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим на младенче од ослица; и предавството на Јуда за триесет сребреници; и бегањето на апостолите од Христа во времето на Неговото страдање – ќе удрат по пастирот и овците ќе се разбегаат (13, 7). Пророкот Захариј се нарекува и Срповидец, зашто ...

Познат доктор објаснува како растот на вашите нокти може да биде клучен показател за тоа како стареете и колку долго ќе живеете… Според тврдењата на докторот за долговечност, вашите нокти би можеле да ви дадат добар увид во тоа колку години живот ви преостануваат. Д-р Дејвид Синклер (55) е познат во областа на генетиката по неговото истражување за човечкото стареење и начините за забавување на влијанието на времето врз телото. Тој предава ...

Покрај лековите, нивото на шеќер во крвта може да се следи и на поприроден начин, со консумирање здрава храна која може да помогне во контролата на нивото на шеќер. Ако имате проблеми со шеќерот или едноставно сакате подобро да се грижите за вашето здравје, можеби ќе сакате почесто да вклучувате некои (или сите) од овие намирници во вашата исхрана. Нутриционистката Тара Колингвуд ги издвоила најдобрите прехрамбени опции за порталот Eat This, Not ...

Постудените денови можат да гонервираат секој кој носи очила, бидејќи секој ден ќе се бори со бришење на стаклата. Сепак, постои едноставно решение кое ќе спречи замаглување. Експертот за чистење Ен Расел открила трик кој ќе ви помогне да спречите замаглување на стаклата, користејќи секојдневни производи што ги имаме дома. Замаглувањето на стаклата е особено фрустрирачко за оние кои штотуку почнале да носат очила, па експертот Ен Расел решила да ...

Како што младите луѓе преминуваат во зрелоста почнуваат да се случуваат многу промени на нивното тело, вклучително и кожата, а со тоа и кај некого се појавуваат акните. За многумина ова е фрустрирачко и болно искуство што може да влијае врз самодовербата и целокупната благосостојба. За среќа денес, достапни се многу ефективни решенија и перспективни колекции кога станува збор за младата кожа. Едно од нив, е медицинската колекција за млада кожа ...

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци во соработка со ДЛУК објави Отворен повик за учество на изложбата „Женско писмо“ која ќе се одржи по повод праникот на жената, 8-ми Март. Оваа изложба има за цел да го истакне женскиот глас преку визуелната уметност и да создаде простор за размена на идеи, искуства и инспирација, да ја слави женската креативност и да понуди платформа за афирмација на жените во уметноста. Услови за учество: ...

Белата снегулка е кремаст колач кој не бара многу труд за да се подготви. Се верува дека ова и бил омилениот колач на Јованка Броз, поради што понекогаш го нарекуваат и коцки на Јованка. Рецептот го најдовме на Youtube каналот Deda Miletova kuhinja, каде што можете да најдете различни интересни рецепти од времето на Југославија. Состојките што ќе ви бидат потребни за пандишпанот се: седум белки едно цело јајце седум лажици шеќер седум лажици ...

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на Издавачкиот центар ТРИ во ГТЦ, ќе се одржи уште едно издание на серијалот „Средби со книгите“. Овој пат се среќаваме со Виктор Илиевски, постдокторски истражувач по античка филозофија на Универзитетот во Виена. Негов посебен интерес се платоничарската метафизика, космологијата и теологијата, но она што во четврток вечер ќе нè обзеде е среќата во светот на сенките. Се дружиме со Платон и ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… 2025 година подготвува значајни успеси во многу области од животот. Од свадбени прослави до напредок во кариерата и финансиски откритија, промените ќе влијаат на сè. А познавањето на најповолните насоки за вашиот знак ќе ви помогне да се фокусирате на областите каде што е најверојатно успехот. Како што забележуваат ...

Скопје и Куманово на крајот на јули оваа година ќе бидат домаќини на еден од најзначајните спортски настани за младите во Европа – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Илјадници млади спортисти од целиот континент ќе се натпреваруваат во духот на олимписките вредности, носејќи енергија, страст и спортски дух во срцето на Балканот. И покрај тоа што се работи за спортска манифестација, ЕМОФ претставува и платформа која преку ...

Вечерва во Театарот Антон Панов во Струмица, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена урнебесната комедија „Стилист“. Тргнете ги настрана за миг сите грижи, дотерајте се и со добра мисла и ведар дух, зачекорете накај театарот оваа вечер и поминете прекрасни мигови исполнети со уживање и смеа. Повелете на репризата на „Стилист“, хит-претстава, режирана од најталентираниот современ македонски режисер на комедии – Синиша Евтимов. Играат Стојан ...

Синоќа во арената „Борис Трајковски“ под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ се одржа „Златна бубамара на популарноста“ и се повтори тоа што беше најавувано – одлично шоу со многу гости и добро осмислена сатира… Како на ретко кој настан што се организира во Македонија (Скопје) годинешната „Златна бубамара на популарноста“ започна на време. Присутните во салата(а беше исполнето секое место) ги поздрави ...

„Cuban Fire“ е насловот на концертот кој ќе се одржи вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и ...

Хрватските фудбалски репрезентативци се собрала по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, а главната улога уште еднаш ја имал Лука Модриќ кој уште еднаш покажал каква големина и лидер е. Реал Мадрид и во реваншот го победи Манчестер Сити и со убедливи 3:1 (6:3 вкупни) се пласираше во плеј-оф рундата и во осминафиналето на Лигата на шампионите. Еден од послабите натпревари, а имаше уште многу оваа сезона, одигра Јошко Гвардиол во ...

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во „Литература.мк“ во Дајмонд мол, во рамки на „Денови на литературата“, ќе се одржи промоцијата на книгата „Дом во тишина“ на Никола Маџиров, во издание на „Арс Ламина“. Оваа прва есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на којшто се напишани. ...

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија. Директорот на Македонската опера и балет Оливер Арсовски на прес-конференција нагласи дека овој концерт е шанса за позиционирање на државата на светската ...

Под влијание на веќе споменатата поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија кон нашата Република Македонија, до крајот на неделава останува екстремно ладно, особено наутро кога температурите насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата. На повеќе места температурата ќе се спушта до околу, па и под -10 степени, во делови од Македонија и до околу -15 степени, а во повисоките населени места, планините, и секако, Скијачките центри ...

Игор Маџиров е роден во 1970 година во Струмица. Тој беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот”, но и многуте улоги во Театарот за деца и младинци. Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Стојан во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за ...

Васе Манчев е роден на 20 февруари 1949 година во с. Робово, Струмичко. Завршил Филолошки факултет во Белград, а подоцна станал доктор по филолошки науки. Бил уредник на списанието „Разгледи“, а работел и во Радио Телевизија Скопје. Исто така, бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар, а во Друштвото на писателите на Македонија членува од 1980 година. Од 1987 до 1993 година бил директор на Националната ...

Свесно или несвесно, многу луѓе ги отстрануваат белите нишки од бананите. Ако сте еден од тие луѓе, треба да знаете дека тие имаат цел и се корисни за нашата исхрана. Белите нишки се всушност снопови флоем, поим што веројатно сте го научиле на часот по биологија, а заедно со ксилемот, флоемот транспортира храна и вода до растението, обезбедувајќи доволно хранливи материи, минерали и вода за раст. Едноставно кажано, овие нишки ги дистрибуираат ...

Ако често чувствувате болки во нозете, тоа може да значи дека ви недостасуваат важни хранливи материи. Имено, докторот Ерик Берг објаснил како неколку вообичаени симптоми кои можат да се забележат на стапалата може да укажуваат на некој суштински здравствен проблем. Во едно стручно предавање, тој објаснил како се поврзани срцето и стапалата, но и дека неколку вообичаени заболувања како отечени стапала или грчеви во нозете можат да претставуваат ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
33%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
7.2
44%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
46%
1022
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.8
27%
1013
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
51%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.72
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.63
24%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
11.83
26%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
49%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
5.66
39%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
35%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74