Британската рок група Kula Shaker ги изненади своите фанови со најавата за осмиот студиски албум „Wormslayer“, кој ќе биде објавен на 30 јануари 2026 година. Пред албумот веќе е објавен психоделичниот сингл „Good Money“, кој веќе собра над 49000 прегледи на Јутјуб. Песната „Good Money“ е напишана од Crispian Mills и Alonza Bevan и е создадена во соработка со музичарот Johnny Kalsi на Dhol тапани и беквокали од Grace Lightman и Alex Brown. ...

На денешен ден, 18 октомври 2024 година, Сабрина Карпентер стана првата артистка во 71-годишната историја на официјалната британска музичка топ-листа што помина 20 недели на првото место во една календарска година. Нејзиниот актуелен сингл „Taste“ го помина осмиот последователен викенд на врвот на листата, со што стана најдолго задржаниот број 1 во 2024 година. Оваа бројка од 20 недели на врвот Карпентер ја постигна со комбинација од три ...

Милчо Манчевски е роден во Скопје на 18 октомври 1959 година. Тој е познат режисер, сценарист, писател и фотограф. Студирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во Карбондејл, Илиноис. Од 1985 година, Манчевски живее во Њујорк и во Скопје. Како автор на шест играни филмови и над ...

Светата маченичка Харитина (понекогаш нарекувана и Света Харитина Римјанка) е христијанска света и маченичка од првите векови на христијанството. Нејзиниот празник се слави на 5 октомври (18 октомври по нов стил). Харитина живеела во времето на царот Диоклецијан (крајот на 3 и почетокот на 4 век), кога се случувале големи прогонства против христијаните. Таа била сирота, а ја посвоил благочестивиот христијанин Клавдиј, кој ја воспитувал во ...

Позната е причината за смртта на Дајана Китон. Со тага беше објавено дека легендарната актерка Дајана Китон почина на 11 октомври на 79-годишна возраст. Нејзината смрт предизвика емотивни реакции кај колегите, пријателите и обожавателите ширум светот. Само неколку дена по нејзиното заминување, семејството објави официјално соопштение за списанието People, откривајќи ја причината за смртта: пневмонија. „Покрај болката од загубата, семејството ...

Витаминот Ц е неопходен во секојдневната исхрана… Витаминот Ц, познат и како аскорбат или аскорбинска киселина, е најпознат по тоа што промовира силен, здрав имунолошки систем. Но, влијанието на овој витамин врз општото здравје оди многу подалеку од оваа придобивка, иако е исто така многу важно. – Иако обично го поврзуваме витаминот Ц со зајакнување на нашиот имунолошки систем, тој прави многу повеќе од тоа – нагласува Џес Дегор, регистриран ...

Во рамки на кампањата #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА, компанијата dm drogerie markt со проектот Bestie во соработка со Филозофскиот и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Педагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола успешно реализираше гинеколошки советувањa по универзитетски кампуси со цел унапредување на менструалното здравје кај студентките. ...

Хали Бери, една од омилените актерки во Холивуд, во златно бикини, уште еднаш докажа дека годините се само бројка. Кога Хали Бери објавува фотографија, однапред знаеме дека таа ќе биде тема на разговор во градот со денови. Овој пат, таа позирала во златно бикини и ги оставила без зборови оние кои не можат да престанат да зборуваат за нејзиниот неверојатно младешки изглед. this is 59. 🤍 pic.twitter.com/Th1NQz1I9c — Halle Berry (@halleberry) ...

Таа отворено зборувала за пеколот на зависноста. Актерката Дру Баримор (50) пораснала во едно од најпознатите актерски семејства во Холивуд. Нејзините родители, Џон Баримор и Џејд Баримор, биле актери, а со оглед на тоа што нејзиното семејство било поврзано со филмската индустрија со генерации, таа ги следела истите чекори. Уште од рана возраст, Дру била опкружена со рефлектори и познати имиња. Првата филмска улога ја добила кога имала само ...

Радиото кое веќе со години е синоним за урбана музика, позитивна енергија и современ радио израз – Урбан ФМ, ја започнува новата сезона со целосно освежена програма, нови емисии и млади, препознатливи гласови зад микрофонот. Под слоганот „Зрачиме македонски”, Урбан ФМ ја потврдува својата мисија – да ја промовира современата македонска музика, да ги поддржува домашните изведувачи и да го врати радиото како медиум кој инспирира, поврзува и ...

Нови археолошки откритија доаѓаат од Туркије, конкретно од неолитската област Таш Тепелер или Камени ридови, лоцирана во регионот Шанлиурфа, кој се наоѓа во југоисточниот дел на државата. Најновите ископувања направени во Карахантепе, втор најголем локалитет во Таш Тепелер, за прв пат открија столб во форма на буквата Т со врежано човечко лице, што говори за нов израз на неолитската имагинација и ги менува досегашните разбирања за ...

12 години по несреќата, фактите за неговата здравствена состојба се уште се непознати… Здравјето на Михаел Шумахер со години ја интригира јавноста и е извор на шпекулации и претпоставки. На 29 декември 2013 година, германски возач на Ф1 доживеа сериозна несреќа додека скијаше на Швајцарските Алпи. Удри со главата во камен, што резултираше со сериозна повреда. Помина девет месеци во болница, од кои шест во кома. Иако подоцна беше отпуштен, ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Според хороскопот, до 29 октомври, Меркур е во Скорпија – а кон крајот на годината, од 9 до 25 ноември, ќе биде ретрограден во знакот на Стрелец. Оваа позиција на планетата на комуникација фаворизира трансформација и промени, отворајќи ја вратата за неочекувани разговори. Вистинската среќа доаѓа од тоа што го ...

Ако имавме магична моќ да бидеме како малите деца ќе живеевме во свет во кој нема омраза, предрасуди и стереотипи. А причината е многу едноставна – кога се раѓаат, децата не ги бараат разликите помеѓу луѓето, туку им пристапуваат на различните од себе со отворен ум подготвен да прифати сѐ. Детските умови, се обидуваат да ги разберат работите околу себе, бараат смисла во животот и во опкружувањето, наоѓаат забава во обични, сосем секојдневни ...

Брз и сочен чоколаден колач што се топи во устата – направен без миксер, со само пет состојки Немате време, но сакате десерт што изгледа како да е од слаткарница? Овој чоколаден колач не бара миксер ниту искуство – само пет состојки и 20 минути. Резултатот? Сочен, мек и се топи во устата. Состојки: 200 г темно чоколадо 150 г путер 3 јајца 100 г шеќер 50 г брашно Подготовка: Растопете ги чоколадото и путерот на пареа или во микробранова печка, ...

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски” во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој ...

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...

Колин Фарел повторно го зазема центарот на вниманието во новата британска продукција Ballad of a Small Player, режирана од оскаровецот Едвард Бергер (All Quiet on the Western Front). Филмот е адаптација на романот од 2014 година на Лоренс Озборн, а премиерно беше прикажан на Telluride Film Festival на 29 август 2025 година, по што следеше ограничено кино-издание и глобален стриминг на Netflix од 29 октомври. Во срцето на приказната е Lord ...

Англискиот музичар и фронтмен на The Last Shadow Puppets, Мајлс Кејн, денес го објави својот нов студиски албум „Sunlight In The Shadows“, преку издавачката куќа Easy Eye Sound. Истовремено, Кејн ја претстави и истоимената песна „Sunlight In The Shadows“ придружена со видеоспот, со што официјално го отвора новото музичко поглавје. Режиран од Џејмс Слејтер, спотот за „Sunlight In The Shadows“ носи визуелна естетика што совршено се вклопува со ...

На денешен ден, 17 октомври 1987 година, светски познатото музичко трио Bee Gees постави нов рекорд и остави длабок печат во историјата на поп музиката. Со својата емоционална и мелодична песна „You Win Again“, браќата Бери, Робин и Морис Гиб се искачија на бр.1 на британската сингл-листа, станувајќи единствениот музички состав што успеал да постигне UK број 1 хит во три различни децении – 60-тите, 70-тите и 80-тите години. Овој историски ...

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон ...

Маестро Кире Костов повеќе не е со нас, но затоа неговата вечна љубов и сопруга Кармен Костов се потруди делото на нејзиниот сопруг да остави уште поголема трага во историјата на македонската музика, што е секако повеќе од заслужено… Во книжарницата Литература.мк во Дајмонд мол во Скопје, се одржа промоција на монографијата „Кире Костов-македонски инструменталист, композитор, диригент и педагог“ од Снежана Анастасова Чадиковска и Марко ...

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсовска и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12. место. Во 2004 година, ...

Пристигнувањето на есента најчесто значи дека е време за промена на стилот – од посветли бои кон потемни, од потенка облека кон подебела, од бескрајни денови под отворено небо до брзање дома, каде што е топло. А со почетокот на есента, пристигнуваат и специјални изненадувања од dm. Од 16 октомври па до крајот на месецот, со секоја направена сметка од над 999 денари за шминка и додатоци за шминкање во било која дрогерија на dm, следува подарок ...

Легендарниот актер Ал Пачино открил дека по премиерата на еден од неговите најпознати филмови, „Кум“, се соочил со сериозни финансиски проблеми и дека од целосен банкрот го спасила неговата тогашна девојка, познатата Дајана Китон, која починала ненадејно на 11 октомври на 79-годишна возраст. Двајцата се запознале на снимањето на култниот филм „Кум“, но нивната романса процветала дури за време на снимањето на продолжението, „Кум II“, во 1974 ...

Во Драмскиот театар во Скопје, на 18 октомври премиерно ќе се изведе претставата на „Куршуми над Бродвеј“, работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, во режија на Ненад Витанов. Режисерот на прес-конференција рече дека во текстот не е интервенирано ништо, како и дека костимите се автентични. „Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, режисерите и ...

Синоќа фоајето на Центарот за култура Битола пулсираше во ритамот на рокот! 🎸 Со изложбата на фотографии од групата „Чоканче“ и концертот на легендарната битолска група, оживеана е приказната што повеќе од четири децении ја обликува музичката сцена на градот. Од првиот настап во 1983 година до денешните аплаузи „Чоканче“ останува симбол на бунт, енергија и автентичност. Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од атмосферата што ја ...

Пејачката Тијана Дапчевиќ, позната по својата искреност и духовитост, неодамна привлекла големо внимание од јавноста со својот нов проект – стендап-дело наречено „Менопауза“. Во овој уникатен сценски формат, Тијана на публиката, преку хумор и лични исповеди, ќе и се приближи преку тема за која, како што вели, сè уште се зборува премалку. – Сакам да зборувам за таа тема гласно, со полна уста, бидејќи не е табу тема. Тоа е нешто што секоја жена ...

Во 2007 година, токму на овој ден, секоја една душа заплака. Замина човек со добрина во срцето, со топлина во душата – лик на човечноста. Замина Тоше Проески, човекот со насмевката што лечеше, со срце што љубеше и со очи полни со вера, надеж и љубов. Ден што боли и ден што потсетува. Во 2007 година токму на овој ден секоја една душа заплака,затоа што замина Тоше-замина човек со добрина во срцето,со топлина во душата,лик на човечноста. Тоше ...

Денес во Скопје беше отворена првата конференција за развој на видеоигри во Македонија „Game Dev Rev 2025″, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (MGI). Со своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека оваа конференција не претставува само промоција на видеоигри, туку е симбол на креативноста, младинската енергија и новата културно-економска реалност за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
86%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.3
98%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.72
59%
1007
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
94%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
86%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Злато

159231.39