Во динамичниот свет, стабилноста и понатаму останува една од најважните придобивки. Токму затоа Шпаркасе Банка АД Скопје е фокусирана на грижа за своите клиенти, на нивното финансиско здравје и добросостојба, постојано подобрувајќи ги производните понуди. Една од најголемите поволности што Шпаркасе Банка им ја нуди на клиентите е фиксната каматна стапка, токму во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматите. Затоа, Шпаркасе Банка ...

Цената на златото на меѓународните пазари достигна рекордно високо ниво поради падот на приносот на американските државни обврзници и падот на доларот, откако Федералните резерви ја задржаа прогнозата за три намалувања на каматните стапки оваа година. Изгледите за пониски каматни стапки го оптоваруваа доларот, што го направи златото поевтино за инвеститорите кои поседуваат други валути. Во оваа позадина, цените на златото на самото место ...

Сезонските работи често се избираат од луѓе кои сакаат добро да заработат, а во исто време да летуваат на море. Луѓето за „сезоната“ често доаѓаат од различни места, па не е чудно што сигурната заработка (44%) и сместувањето (40%) се од пресудна важност при изборот на сезонска работа. Интересно е што платата е само на трето место, а слободните денови и работно време им се нешто помалку важни на луѓето во ваков вид на вработување, пишува тпортал. ...

Обемот на инвестиции инвестирани во деловни имоти во Европа се очекува да достигне речиси 34 милијарди евра во првиот квартал на 2024-та година, според консултантската компанија „Savills“. Иако сè уште паѓа, кривата на инвестиции покажува знаци на стабилизација. Обемот на инвестициите за последните четири квартали, пресметан до крајот на првите три месеци од годинава, се очекува да достигне 144 милијарди евра, нешто под нивото од претходните ...

Овен (21.03 – 20.04) Одличен ден за работа. Се што ќе започнете ќе биде успешно завршено. Не сте сигурни дали личноста која ја сакате ги има истите емоции. Бик (21.04 – 21.05) Нетрпеливи сте. Едвај го чекате крајот на некој проект кој ви е многу важен. Искористете ја својата слобода да го правите она што го сакате и во што уживате. Близнаци (22.05 – 22.06) Концентрацијата ви е силна страна, и во овој ден нема да ви се случат грешки. Ќе донесете ...

На њујоршки Волстрит, берзанските индекси пораснаа во вторникот, втор ден со ред, но се тргуваше претпазливо пред одлуките и пораките на американската централна банка Federal Reserve (Fed). Индексот Dow Jones зајакна за 0,83 отсто, на 39.110 поени, додека индексот S&P се зголеми за 0,56 отсто, на 5.178 поени, а индексот Nasdaq за 0,39 отсто, на 16.166 поени. Растот на S&P 500 и Nasdaq индексите е благодарение, меѓу другото, и на растот ...

Ако од една банка очекувате партнерски однос, доверба и услуги прилагодени на вашите потреби, тогаш дефинитивно треба да се одлучите за Уни банка АД Скопје. Овде, секој клиент е важен. Направете промена и префрлете ја платата во Уни банка. Секој клиент кој ќе ја префрли платата во Уни банка во период од 1 март до 30 јуни ќе добие бонус од 2.000 денари. Бидете дел од дигитално напредна банка, каде можете онлајн, брзо и едноставно да имате пристап ...

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во Македонија достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Аеропорт де Париз“ (АДП). Според последното соопштение од АДП, само во февруари бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година. Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два ...

Акционерите на „Македонијатурист“ ќе поделат дивиденда од ланската, но и од акумулираните добивки низ годините, во бруто износ од 1,32 милиони евра. Пресметката ќе се врши според утврдените 200 денари (бруто) по акција, односно 180 денари – нето. Ова е предлог кој треба да биде потврден на акционерското Собрание закажано за 17 април. Според информациите објавени на Македонска берза, вкупниот износ од 81.404.400 денари е сочинет од делови од ...

ВФП Пензиско друштво ќе издаде трета емисија од 145.000 обични акции. Вкупната вредност е 145.000 евра. Акциите се наменети за познат купувач, односно за ВФП фонд менаџмент, кој е и единствен акционер. Одобрение доби со решението донесено од Комисијата за хартии од вредност. „На Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ му се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на ...

Миа Стефановска Зографска доби согласност од Комисијата за хартии од вредност и во наредните четири години да ја извршува функцијата главен извршен директор и извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со затворени и отворени инвестициски фондови „Иново Статус” АД Скопје. Исто така, согласност е дадена и за Благој Митров, досегашен извршен член на Одборот и извршен директор. Освен тоа, Комисијата ги одобрила измените на ...

Исплата на пензиите по „ново“ им претстои на пензионерите, по усогласувањето со просечната плата и со трошоците за живот, што сега носи плус 5,3 проценти. Тоа значи дека најниските примања од 12.528 денари ќе бидат дополнети со 664 денари, кои ќе се најдат на сметките од 2.545 пензионери. А, оние корисници, кои во текот на работниот стаж имале високи примања, за кои биле плаќани високи придонеси, ќе добијат повеќе. На оние 19 пензионери со ...

Јапонската централна банка ги крена денес каматните стапки за прв пат во 17 години и го заврши периодот на исклучително поттикнувачка монетарна политика. По дводневниот состанок Банката на Јапонија благо ги крена краткорочните каматни стапки, во распон од нула до 0,1 отсто. Со првото зголемување на каматната стапка во 17 години јапонската банка последна во групата монетарни институции на водечките западни економии ја напушти политиката на ...

ОВЕН Размислувате за голема промена во вашиот живот. Имате можност да го направите чекорот кон помирување со луѓето за кои се грижите и со кои сте се налутиле поради вашата тврдоглавост и неподготвеност да ги разберете. Не покажувајте агресија на работното место. БИК Успешно завршете го сѐ она што е започнато претходните денови. Не одржувајте состаноци поврзани со вашите деловни планови. Потпишете успешен договор со старите деловни партнери и ...

Словенија е најатрактивна дестинација за инвестиции во регионот, потоа Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Хрватска, а најлоша од поранешните републики на СФРЈ е Босна и Херцеговина, се вели во најновиот извештај на независниот институт Милкен, лоциран во Калифорнија, кој ја мери атрактивноста на земјите во светот за меѓународните инвеститори користејќи комбинација на економски, финансиски, институционални и регулаторни фактори. Индексот се ...

Економијата на Финска најверојатно ќе се намали повеќе и порано од предвиденото, бидејќи рецесијата што започна минатата година ќе продолжи и во 2024-та година, предупреди централната банка на скандинавската земја. Регулаторот сега очекува бруто домашниот производ (БДП) на Финска да се намали за 0,5 отсто во 2024-та година, продолжувајќи го минатогодишниот пад од 1 отсто, според неговите најнови прогнози објавени во петокот. Во декември тој ...

Вработените во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка денеска ги пречекаа клиентите со нов изглед. Со новите, модерни и удобни униформи, кои ги пресликуваат постоечките вредности и идентитетот на Банката, тие ја продолжуваат својата секојдневна мисија – да одговорат на потребите на клиентите со понуда на врвни финансиски производи и услуги. Тимовите во експозитурите на Комерцијална банка се еден од клучните носители на целокупното ...

Следејќи ги своите заложби за унапредување на финасиската писменост, НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите (GMW) која почнува денес, и до 24 март ќе се одбележува низ целиот свет. Глобалната недела на пари е интернационална годишна кампања која вообичаено има за цел да ги инспирира децата и младите да научат за парите, штедењето, обезбедувањето средства за егзистенција, да им помогне при вработување и ...

Овен 21.3.- 20.4. Денес може да се соочите со предизвикот на избор. Размислувате за потези во кариерата, но вашите опции се малку збунувачки. Семејните совети можеби нема да бидат корисни денес. Почекајте неколку дена пред да донесете одлука. Љубов: Вашата емоционална состојба бара повеќе време за размислување. Не избрзувајте со одлуките. Работа: Опциите се пред вас, но не е време за брзи одлуки. Почекајте работите да се расчистат. Здравје: ...

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, од денеска до 24 март, дванаесетта година по ред, ја одбележуваат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на ...

Повисоките проценки на побарувачката на нафта како резултат на подобрената економска перспектива во САД и предвидувањата на Меѓународната агенција за енергија дека глобално побарувачката на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно предизвика раст на цената на нафтата од 4% минатата недела. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна на 85,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9%, на ...

Компанијата „Ер Србија“ објави дека во 2023 година остварила рекордна добивка во износ од 40,5 милиони евра, покажуваат прелиминарните финансиски резултати на српската национална авиокомпанија. Овој профит е остварен благодарение на воведувањето на повеќе од 20 нови дестинации, големото зголемување на вкупниот број летови и превезени патници, како и ефикасното работење, се наведува во соопштението на Ер Србија. Оттаму додаваат дека на овој начин ...

Германскиот малопродажен синџир „Лидл“, во моментов предупредува дека консумирањето на популарен чипс претставува ризик по здравјето. Се работи за тортиља чипс на белгиската компанија „NV Snack Food Poco“, кој е особено ризичен за оние кои страдаат од алергија. Компанијата ги повлече солените тортиља чипсови низ Германија, бидејќи, како што објаснуваат германските медиуми, не може да се исклучи можноста производот да содржи млеко поради што не е ...

Новата алатка наречена Writable, која користи ChatGPT за да им помогне на учениците да ги оценуваат задачите за пишување, нашироко им се нуди на наставниците од 3-12 одделение во САД. Наставниците и досега тивко го користеа ChatGPT за оценување на трудовите уште од неговото прво излегување – но сега училиштата почнаа да ја уредуваат и охрабруваат неговата употреба. Writable, кој се наплаќа како алатка за заштеда на време за наставниците, беше ...

Анкетата спроведена од Светската банка покажува дека Народната банка ужива највисока доверба кај јавноста помеѓу домашните институции во земјава. Довербата во Народната банка во изминатите четири години, и покрај постојаните шокови, е уште повеќе зголемена. Ова е резултат на прудентната монетарна политика којашто беше насочена кон одржување стабилни инфлациски очекувања и стабилен курс на денарот. Зголемената транспарентност и комуникација имаат ...

Состанокот на Европската централна банка и редовниот полугодишен говор на претседателот на Федералните резерви на САД пред Конгресот не ја прекинаа прославата на берзите, која повторно зајакна во поголемиот дел од изминатата недела. Дури во петокот, главните индекси благо се намалија под притисокот на впаричувањето на профитот од страна на инвеститорите во најголемите производители на микрочипови, бидејќи цените на акциите поврзани со вештачката ...

Бројчаникот што мереше колку пари отидоа во државната каса од конфискуваниот имот на оние кои противзаконски го стекнаа, слабо се вртеше. Една од причините беше тоа што сега веќе бившиот Закон за управување со конфискуван имот покажал низа слабости. Ова е заклучокот од подготвената анализа од ангажираниот експерт со поддршка на Канцеларијата на ГИЗ во Скопје, поради што се изготви сосема нов Закон за управување со одземен имот кој Собранието го ...

Зоран Јовановски со потврда и од Народната банка повторно е именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ банка. За ова Банката ја информира јавноста со објава на Македонска берза. „Ве известуваме дека на ден 13.03.2024 година, од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Зоран Јовановски да биде ре-именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка ...

Во дворот на ООУ „Братство Единство“ во Охрид, вчера беше пуштено во употреба новото детско катче, опремено со современи, еко детски реквизити и зеленило, како донација од Халкбанк. Новото ХалкЕко катче, што ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици, е дел од активностите од платформата ХалкЕко која Халкбанк ја реализира заедно со Мастеркард, а чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави животни ...

Рекордот на биткоинот поттикнува изненадувачки профит за рударите на криптовалути, при што приходите од индустријата достигнаа највисоко ниво на сите времиња, се вели во истражувачката белешка на Deutsche Bank. Во понеделникот, дневниот приход од рударството достигна ново високо ниво од 78 милиони долари дневно, искачувајќи се во согласност со тековниот раст на Биткоин. Истиот ден, токенот ја премина рекордната граница од 72.000 долари, иако ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
91%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
49%
1011
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.56
86%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
93%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
49%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
89%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1013
Currency

61.525

Currency

54.1257

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78