Волстрит се тргуваше претпазливо во понеделникот, бидејќи инвеститорите не се склони кон ризик, по големите промени на цените на акциите минатата седмица и пред извештаите за инфлацијата во САД, што може да влијае врз насоката на пазарот. Индексот Dow Jones ослабе за 0,36 отсто, на 39.357 поени, додека S&P 500 остана речиси непроменет, на 5.344 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,21 отсто, на 16.780 поени. По големите промени на тие ...

Крпење на дупките, вака вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска го нарече ребалансот на Буџетот за 2024 година што денеска, по предлог на Владата, беше донесен од Собранието. Како што оцени Димитриеска Кочоска во Дневникот на ТВ Сител, со иницијалниот Буџет не било планирано она што било законски, а со ребалансот, предвидено е не само тоа, туку и сервисирање на многуте доспеани обврски. Има пари, рече, за плати, пензии, како ...

Австралиската рударска компанија „Стрикленд Металс“ објави значајно откритие во својот проект Рогозна, југозападна Србија. Компанијата соопшти дека во еден бунар, на длабочина од 89,7 метри, откриена е богата концентрација на злато, четири грама на тон. „Стрикленд“ наведува дека во бунарот на локацијата на полето Шанац во близина на Нови Пазар има побогати заситувања од неверојатни 10,5 грама на тон материјал. -Не само што ги откривме ...

Вкупниот број на милионери во светот е 15 милиони. Visual Capitalist ги издвои првите десет земји со најголема популација милионери и секоја беше споредена со земја со слично вкупно население. Милионер е поединец со инвестициско ликвидно богатство од повеќе од еден милион американски долари. На врвот на листата, Соединетите Американски Држави (САД) имаат најмногу милионери во светот, речиси 5,5 милиони од нив. За споредба, ова е повеќе од целото ...

Неколку месеци по веста дека најголемата македонска деловна банка „Комерцијална“ почнала постапка за преземање на Стопанска банка АД Битола, стигна официјална потврда на берзата за ова присоединување во банкарскиот сектор. „Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме дека Комерцијална банка АД издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка ...

Изминатата година беше прилично феноменална за светот на криптовалутите со повеќе настани кои помогнаа да се зголеми вредноста на повеќето криптовалути. Додека многу земји се плашеа од инфлацијата и се обидуваа да се борат со неа, тие главно ги ограничија своите потези на каматните стапки. Инвестирањето во традиционални валути стана поризично за многумина, принудувајќи ги да бараат алтернативи. Цената на биткоинот се преполовува на секои четири ...

Индиските производители го намалија брусењето дијаманти во јули и првата седмица од август за 50 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, пишува Rapoport News повикувајќи се на водствата на компаниите од секторот. Според порталот, производителите го намалуваат обемот на обработувањето, очекувајќи дека тоа ќе ги намали залихите и ќе го врати балансот на понудата и побарувачката. Цените на дијамантите се намалени за приближно 5 до 15 ...

Невработеноста на младите ширум светот минатата година падна на околу 13 отсто, што значи дека околу 64 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години биле без работа ширум светот. Извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) предвидува дека оваа стапка ќе падне на 12,8 проценти оваа и следната година, и се наведува дека стапките на невработеност во 2023 година се вратиле на стапките пред пандемијата на Ковид 19, но не во сите региони ...

ОВЕН Денеска бидете потрпеливи и намалете ги вашите очекувања од другите. Доколку сметата дека тие да постапуваат како што вие сметате дека е исправно, постои ризик од разочарување. Добро е да го искажете својот став, но никому не го наметнувајте, за да не навлегувате во непотребни расправии. БИК Доколку денеска имате проблем, обидете се да откриете со што сте придонеле за тоа наместо да ги обвинувате другите. Ова ќе ви даде поголема шанса да ...

Дизни планира да инвестира најмалку пет милијарди долари (4,5 милијарди евра) во производство во Обединетото Кралство и континентална Европа во следните пет години. Со актуелниот успех на Дедпул и Вулверин на кино благајните, еден од продукциските потенцијали се гледа во филмовите за суперхерои. „Се чини дека жанрот има многу живот во него“, изјави за Financial Times шефот на компанијата за EMEA Јан Копен. Deadpool & Wolverine, во продукција ...

Украина го удвои извозот на жито во јули на повеќе од 4,2 милиони метрички тони во споредба со истиот месец минатата година, покажаа податоците од украинското здружение на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучен извозен центар на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште во Дунав за извоз на жито во Европа. Во јули Украина извезла 3,7 милиони тони земјоделски производи преку Одеса и 569.000 тони преку Дунав, ...

Со ребалансот на Буџетот направивме напори во еден краток период и услови коишто ги наследивме да го направиме најдоборото. Обезбедивме пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. Ова го потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во ...

Изненадување за сите кои живеат во Лондон, но овојпат главниот град на Велика Британија не се најде во топ 10, туку го зазеде 13-тото место на таа листа. Онлајн базата на податоци Numbeo во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто место, додека Њујорк е на третото, ...

На повеќето азиски берзи денес пораснаа цените на акциите, по големите промени минатата недела, додека инвеститорите го чекаат извештајот за инфлацијата во САД, кој може да има значително влијание врз насоката на пазарот. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 7:00 часот порасна за 0,6 отсто. Во исто време, цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,1 отсто. Во Шангај, пак, тие ...

Ферари ги отвори вратите во светот на дигиталните финансии, дозволувајќи им на автомобилските ентузијасти да ги купат своите возила од соништата користејќи одредени криптовалути. Ферари соопшти дека ќе ја прошири својата шема за прифаќање плаќања во криптовалути за своите луксузни спортски автомобили на својата европска мрежа од крајот на овој месец, откако минатата година овозможи плаќања со криптовалути во САД. Италијанската компанија, исто ...

Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, на овогодишниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува лутина или бес на дневна основа. На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив ...

Цената на биткоинот за прв пат го премина прагот од 60.000 долари, покажуваат податоците од платформата за тргување со криптовалути Коиндеск. Најпопуларната криптовалута утринава се тргуваше за 60.883,03 долари. Тоа е за 6,79 отсто повеќе во однос на трговијата во четвртокот. Останатите криптовалути го следеа нагорниот тренд, при што етер додаде 9,83 проценти за тргување за 2.669,00 долари, а солана порасна за 2,67 проценти на 157,13 долари. ...

На Волстрит во четвртокот индексите пораснаа благодарение на најновите податоци од пазарот на трудот, што ја намали загриженоста на инвеститорите за неговото забрзано слабеење и можна рецесија во САД. Индексот Dow Jones скокна за 683 поени, или 1,76 отсто, на 39.446 поени во четвртокот. Во исто време, S&P 500 индексот порасна за 2,3 отсто, на 5.319 поени, постигнувајќи го најголемиот дневен процентуален скок од ноември 2022 година, а ...

На валутните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската во однос на шесте најважни светски валути, во петокот претпладнето благо порасна за 0,2 отсто, на 103,3 поени, но не бележи поголеми промени од почетокот на седмицата. Истовремено, курсот на еврото ослабе за 0,1 отсто во однос на доларот, на 1,09122 долари, а курсот на јенот за 0,8 отсто и изнесува 147,2 јени за долар. На нафтените пазари во петокот цените на ...

Двајца американски астронаути кои во јуни заминале на осумдневна мисија на Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе останат заглавени таму до следната година зашто нивната капсула „Боинг Старлјанер“ не може да се поправи за да ги врати дома, објави НАСА. Бач Вилмор и Сани Вилијамс, кои го сочинуваа првиот екипаж на оваа капсула, најверојатно ќе се вратат на Земјата во февруари 2025 со ракетата „Кру дрегон“ на „СпејсЕкс“. Пробната мисија на ...

Мапите се достапни во бета верзија и работат само на ограничен број уреди и прелистувачи. Добивај вести на вибер Apple Maps ја проширува својата достапност надвор од самата апликација. Како и Google Maps, услугата сега е достапна за веб, но засега само во бета форма. На почетокот има некои ограничувачки фактори, така што достапноста ќе се разликува во зависност од регионот, а Мапите се достапни само на англиски јазик. Може да се пристапи до ...

На мостот Браила во Романија, кој во оваа земја го нарекуваат „Романска златна порта“, ќе треба да се реконструираат бројни делови, само една година по неговото отворање. Мостот чија изградба чинеше 500 милиони евра, од неговото отворање е предмет на бројни реновирања, а претставници на патните компании најавија дека на мостот ќе треба да се истури нов слој асфалт, бидејќи патот станал нерамномерен поради на топлина. Од јули минатата година на ...

Овен Нема повеќе проблеми со потенцијата! ДВОЈНО ПОДОБРИ од другите препаратиНема повеќе проблеми со потенцијата! ДВОЈНО ПОДОБРИ од другите препарати Linker Во следните неколку дена ќе бидете задоволни од себе и од својот живот, особено од работите кои сте ги постигнале благодарение на вашата упорност. Личноста под знакот Лав е голема деловна пресвртница за вас поради добрата комуникација. Бик Пазете се да не бидете доведени во многу непријатна ...

Собранието за понеделник ја закажа седницата на која, меѓу другите предлог-законски решенија, ќе расправа и за ребалансот на Буџетот. Дополнетиот Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет, по што Владата завчера, на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на ...

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесуваше околу 38,18 милијарди евра, што е 50 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии. На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 36,35 милијарди евра или 47,6 отсто од БДП, што значи дека државата за еден месец се задолжила за дополнителни 1,83 милијарди евра или околу 2,4 отсто според сегашната проценка на бруто домашниот производ. Јавниот долг на Србија на ...

Швајцарија направи грешка при пресметувањето на својот пензиски дефицит што го остави нејзиниот пензионерски систем со неочекуван благодет. Недостатокот за АХВ сега ќе биде околу 4 милијарди франци (4,7 милијарди долари) во 2033 година, што е намалување од повеќе од 7 милијарди франци што претходно се претпоставуваа, рекоа владините претставници во изјавата во вторникот. Федералната канцеларија за социјално осигурување (FSIO), која го надгледува ...

Фискалниот конзерватизам повеќе или помалку исчезна од политичкиот пејсаж на САД. Задолжувањето на државата, и покрај силната економија, продолжува да го турка државниот долг на рекордно ниво, а претседателските кандидати и нивните партии речиси и не кажуваат збор за тоа. До степен до кој тие воопшто разговараат за економската политика, нивните намери за даноците и јавната потрошувачка би ја влошиле фискалната перспектива. Проблемот не може ...

Овен 21.3-20.4. Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата, каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине ...

Кога станува збор за брзината на интернетот, Европа има некои од најбрзите интернет конекции во светот. Во рангирањето објавено од Cable.co.uk, во глобалните топ 10 доминираат европски земји. Меѓу подобро рангираните земји во Европа е и Македонија, воедно има и најбрз интрнет во регионот. Податоците на Cable.co.uk се базираат на анализира на над 1,5 милијарди тестови за брзина на широкопојасен интернет во 229 земји, во текот на 12 месеци, ...

ЕУ e најголемиот увозник на руски ЛНГ, кој по почетокот на војната во Украина замени дел од значителното намалување на увозот на руски гасовод. Увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) во ЕУ годинава се зголеми за 9% во првата половина од годинава, пишува истражувачката организација Центар за енергетски истражувања (CREA). Според Центарот, ЕУ купува повеќе од половина од извезените руски количини (54%), додека Кина купува многу помалку односно ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
86%
1010
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
4.63
88%
1012
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1011
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.65
78%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
96%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
73%
1013
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
5.66
84%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
72%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56