Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Бизнис Најголемо зголемување на минималната плата во Германија 30.10.2025 Германската влада усвои предлог за значително зголемување на минималната плата, која треба да се зголеми за 13,9 проценти вкупно - највисоко од нејзиното воведување пред десет години. Како што одлучи владата на седницата оваа среда (29 октомври), сегашната законска минимална часовна плата од 12,82 евра ќе се зголеми во два чекора: во јануари на 13,90 евра на час, а во ...
Вести За викендот суво, од понеделник при крајот на денот повторно дожд 30.10.2025г Синоптичарите за време на викендот најавуваат суво и стабилно време со магла во утринските часови во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот повторно се очекуваат врнежи од дожд кои најрво ќе ги има во западните делови, а потоа во вторник и среда ќе се прошират на територија на цела држава. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, најавуваат од УХМР. ...
Финансии / Банкарство ФЕД ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ, ТОА Е ПОСЛЕДНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА ГОДИНАВА 30.10.2025 Федералните резерви на САД (ФЕД) одлучија да ја намалат клучната каматна стапка за 25 базични поени (0,25 проценти), по втор пат оваа година, по првото намалување во средината на септември. Новата целна стапка за главната референтна стапка е меѓу 3,75 и 4,00 проценти. Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) гласаше десет наспроти два во корист на ...
Бизнис Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона 30.10.2025г Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот ...
Општество Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025 30.10.2025г Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во ...
Бизнис Избрани 50 најдобри средношколски идеи – започна трката за милион денари 30.10.2025г Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk. Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот ...
Бизнис НАМАЛЕНА ЦЕНАТА НА ГАСОТ И НА СТРУЈАТА ВО ЕВРОПА, КАДЕ Е НАЈВИСОКА? 30.10.2025 Цената на гасот за домаќинствата во Европската Унија во првата половина од оваа година се намали за 8,1 процент во споредба со втората половина од 2024 година, објави Статистичкиот завод на Европската Унија. Ова укажува на враќање на сезонските движења на цените на гасот, карактеристични за периодот пред енергетската криза во 2022 година, соопшти Евростат. ...
Економија Трамп ја намалува царината за фентанил од 20 на 10 отсто 30.10.2025 Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги намалил царините за кинески увоз по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, јави ДПА. По заминувањето од Јужна Кореја Трамп изјави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор за намалување на царините за Кина во замена за континуирана набавка на американска соја од ...
Економија Трамп: Постигнат е договор со Кина за извоз на ретки метали 30.10.2025 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постигнал договор со кинескиот претседател Си Џинпинг во спорот околу контролата на извозот на ретки метали од страна на Кина, јави ДПА. Трамп рече дека пречките се отстранети и дека договорот првично ќе важи една година. Тој не даде дополнителни детали за условите на договорот, дополнува германската ...
Економија Со потпишување на „Декларација Скопје“ завршува 14. Глобален форум за одржлива енергија 30.10.2025 Четиринаесеттиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој денеска ќе се заокружи со потпишување на „Декларација Скопје“ која ќе ги обедини заложбите и заклучоците од тридневниот настан. Декларацијата за која свои сугестии можеа да дадат сите учесници на Форумот, ја потенцира потребата од конкретна акција кон одржлива енергија што ...
Општество Се зголемува бројот на пациенти со мозочни удари во источниот регион 29.10.2025г Расте бројот на пациенти со мозочни удари, најмладиот пациент кој регистриран на Одделот за неврологија при Клиничка болница-Штип има само 30 години. Лекарите алармираат, пикот е кај 55-годишните, а најризични се мажите и лицата со семејна историја на болеста. Елена Јовева, доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, ...
Економија Божиновска-Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија, се редефинира енергетската карта на регионот 29.10.2025г Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована ...
Економија Второ поскапување на дизелот неделава 29.10.2025г Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ ќе се зголеми за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така од утре цената на дизел горивото ќе изнесува 70 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР 95 останува иста 73,5 денари. Непроменета е цената на ЕУРОСУПЕР 98+, и ќе се продава за 75,5 денари. Останува иста и цената на екстра лесното масло за домаќинство (67,5 денари), додека цената на ...
Општество Плаќање паркинг во центар со QR-код – ЈП Паркинзи на Општина Центар со нови информативни табли и нова можност за плаќање Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. -Во рамки на напорите за дигитализација и ...
Финансии / Банкарство Вицегувернерката Емилија Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба 29.10.2025г „Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари ...
Општество НЕМА ДА СЕ ОТВОРИ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ЛУВР - Новиот директор на париската полиција го одби барањето 29.10.2025г Новиот директор на париската полиција Патрис Фор денеска изјави дека е против отворање на полициска станица во музејот Лувр, бидејќи тоа би било преседан и ќе доведе до тоа и другите институции да го побараат истото. Отворање на полициска станица во музејот побара претседателката на Лувр, Лоранс де Карс, по неодамнешната ...
Општество Каде се крие магијата? Перспективата на најмладите умови наспроти перспективата на учителите 29.10.2025г Во време кога трката по оценки, броеви и резултати станува секојдневие, понекогаш забораваме да погледнеме под површината и да ја откриеме вистинската магија на учењето. Магијата што не се наоѓа само во учебниците, туку во очите на децата што првпат гледаат свет со љубопитност и во зборовите на наставниците што ги водат низ тој ...
Финансии / Банкарство Стопанска банка АД – Скопје со добивка од 54,3 милиони евра во првите девет месеци од годинава Во образложението и анализата на неконсолидирани и неревидирани финансиски резултати кои банката ги достави до Македонската берза стои дека економските активности во трите квартали од 2025 година се одвивале во услови на пораст на бруто-домашниот производ од 3,0 % и 3,4 % во првиот и во вториот квартал последователно. Обемот и ...
Економија Членките на ЕУ спровеле само една третина од мерките за кои добиле европски пари од РРФ, заклучи Ревизорскиот суд 29.10.2025г Земјите членки на Европската Унија спровеле само околу една третина од мерките за кои им биле исплатени средства преку Механизмот за закрепнување и отпорност (РРФ) на ЕУ, создаден за справување со последиците од Ковид пандемијата, се наведува во извештај на Европскиот суд на ревизори. - Иако некои реформи ...
Општество Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето 29.10.2025г Дигитализацијата е новата енергија на управувањето, создавајќи ефикасност, транспарентност и отпорност во сите сектори, особено во енергетиката, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. ...
Lifestyle Јувентус има нов тренер 29.10.2025г Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети, ќе го преземе Јувентус, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 66-годишниот Италијанец се согласил да работи за клубот од Торино. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26, со можност за продолжување доколку Јувентус се квалификува во Лигата на шампионите. Последната тренерска позиција на Спалети беше во ...
Финансии / Банкарство ШТО НОСИ НОВАТА СТРАТЕГИЈА НА СВЕТСКА БАНКА? 29.10.2025г На неодамнешните Годишни средби на Групацијата на Светската банка и ММФ, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, претстави јасна визија за иднината на институцијата – визија фокусирана на работни места, можности и резултати. Тој нагласи дека најитната задача на глобалниот развој денес е создавање вистински, смислени работни места што носат достоинство, цел и ...
Бизнис Women on Boards Adria и Women4Cyber North Macedonia во заедничка мисија за поголемо учество на жените во лидерството и сајбер безбедноста 29.10.2025г Со оглед на тоа што жените сочинуваат помалку од два проценти од лидерските позиции во областа на сајбер безбедноста во Северна Македонија, Women on Boards Adria (WOBA) и Women4Cyber North Macedonia воспоставија партнерство со цел да отворат нови можности за жените да напредуваат кон ...
Општество Ниновски: Вештачката интелигенција е најголемата шанса за модерно образование 29.10.2025г Вештачката интелигенција претставува најголемата можност за унапредување на образованието во последните децении, вели Петар Ниновски од „Бреинстер“ во интервју за Економија и бизнис. Таа овозможува премин од стандардизирана кон персонализирана и интерактивна настава, каде наставниците добиваат поддршка, а учениците учат во свое темпо. Според ...
Финансии / Банкарство Tриглав Осигурување АД Скопје со нето добивка од 136,2 милиони денари во првите девет месеци од 2025г. 29.10.2025г • Нето приходите од премија за 2025 година изнесуваат 888 милиони МКД, кое што претставува зголемување во однос на 2024 година за 7%, односно за 59 милиони МКД. Гледано аналитички, причините за растот се: - Раст на бруто премијата за 121 милиони МКД, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата. ...
Интервјуа ИНТЕРВЈУ | Петар Ниновски, основач и главен извршен директор на Бреинстер Групацијата: Македонските наставници пред нова ера: ВИ како алатка, не како закана Економија и бизнис | печатено издание | 15 септември 2025г. Светот се соочува со брз технолошки напредок и вештачката интелигенција сè повеќе станува составен дел од повеќето сегменти во животот на луѓето. Како развојот на ВИ се одразува на образовниот систем? П. Ниновски: ...
Вести Без струја делови од Центар, Сопиште и Бутел 29.10.2025г Без струја денеска во периодот од 07:30 до 15:00 часот, ќе останат корисниците на блокот на згради од бул. „Партизански одреди бр.17 кон ул.„Максим Горки“ во општина Центар, соопшти РЦУК - Скопје. Од 07:45 до 15:30 часот, електрична енергија ќе немаат селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст, Викендици Држилово, Сателитски ...
Вести Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово 29.10.2025г Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. - Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени ...
Финансии / Банкарство МАПАС на Интердисциплинарната студентска конференција во Охрид: Знаењето е најдобра инвестиција 28.10.2025г Во рамки на втората Интердисциплинарна студентска конференција што се одржа во Охрид, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, заедно со претставници од пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД ...
Финансии / Банкарство Славески: Инфлацијата годинава под 4 проценти 28.10.2025г Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, денеска истакна дека се очекуваат значајни заштеди кај сите субјекти по стартот на вршењето плаќања и трансферот на средства преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). - Очекуваме значајни заштеди за граѓаните и кај приватните бизниси, пред се за малите и средните претпријатија затоа што веќе ...