Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Фиорентина ја остави зад себе турбулентната сезона во која „виолетовите“ наместо за висок пласман се бореа за опстанок, па клубот од Фиренца се реши за нова тренерска смена. За нов кормилар на „виолетовите“ денеска и официјално беше избран Фабрио Гросо, легендарниот лев бек кој беше дел од шампионската генерација од 2006 година. Гросо минатата сезона го водеше Сасуоло, тим што играше одличен фудбал и со лимитиран состав го освои 11. место на ...
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен предизвика нова голема драма во спортската јавност, откако се онесвести за време на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Данска и Украина во Одензе. Инцидентот се случи во 65-тата минута од средбата кога 34-годишниот играч на германски Волфсбург ненадејно се фати за градите и падна на тревникот. Фудбалерите на двете репрезентации веднаш направија заштитен круг околу него, а благодарение на брзата ...
Светското првенство почнува за три дена, а ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка на 11 јуни. Сепак, најголемо внимание пред почетокот на турнирот привлече Килијан Мбапе, кој со своето предвидување повторно ја започна една од најголемите дебати во историјата на фудбалот: Кристијано Роналдо или Лионел Меси. Француската ѕвезда не се двоумеше да избере еден од двајцата великани кога одговараше на прашањето кој ќе постигне ...
Доскорешниот центар на Монако, Кевариус Хејс, ќе потпише двегодишен договор со Партизан. Како што објавува „Моцарспорт“, центарот од Флорида ќе заработува 1.5 милиони долари по сезона. Поранешниот кошаркар на Париз и Жалгирис е желба на тренерот Жоан Пењароја, кој неодамна го продолжи договорот со црно-белите и има одврзани раце во формирањето на тимот. Наводно, тој веќе сакал да го доведе Хејс во Басконија, но не успеале да се договорат. ...
На само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026 година, спортската јавност е во шок по бранот одбиени визи и строги визни рестрикции наметнати од американската администрација за странски државјани. Новите правила сериозно го загрозуваат доаѓањето на илјадници фудбалски фанови и логистички претставници од целиот свет. Според неколку светски медиуми, на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан, кој беше избран од ФИФА ...
Жозе Мурињо полека го составува стручниот штаб за својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид. Познат по тоа што сака да има поранешна клупска легенда во својот штаб, португалскиот стратег го избра Пепе за таа улога. Пепе помина една деценија во Мадрид, од 2007 до 2017 година, и веќе работеше со Мурињо за време на неговиот прв престој на Бернабеу. За време на неговата одлична играчка кариера, која заврши во 2024 година во Порто, Пепе освои ...
Фудбалската репрезентација на Шкотска го откажа претходно закажаниот тренинг натпревар со Норвешка. Двете екипи требаше да се сретнат во дуел кој ќе биде затворен за јавноста, но Шкотланѓаните го откажаа натпреварот. Во последниот официјален подготвителен натпревар, Шкотска ја победи Боливија со 4-0 во саботата навечер, а дуелот што требаше да го играат против Норвешка во понеделник беше откажан. Како што беше наведено – поради повреди. ...
РК Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на тимот е Андреј Стојановски, македонски ракометар кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на РК Тинекс Пролет. Роден на 21 август 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција. Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно искуство ...
Репрезентацијата на Македонија до 20 години претрпе пораз од 2-0 на денешниот пријателски натпревар против соодветната селекција на САД. Натпреварот кој се одигра во бугарскиот град Петрич донесе изедначена борба, но избраниците на селекторот Александар Таневски беа казнети за падот на концентрацијата во последните моменти од двете полувремиња. Противникот успеа да ја затресе македонската мрежа во последните моменти од двете полувремиња, ...
Пронајдена е замена за Мохамед Салах на „Енфилд“. Станува збор за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде. 19-годишниот крилен напаѓач ги договори условите со „Црвените“, а сега сè е на чекор од целосна реализација. Остануваат малку работи во договорот, кој ќе изнесува 104 милиони евра. Официјално, сè треба да биде завршено многу брзо. Германците се задоволни од сумата, а Диоманде ќе има шанса да се покаже на големата ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел на крајот да заврши во Истанбул, откако Галатасарај испрати понуда за негов ангажман. Турскиот гигант сака да го види во своите редови Србинот, со оглед дека станува јасно дека Виктор Осимен ќе ја смени средината ова лето. Нигериецот побарал да замине, а Галата веќе се подготвува да бара замена. Српскиот фудбалер има огромна понуда на маса, нешто што е тешко да се одбие и бројка што би можела да го ...
Најновиот инцидент со Кристијан Ериксен повторно шокираше милиони луѓе ширум светот, но најдоброто од сè е што данскиот играч од средниот ред сега е добро. Во недела навечер, играчот од средниот ред се струполи во второто полувреме од натпреварот на неговата репрезентација против Украина во Одензе. Истото се случи и пред пет години, кога доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на Европското првенство, по што му беше поставен ...
Португалско засилување во средниот ред доби шампионот Вардар за квалификациите во Лигата на шампионите. Мигуел Пиреш, досегашниот играч на Силекс потпиша за „црвено-црните“. Пиреш доаѓа како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со кратовскиот тим. Неговата вредност според Трансфермаркт е 350.000 евра. Тој беше еден од најдобрите играчи на Силекс минатата сезона, и воопшто најдобар во ПМФЛ со 11 гола и седум асистенции во 30 ...
Денес, 08.06.2026 година (понеделник), во хотелот „Green Space“ во Охрид, се одржа официјалниот собир на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа. Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот г-дин Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации. По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим ...
Македонскиот првак Вардар продолжува да го гради тимот за квалификациите во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ денеска ги почнуваат со подготовките, а во своите редови веќе го донесоа репрезентативецот на Луксембург, Жерсон Родригез како и младиот голман Младен Диковски од АП Брера. Во следните денови би требало да „парафираат“ уште неколку имиња. Прв од оние кои се очекува да потпишат е Мигуел Пиреш од Силекс, а пред потпис со Вардар е и ...
Ургвајската репрезентација е во паника по повредата на стандарниот дефанзивец Роналд Араухо. Играчот на Барселона го повреди коленото, и веќе се упати кон Барселона на дополнителни прегледи. Медиумите истакнуваат дека не е доведен во прашање настапот на Светското првенство, но можеби ќе мора да паузира на првите натпревари. Прегледите ќе покажат за тежината на повредата, а Уругвајците се во исчекување. Араухо е еден од главните адути на ...
Новиот македонски првак Вардар, денеска потпиша нов договор со генералниот спонзор „Новоматик Македонија“ на уште една година, вреден 1 милион евра. На денешната прес-конференција од таборот на „црвено-црните“ и од раководството на „Новоматик“ ја потврдија новата соработка. „Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме најтешката ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави тужба против Барселона пред УЕФА за случајот „Негреира“, во кој Барселона е обвинета за плаќање на судии помеѓу 2001 и 2018 година. Истрагата откри дека помеѓу 2001 и 2018 година, Барселона платила околу 8,4 милиони евра на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии, Хозе Негреира. Сепак, немаше докази дека овие плаќања довеле до бенефиции на теренот. ...
Бразилскиот репрезентативец Едерсон доживеа необична ситуација откако во последен момент доби повик од бразилската репрезентација за Светското првенство. Играчот од средниот ред на Аталанта потоа беше вклучен во тимот на Карло Анчелоти откако десниот бек Весли беше изоставен во последен миг поради повреда. Повикот го доби додека бил на на свадбата на негов пријател во неговиот роден град Кампо Гранде. Бидејќи не беше меѓу 26-те играчи првично ...
Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше желба на голем број екипи од Евролигата ова лето. Сепак, како што стојат работите, тој сака да остане во НБА и да се обиде да ја „продолжи“ својата кариера во најквалитетната кошаркарска лига во светот. Оваа вест беше потврдена за грчката агенција SDNA, а ја објавија и бројни домашни медиуми. Богдановиќ доаѓа по лоша сезона со Лос Анџелес Клиперс, бидејќи тренерот Тајрон Лу практично не сметаше на него ...
Поранешниот дефанзивец Пепе, познат по својата груба игра, се приклучува на тимот на Жозе Мурињо во Реал Мадрид како помошник тренер, според медиуми во Шпанија и Португалија. 43-годишниот Португалец ќе му помага на Специјалниот во неговиот втор мандат на Бернабеу, кој започнува сега по реизборот на Флорентино Перез за претседател. Пепе се пензионираше од фудбалот пред две години. Пепе пристигна во Реал Мадрид од Порто и помеѓу 2007 и 2017 ...
Фудбалската федерација на Македонија доделува награди за сите верни поддржувачи на македонската репрезентација и љубители на фудбалот. Како што информираат од ФФМ, се што треба да направите е да ја презмете ФФМ-апликацијата и да освоите официјален дрес или ПУМА фудбалска топка! „Со Fanzeal апликацијата влегуваш директно во играта! Секој 100-ти нов корисник добива официјална топка од ФФМ. Секој 300-ти нов корисник добива дрес потпишан од ...
Поголемиот дел од делегацијата на селекцијата на Ирак на Светското првенство влезе во САД без поголеми проблеми. Сепак, напаѓачот Ајмен Хусеин и официјалниот фотограф на репрезентацијата Талал Салах имаа сериозни проблеми. Хусеин беше приведен на аеродромот О’Хара во Чикаго. Го испрашуваа седум часа, неговиот мобилен телефон беше темелно проверен, а потоа се придружи на остатокот од тимот. Талал Салах, официјалниот фотограф на ...
Шпанските медиуми изминативе денови постојано тврдат дека фудбалерот на Баерн Минхен, Михаел Олисе е цел на Реал Мадрид, а Флорентино Перез е подготвен да понуди рекордни 150 милиони евра за неговите услуги. Но, во Минхен не сакаат да слушнат за заминувањето на францускиот репрезентативец. Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер имаше јасна порака до Флорентино Перез. „Доколку Флорентино Перез сака да ни испрати понуда за Олисе, што досега не ...
Вистински хаос е забележан за време на полуфиналниот натпревар од израелската лига меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим. Овој натпревар беше прекинат во третата четвртина откако ракетниот напад од Иран предизвика безбедносни проблеми. Полуфиналето меѓу двата тима беше прекинато во текот на третата четвртина по тревога за ракета поврзана со лансирања од Иран. Во моментот на прекин, Хапоел Тел Авив водеше со 77-67. Судиите веднаш ги прекинаа ...
Младиот косовски репрезентативец и играч на албанскиот Елбасан, 22-годишниот Фатјон Буњаку, загина во тешка сообраќајна несреќа. Трагедијата се случи вчера рано наутро на Косово. Според извештаите на албанските медиуми, несреќата се случила во недела, педесет и пет минути по полноќ, на главниот пат меѓу Косовска Митровица и Вучитрн, во близина на селото Ново Село Маџунско. Автомобилот во кој се наоѓал се превртел од силата на ударот, а уште ...
Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа меѓу двајца кандидати – тогаш ...
Швајцарската репрезентација се најде во необичен проблем откако пристигна во базата во Сан Диего пред СП 2026. Швајцарците размислуваат за промена на кампот откако се најдоа во неочекуван проблем. Тие избраа камп во Сан Диего како место за подготовка за предизвиците што претстојат. Сепак, наидоа на нешто што не го очекуваа – отровни змии веднаш до тренинг-терените. Тимот го вклучи алармот. Поставија мапа со областа означена со црвена боја и ...
Осман Дембеле реши да застане пред Килијан Мбапе и јасно да му каже дека неговите соиграчи го замолуваат да игра повеќе дефанзивно. Ѕвездата на Реал многумина ја сметаат за исклучително арогантен и егоистичен фудбалер. Неговиот став кон соиграчите често го потврдува ова, но во репрезентацијата има човек кој ќе му се спротивстави. Официјално најдобриот фудбалер во светот, Осман Дембеле од ПСЖ, реши да застане пред Мбапе и да му каже што ...
Холандиската легенда Робин ван Перси добил отказ во Феенорд, пренесуваат холандските медиуми. Како што пренесува „Телеграф“, новиот технички директор на Феенорд, Деви Риго, веќе му ја соопштил веста на Ван Перси дека е ослободен од обврските како шеф на стручниот штаб на тимот. Феенорд официјално не ја соопштил се уште веста, но се очекува во текот на денот и тоа да биде соопштено. Клубот од Ротердам заврши на второто место во шампионатот, ...