Конзервативните „тешкаши“ вечерва во Загреб ќе дискутираат за иднината на Европската Унија во период кога таа се соочува со серија големи глобални предизвици — од војната во Украина, преку политичката криза во Венецуела, до геополитичките тензии околу Гренланд. Овие кризи повторно ја разголеа структурната слабост на Унијата: 27-те членки тешко постигнуваат заедничка позиција, особено во надворешната политика, каде што правилото на едногласно ...

За Џамила Рашид, Рас Еин ел-Авџа, палестинско-бедуинско село во јужната Јорданска долина, е дом на нејзиното семејство со децении. Но, на почетокот на јануари, таа беше принудена да замине. „Малтретирањата од страна на израелските доселеницистанаа неподносливи“, вели Рашид, млада мајка, потпирајќи се на металната врата од нејзината куќа во окупираниот Западен Брег. Уредно спакувани куфери и други работи стојат во близина. „Нема повеќе ...

Македонските превозници ќе ги прекинат протестите и ќе се повлечат од блокадите на товарните гранични премини, откако Брисел излезе во пресрет на нивните барања за полесно транзитирање низ Шенген-зоната. Одлуката следи откако Европската комисија ја објави намерата за подготовка на нова стратегија за визи, која треба да го реши проблемот со ограничувањето за престој „90 во 180 дена“ во Шенген-зоната, со кој се соочуваат професионалните возачи. ...

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница порача дека уставни измени нема да има ако не се исполнат два клучни услови: Македонците во Бугарија да ги добијат своите загарантирани права, согласно меѓународното право и конвенциите за човекови права и гаранции дека Македонија нема да се соочува со нови блокади и опструкции од субјективни причини. Оваа неговата изјава беше дадена како одговор на пратеничко прашање од пратеникот ...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение за злоупотреба на службената положба. Според институцијата, Бислимоски не постапил согласно законските одредби и навремено не ја одзел лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол“ од Скопје, иако таа не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Наместо лиценцата да биде укината во јануари ...

Левичарската влада на Шпанија во вторникот одобри забрзан план што ќе им овозможи на околу половина милион мигранти без легален престој, претежно од Латинска Америка и Африка, да аплицираат за тоа. Овој потег претставува еден од најголемите за легализирање на престој во Европа во последните години и е спротивен на поширокиот тренд на многу европски влади за построги доселенички политики. Како ќе се спроведе новото правило? Министерката за ...

Товарниот сообраќај и понатаму е блокиран поради протестите на транспортните превозници од Западен Балкан, кои со денови ги држат камионите на граничните премини кон Шенген-зоната. Тие бараат Европската Унија да го измени правилото за електронска евиденција на престој во Шенген, усогласено со правилото 90/180 дена, кое – како што велат – го отежнува професионалниот транспорт и создава дополнителни административни бариери. Превозниците ...

Рекордниот подем на благородните метали продолжува и во новата берзанска година. Оваа недела златото ја проби „звучната бариера“ од 5.000 долари. Среброто првпат ја надмина границата од 100 долари и постави нова највисока цена од 117,69 долари. И минатата година двата метала беа меѓу омилените кај инвеститорите: и златото и среброто се искачија најсилно од 1979 година наваму. Но среброто поскапе далеку побрзо: златото во 2025 година порасна ...

Новите резултати од анализите за евроинтеграциите покажуваат зголемена поддршка за членството на Северна Македонија во Европската Унија. Според најновата анализа на Институтот за демократија - „Социетас цивилис“ - Скопје, презентирана во Собранието, дури 71% од населението се изјаснува за членство во ЕУ, што е за речиси 10% повеќе во споредба со претходната година. Во исто време, евроскептичните ставови бележат благ пораст – 14% од ...

На иранската државна телевизија, портпаролката на владата Фатемех Мохаџерани зборува за интернетот. Таа вели дека бил исклучен од безбедносни причини. Трговците и продавачите сега имаат добиено ограничен пристап. Ваквата ситуација не е пожелна, објаснува Мохаџерани, но земјата е во посебна ситуација. Блокирањето на интернетот штети и на економијата. Загубите се проценуваат на 20,6 милиони американски долари дневно, изјави Али Хаким-Џавади од ...

Традиционално, веднаш по завршувањето на сезоната на руска салата, сарми и кифлички, следува период на прогнози за следната година. Во тој политички хороскоп, што повеќе следиме, толку повеќе нè фаќа еден вид политички фатализам – како нашата натална карта да е предодредена да биде доминирана од знаци како кози и волови. Сепак, не можам да избегам од впечатокот дека неколку теми ќе бидат клучни во нашата, веќе астролошка, судбина во 2026. ...

Овој протест не е за „ако имаш време па ќе дојдеш“, не е ниту за „чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 часот, ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа“. Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе. Вака во отворено писмо претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ...

Ревизорскиот извештај за Општина Охрид, кој детектира сериозни неправилности поврзани со дивоградби, неплатени комуналии, незаконско користење јавни површини и недонесени урбанистички планови, веќе е доставен до охридското обвинителство. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за ДВ потврдува дека обвинителството ќе ги проверува сите наводи од извештајот. „Ги чекаме со отворени раце“, вели градоначалникот, кој лани го освои вториот мандат. ...

Додека иницијативата Отворен Балкан постепено паѓа во сенка, премиерот Христијан Мицкоски најави формирање на нова регионална иницијатива за енергетски инвестиции и поврзување. Идејата, според него, е веќе разработена и претставува стратегиски чекор за долгорочен раст на регионот. „Скопје – регионална иницијатива за поврзување“ Мицкоски изјави дека иницијативата ќе биде брендирана како „Скопје – регионална иницијатива за поврзување“, ...

Високо-профилни, понекогаш смртоносни и потенцијално неуставни постапувања од страна на сојузните службеници за имиграција на САД, би можеле да ги променат ставовите на Американците за една од централните политики на Доналд Трамп. Имиграцијата е централен дел од платформата на американскиот претседател за повеќе од една деценија политички живот и беше клучна за неговата изборна кампања во 2024 година. Но, анкетите покажуваат дека јавното ...

На пазарот Кан во Њу Делхи, Атул Мехра е оптимист дека договорот меѓу Европската Унија, најголемиот единствен пазар во светот, и Индија, најбрзорастечката голема економија во светот, ќе го оживее неговиот бизнис со скапоцени камења и накит. Минатата година загубил четвртина од своите приходи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 50 отсто за неговата земја. „Претрпевме огромни загуби откако беа воведени царините, ...

Руската инвазија врз Украина предизвикала речиси два милиона воени жртви – убиени, ранети или исчезнати – во двете земји, според студија објавена во вторник од американскиот тинк‑тенк Центар за стратешки и меѓународни студии (Center for Strategic and International Studies- CSIS). Според анализата, руските сили ги поднеле најголемите загуби, со до 325.000 убиени од вкупно околу 1,2 милиони жртви од почетокот на инвазијата пред речиси четири ...

Штета што на политичкиот радар го имаме само случајот со камионите кои се бунтуваат против ѕидот што со новите гранични правила го дига ЕУ кон Западен Балкан. Има и безброј други случаи кога македонските граѓани трпат штети поради тоа што се државјани на земја која е надвор од европското семејство. Македонска угледна лекарка, доктор на медицински науки и универзитетска професорка, не ја пуштаа германските гранични власти на аеродромот во ...

Синдикати од образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата, полицијата и други сектори утре в среда, 28 јануари, од 17 часот ќе се приклучат на протестот што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Протестот почнува од пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе заврши пред Владата. Трендафилов: „Овој протест е за платата на секој работник“ Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека протестот е одговор ...

Наместо да се повлечат од улиците откако две лица беа застрелани од федерални агенти, жителите на Минеаполис, Минесота, решително организираат стражи, маршираат на студ и стојат заедно. Во тој процес, градот се редефинира себеси - и што навистина значи „Минесота најс“ (Minnesota nice) , што слободно преведено би значело „Минесота фина или љубезна“ Дури и пред федералните агенти да го застрелаат и убијат 37-годишниот болничар за интензивна ...

Фотографијата има симболичен карактер за заканите на кои се изложени Западот, Германија и другите земји од ЕУ во хибридната војна која Русија ја води против нив. И пред сè, таа покажува колку се блиски руските агенти со германските политичари: официјалната фотографија на украинската влада го прикажува претседателот Володимир Зеленски во декември во Берлин до канцеларот Фридрих Мерц за време на еден економски конгрес. Зад Мерц и Зеленски седи ...

Протестите на камионските превозници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора продолжуваат и денеска, а блокадите на товарните гранични премини кон Шенген-зоната продолжуваат без најави дека ќе бидат прекинати. Превозниците тврдат дека нивните аргументи долго време биле игнорирани, а дека новиот систем за влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), кој од октомври 2025 година постепено се воведува на сите надворешни граници, ...

Ревизорите на Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на Општина Охрид за 2024 година откриваат бројни неправилности и неусогласености, поради што е изразено мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива за буџетските сметки. Во дел од населените места ревизијата утврдила изградени куќи, викендици и дури хотелски комплекси без платен ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека наскоро ќе се надмине проблемот со македонските превозници, кои од понеделникот, 26 јануари, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини. Тие бараат измена на правилото на Европската Унијаза електронската евиденција (ЕЕС) за престој во шенген-зоната и негово усогласување со правилото 90/180 дена. Мицкоски потсети дека ова прашање е отворено уште од септември во ...

Леон Вајнтрауб сè уште живо се сеќава на денот кога нацистите влегле во неговиот полски роден град Лоѓ на 9 септември 1939 година: „Дојдоа, навидум бескрајни колони високи, здрави млади војници во зелени униформи на Вермахтот. Звукот на нивните потковани чизми на калдрмата сè уште ми прави трнење по ‘рбетот“, вели тој за ДВ. „Зрачеа толку многу моќ. Ќе здробеа сè на својот пат“, вели Вајнтрауб во интервјуто направено по повод Меѓународниот ...

Поимот „резилиентност” потекнува од латинскиот збор „resilire“, а се применува во физиката за отпорноста на материјалот да издржи притисок, без да се скрши. Во модерната психологија тоа е менталната способност на личноста успешно да ги надминува кризите. Првите примери за резилиентноста во науката биле луѓето кои го преживеале Аушвиц. Тие и потоа имале големи ресурси на резилиентност за да се справат со нови предизвици и загуби, иако би се ...

Во Обединетите Арапски Емирати, со посредство на САД, се завршени преговорите меѓу Украина и Русија во трилатерален формат. Делегациите отпатуваа за да ги усогласат позициите разработени во Абу Даби. Можно е делегациите наскоро да се вратат на преговарачката маса. Ова го објави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот одржан во петокот и во саботата (23 и 24 јануари). „За првпат по долго време, имавме ваков формат - дводневни ...

Македонските превозници заедно со нивните колеги од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска напладне координирано почнуваат протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни возила, во надеж дека ќе се надмине проблемот со евиденција за престој на возачите во Шенген зоната. Причина за протестот e ЕЕС системот (EES, Entry/Exit System) на ЕУ, но и досегашниот проблем со ограничувањето на престојот на возачите на 90 ...

Новинарите ретко добиваат можност да ѕирнат во една од најмодерните фабрики во Европа: хала долга над сто метри, во која работат само десетина луѓе, додека околу нив зујат безброј роботи и светкаат контролни панели. Таблите на кинески, англиски и германски јазик предупредуваат дека фотографирањето е строго забрането. На новинарите им се прекриваат камерите на телефоните со селотејп, а за секое кратко аудио-снимање е потребна дозвола од ...

По масовнитеРуски нападиврз енергетската инфраструктура, 1,2 милиони домаќинства во Украина останаа безелектрична енергија.Според вицепремиерот Олексиј Кулеба, 800.000 луѓе биле без електрична енергија само во главниот град Киев. На температури од околу минус десет степени, греењето престанало во речиси 6.000 згради, како што изјави градоначалникотВитали Кличко.Според наводите на воздухопловните сили,Русијанападнала со вкупно 375 дронови и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.53
83%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
74%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
72%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
37%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
4.63
55%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Родиум

353658.21

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19