Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Кинеската војска вчера (29.12) ги започна своите најголеми воени вежби околу Тајван, наведувајќи дека вежбите со боева муниција ќе симулираат блокада на клучните пристаништа на островот. Пекинг го смета Тајван за кинеска територија и ветува дека ќе го „обедини“ со копното доколку е потребно и со сила. Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа соопшти дека вежбите, наречени „Мисија на правдата 2025“, се „строго предупредување против ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваа позитивно за нивните разговоринасредбата во Флорида. „Остварен е голем напредок, многу сме поблиску до руско-украински договор“, рече Трамп. Тој додаде дека сè уште има едно или две тешки прашања. Наредните недели ќе покажат дали може да се постигне решение за прекин на војната во Украина. Зеленски рече дека имал одлична дискусија со Трамп. Тие не ...
Основниот проблем на надворешната политика за германската влада неодамна го сумираше историчарот и политиколог Херфрид Минклер: „Либералниот идеализам за меѓународен поредок заснован на правила се покажа како илузија.“ Канцеларот Фридрих Мерц се жали дека поредокот заснован на правила денес не е доведен во прашање само од авторитарни политички системи. „За жал, тоа важи и за Америка“, рече Мерц мислејќи на претседателот Доналд Трамп. ...
Шок, неизвесност и големо незадоволство владее меѓу неколку илјади кумановски граѓани кои добија опомени од Управата за јавни приходи (УЈП) за неплатен данок на личен доход од странски компании за 2020 година. Станува збор за работници кај американски и регионални компании кои биле контрактори и субконтрактори на американското Министерство за одбрана. Во разговор за ДВ дел од нив изјавија дека се нашле во правен вакуум бидејќи државата си го ...
Долги редици во супермаркетите, да интервенира мора дури и полицијата: повторно започнува продажбата на ракети и петарди за дочекот на Новата година. Од денеска (29.12) и онлајн продавниците можат да испорачуваат претходно нарачана пиротехника на домашни адреси. Дискусијата за забрана на пиротехниката, пак, продолжува. Здружението на пиротехничката индустрија (ВПИ) во Германија очекува 10 до 15 проценти повеќе стока во продажба во споредба со ...
Има луѓе кои се толку силни сонувачи на идеи и визии, кои притоа не мора да се нивни, што тој белег од нив прави вистински просветители, во најдоблесната смисла. Таков беше Кирил Темков, еден од најпознатите македонски филозофи, кој почина во Скопје во саботата, на 27-ми декември, на 82 години. Си замина легендата не само на македонската филозофија, туку и на македонската културна и воспитно-образовна историја, зашто тој беше по специјалност ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху патува без новинари во Флорида, а не даде изјави ниту пред патувањето. Тоа можеби е одраз на неодамнешните тензии меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се чини дека губи трпение и се залага за тоа кревкиот прекин на огнот во војната во Појасот Газа да влезе во втора фаза. Но, за Нетанјаху, како што пред Божиќ рече, премногу прашања остануваат неодговорени. „Која е временската рамка? Кој ...
Коалицијата ВЛЕН ги демантира обвинувањата на ДУИ дека се намалува правичната застапеност на Албанците. Темата за правична застапност се врати на сцена по обвинувањето на ДУИ дека седум Албанци биле отпуштени од Министерството за односи меѓу заедниците. Од ВЛЕН ги посочија официјалните податоци за 2024 година според кои, како што велат - се урнала уште една лага на ДУИ. „Официјалниот извештај за 2024 година повторно им ги затвора устите. ...
По низа протести и барања од граѓанските иницијативи за чист воздух,Град Скопје ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од градот. Сега Владата е на потег. Таа треба да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина. Компанијата „Титан-Усје“ останува цврсто на ставот дека работи одговорно и согласно ...
Поддржувачите на Албин Курти и на неговата левичарско-националистичка партија Самоопределување слават во центарот на Приштина со тапани, традиционални дувачки инструменти и огномет. Многумина од нив се од дијаспората - од Швајцарија и Германија - кои зимскиот одмор го користат за да ја посетат својата татковина и да гласаат на парламентарните избори. Многу од противниците на Курти сметаат дека тоа е неправедно и му префрлаат дека намерно ...
Во 2022 година стриминг платформата Нетфликс најави дека животната приказна на Брижит Бардо нема да биде раскажана во еден филм, туку во раскошно продуцирана биографска серија. Една година подоцна беше објавен мини-серијал под едноставен наслов „Бардо“, омаж за иконата на француското кино и една од најпознатите Французинки на сите времиња. Во текот на нејзиниот животен век, „ББ“ беше сметана и за феминистка, и за фатална жена. И нејзиниот ...
Во Европа, а особено во САД, расте непријателството кон доселеници. Двете најголеми економии на светот истовремено очајно бараат странска работна сила. Извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од минатиот месец, кому едвај и да му беше обрнато внимание, покажува дека миграцијата на работна сила се намалува ширум светот, иако општества кои се сѐ постари, се соочуваат со зголемена потреба од работна сила. Политички ...
Папата Лав Четиринаесетти ја одржа својата прва божиќна миса пред околу 6.000 верници во базиликата Свети Петар. Поглаварот на Римокатоличката црква повика на мир, надеж и зачувување на човечкото достоинство. Божиќ е празник на надежта, кој „нè прави гласници на мирот“, рече тој. „На земјата нема место за Бог ако нема место за човекот. Да не го примиш едниот значи да не го примиш другиот. Таму каде што има место за човекот, има место и за ...
Со текот на времето, големината на животните природно се менува, тоа е дел од еволуцијата. Понекогаш, промените во околината предизвикуваат одреден вид да се намали, а потоа, по неколку стотини години, повторно да порасне. Истражувачите забележале вакви циклуси на раст и намалување низ илјадници години. Кога човекот почнал да одгледува и селектира одредени видови, промената во големината на домашните и дивите животни и понатаму се одвивала во ...
Два брода за крстарење веќе се мирно вкотвени во специјално проширеното пристаниште во близина на метрополата Белем, на северот на Бразил. Тоа ќе служи како привремено прибежиште за повеќе од 10 илјади учесници на овогодишната климатска конференција. За 30-тото издание на годишната Конференција на ОН за климатски промени, КОП30, се очекуваат меѓу 40 и 50 илјади учесници, вклучително и шефови на држави или влади од речиси 200 земји. Тие треба ...
Кога во 2015 година беше постигнат Парискиот договор, течеа солзи, шефовите на држави се ракуваа, а учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП21 го поздравија со овации. Тоа беше клучен момент во политиката за климата. За првпат речиси 200 нации усвоија обврзувачки договор за ограничување на глобалното затоплување на значително под 2 степени Целзиусови и во идеален случај - под 1,5 степени Целзиусови. Научниците прагот од ...
Европската унија преку CBAM (Механизам за приспособување на јаглеродните граници) најавува воведување јаглеродна такса за увоз на производи со висока емисија на CO₂. Оваа политика, според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, може значително да влијае врз тргувањето со електрична енергија и интеграцијата на пазарите на Западен Балкан. „Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната ...
Зимата повторно го актуелизира проблемот со аерозагадувањето Зимата во Македонија повторно го отвори прашањето за загадувањето на воздухот.Во речиси сите градови маглата и смогот со денови го гушат просторот, а дишењето станува тешко. Поради енормното загадување, на сила се мерки во Струмица и Кичево, а од денеска и во главниот град Скопје. Надлежните препорачуваат ослободување од работа за бремени жени, лица постари од 60 години и хронично ...
УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на протоколи за подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата и препораки за постапување при зголемено загадување. Овие мерки се особено важни бидејќи нивото на загадување во Скопје и другите региони претставува сериозен ризик за здравјето, особено кај децата. Новите протоколи за квалитет на воздухот Новите насоки предвидуваат различни активности во зависност од квалитетот на воздухот. Кога воздухот е ...
Античките филозофи, особено Сократ и Аристотел, веруваа дека филозофијата започнува со зачуденоста пред светот, пред постоењето, пред битието. Никогаш не би се „запрашале” за смислата на постоењето, доколку претходно не сме се „зачудиле“ поради самиот факт на постоењето. Децата се вистински мајстори во зачуденоста, запрашаноста и восхитеноста од сите нешта во светот, иако не знаат дека со тоа тие веќе го познаваат изворот на таа наука која ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека системот „Безбеден град“, кој има цел да регистрира и санкционира сообраќајни прекршоци, ќе започне со работа на 1 февруари 2026 година.Првично беше планирано стартот да биде на 1 јануари, но по тест-периодот се утврдени слабости кои треба да се коригираат. Што е „Безбеден град“ и каде ќе се применува? Системот „Безбеден град“ е дел од стратегијата на МВР за зголемување на безбедноста во ...
Владата ќе обезбеди средства за набавка на 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата. Во план е и решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот за здравство Азир Алиу информираше преку социјалните мрежи за овие одлуки, а се огласи и коалицијата ВЛЕН, чиј кадар е ресорниот министер. Тие оценија дека со овие одлуки „се нанесува директен удар врз хаосот и ...
Часовните тарифи во авто-сервисите за првпат ја надминале границата од 200 евра – барем во просек, како што известува Здружението на германската осигурителна индустрија (ГДВ). Со тоа продолжува трендот кој трае веќе неколку години. И Статистичкиот завод на Германија утврдил дека посетата на авто-сервис станува сè поскапа: помеѓу 2017 и 2024 година, одржувањето и поправките станале 48% поскапи. Осигурителните компании пријавиле уште поголем ...
Укинувањето на државни празници е „во мода". Францускиот премиер Франсоа Бајру во јули предложи Велигденскиот понеделник и Денот на победата над фашизмот (8 мај) да бидат избришани од списокот на неработни денови во Франција, кои вкупно се 11 во годината. Предлогот наиде на жестоки критики од речиси целата политичка сцена. Бајру тврдеше дека ваквиот потег ќе помогне во ублажување на буџетскиот притисок, а тој не е единствениот што размислува ...
Со децении американските компании имаа силна позиција во Германија, особено во западните делови на земјата кои беа под контрола на западните сојузници по Втората светска војна. Во годините веднаш по војната, американските цигари беа толку вредни на германскиот црн пазар што ефективно функционираа како валута. Спортските ѕвезди често играа улога во зацврстувањето на трансатлантската моќ на брендовите. Поранешниот светски шампион во тешка ...
ЕУ треба да го преосмисли моделот за интеграција на Западниот Балкан, да им овозможи на земјите од регионот пристап до заедничкиот европски пазар наместо да инсистира на регионално поврзување, и да ја зголеми финансиската поддршка, односно истата да ја приближи до нивото на помош која ја добиваат земјите-членки на ЕУ од регионот. Ова се дел од препораките од публикацијата „Структурни промени на Западен Балкан“ на Аспен Институтот Германија. ...
Урсула фон дер Лајен претстојниов викенд всушност сакаше, во име на Европската унија, да го стави својот потпис на договорот со Меркосур (Заедничкиот пазар на земји од Јужна Америка) во Бразил. Меѓутоа, за ова беше потребна широка поддршка од сите 27 земји членки. Тоа таканаречено квалификувано мнозинство сепак недостасува, бидејќи, меѓу другите, три големи земји - Франција, Полска и Италија - отстапија. Сепак, додека Франција и Полска ...
Иако најпознатите работници во празничната сезона се џуџињата од Северниот Пол и курирот што јава ирваси, сепак има уште многу други кои се грижат работата да врви и во последната недела од годината. Некои луѓе што живеат во Европа благословот го добиваат во форма на платени празнични денови. Други пак може да бидат наградени со дополнителни слободни денови во текот на годината во замена за помал број слободни денови за време на празничниот ...
Во последната декада тендерите во здравството во Македонија достигнале рекордни вредности, но конкуренцијата меѓу понудувачите останува ограничена. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, од 2015 до 2024 година вредноста на договорите се зголемила од 135 на 293 милиони евра, додека бројот на фирми пораснал минимално – од 765 на 853 компании. Овој тренд покажува дека зголемената потрошувачка не довела до поширока ...
Владата на вчерашната (23.12) редовна седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на одлуката. Истата е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, но не е изненадување бидејќи беше најавена. Недостиг на мазут причина за енергетската криза „Како што ...