Завршија градежните работи на кејот на река Вардар, соопштија од Општина Велес. На десната страна од река Вардар, се изгради кеј во должина од 200 метри на потег од мостот Гемиџии до Мало Мовче. На ова место ќе бидат поставени два киосци за продажба на сувенири како и други производи од традиционални велешки занаети. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, преку својот фејсбук профил соопшти дека велешани после 20 години добија модерно ...

Шеесет и шест годишен татко го пријавил својот 30 годишен син, велешанецот Б.Н, затоа што во семејната куќа агресивно се однесувал, кршел предмети во домот и оштетил патичко возило „фиат“. Полициски службеници во 22:10 часот го лишеле од слобода Б.Н по што бил задржан во полициска станица, бил известеј јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информира за ...

Нагорен тренд на дигиталните плаќања во третиот квартал од минатата година, бележи Народната банка. Ваквиот тренд е особено забележлив кај граѓаните кои ги користат и платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози. Според податоците на централната банка, годишниот раст на употребата на платежни картички за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги од страна на граѓаните ...

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Општина Чашка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на 19 јануари, годинава, ќе се одржи во осум население места. Поточно, со почеток во 08:30 часот Светиот крст ќе се фрла во водите во село Ореше, потоа со почеток во 10:00 во село Богомила а во исто време и во село Мартолци. Половина час подоцна, во 10:30, во село Согле а со почеток во 11:00 часот Светиот крст ќе се фрла во ...

Царинската управа информира дека запленила 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи. Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато. Едниот од ...

Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ се очекува да го официјализира разрешувањето на претседателот на УО Фахрудин Хамиди и секторскиот извешн директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, по насоките што ги доби вчера од Владата, а по упадот во институцијата од 4 овој месец. Одлуките на Владата го стопираа штрајкот што го најави за денеска Струковиот синдикат на контроори ...

Центарот за управување со кризи известува за примени 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 и за четири ПП интервенции врз запалени оџаци во последното деноноќие, при што едниот запален оџак предизвикал палење на поткровје на куќа. Од 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 41 %, а 59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. ...

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени. Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дума.мк ...

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија цутеше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот, бавејќи се со тој град, дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со минус 13 степени, во Маврови Анови се измерени минус осум, Крушево минус седум, во Крива Паланка и Берово минус шест, а во Скопје минус два степана. Минусни температури има и во Прилеп, Тетово, Битола, Куманово, Виница, Охрид, Штип, Кавадраци и Велес. Над нулата е само во Гевгели со еден степен, соопшти УХМР. Во текот на ноќта времето беше претежно облачно. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието ...

Службата за Итна медицинска помош на велешкиот Здравствен дом минатата година издала вкупно 67 илјади 710 здравствени услуги. Шестте сменски лекари, една споредна и една со платен стаж заедно со 15 сменски и две споредни медицински сестри, во дванаесетте изминати месеци, реализирале 19 илјади 648 амбулантски и 11 илјади 528 прегледи во домашна посета. Во истиот временски период извршени биле и 20 илјади 590 амбулантски услуги и 15 илјади 944 ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе ...

Судиите се независни во постапувањето и одлучувањето, се огласија од Судскиот совет по инцидентот во М-НАВ и упадот во контролата на летање. -Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите, порачаа од СС преку кусото соопштение. На владина ...

Дваесет и седум годишниот О.Н од Кавадарци, вчера, поручекта во 16:15 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. -При преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари. По претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје од Кавадарци извршиле и претрес во неговиот дом, при ...

За една половина на сезоната 2023/24 се вклопи во тимот, во кој најголем број од одбојкарите на ОК „Триглав“ од Крањ се Словенци. Средниот блокер, велешанецот и Македонец, Христијан Андовски, на 19 годишна возраст го живее својот сон, по првиот интернационален трансфер, на релација Љубљана – Крањ. Во првиот словенечки град студира на Факултетот за електротехника, во вториот секодневно тренира додека во останатите градови патува заедно со тимот ...

Општинската организација на Црвен крст од Велес, информира дека првата крводарителска акција за 20204 година ќе се одржи оваа недела, на 14 јануари, во просториите ја велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“. -Ги покануваме сите граѓани коишто имаат желба, да земат учеството на првата зимска крводарителска акција во новата 2024 година. Со дарување на крв даваме наш придонес за јавното здравје и спасуваме голем број на човечки животи. Крводарителството е ...

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 14:20 часот го лишеле од слобода триесет и едно годишниот Е.Ф од велешко село. Тој физички ја нападнал една година повозрасната своја невенчана сопруга. Ноќеска, еден час и четириесет минути по полноќ, полициски службеници го лишеле од слобода триесет и две годишниот Р.Д од Велес. Во семејната куќа тој му се заканувал на својот 61 годишен татко. Портпаролката на СВР Велес, ...

Возљубени празникољупци, Со раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, Божјата светлина го огреа сиот свет. Бог Словото слезе на земјата и стана Човек, за да го обнови единството на Бога со човекот, зашто, според зборовите на свети Григориј Богослов, пред овој спасителен настан се беше отворила „голема и непремостлива провалија“, меѓу Создателот и првиот Адам. Но, со раѓањето на Богомладенецот се објави Божјата неизмерна добрина и Неговото ...

Инспириран од првиот снег којшто завеа вчеравечер, велешанецот Атанас Крлевски, денеска, до Дума.мк испрати нова фотографија за категоријата „граѓански фото објектив“ насловена како „Снежен Велес“. Крлевски за фотографијата вели: -Вчеравечер и денеска падна снег во нашиот Велес, но за жал многу, многу малку. Но, фотографите секогаш имаат резервни од минатите снежни години. Оваа фотографија е една од нив, направена од Железен мост, додаде ...

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што е најавено ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако во минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје. – На иницијатива на премиерот Димитар ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – ...

Од 1.588 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 40,87 отсто, додека 59,13 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон 112 во ЦУК, како што информираат утрово, кон полиција биле упатени 41,38 отсто, кон итната медицинска помош 48,01 проценти, кон пожарникарите 3,08 отсто, а кон АМСМ од реалните повици 0,89 отсто. Дума.мк ...

Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Јерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш, ...

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес при извршена проверка на Т.О.(49) од Република Албанија, во саботата, на 6 јануари, утврдиле дека нелегално влегол и не го регулирал престој во Македонија. По насока на Основен суд Велес, Одделение за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Велес изготвено е решение за протерување на странец и забрана за влез во државата, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес. Полициски ...

Не за секого божиќните празници се време за одмор! Афористичарот Никола Бошковски Коки пишувајќи ги новите шест афоризми покажува дека и работата е составен дел на празнувањето. Афоризмите се наменети за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги: „-По некое непишано правило и овој Бадник во погачата на владата,парата пак се падна…во тендерите. -И во љубовта не се може без лицитации,некој секогаш дава повеќе. -Не е недостојно да бидеш овчар,недостоен ...

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 12:25 часот било пријавено дека, во близина на Филтерна станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза. -На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје заради утврдување на причините за смртта и утврдување на идентитетот, соопшти Биљана ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера доцна попладне, во 18:30 часот, на улица „Белградска“ во Велес го привеле С.Т.(50) од Велес, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Приведениот бил задржан во полициска станица по што бил известен јавен обвинител. -По документирање на настанот против С.Т ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на ...

Од 1.873 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 44,26%, а 55,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64,86%, кон Итната медицинска помош 32,43%, кон пожарникарите 1,02%, а 0,67% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, вкупно на број 1.047 повици што се за комбинирано решавање (2,07% ...

Велешани го слават Коледе. Голем број на запалени огнови и околу нив граѓани седат оваа ноќ низ маалата и сокаците во градот. Пред нив на трпезите мезиња од зимница а понекаде распалена и скара. Се слушаат песни што се потпевнуваат како дел од претпразничната атмосвера. „Мрсни“ поточно еротски годинава не се пејат. Дел од граѓаните испукаа по некоја петарда или приредија мали огномети. Највесели се чини се децата. Тие се најбројни, ...

Денеска во 12:30 часот на Гинеколошко Акушерското одделение во Општа болница Велес се слушна првиот плач на штотуку родено бебе. Дваесет и девет годишната Ивана Јакимовска од светиниколското село Пеширово, спонтано донесе на свет здраво машко бебе коешто е првото родено бебе во велешката болница во 2024 година. Новороденчето тежи 3 килограми и 280 грама и е 53 сантиметри. Тоа е трето дете во семејството Јакимовски и има две поголеми братчиња ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1022
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
68%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
43%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.18
41%
1023
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
85%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
44%
1022
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
50%
1023
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409